Нема правило, далеку од тоа, ама цифрата ми е извадена баш од форумов, темата за кумства... Инаку единствено правило за мене е кој колку сака и може..
Е па...знаеш како е кај нас...кумот е светиња и мора да му се купи нешто скапо...исто како што тој купува на младите.
За апарати за домаќинството, можеш да им купиш и на рати од нептун сетек, некогаш имаат и нешто без камата, па така и нема многу да го осетиш подарокот дека бил 200или 300евра,а тоа што зборат сите дека однеле по 500-600евра баш и не е нешто за верување, тоа се две просечни плати, мене кумот заедно со неговите двајца браќа ни донесе 100евра, така да не му ја мисли многу.
Колку ти е долга чергата толку распушти ја, така знам јас. Самата кажа дека чекате детенце , првенствено гледај на тоа дека треба да мѕжу обезбедиш ти основни услови на детето, а не да се луксузираш ако сте кумови. Вредноста на поклонот не го искажува почитувањето. И јас бев бремена невеста плус дома цел спрат правевме , значи ни требаше баш се.Со кумовите се договоривме да поминеме најскромно, тие ни дадоа поклон 150€, јас ги дарував и двајцата со по 3000денари. Сега другар на мм не покани за кумови ,со коронава свадбата се одкажа, они во меѓувреме не држеле растојание и невестата е бремена. Се одржа венчавка и регистрација , свадба се уште не биднало, но планираме да дадеме поклон околу 350€. Сега фала Богу се средивме по дома, сд што ми треба за детето имам обезбедено и можам да си дозволам поголема сума да дадам како поклон. Поентата ми е само да ти посочам дека пароте не го одржуваат кумството, се вива со договор, но прво мисли на твоето утре. Не е работата денес да креваме чалам на свадба , а со месеци леб и маргарин да јадеме дома.
Ова нашево се заврши во најдобар ред. Се на се, 300 евра потрошив со се букети, пијалок, подарок... Некој близок ми искоментира малку било, срам било, бидејќи срамот е пострашен од јадењето леб и маргарин со месеци... Али тоа е нашиот менталитет за жал. Одлучив да не обратам внимание на коментарот, иако ме изнервира знам не беше зајадлив. Секако на прво место ми е домот и семејството што пробувам да го изградам со сопругот, па после сите останати. Кумашините секако ќе си ги сакам и почитувам без разлика на големината на подарокот. Впрочем веќе пишав, кумството не трае еден ден, за цел живот е. Дополнително, за нашата регистрација не очекувам апсолутно ништо од никого, најмалку од кумовите. Ми треба само да се слободни дента, да може да стави еден потпис во матично, пари нема потреба, ќе си заработиме.
Ние правевме месецов регистрација, се договоривме со кумовите дека нема сега да си давамњ поклони, здравје натаму планираме сваднба па тогаш ќе се даруваме. И да не направиме свадба, подарокот воопшто не ни е важен, важно е што ги имаме за кумови. Како што кажа, кумството е за цел живот.
Не знам зошто само дај ми на ти се прави со кумовите?! Кумовите требало да се даруваат со дарови скапи, а кумот да го наполни убаво пликот. И сега за нив четворица, мин по 50€, треба да им дадам дарови 200€, а они на мене подарок од над 300€. Само математика И после, ниту млади се пдлучувале да прават свадба, ниту лесно можеш да најдеш кум. Епа не може. За да бидеш кум треба пари и пари да имаш во ова модерно време. Кога би се искорениле овие дарувања и докажувања од кумот, истиот би дошол со подарок како било кој гостин ( колку има и сака ќе даде, за "возврат" нема да добие дар ), секој со задоволство би ја прифатил честа да биде кум на некого. Вака почнаа многу да практикуваат, посебно кога другари/другарки меѓу себе си се договорат за кумство.
Доказ дека свадбата се гледа низ призмата на парите. Нити сум очекувала поклон да донесе, ниту она очекуваше поклон од мене. Треба да се внимава кого се бира за кум. А тоа со дарувањето е повеќе наметнато од старите. Така останало од времето. Се очекува кумот да го одврзе кесето. Затоа тешко се наоѓа кум во денешно време.
Предлог за подарок за блиска другарка за девојачко? Сакам некој сет со ноќница, не знам дајте некој совет
Да имаше еден бутик во Гтц имам земано мн убави, а освен некоја колекција со парфем и сет со ноќница друга идеја немам
Можеш во некоја убава кутија да го ставиш подарокот кој ќе го купиш и внатре да ставиш и некој чоколатца, бајадера, фереро, рафаело...некоја миризлива свеќа...таман може да си ги искористи со мажот.
што се носи за поклон на свадба кај сестра на ептен блиска другарка..? немам улога, чисто као +1 ме викна другарката али стварно неам појма шо се носи