Ова некое правило е или? Пример, ние не даваме ништо кога одиме кај негови/мои роднини во случај да одат неговите/моите родители бидејќи тие носат поклон тогаш. Кога одиме сами на пријатели 2000 ден. вкупно. Од кај да ги најдеме тие пари, сепак од дома уште не издржуваат.
Колку можете толку, штом уште сте дома и не самостојни, нема правило. Ние обично со маж ми кога бевме дечко и девојка, на негови роди и пријатели даваше тој, кај мои јас, така ни беше договорот.
А на пријатели што си била низ текот на годините, сите ти останале пријатели? Колеги/колешки исто? Какво размислување.. од кај да знам дали во иднина ќе му бидам девојка? Сега МУ Е девојка, ќе оди на свадба, треба да однесе колку е во можност. Тоа е тоа.
Па сега за еден викенд трошат 1000ка, ќе си скратат неколку излегувања. Да не зборам за шминки и нокти колку трошат девојките месечно. Сигурно знае неколку месеци однапред за свадбата и малку по малку може да одвојуваат. Барем 20Е треба девојката, да си го плати јадењето и пиењето. А на дечкото која му е поблиска од сестрата? За неа ако не заштеди за кого? Никој никому не брани, ако сакаат и двајцата со 1000ка нека отидат, само кажав како би било културно.
Еве јас лично за свадби се спремам дома, сама се шминкам и си правам фризура. Кој не би сакал да даде повеќе ама некогаш кога немаш ... Мене лично би ми било незгодно да очекувам подарок од брат/сестра ако знам дека се' уште не заработуваат.
Не идев на свадба додека му бев девојка, ниту тој идеше со мене. Всушност...само еднаш бевме заедно на свадба. Дечковци не сум носела по свадби.
Ќе дадеш онолку колку што можеш. Ако можеш 1000 дај 1000 и не се потресувај. Ако може дечко ти повеќе, нека даде повеќе. Ма да не знам зошто би давал кога викаш дека не работи, значи најверојатно живее со мајка му и татко му.. Значи од нив зависи. Јас да сум во таква ситуација (како на дечко ти) не би ни давала.
@neongirl07 и јас со @Dust се сложувам. Да сум во таква ситуација не како вие двајца, не би ни давала.
Ако сме канети цела фамилија, носиме фамилијарен поклон. Која е логиката дечко ми (со кој што патем живеам) да даде еден плик (заедно со мене или без, сеедно) а моите да дадат друг плик (пак заедно со мене, или не) .. Летово сме канети на една таква свадба во Германија, моите и јас со дечко ми и нормално ми е да дадеме еден поклон, сите заедно одиме..
Јас за ова постојано се контрирам со свекрвата. Запнала каде и да одиме фамилијарно, да даваме заеднички поклон. Демек...една фамилија. А веќе сите сме посебно. И второ...може јас не сакам пари да дадам.
Ама ти имаш свекрва, јас немам не сум во брак Кога би имала свекрва она нека си дава што сака, јас и мажот ми ќе си го дадеме нашето. Поинаков компромис малку тешко дека ќе помине..
Затоа и го поставив прашањето. Маж ми има двајца браќа и сите сме посебна фамилија сега. Не гледам логика заедно да даваме пари. На две свадби ме зезна, ама на следнава (ако одиме) ќе биде по мое.
Вака, малку поинаков предлог за подарок ми треба.. Другарка што живее во Германија ќе се регистрира неделава ама поради ситуацијава никој близок не може да присуствува, и прашање е дали летово ќе може да ја одржат свадбата тука или ќе треба да ја одложат. Сакам нешто преку интернет да им порачам да им стигне на домашна адреса, колку да им пуштам од мене нешто за одбележување на денот. Идеи за таков подарок? Фала!
Имаш на оваа страна баш подароци за брачен пар. Имам нарачувано за другарка што беше во странство и и стигна за две недели. Имаат уникатни идеи. https://www.etsy.com/c/weddings/gifts-and-mementos/gifts-for-the-couple?ref=catnav-10983
Па таму и мислев да порачам, само конкретна идеја барав. Една ми е некоја минималистичка скулптура од жица во овој стил, но отворена сум и за други предлози