Па јас и ти најубаво да се здружиме, многу ми фалат такви луѓе како тебе! На последниов роденден од ќерка ми добивме само и само украсни кесички. Никој веќе не пакува во украсна хартија Јас гледав некои интересни металик чаши за вино во Карес (околу 2500ден), но искрено незнам каде на друго место да побарам квалитетни чаши, ако знае некок нека не' упати. На мисла сум и за стаклен декантер, интересен детаљ кој не секој го има дома. Мислам дека не е глупав подарок постелнина, посебно ако имаш убав вкус да одбереш нешто модерно. И во Фабрес имаат преубави комплети постелнина.
Дали украсни ќесички, дали од оние "брендираните" од каде си го купил подарокот и се за таа намена! Џабе внатре што и да има, ако е "мавнато" во ќеса, сфаќам дека џабе внатрешната вредност која ја крие ќесата.. Сега има мн избор на хартии, машни, додатоци, и кутии секакви ( иако малку се поскапи), греота е ќесата да е избор... Јас кога има повод дури и бомбоњерите ги виткам со свашта, чоколадите ги врзувам со платнени машни, па и натака покрупните подароци... Немам претстава за изборот и цените на поубавите чаши, постелнини, украси, ќе прошетам, благодарам на сугестиите
http://www.royalhouse.mk/ И тука има работи за кујна, какви што има во Карес. Ама цените им се до небо.
zenski itno mi treba sovet. znaci vaka lugeto organiziraat predsvdben koktel za onie koi nemozat da gi pokanat na svadba podalecni rodnini prijateli i sl. i nie sme pokaneti na koktelot pa sega se mislam sto da odnesam.ve molam za bilo kakov sovet
Како се ближат свадбите ме фаќа нервоза зошто не сум спремна, а по природа сум таква да сакам се со време да ми е подредено. Колку чинат дуплите постелнини во Фабрес и Тач и каде им се салоните? Планирам поклон за едната свадба, некој поскромен, а пари за втората. Секоја сугестија за поклон до 2000-3000 ден ( максимум)е од помош.
Се ова го имаат, а може детали за сервисот? Изборот за поклон за овој пар ми се сведува на постелнина, некој интересен украс, кристални чаши... Околу овие работи вртам...
Јас би го зела тој што мења боја зависно од топлината на храната во него. Во маркетот во Веро центар сум сигурна дека го има, таму го имам гледано, мислам дека и во маркетот во Рамстор може да го најдеш. Украс јас не би земала, не е практичен, па треба да внимаваш да им одговара со боите у домот, на крај може да не им се бендиса и или да го дадат на друг или со години во подрум да им стои.
Дали би било во ред наместо букет да однесам саксиско цвеќенце? Планирам да купам орхидеја, знам дека невестата многу ги сака па некако подобра опција ми изгледа тоа. И онака ќе има премногу букети, ова барем ќе им остане како спомен.
Кој како сака... Јас правев свадба почеток на септември, и пишано беше на поканата наместо букет, можете да донирате за оние на кои им е птребно. Кутијата беше ставена на страна во ресторанот. Периодот се погоди неколку недели по поплавите, па за тоа ја нменивме донацијата. А секако добивме и 10-15 букети. Ако ти се допага идеата со грепки - зашто да не.
Не најдов друга тема, па овде да се пофалам со подарокот од свекрвата и свекорот , свадба допрва ќе правиме. Многу ми се допаѓаат идеите погоре, на поканата да се напише место букет кој сака да донесе грепка или па другата идеја со донации.
Здраво девојки. За некој месец сум на свадба и кума. Ме интересира до колку пари се носи поклон, т.е сега даваат пари у плик, до колку да ставам, сепак сум невработена, плус имам рата на докторски, семинар надвор, а тука се и другите трошоци, па да не ги изложувам дома на трошоци. Благодарам
Колку што си во можност толку ич да не се устручуваш на денешнава сиромаштија се е многу.. Нас кумата ни даде ваучер од сетек до 11илјади беше можи не беше во можност да ни даде кеш пари па на рати сигурно на картичка го има земено така да можиш до колку пари шо си мислиш и така можиш да напрајш..Башка не е само поклон вцрква треба да платиш, нз од кој град си кај нас треба и свеќи и материјал и плус направено нешто како пценица со паричка и шеќерче внатре.. Треба баци рака да дадеш пари ко ќе ти го дава поклонот невестата, кивче ко ќе ти ставаат како кума исто се дава всала ако шетаат со чоколатца, треба да и дадеш и ти на невестата нешто ко ќе те дарува таа тебе треба и ти нејзе.. Така да не се устручувај многу колку што имаш толку...Не е ни страмно ни ништо.. и јас воопшто не и замерив ниту на кумата ниту на ниеден законит колку што имале толку а многу се почестија кај мене сите
Најдобар избор се парите! Младите на тој начин ќе обезбедат што им треба, нема да се дуплираат подароците,а и гостите нема да се нервираат што да подарат! Полесно здравје!