Какво време дојде. Порано се носеше 1000 денари од човек, а сега Двајца идеа со 2000 денари. А сега треба со 6000. Цените на порциите се
Знам, многу е но јас се водам по тоа дека треба да се плати порцијата и нешто да остане. Не ги разбирам тие што викаат дека не планирале да им ја плаќаат свадбата, а од друга страна одат да купат специјално нова облека и да отидат на шминка и фризура за да се изрекламираат по фб и инста. Не им е проблем да ги дадат истите пари за еден викенд на излегување, а не сакаат да испочитуваат близок. Ниту ти ќе се осиромашиш, ниту они ќе се збогатат со тие пари. На крајот на денот и не мора да се прифати секоја покана. Извини што се надоврзав, твоево немаше врска со ова, но се изначитав коментари на темава и морав да искоментирам.
Одма ќе ти речат Колку сакам толку ќе оставам. Што сакаат нека прават, ама нека не ги напаѓаат другите кои сакаат да остават повеќе. И јас сум како тебе. Да се плати порцијата и нешто плус да има. Ако немам толку, не одам на свадба. Една свадба пропуштивме заради финансии. А тоа што го пиша за поканите..... Никој сосила не те тера да одиш на свадба. А може да отидат и двајца од семејството.
Поканети сме на свадба кај моја другарка од детството заедно пораснавме.Најпрво од дома ке одиме па после сите работи по ред.Што да и однесам кога ке одиме дома? Буќет или нешто друго но што.Helpp
Јас прашав така погоре за исто најблиска ама изгледа само мене блиска. Вечерта бев седната како "другарка од детството" на последната маса што постои со луѓе што не ги познавам
Во некои цвеќари прават цвеќе во комбинација со пијалок или со бонбониера завиткано убаво како во корпа/кошница. За дома кај неа можеш нешто такво, а пликот или поклонот во ресторан.
300-400.€ Зависи колку сте блиски и дали имате и други трошоци. На едното место кај што бев старосватица немаше торти, бидермаери ништо од старосватицата, така и јас за мојата свадба направив се си купивме ние, на таа свадба оставивме 450€. На другата кај што бев старосватица сакаше торти и некои тракатанци други адети и оставив 300€ зошто имав и други трошоци. И тоа ми беше некој буџет што беше ок да се одвои во моментот.
Кумови сме на девојката која ќе прави свадба, ние сме ја крстиле и планираме да одиме 4ца колку би ставиле? Сумите малку ме плашат 450/500 евра? не се премногу? Мислам не се премногу во смисла за денешниве цени ама сепак за да ја оддели секој таа сума за подарок не е малку тешко?
Па многу се да, затоа напоменав зависи колку сте блиски. Ако сте ја крстиле и не сте во контакт 20 години ќе си дадете сума што ви е прикладна.
Овие суми што се пишани 400-500 евра се за во случај кога си кум на младенците и учествуваш во венчавањето во црква. Ако добро те сфатив вие сте биле кумови кои што ја крстиле невестата, но за венчавката претпоставувам ќе имаат кум во црква од страната на младоженецот? Така да, вие би биле само во улога на гости/роднини на невестата. Во тој случај многу е поклон од 500 евра. Ставете онолку колку што би ставиле кога одите кај други роднини. Јас на пример, да сум во таква ситуација, би ставила околу 150еур (ако одиме како семејство од четворица), ама пак е индивидуално, некој би ставил повеќе, некој помалку.
Голема сума ти е таа искрено. Најпаметно е да си однесеш до 200евра, со оглед на тоа дека сте четворица. 450/500 евра се навистина многу пари.
Не знам точно колку се движат порциите од особа јас мислам дека е малку 150 за четворица. По некоја претпоставка барем да се плати оброкот плус да им остане нешто. Со овие цени денес мислам не би одела со испод 50 евра од особа на свадба. Освен ако стварно порциите денес не се некои 10-20 евра по човек, а јас појма немам. 450/500 е многу ако не сте кумови како што ти пишаа и погоре. Освен ако вие не сте баш кумовите тогаш е во ред ама како гости не. Како кумови на невестата само тогаш веројатно 200-250 евра.
Ќе не поканат за старосватови, е сега бабини деветтини, не било убаво демек да сме старосватови во иста година ако правиме и ние свадба! Ми се нафрлија сите, сепак оставив на мм да одлучи. За кумови ги знам обврските, за старосватови хелп ми треба доколку се одличи да сме. Што носам, каде плаќам, колку пари да ставам и те ствари да ме советувате?!
Ние бевме старосватови во иста година кога правевме свадба, и нашите старосватови исто правеа истата година. Од старосватот обично е бидермаерот, свеќите во црква, некаде носи и он платно, тоа прашајте си во црквата. Кај нас кумот и старосватот исто дадоја пари во плик-300.