Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од maca99, 7 април 2011.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Зависи од можностите.. По тоа што го имам читано, некои даваат од 200 евра, па нагоре.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Beunique555

    Beunique555 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Каде можам да купам специјално направена кутија со пијалак и благо за да ги повикаме најдобрите пријатели да ни бидат кумови?
     
  3. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    3.673
    Пол:
    Женски
    Поклон за свадба, причина за раздор меѓу фамилиите. Ја однесов толку, ми вратија помалку и останати малограѓански муабети. Моите дури еднаш беа поканети на свадба ама им беше кажано дека порцијата е толку, и дека треба да донесат минимум од тоа за да си ја покријат.
    Денес свадбата стана бизнис. Прескапо е се, од музика, ресторан, кетеринг, декорации, фотографи.
    Татко ми секогаш викал, јас свадба правам за мерак, гости канам за веселба, кој колку донесе и да не донесе не ми е битно, денот ми е битен.

    Носете си поклони колку што ви е длабок џебот. Сите гледаме барем да покриеме порција и нешо да остане, ама некогаш не оди така. Луѓето што ве сакаат, ќе ве сакаат и без 200 евра пари во плик. На оние од корист, и тие ќе им се малку. Од лично искуство кажувам.
     
    На VDT2906, Catz, ReinaDeCielo и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски
    Јас од тука имав нарачано. Разгледај на профилот имаат и баш такви кутии објавено.
     

    Прикачени фајлови:

  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    @Miss666 дали твоите отидоа на свадбата? Во таков случај јас не би отишла. Факт е дека некои свадби се прават за да се соберат пари. Има свадби кај што се канат имотни гости кои не се блиски, а не се канат блиски затоа што се сиромашни. Јас бев на таква свадба пред да се омажам. А кога ќе прочитам на покана Поклон во плик, косата ми се крева. Не се свадбите тоа што беа.
     
    На Miss666 и Осе им се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    3.673
    Пол:
    Женски

    Да, беа. Не сме блиски со луѓето, фамилија се од страната на мајка ми ама гости не си правиме. Од свадба на свадба се гледаат со моите :)
    И јас не сакав да одат, ама оставив они да се одлучат. После им напоменав на шега да однесат тенџериња на поклон што секако не ме послушаа:shake:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Јас на такви би им однела празен плик. Евентуално, помалку пари. Се изнервирав кога добивме покана за пари во плик. Го убедував маж ми да не одиме, ама џабе. Од негова страна беше свадбата. И за да дојдам му поставив услов.. Да дадеме помалку пари. Така и бидна. На дрскост јас враќам со дрскост.

    Порано не се гледаше кој што ќе ти донесе. А сега... Ај да не ги каниме Петко и Трпана. Ќе ни дојдат со 2 000 денари во плик. Да ги викнеме Стојан и Стојна. Не сме ги виделе одамна, ама они ќе ни донесат 4 000 денари. Имам слушнато вакви мислења.
     
    На eliesaab и Miss666 им се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    12.957
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl и да знаеш дека прават така, со конкретниов пример за парите. Јас избегнувам вакви покани, воопшто. А ми се случувало.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Баш бев на таква свадба. Уште не се ни знаев со маж ми. Ми кажува татко ми дека сме поканети на свадба кај Х. Јас се чудев. Одамна не се имавме видено и затоа ми беше чудно што не поканија. И татко ми се мислеше дали да одиме и на крај пресече. Пред да одиме татко ми се јави кај други роднини да ги праша дали ќе одат на свадбата. Се изненади што некои не беа поканети. Не ни знаеле дека ќе има свадба. Знаеш кои не беа поканети? Тие што немаат пари. Отидовме таму. Ни половина од роднините немаше. Само оние кои се имотни. А некои од тие што не беа им се блиски на младите. Уште се чудам до каде оди светов.

