Се изгубив на сајтот, има многу интересни работи и има за сечиј вкус. Мене ми се допаѓа скулптурава и искрено би и се израдувала кога некој би ми ја подарил. Инаку, единствено правило до кое пробувам да се придржувам кога бирам подарок е да одговора на ентериериот во домот (секако ова не е секогаш можно).
Давајте предлози за поклон, брат ми и снајка ќе се регистрираат и венчаат, заради корона нема да има свадба. Но нема да можам да присуствувам, сакам да им испратам изненадување.
Што да подарам на сестрата на дечко ми ќе се регистрира следната недела? Нема да прават свадба поради короната. Имаме 22год и студенти Во колкава вредност треба да биде подарокот?
Можеш да разгледаш на podari.mk И не се води по некои правила, колку ти се можностите толку. Твое е да направиш чест, а нивно е дали ќе го почитуваат тоа или ќе ја мерат материјалната вредност.
Јас би нешто уникатно, младалашко.... Персонализирани пешкири или бањарки, некоја интересна слика за ѕид, постелнина...
Како не давате ништо и со тој поклон сите заедно? Јас така не ми идела на свадба некој друг да носи подарок место мене. 2000 ден е малку во 2020 година бе, некои порции веќе се по 1200 ден.
Кога одиме фамилијарно се носи поголема сума. Инаку да по 2000-3000 ден даваме кога сме ние двајцата, моментално сме студенти и нема од каде да најдам пари за свадби. Јас кога/ако правам свадба, ќе ми биде мило ако некој ми направи чест и дојде на тој важен момент за мене, нема да ми биде до толку важно колку пари ќе ми донесе.
Сите така викаат не е важно, само да дојдат после слушаш муабети кој колку пари има ставено во пликот. Трошиш 10.000 евра а некој да те потценува. Мене ми е потценување тоа фамилија плус ќерката верена да дојдат со еден плик и внатре што се вика нема ни порција платено за сите, плус еден член од фамилијата беше девер. Ќе позајмам од некој ако за блиска свадба, ама посебно ќе биде. Ама сега и со месеци однапред се знае па се има време да се заштеди нешто за подарок.
Девојче абе ајде троши колку сакаш не ми гледај во џебот ниту на мене ниту на моите родители. Даваме колку што можеме и секако дека за блиски роднини многу повеќе даваме. Никој не ви ги потценува свадбите. На крај краева кој ве тера толку пари да потрошите? Или само битно е пред народот да се покажете? Безобразна.
Ќе одам на свадба и ќе ставам во пликото 6000 денари (само да не ме озборуваат, к*р ме боли што ќе кажат) и до крај на месец ќе трпам за јадење, нели оти морам да однесам 100 евра, ќе ме озборуваат. Чекај, свадба се прај за да прославиш или за пари да собереш?
Не е безобразен некој кој во лице кажува нешто. Срамота е сите со еден плик, истите што ги носат и децата по сите свадби само за да им де исплати подарокот. Немам не одам, немам не носам дечко со мене на свадба кај мои роднини. Не ми е маж па да мора и тој да се влечи по нас.
Епа викајте на свадба тогај само богаташи. Кој колку сака и има нека ми донесе. А, ако некој ме вика ради пари не ни одам. Испаѓа дека некој ме гледа како поклон во плик, а не како човек. Некој ќе дојде од поштување, може добил отказ скоро, ама сака да ви направе чест. И никогаш нема да ми е јасно како очекувате некој со парите шо ќе ви ги донесе да си покрие порција. Ако правете свадба испланирајте си ги СОПСТВЕНИТЕ средства, а не да се потпипрате на тоа кој колку донесел, а праете свадба со 200+ луѓе.
Младоженецот и невестата не треба да прават свадба ако немаат пари.Свадбата е прослава,гостите не се должни да платат оброци. И не се сите како ти. Мои братучеди и братучетки не бараа некој да им даде пари.Беше речено кој има и сака нека даде,кој нема,не мора и не треба.Битно им беше само сите да се појават.
Не верувам дека постои човек шо не сака да однесе убав/скап подарок, особено на блиска свадба. Али некогаш даваш онолку колку шо ти се можностите. Има една стара македонска - испружи нозете колку ти е долга чергата. Али шо се објаснуваме ние тука, кога живееме во средина во која луѓе дигат кредити за да прават по-лукс свадба, за после да ги зборат низ град „уау овие колку се имотни“
А некогаш има и такви што се прават наудрени и сто луѓе со еден плик. Имала за другарка или другар да даде посебно, а нема за роднини па ај со мама и тато заедно и дечкото.
Постои и таков што не сака, а може Некој што по дефиниција треба да ти е близок и го канат пример родителите од "чест", а не те поднесува многу и не сака да се троши на тебе. Затоа многу "чест" правење не. Тој што го сакаш вистински ко човек викни го и тој што тебе те сака и почитува како пријател. Тој и со празен плик да е, знам дека ќе е со причина, ама со полно срце ќе ми дојде. Точно знам колку кои луѓе околу мене можат да си дозволат и така тие 2000 од еден може да се исти со тие 12000 од друг.
Моментално се спремаме за бебе (да, знам, што сме го правеле ако немаме како да го чуваме, у реду је..) Во меѓувреме, еден од најдрагите пријатели не побара за кумство (и они чекат бебе). Знаејќи дека кумството е чест, ние со задоволство прифативме, знаејќи многу добро дека тоа е трошок плус Си направивме отворен муабет, ни рекоа дека не сакаат воопшто да се трошиме за поклони, цркви, торти слично со оглед на тоа дека тек допрва ќе имаме трошкови за бебе. Ние се изјаснивме дека сакаме и можеме да си ги покриеме сите пропратни трошоци. Во поглед на поклонот, се договоривме да им помогнеме со нешто додека тие ја опремуваат куќата за заедничко живеење. Ова значи дека нема да измкнам 500-600 евра од џеб ама за 200-300, колку за еден апарат во домаќинство ќе успееме да се снајдеме - не верувам дека во ова има нешто срамно, дека изразувам непочитување со помала сума или дека не сме требале да го прифатиме кумството - баш напротив И онака кумството не е еден ден, цел живот е, денес немам 600 евра за поклон ама здравје боже ќе си се помагаме со текот на годините колку можеме.