Според мене не е малку,ама дека го спомна телевизорот у овој контекст затоа реков да не сакате да се натпреварувате кој ќе даде повеќе..
Не ти е грешна проценката Еве во Нептун LG 55'' ТВ https://www.neptun.mk/pocetna/categories/televizori/LG-55-UK-6200-PLA Ама не е мал и вашиот подарок во плик
Не е малку. @John Snow , @cresa-jagoda Инаку,во моја околина се смета навредливо на свадба да се дадат повеќе од 50 евра. Демек,дарувајќи повеќе пари или скапи поклони,ги навредуваш младоженецот и невестата,демек укажуваш на тоа дека прават свадба само за материјална корист.
Зависи колкави примања имате, за некого 10 000 се многу, за некого малку. Ама не треба да се оптоваруваш со ова, посебно не за брат, најбитно е да се сакате и почитувате, да си бидете вземна поддршка во животот. Љубовта, почитта и поддршката се најголемиот и најзначајниот подарок, верувај ми
А што ти е битно што дала и колку дала сестрата на снаата? Толку си имала или си сакала толку си дала. На моја свадба најголем подарок е сестра ми да е со мене,парите не ми значат ништо. Верувај и на твојот брат
Се додека снашка утре не брецне колку дала нејзината сестра, а колку неговата. Ама ич да не ти чуе. Ако е таква и да и уплатиш на Малдиви пак ќе си најде рачка.
На свадба сум на брат на моја другарка, сама ќе одам и не знам колкава сума да ставам во пликото. Дали 1000 ден е малку?
Таман е. Ич да не се секираш. Во просек, повеќето оставаат во плик по 1 000 денари од човек. Ако е некој близок, тогаш и повеќе.
Не е малце 1.000 за свадба ? Јас до сега што сум слушала од сите скоро сите оставале од 3.000 па нагоре, кај познаници што дали еднаш годишно ги гледа другарка 4.000 им остави, не е за потценување ни 1.000 , ама некако што имам слушано како малце ми дојде , ама ако не може да си дозволи некој тогаш е сосема во ред, сепак најважно е присуството а не парите.
А зошто да е малку? Па не е некој многу близок за да му дава 3 000 денари. А гледам и на тоа кој колку ми донел. За да знам со колку да возвратам. Ако некој ми дошол со користен соковник, значи дека ме потценува. Ќе му вратам со иста мерка.
Кој колку има и колку САКА ќе даде пред се.И јас имам рода блиски што се од висока класа,а се скржави. Но,има луѓе што стварно немаат. Свадба се прави со цел да се прошири и прослави радоста за стапување во брак.А,не кој колку донел. Ако некој донел употребен соковник можеби е од скржавштија,а можеби зашто немаат средства,а сакале да се присутни.
Подобро без пари да дојдам, отколку да однесам нешто ради реда. Факт е дека има такви кои одат на свадба ради реда. А после свадбата први се да коментираат што чинело и не чинело. Затоа такви и не поканив на мојата свадба. И поарно пари, отколку поклон. Ако не можам да ја платам барем порцијата, нема да отидам на свадба.
Според мене најдобар подарок за свадба се парите. Колку и да имате, толку. Ем нема да се шетате по продавници и да се мислите што да купите, ем не ризикувате вашиот поклон да биде повторно подарен на други или никогаш употребен. Плус, на сите младоженци им требаат пари со кои понатака ќе си купат нешто што навистина им треба. Јас практикувам да носам пари како подарок - лани кога сеуште бев студентка, отидов на свадба со 20 евра во плик. Оваа година на друга свадба однесов 100 евра. Колку што сум имала во моментот, толку сум дала. Ниту некој ќе замери, ниту пак ќе ви рече фала, така да правете како што е подобро и поисплатливо за вас. Цвеќе, бонбони или торти не практикувам да носам по свадби, подобро и парите потрошени за нив ќе ги додадам во пликот. Обично невестите добиваат цвеќиња од сите гости, па на крајот од свадбата ги делат по другарки и роднини, што сметам дека не е во ред. Цвеќето некој го купил за мене, а јас ќе го раздавам на некои random личности дека сум собрала многу букети, па немам што да им правам. Барем на денот после свадбата нека им ги дадат, да не гледаат гостите Прочитав интересни идеи за подароци, но кога би тргнала од себе, сметам дека е подобро некој да дојде на свадба без никаков поклон (ако веќе не сака да носи пари во плик), отколку со некоја слика што нема никогаш да ја ставам на ѕид или апаратче за кафе кое никогаш нема да го употребам, бидејќи не пијам кафе. На цвеќе сум алергична, така да не би се радувала на таков вид внимание. Мислам дека само со домашните блиски би можела да се договорам за ваков тип на подароци.