    Ние (јас и маж ми) носевме по 2-3000 во плик. Зависи кај кој одевме. Секогаш гледавме да ја платиме порцијата и да има нешто вишок. Цвеќиња одамна не носам. Тоа ми се за џабе фрлени пари. Откако ги качија цениве не сме биле на свадба. Всушност, свадбите веќе завршија. Немаме кој да мажиме/жениме. :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. xplady

    xplady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Не знам каде да пишам но гледам овде сте поактивни.

    Има ли некој од Кочани или околина да ми препорача цвеќара или декорациска куќа со уникатни подароци. Нареден викенд одам на свадба таму па освен пари сакам да купам нешто убаво што ќе им остане како спомен на младенците.

    Размислувам за некое гравирано шише за ракија, или украс со нивни иницијали.

    На Facebook ги најдов Декорациска Куќа Rose. Дали има некој искуство со нив?
     
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    https://laserskograviranje.mk/
     
    На xplady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Јас имав некое мое мислење дека се носи на свадба подарок колку порциите да се покријат, ама сега една роднина ќе прави свадба во доста елитен ресторан и колку што разбрав 45 евра е порција, и сега немам намера јас да давам веќе поклон кој што би ги покрил сите порции, со оглед дека ќе одиме 6 луѓе, него некоја нормална сума од 100 евра за поклон и не знам дали е тоа океј..
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Сите 6 со тие 100 е?
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    8.497
    Пол:
    Женски
    Па што? Тој што решил да прави свадба не чека пари од други да му платат забава. Според мене важно е да ги испочитуваш со присуство, а за поклон не е важно.
     
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Да, сите 6 со 100 евра, ваљда не мислат гостите дека треба да им донесат поклони кои ќе им ја покријат свадбата од 20 илјади евра..
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    11.637
    Пол:
    Женски
    Па искрено еве и мене ми звучи малку 6 луѓе со 100 евра да одат само. Тоа ти е 1000 денари од човек.
    Не мора да однесете 300 евра, ама еве некои 150-200 евра, зависи и колку ти е близок роднината.
     
    На baguf4e, najjacha, Anyshka и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Не знам, мене би ми било незгодно со 100 е, 6 души да одат, без разлика колку е порцијата.
    Ти бараше мислење, крај краева твоја е одлуката.
     
    На baguf4e, SuperGirl24, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Јас би дала од 1500-2000 од човек/пар, а вака излева само по 1000 денари, што е искрено малку за денешно време. Толку се даваше пред некои си 6-7 години, сега е искрено малку.
    Нормално мое мислење, вие како ќе дадите и како ви се можностите незнам :)
     
    На baguf4e, Anyshka, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што воопшто некои луѓе се нафаќаат да одат по свадби со ваков негативен став кон сè. Таа уште неотидена е со намргуден став "да не очекуваат јас да им плаќам" - не, како да ти кажам, никој не очекува од тебе ништо, меѓутоа само затоа што си поканета не значи дека уште од дома треба да им ги броиш парите и одлуките, дали свадбата им е во елитен ресторан, дали чини 20.000€ и не знам уште што. Единствен впечаток кој го оставаш е дека само си љубоморна, а на што, еве појма немам.
    И да, како сакаш кажи, ама 100€ од 6 луѓе се апсолутно ништо, особено денес. Ако си поканет, не значи дека мора да одиш. Секој си ја знае колку му е долга чергата па толку да си ги испружи нозете, и штом младите ве поканиле сигурна сум дека не би ви пререкле и со сосема празни раце да отидете, но тоа не значи дека вие сами не треба да си ставите прст на чело и да помислите нели е малку невкусно тоа од ваша страна.
    Впрочем, ти беше таа што цели реферати изнапиша како на сестра ти и дале новогодишно пакетче од некои стотина денари и како било тоа срамота а се работи за нешто суштински толку неважно, а еве сега спремна си на свадба да одиш само така и згора на сè однапред спремна со мрчаторски коментари за цени и не знам што.
     
    На baguf4e, SuperGirl24, eliesaab и 18 други им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Свадбите одамна се место за перење пари, а не за прослава за стапувањето во брак и славење на љубов. Тажно.
     
    На злоба, eliesaab, SanMichel и 4 други им се допаѓа ова.