Подарок за свадба

Discussion in 'Свадба' started by maca99, Apr 7, 2011.

  1. narcis2011

    narcis2011 Истакнат член

    Joined:
    Aug 16, 2011
    Messages:
    9
    Likes Received:
    0
    Нареднава недела сум на свадба со дечкото кај негова другарка, на поканата писувам поклон во плик, е сеа не знам колку пари да ставиме. Јас не ја познавам добро, ја имам видено еднаш-двапати, а и со дечко ми иако се знаат со години не се многу блиски, онака пријатели. Што предлагате да ставиме по 1000 ден или по 500?
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2009
    Messages:
    1,260
    Likes Received:
    639
    Кога ние одиме на свадба секогаш носиме поклон во плик а цената варира зависно од тоа колку ни се блиски младенците!
    На другарки и другари даваме по 50 евра од пар, на цимерките се договоривме да даваме по 30 евра (и мислам дека беше малку), на пријатели даваме по 1500 денари!
    Сепак зависи и од тоа како ќе се договориме со друштвото со кое одиме заедно, сумата се трудиме да одговара за секого! Ете денес бевме на свадба и поканети бевме поголемо друштво па сите заедно одлучивме од пар да се дава по 20 евра!

    По 1000 денари од пар ми се чини дека е малку, барем 20 евра да се стават во плик мислам дека е доволно кога младенците не ви се ептен блиски!
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    2,712
    Likes Received:
    5,491
    Gender:
    Female
    Сметам дека се става сума барем колку да си ја покриеш порцијата,а тоа зависи од хотелот и цената на истата.Ако е поексклузивен хотел,логично е да е поскапичко,па така и поклонот мора да ја покрива барем порцијата.
    И секако улога игра близината.
    Јас ги гледам моите родители како се поставуваат.Кога бевме на свадба на моја прва братучетка,ставивме 250 евра(а сме 4 члена).Моите кога беа на свадба кај некоја подалечна роднина,на невестата(од нејзина страна беа поканети) која живее во странство,и купија прстен од 8500(а беа само моите,без мене и сестрами).Сестрами беше скоро на свадба кај другарка брат и се женеше,и се договориле со другите девојки по 1500,што е доволно за неа,бидејки ем е еден човек ,ем порцијата беше околу 700 денаари.
    Значи зависи пак ке речам.
     
  4. narcis2011

    narcis2011 Истакнат член

    Joined:
    Aug 16, 2011
    Messages:
    9
    Likes Received:
    0
    Фала мина :) барем сеа прилично знам колку. Инаку мислев по 2000 ден од пар (1000 од мене +1000 од дечко ми) или по 1000 од пар (500 од мене + 500 од дечко ми) ;) сепак под 1000 ден од пар срамота е да се оди, барем според мене, е сеа кога ептен финансиската состојба не им дозволува тоа е друго. ке поразговарам со него па ке видиме, има уште недела дена 8)
     
