Колку ти дозволува буџетот и зависи колку ти се блиски луѓето. Некој може да ти каже 500 евра дека дава, сите не можат толку да дадат. Колку можеш и колку мислиш дека треба. Обично барем порцијата да се покрие...
Факт е дека првично секој колку може дава поклон ама ако веќе се води според некој минимум тоа е да го покрие барем трошокот. Факт е дека е веселба, а не бизнис но цените ептен се рипнати. Веќе нема порција и пијалок испод 20-22€ еве другите работи како музика и слично да не ги бројам…Бидејки мн од тука погрешно ќе ме разберат ќе си кажам дека ова е мое мислење и јас така размислувам.
Темава одамна не е активна, а верувам дека секоја идеја добро ќе ми дојде па може да ја активираме. Девојки давајте идеи за подарок за свадба на колешка, не сакам да дадам само пари, туку баш би сакала да биде некој убав подарок.
Зависи од сумата. Реално нешто екстра за 50€ не можеш да најдеш (сумава ја земам за пример пошо толку давав кога идев сама кај другарки). Ако сте пар или имаш малку поголем буџет имаш повеќе избор, а да не е кеш. Погледни постелнина на Тач ако имаат спална, убави се, квалитетни, а и реално се користат постелнини. Комплет чинии исто, само поубавиот порцелан е над 3000. Чаши по убави и специјални има на Бромиоли по околу 1000ка сет. Бањарки по околу 1500 една можеш да најдеш исто. Се е до тоа колку ги познаваш и дали би им требало нешто такво.
Некој сет за у кујна. Чаршав за на маса. Ќебе, прекривач, навлаки за јастук. Има сет навлаки за јастук, чаршав и навлака за јорган. Бањарки за двајцата.
Разгледај на https://m.facebook.com/azarcreativestudio/ има доста интересни идеи а да не е сервис, постелнина и слично
Курвоазје вискито само е над 2500 и ваква кутија искача бааги над 50€. Во просек коментарите на темава се дека повеќето носат подарок околу 2000ден, далеку попаметно е да купат нешто корисно.
Здраво, на свадба сум кај блиска другарка и планирам подарокот да биде пари во плик. Може ли предлог за сумата која би била солидна? Да напоменам дека ќе одам сама. Јас планирав 50 евра, но повеќе луѓе ми сугерираа дека сумата е голема за личност што ќе оди сама на свадбата.
Според мене е таман. Да можеш да ја платиш вечерата и плус да остане нешто за нив. Знам дека порано се одеше со 20Е, но сега веќе со тоа што е се поскапено мислам дека треба 50 евра.
Ако можеш да си дозволиш и ако ти сметаш дека сумата е доволна, не е многу. И јас сум носела толку кај другарки.