Штом ти е блиска другарка не е многу, треба да си го покриеш јадењето и да остане нешто како подарок.
Здраво девојки, сестра ми прави свадба поклонот секако ќе биде пари но, наместо букет што ќе се исуши за 10 часа би сакала да купам нешто персонализирано нешто што ќе и остане како украс а да не биде многу големо.... незнам од каде би можела да разгледам нешто што ми е во замисла
Ако мислиш за дарување, невестата ги дарува кумовите, старосватовите, родителите на младоженецот, брат/сестра на младоженецот и маж/жена и деца ако имаат, и деверот. Некаде се даруваат и баба и дедо ако сакаат Младоженецот ги дарува на невестата родителите и брат/сестра исто со фамилија, и деверушата. И баба и дедо на невестата ако сакаат. Имам прашање, сведок сум на регистрација кај другарка. Што поклон да носам, или пари, и колкава сума би била пристојна? Одам со дечко ми, не прават свадба, само во матично и ручек.
Kolku bi bilo prikladno da stavam pari vo plik, kje bidam svedok na registracija, bez svadba samo registracija? Kje zemam torta i cveke plus. Ili predlog poklon nesto.
@mssuniquee или било која босанка. Вака, треба да одам кај братучедка која не сум ја видела 15-16 години на испраќај. Значи на свадба не, само на тоа. Која сума на пари се остава, исто како за свадба?
Прават, веднаш после испраќајот ама не сме поканети пошироко семејство, само најблиските ќе одат од нејзина страна. Дали 50е би било доволно за двајца, мене и мм? Одиме со моите, они чинам исто околу 50 ќе дадат.
Здраво, За нашата свадба нема да има одење по невеста, туку ќе биде само црква и ресторан (и тоа плус без домашни музики и кетеринзи кај нас кај сопругот дома- ние веќе живееме заедно) Деверчето ни е другар, па ќе му дадеме пари како дар Старосватите- вујко на сопругот Па ќе земеме нешто сервис, прибор и сл (без додаток на пари) Е сега пеашањето ми е за кумот? Дали тука има некое "непишано правило" на тоа колку ќе ти даде и потроши кумот за тебе ти да му вратиш??????? Ние ќе правиме венчавка и крштевка. Се мислевме на кумовите да му нарачаме една рачно изработена слика од уметник наш, персонализирана верзија, бронзена, со бои итн ?? *Таа би коштала околу 10 000 денари Дали е тоа во ред? Или е срамота ине малку? На свадбата ќе дојдат можеби и девојчето со женската. Дали да правам и дарови за нив некакви? Ве прашувам, бидејќи ние скроз сакавме да го избегнеме тоа, ама еве го нема избегнување туку наспроти може да дојде и до разделување и искажување незадоволство од другата страна бидејќи многу се порошиле а ние не ? Фа
Ние нашите кумови ги дарувавме 350 евра се на се, нивниот поклон беше 300 евра. А кај што бевме кумови не даруваа вкупно 100 евра а ние им дадовме поклон 500 евра, така да нема правило. Колку можете да си дозволите толку.
Kolku e prikladno da se dade pari za svadba na kumot, nema odime ne sme vo ista drzava i nemozeme da se organizirame samo podarok da im ispratimw.