Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од maca99, 7 април 2011.

  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny
    Скроз си во право за сѐ.

    Еве јас лани правев свадба, имаше луѓе кои сами беа поканети, без пар, 1000 денари имав од нив во плико. Малку се, тоа е факт. Ама јас не отидов и да му преречам зошто толку малку си ми дал, туку треба сам да си свесен дека за оваа денешница 1000 денари се апсолутно ништо. Порцијата само за тој човек ја платив многу повеќе од тоа, ами поклонот каде е?

    На крај краева не мораш да одиш на свадба, неголи пред време да ми правиш пресметки колку ми кошта свадбата или па со размислувањето ,,сигурно ние гостите нема да му ја плаќаме”.
    Немаш - не доаѓај. Ете толку едноставно.
     
    На baguf4e, Anie93, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    4.574
    Прв пат видов на покана, како сликиче, цвеќе пречкртано, грепки штиклирано.:D Демек, место цвеќе, грепки донесете за тие пари. Каква бедотија. Она ,,поклон во плик" мислев дека е сељачко, сега ова е уште еден апгрејд.
     
    На angelakr., SummerGirl, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.992
    Ова важи и за сестра, и за блиска другарка што сте израснале заедно и за свекрвата (додуша за неа највише) и за мајка ти или само за братучедите од 16то колено?

    Мене ми е мерак да ми дојде човек на прослава, јер за тоа сум викнала луѓе.

    Замисли на другарка од детство, што сте биле низ арно и лошо цел живот да ѝ речеш ако немаш не ми доаѓај ич. Па не ни треба да ти дојде.
    Или замисли не е при пари во моментот и ти се извини и ѝ речеш па добро, не доаѓај тогаш, не ќе се трошам за тебе за џабе...
     
    На SuperGirl24, Noemi, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Па тогаш да земеме да носеме сите по 500 денари на свадба и мирна ни глава?
     
    На SummerGirl, Anyshka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.992
    Одговори ми на прашањето.
    Дали на другарка од детство што ти е поблиска од сестра ќе ѝ го речеш истото?
     
    На SuperGirl24 и VDT2906 им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Ама јас тоа на никој не го реков ниту ќе го речам :D само си коментирам и давам свое мислење, форум нели :) 1000 денари се малку за во плик, тоа е сѐ.
     
    На SummerGirl и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.992
    Добро ете, дали сметаш дека таа другарка не треба да дојде ако нема пари во моментот?
    Све човек да ви соџвакува...
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Ај не се фолирајте молим вас
    Сите тука ако сте праеле свадба, на брачна сте броеле пари, евентуално сабајлето. Ако викате не, лажете.
    Не се правете светици
     
    На Anyshka, SummerGirl, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    4.001
    Пол:
    Женски
    Ние бевме тројца на свадба кај пријатели и однесовме сто евра. Мислам дека е скроз океј ако е 1000ден порција од човек, да остане нешто и за нив... ама кој како си сака.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Со ваков став не си ни заслужила некој на свадба да ти дојде.. Плаќањето на свадбата и трошоците на свадбата се твоја обврска, а не на гостите.. Гостинот ако сака може и ништо да не донесе, негово си е..
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Бог да чува.
    Е добро ајде нека дојде со едни мастики тогаш на свадба. Гостинот ништо неморал да носе..
    Ајде биди жива, здрава кога ќе правиш свадба ќе те прашам пак
     
    На SummerGirl, Anyshka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Уживај, ние од од АјТи сектор си правиме свадба од кејф..
     
  13. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    24.006
    Пол:
    Женски
    Нина, ти сама си пишала во последниот дел од постот дека не знаеш дали е тоа ок и тука нормално ќе има мислења дали е, или не е.
    Според мене е малку, не мене да ми донесат, туку јас не би одела со 100€ за 6 души.
    Само во еден случај ми е оправдано, ако од 6-те души само двајца се родители, а четирите се деца и само еден работи.
    Не знам дали си мажена, или не си, претпоставувам дека во 6-те души има најмалку два пара, па затоа таа сума е некако малку.
    Јас пред две години правев мини свадба, имавме пар кој ништо не ни донесе (и двајцата имаат примања), па овој муабет никој не го знае.
    Не се каам што ги викнавме, од наша страна беа максимално угостени.
    Ама најмногу нѐ заболе со мм дека после тоа слушнавме муабет, не знаеле зошто биле поканети, веројатно да ни го гледале луксузот.
    Ден денешен не го сфаќам муабетов.
    Која неблагодарност.
     
