Повеќе е фалење дека толку ставаат во плик, отколку реалност Тие што прават свадба си знаат колку пари гледаат во пликовите
Сум забележала една работа, ама многу честа по свадбиве. Има луѓе кои имаат пари, ама носат малку пари или евтин/чкарт поклон само за да те потценат. Најчесто таквите завршиле со нивните свадби или нема да те поканат на нивната свадба. Таков беше случајот со свадбата на сестра ми.
Искрено ова со постариве генерации е со пари и грепки. Ете пример јас кога правам муабет со другарки или братучетки на темава со кои сме на слична возраст (18-20) велат дека би префирилале цвеќе, бомбоњера и подарок И јас би правела исто. Никогаш не би пишала подарок во плик и таму шеми за место букет да има грепки. Ако немам пари не би ни правела свадба, а не пак да подигам кредити за да плаќам порции за 100+ гости, скапа венчаница, бендови што земаат по 2500€. No, no. За мене најубави свадби се оние најскромните
Најубаво е секој да стави пари во плик, младите ќе си купат што им треба, реално така е последниве години, умре времето кога за свадба сите подаруваа филџани за кафе или тенџериња 90% колку што знам сите даваат пари и гледаат барем да си ја отплатат порцијата, а не дека нема и такви кои ти даваат празен и непотпишан плик, ама свадбата е лотарија, не знаеш што ќе добиеш и колку и да ти е голем трошокот, никој не те тера сосила да правиш свадба и после да се жалиш, сепак си правиш за свој личен ќеиф
Според мене треба барем да се плати порцијата. Сите се поканети барем еден месец oднапред и непочитување е да не можеш да заштедиш до толку, а од друга страна можат сите фамилијарно ''да се нацртаат'' на јадење и пиење. Од друга страна ќе отидат на шминкер, фризер и сл за да бидат видени и забележани, па да се сликаат... Како што тие направиле чест и ве поканиле, така треба да се возврати со пристоен подарок.
Не викај два пати. Пред 9 години со маж ми бевме старосватови на свадба. Денот после свадбата отидовме кај младите. Споделувавме впечатоци и невестата кажуваше за поклоните. Замисли.... 10 сервиси за ручање Имало и други поклони. Освен еден сервис, другите сите им стојат во подрум.
Дегутантно е да се збори за тоа кој колку носи. Но еве моја блиска другарка правеше свадба и ако ви се верува 4ца возрасни ставиле 2000 ден во плик. Мислам срамота реално среќа па најефтини порции имаше и ги покри 2 порции со тие пари. . Епа сеа вие видете. Факт е дека треба секој да знае дека нема да се збогати или да го врати тие пари што ги дал за свадба ама сепак треба да бидеме луѓе и да се запрашаме самите себе.
Можеби немале...а можеби си правеле мајтап. Има и такви случаи. Ние со маж ми ставаме минимум 2 000 во плик. Гледаме барем порцијата да ја платиме. Срам ми е двајцата да одиме со 1000 денари. Ако немам пари нема да отидам. Скраја да е да отидам со користен поклон. Тоа ми е поголемо понижување отколку малки пари да дадеш. Или па да однесам нешто колку да помине редот...а дали ќе им користи на младите не е битно. Извинете, ама секој има сервис за ручање. Поарно тие пари во плик да се стават.
Ne e deka nemaat. Poarno nema da odam otkolku da staam tolku. Ama ne se samo tie taka. Imalo i plika so po 500den vnatre samo, srekja i teknalo da si pisuva koj kolku daval i tie sto ostanele se mali cifri po 500 i 1000. Pa duri i 2-3 prazni plikoa imalo.
Добро, од каде знаете колку пари имаат? Требало срам да и биде. За пари ли ги викате не ми е јасно. Треба тие да се засрамат? Можеби за вас 1000 денари се малку, за друг се многу. Не. Вие треба да се засрамите. Никој не ве тера да правите свадби-балови со 10000 трошоци.
Не ми се верува какви луѓе има и со какви размислувања. Вие свадба правите со очекување парите да си ги вратите што сте ги дале за свадбата? Па ако вака размислувате и ви дошло до парите до денар да се вратат назад, поарно не ни правете вие свадба, а не да кажувате тука да не ви дошле поарно на свадба ако немале повеќе од 2000 ден да стават во плико. Секој ке даде колку што има и може.
Parite realno nemoze da gi vratis. Ama barem porcijata da se pokrie. Dali ti si pravela svadba? Ako ne koga kje pravis kje svatis. Kje ti bide mozebi krivo zasto nekoj dosol so sminka,frizura, fustan.. so sepak cinat pari taka? A vo plik stavil pomalce. Sekoj ima razlicno mislenje. Jas poagjam od toa deka mene mi e sram ja da se nasminkam, doteram i staam u plik 1000. A pritoa za fustan sigurno si dal pari ili pak za sminka frizura.
Ако немам пари да дадам за поклон за да покријам порции, јас сум првата што пример не би однела деца на свадба. А 4ца со 2000 денари за кои трошокот е минимум 80 евра, некако не. Не тргнувам од улога на некој што прави свадба, тргнувам од улога на гостин. Треба осет да се има.
Знам затоа што ми се блиски. Факт е дека оној што нема ќе ти даде повеќе, а оној што има ќе биде циција. Јас си коментирав за мене. Барем порцијата да ја покријам. Во спротивно, не ни одам на свадба. Ако очекував да заработам пари од свадбата, немаше да правам свадба со 50 гости. Имавме случај кај што еден од гостите не сакаше да дојде. Едвај го убедивме. Факт е дека повеќето одат по свадби за да го исчистат ѓубрето од дома.
Брат ми правеше свадба пред неполни 7 години, сите им дадоа пари, само 3-4 пица-пан добија, еден сервис чаши за вино, два украсни ќупови, и еден ѕиден часовник, а имаа скоро 300 гости, значи од толкав број на гости, скоро сите им дадоа пари. Знам дека сеуште има такви што носат подароци, ама најголем број носат за подарок пари во плик
До сега сум била на неколку свадби, секогаш сум носела пари, а по колку пари зависи колку сум во можност и колку ми се блиски младоженците. Обично кога некој близок ќе прави свадба безразлика дали другар/ка или роднина па се знае однапред каде ќе сум поканета и си планирам однапред и за подарок да имам доволно и за гардероба и за се. Кај колешка на свадба одев сама и и дадов 1500 денари, според мене сосема доволно. Кај прв братучед однесов 50 евра, според мене сосема доволно. Самата свадба е трошок како за младите, така и за гостите. Треба да се облечеш, треба фризура, пари за такси, пари за слики итн. На свадби каде што не ги знам доволно младоженците и не ми се блиски едноставно не одам. Еднаш бев поканета на свадба кај втора братучедка која ја имам видено буквално само еднаш во живот, културно се извинив и изјаснив дека нема да сум во можност да одам. Немам правено свадба ама јас лично свадбата ја сфаќам како настан каде што би ги поканила најблиските и луѓе кои ќе се радуваат за мене. Ако некој прави свадби и кани повеќе гости за повеќе пари или подароци да собере, дефинитивно погрешна одлука повеќе ќе потрошиш одколку што ќе собереш.
Колку треба да оставам јас а колку дечко ми на свадба кај сестра му, а не работиме ни двајцата уште студираме?