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    1,709
    Likes Received:
    3,454
    Ако е стварно финасиската состојба таква да не може повеќе да се одвои, а ве поканиле, тогаш секоја ама баш секоја сум е во ред. Јас на свадбата имав неколку пликоа со по 1000 денари, и никогаш ама никогаш нема да им замерам на тие луѓе, им замерив само на тие што не дојдоа.
    За муабетот порцијата да се покрие, мислам дека треба да биде горе доле сумата тука некаде, меѓутоа и тоа не мора, затоа што јас ја правам свадбата за себе, за мој ќејф, и не е должен некој да ми го покрива истиот, башка што мојата одлука да ми е порцијата 20 евра, е само моја одлука и желба и не е некој друг должен да ми ги плаќа желбите и хировите.
    Мое мислење е дека минимум 1500 во плико е во ред, но за не многу блиски луѓе, а за оние блиските тоа посебно се одредува. Но исто од мојата свадба видов дека не ми смени ништо +/- некоја 1000-ка, туку уште им држам љутина на луѓето што не дојдоа.
    И уште на темава, на свадба на која пишува поклон во плик НЕ ОДАМ, или размислувам на наредната кога ќе пишува така, ќе купам најефтин сервис за кафе, и ќе го спакувам така да има нели изглед на плик, па ако им текне да се засрамат, одлично.
    На поканата пишуваме, ќе ни биде чест да присуствувате на нашата веселба, значи јас правам веселба, и сакам да ми ја направиш поубава со твоето присуство, поклонот е непишано правило, и се знае дека се носи, но не е и пишано и задолжително, затоа се носи затоа што се сака да се поклони, моја желба да им поклонам, а кога ќе напише поклон во плик, има многу поголемо и победно за мене значење, ем ми кажува да не доаѓам без поклон, ем ми кажува и што да биде. Епа чорба, не одам, за што ме викаш?
    Да ми дадеш порција за да си ја платам?
    Да ти ја платиме свадбата?
    Ако немаш пари што воопшто правиш свадба?
    Муабетите од типот, како да не, па после да имам дупли работи, да разнесувам, да враќам, според мене не држат вода, тоа е само изговор, недеоволен, за таков беден потег.
    АКо не сакаш дупли работи, џабе да ти одат, и ништо да не добиеш од свадбата, а си рачунал да ја покриеш, можда и во плус да бидеш, затоа што немаш, едноставно е, не прави свадба.
    Луѓето се свесни и се повеќе носат пари, или прашуваат, затоа џабе бруката.
     
    Annath, JuLleE, Neytiri and 2 others like this.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2010
    Messages:
    6,525
    Likes Received:
    92,189
    Gender:
    Female
    Минатата недела бев кај другарка од средно. На поканата со големи црвени букви -Поклон во плик. Реално ние повеќето како студенти повеќе од 1000 денари не можеме да си дозволиме да дадеме ама па и реално многу ни се и тие. На крај собиравме по 800 денари, купивме за инат подарок и цвеќе и отидовме така.
    Нит ми е некоја блиска другарка, нит па дојде вечерта со нас една минута да поигра или да не праша океј сте? Не е ни битно.
    Стојам на тоа дека свадба се прави за да ти биде убаво и твојата среќа да ја поделиш со луѓето што ги сакаш , а не да добиеш подароци.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,250
    Likes Received:
    67,794
    Gender:
    Female
    Мене па ми е уште полошо кога некој за инат ќе направи однесе поклон. Ајде они пишале поклон во плик, ама за инат да однесеш нешто друго? За инат, ццц.
    Јас па не ни одам кај некој што не ми близок(освен некои роднини, па моите ме терале). Нити ќе ми биде ќеф да одам да играм и да се веселам, кога всушност не се ни гледаме, нити се дружиме и сл.
    На блиски роднини моите секогаш даваат повеќе пари, уосталом како и сте, а на подалечни околу 1500.
    И ние кога бевме на свадба кај пријатели им ставивме во плик 1500. Впрочем кој колку има толку и ќе даде.
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    Mоите секогаш носат поклон во плик не зависно дали е пишано или не, последната свадба беше на комшикава до нас што живее, и 3000 денари и дадоа

    Tака да парите се најубав поклон, ама ако некој има дома нешто што може да го искористи, мислам дека попрво тоа ќе го однесе
    Jас лично не сакам многу свадби, така да и не одам!
    Hе сум свадбарски тип, пре би само потпис во матично, ма ниту поклон, ниту поклон во плик, ниту весеље ми спотребало
    Tаква сум, тоа е
     