    На baguf4e, eliesaab, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Кога одите на роденден јадете и пиете додека не процените дека сте си го вратиле поклонот?

    Можеби 100 евра за 6 души е малку, ама малку е глупа пресметкава дека пред сѐ и порцијата си ја плаќаш. Ко, сами си ја правите свадбата и сами одлучувате кого ќе викнете и колку ќе ви чини порцијата. Сега има порции и по 70 евра, некој можеби ќе одлучи и нешто поскапо. На крај краева влезница ставете си на врата, ако мислите дека секој треба да си го плати присуството.
     
    На olly14, Avery, andromedae и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    8.030
    Пол:
    Женски
    Со маж ми сами си ја плативме свадбата до денар, нашите родители ги облековме од глава до пети. Буквално гости беа на свадбата, ни поклон не ни дадоа ние им кажавме не сакаме воопшто да трошат за ништо ние се ќе си покриеме. Кој муабет бе од ИТ сектор… па баш ако си од ИТ имаш примања…. На свадба 100 евра 6 души се малку пари. Ние коа идеме двјца кај не блиски оставаме 100 евра. Кај поблиски повеќе. Според мене 50 евра е оке од човек, веќе парата нема толку вредност, порано поклон 1000 денари било многу. Сега 1000 денари не се ништо. Имавме на нашата свадба и семејство што дојде со слика која кошта 1000 денари вкупно, и еве си ја изложив дома сликата, баш е убава. Знам дека финансиски не можат да си дозволат. Ама нормално дека нема да им преречам или да ѓи зборам… јас ако не можам да си дозволам не одам на свадба. Ако можам носам поклон и тоа се подразбира дека не е 1000 денари.
     
    На Anie93, Anyshka, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  16. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Јас јадам и пијам да си ја максимизирам добивката, рецимо салата дома ќе мцнам, ама таму шо има месо и сувомеснато бутам, па и наредното сабајле да не сум гладен :rofl::muscle::pizza:
     
  17. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Не плачете за подароци и пари, еве јас ви ветувам, ако праам свадба некој ден, сите на форумов сте повикани, а за подарок можете и мастики да ми донесете, само најавете се, ќе ја праиме најголемата свадба во Македонија.

    Еј ама стварно, ако имаш 5000-6000 гости, кај ќе ги собере тие луѓе?
    Исто така 6000*60= 360,000 ау бато, па кој ќе ве нарани, нема везе, вие дојдете за парите, крајот ќе им го најдеме.
     
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.992
    Ахам ради инфлација сега 1000ка не било ништо. Епа и тој што дава е погоден од инфлација па и таа 1000ка му е многу.
    Али јбг, прво ти решаваш да правиш свадба среде висока инфлација, после јас да дојдам.
     
    На andromedae и VDT2906 им се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    8.030
    Пол:
    Женски
    Абе ич не доаѓај не знам како да ти кажам, јас сум поканила зашто сакам да дојдеш, ако не сакаш не доаѓај. Не го извртувај муабетот дека овде за пари гледаат луѓево, си кажуваат како они би постапиле. И да ми се погодило да правам свадба во скапо време, на 15 свадби бев лани на кои една бевме кумови, откажавме неколку зашто ни беше премногу не можевме да си дозволиме. Јас не идам со помалку од 50 евра од човек на свадба, ти ако сакаш стави 1000ка. Јас вака размислувам, ти како сакаш.
     
    На baguf4e, Anyshka, Elence93 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    И плачите ако не ви го погодат поклонот од сикрет санта. :*:
     
    На baguf4e, Anie93, SanMichel и 6 други им се допаѓа ова.