Ако некој 100 евра му е порцијата значи ли дека 200 евра треба да однесам нели да ја платам порцијата и за поклонот. Ако се пар тогаш 300 евра. Правите свадба за ваш мерак не за гостите, никој не ве тера да правите. @нина122 ако сте 6 души барем по 2000 собирајте од човек. Зависи и колку сте блиски можете и по 50 евра. Секој нека си стави колку може и мисли никогаш не сум гледала кој колку дал, не се правам светица. Единствено ми е безобразно, празен плик подобро кажи немам немаш здравје да сме живи и здрави.
Па, што си го канела ако очекуваш да си ја плати порцијата?! Кажи му немаш пари за кај мене за на свадба и крај! Ти ги почитуваш нив и ги каниш за да ја прославите твојата среќа, а не ги каниш за да ти платат порција за место кое ти си го одбрала за свадба. Едноставно си можела да правиш свадба во поекономично местенце и со помалку луѓе. Материјалисти сте, сакате ем свадба да направите, ем пари да имате. Свадбата ви е одлична бизнис зделка.
На крајот на денот и не мора сите 6 луѓе да одат само зошто се поканети. За јадење, пиење и журкање ќе се соберат сите, а за да се даде подарок проблем е. Од друга страна за облека, нокти, шминка и фризури ок е, нели.
Јас сметам дека секој треба да однесе најмалку колку да си ја плати порцијата, а се друго е оставено на него.. Меѓутоа во ваков случај каде се работи за мн висока цена на порција, и луксузна свадба, не може некој да очекува дека секој гостин ќе донесе најмалку 45 евра од човек за да си ја плати порцијата.. За тоа и зборувам, 6 возрасни луѓе за да се спремат за на свадба, треба за секого по најмалку 50 евра да се потроши, каде е гориво за натака и навака, треба ли за туѓа свадба да дадеме 45*6, плус 20 евра од човек за поклон надвор од порцијата поклон, и по 50 евра од човек за спремање, ај да не го вклучуваме горивото, тоа се 500 евра за една свадба најмалку..
Ваљда ко шо исто е ок 5000ки на поп, стотини евра на бурми, фустан, невестинска шминка (што кошта ѓавол ипол, а е иста ко секоја друга). Јас на пример за последната свадба кај што бев купив фустан од 1000ка, штикли и ташна имав, се шминкав сама, коса не правев, само ја испеглав
Па ваљда не мислиш дека тие пари од небо ќе ми паднат за спремање за нас што ми се или можеби мислиш така.. И не, не можеш за свадба да се спремаш за 50€ од човек, освен ако не одиш со стара и веќе носена облека, што значи мн повеќе од 500 евра треба да те кошта свадба за да не се срамиш и да однесеш пристоен поклон.
Ама ако немам нема ни да одам на свадба. Зошто тогаш нова гардероба, шминка? Не мора да се покрие порцијта ете луксузна свадба е, но не мора и сите 6 души да одат. Јас лично 6 ако одиме сигурно повеќе би ставила, би ми било незгодно со помалце без разлика колку е порцијата.
Ако поканетите кои немаат пари не треба да идат на свадба, тогаш и парот не треба да прави свадба доколку нема пари. Или треба да одбере место кое ќе одговара на сечиј буџет.
Секогаш сме гледале со маж ми да ја платиме порцијата и да има нешто вишок. Дававме 2-3000 во плик. Последен пат бевме на свадба кога цените на порциите беа во нормала. Со овие цени сега, би ставиле 3-4000. Зависи кај кој одиме на свадба. Кај поблиски ставаме повеќе. На мене ми е срам двајцата да отидеме со 1000 денари. На нашата свадба другарка и дечко и донесоа пари кои не беа колку двете нивни порции. За нивната свадба ние им дадовме повеќе. Никогаш не сум и рекла зошто толку дадоа. Ако немам пари не одам на свадба. На една свадба не отидовме заради финансии. @senza.parole тоа што ги пиша за гостите што ве озборувале после свадбата е она истото што упорно го пишувам во вакви теми. Тие што имаат пари доаѓаат на свадба со малку пари или со евтин поклон, затоа што целта им е да фаќаат сеир. Чест на исклучоци. @нина122 ако не сте финансиски во можност, не мора да одите сите 6.
Ние имавме пликоа со по 500 ден. Да, никој не очекува од гостите да ни плаќаат порции штом сме решиле да правиме свадба, ама 500 ден.?
Често читам коментари (не само на форумов) толку имале, толку дале. Никој со сила не ги тера гостите да одат на свадба. Исто и за правење свадби. Прават свадби со 400 и кусур гости и после се жалат дека немаат пари. Пријателка на свадба од четиричлено семејство доби сервис за ручање од 700 денари. Сестра ми доби столна ламба од 300 денари. И после тие гости јадеа го*на дека свадбата била кич. Не беше свадбата кич, туку нивниот глупав поклон. Се работи за ситуирано семејство. Знам и случки со празни пликоа.
Ако правите свадби за пари тогаш воопшто не правете. Исто и за гостите важи, ако одите за да “не се прекршите” повеќе од 1000 денари да дадете не одете. И во двата случаја станува збор за себичност. Свадба се прави за радост и споделување среќа,ќе ви остане убав мемоар да имате што да раскажувате. На свадба одиш за да си поминеш убаво, да раскажеш, да се изнаиграш, ако одиш за да внесуваш негативна енергија и да броиш ситно тогаш направи си услуга и воопшто не оди.
Тоа ви е поклонот, 500те денари, не е за порцијата.. Сигурно биле на став дека нема потреба порцијата да си ја платат, доволно е само подарок да однесат..
Па и не треба да плаќаат гостите за порција, ако е така подобро и да не правиме свадба ако чекам јас од гостите да си платат порција. Затоа се покануваат само блиски, а не ојлевци дојлевци што ниту ги знам ниту ќе ги видам некогаш. Тие беа далечни роднини на свекор ми што ниту мм не ги знаеше, знам имаше неколку непотпишани, затоа не се покануваат далечни роднини. А за блиски и ништо да не ми донесат, важно ми е да дојдат.
Јас секогаш сум на став дека се носи најмалку порцијата да се плати, значи најмалку.. Ама порција од 20 до 25 евра, а не 100 евра порција.. Не мора гостите мојот луксуз да го плаќаат, и никогаш сите гости на свадба не се од ист социјален статус..
Точно, некои може да прават свадба и на јахта, нормално гостите не можат да одвојат толку за порција. Сакаат ќе си прават, не да очекуваат секој гостин да им ги плати порциите. Имаше една ситуација ама не за свадба, туку за веридба, свеки ни кажа колку да дадеме кај едни подалечни нејзини роднини, а ние ниту планиравме да одиме, и велев па тоа се многу за веридба, ми кажа дека ќе правеле на некое скапо место веридба, и кажав ако сакаат и на јахта нека прават, да не треба ние да им платиме. Ако е за така нека не прават, ако немаат. А секој тргнува од тоа, барем порциите да си ги плати, ама не може порција од 100 евра.
Мене пак тотално ми е небитно кој каде ќе прави свадба, ниту ме интересира колку е порцијата. Дури и за неблиски луѓе не давам помалку од 100€ по пар, денешно време дури и тоа е симболично. Апсолутно ми е небитно дали порцијата е 500 ден., дали 100€, не одам на свадба секој ден, ниту парот се венчава секоја година, давам од душа.