Победно од празен плик е очекувањата гостите да ви ја платат свадбата. Најдобро сите само во матично да се венчаат и да не имаат никакви очекувања, од друга страна и гостите да не се брукаат без никаков поклон. Денес ниту младите се веселат што ќе прават свадба, ниту гостите се среќни што некој прави свадба. Знаете зошто? Пари. Зошто ако немаш, не си пожелен да дојдеш, ако дадеш малку, што си дошол, ако не дојдеш, зошто не дошол не му се даваат пари. Тоа што е избран елитен ресторан и порцијата е 45 евра, секако не е услов дека треба да се даде 45 евра од човек. Значи пар треба да даде 90 евра? Ако е блиска роднина, брат, сестра, да разберам. Може и повеќе треба. Колега/колешка од работа, подалечен роднина? Или ме викаш затоа што сакаш да бидам присутна или не ме поканувај. Од друга страна, 100 евра од 6 души?! Особено вработени во ИТ индустрија.
Не знам, да земаш над 1000 евра плата, а да дојдеш со 1000 денари поклон, кажи ми ти во ред е? Дури и да не дадеш пари во плик, што поклон би купила за 1000 денари. ST тостер чини повеќе од 1000 денари. Свадба е, ако не ги почитуваш младоженците и сметаш дека не вредат повеќе од 1000 денари, кои во денешницава не вредат ни 200 денари, не оди. Едно е да си финансиски немоќен, друго е да имаш и да дадеш помалку од тој што нема. Јас не се согласувам дека гостите треба да ја платат свадбата, но едно нешто се вика осет.
Кај порандом луѓе (како комшии)ставаме 4.000ден пар. Кај поблиски 6.000. Кај уште поблиски 10.000 Според мене се под 2000 од човек е премалце. Не ставам да платам порција ама рачунам ако за роденден давам поклон 1000че, на свадба ќе ставам бар 3000
Kolku e normalma suma za podarok na kumovi kaj koj za zal nemozeme da prisustvuvame, tuku samo podarokot ke im go dademe i sto osven pari.Ili neznam nekoj predlog za podarok, a da ne se pari.
доволно е, годинава и ние такс планираме кај поблиски 8/9000, кај порандом 6000ден. Зошто споредбено со лани малце се поскапени порциите.
Здраво Најдобра другарка се мажи и уште од сабајлето сум поканета на свадбата со сите салтанати зимање невеста црква ти реков ми рече Што да и подарам и дали се подарува нешто кога ќе појдам таму од сабајлето? За во ресторан поклон во плик пошто нема што др Ама дали да и земам нешто накит за нејзе да не одам така кога ќе дојдат да ја бараат или? Како се прави? Другарки од 6години сме
Обично се носи цвеќе или благо, но реално нема што да им прават после. Јас мислам поубаво е неа лично да и купиш алка или ланче што ќе и остане за спомен. Не мислам на злато, туку како од Фиоре пр. Во Капитол мол има штанд за убав накит (не Зиа).