  9. KalaV

    KalaV Популарен член

    Joined:
    Oct 10, 2010
    Messages:
    600
    Likes Received:
    301
    Па обично моите порано купуваа подароци. Мајка ми беше секогаш за тоа задолжена.
    А вредноста на подарокот зависеше обично од тоа колку сме блиски со тие што не поканиле.
    Сега последно најчесто пари даваме. Пред се е попрактично за нас, нема потреба да се влечкаш по продавници и да мислиш што да купиш , а и е попрактично за младоженците. Тие најдобро ке знаат како да си ги искористат.
    Од финанскиски аспект, некои луѓе сакаат да направат чест, но ете едноставно немаат доволно, па затоа е полесно подарок да однесат. Можат на рати да го платат, можат да најдат и нешто поевтино ,а сепак да биде добар поклон. Така да се е прифатливо.
    Само не ги сфаќам оние луѓе што прецизираат на поканите дека поклонот треба да биде во плик.
    Тоа е веќе дрскост!
     
  10. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Joined:
    Jan 24, 2010
    Messages:
    321
    Likes Received:
    150
    Јас обично кога одам на свадба носам поклон во плик, во зависност од тоа колку ми се блиски тие што ја прават свадбата.
    Поклони други никогаш не сме носеле.
    И мене ми изгледа глупаво да нагласиш поклон во плик на поканата, бидејќи некој можеби ќе сака да ти направи чест и да ти дојде на свадба ете и со некое сервисче поефтино, а ќе му биде незгодно да ти стави малку пари во плик, па може и ич да не дојде..

    А за тоа некој што напомена демек само да дојдат да се најадат не ги сфаќам тие коментари.
    Па штом си нарачал вечера или ручек за гостите многу нормално дека ќе очекуваш да седнат и да јадат, може некој поминал долг пат па гладен е и ќе се фрли на јадење.

    Инаку на една свадба кај што бев, свекрвата дојде на маса и ни рече дека ако ни остане од месото (имаше 2-3 меса) да си ги земеме во салфета или кеса бидејќи е платено, и таа и свекорот бидејќи немаа време ни да јадат си го собраа јадењето и целата нивна маса.
    Истото го направија и дел од гостите некои имаше и што коментираа од страна на некои не им беше чудно, некои си го изедоа.
    Ти го плаќаш тоа јадење и гостите дали му се фрлат и ќе го изедат одма или ќе си го земат е нивно. Треба да го остават и да не јадат за да бидат задоволни младоженците?
    Парите секако ги даваш.
    Дел од букетите ги раздадоа по гостите кога си одеа.
     
  11. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2010
    Messages:
    144
    Likes Received:
    169

    Се сложувам со тебе. Ако пишува поклон во плик, стави во плик. Не го разбирам инатот. Срамота е така што пишуваат на поканите, ама од каде да знаеме во каква состојба се. Некои кредити зимаат, се задолжуваат да направат свадба, во некој ефтин ресторан па не е лошо да дадеш некој денар да им помогнеш. И не е во ред што викате "епа ако нема нека не прави свадба"...сепак сите сакаме да го одбележиме тој ден, сепак е настан во животот, па на секој родител му е мерак, дете му се жени/мажи...
     
    Dushica-sk likes this.
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    А што ако немам пари да ставам плик, а сакам да присуствувам на свадбата и дома имам некористен, а убав подарок?Да не одам воопшто или да го однесам подарокот?

    Кој има пари, секако ќе стави во плик наместо да оди по продавници и да бара подарок.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,613
    Поголем дел од времето носиме пари.
    Во зависност од тоа колку ни се блиски луѓето, ама никогаш не сме дале под 3000 ден.
    Впрочем, толку и чини од прилика некој поасален поклон.

    Мене не ми е ништо чудно што на поканите си навестуваат дека сакаат подарок во плик.
    Таква покана добив уште пред 10 години, кога никој не беше слушнал за такво нешто, па се буљевме малку, ко да не ни беше нешто јасно. :D
    Денеска ни е се' јасно.

    За чудо, се случи и една свадба каде што младоженците си нагласија дека сакаат исклучиво подароци, не пари. Ним им било глупаво.
    Па се дуплираа со подароци, меѓу кои и нашиот (нормално), ама фино лепо им ја дадовме фискалната да си го заменат подарокот за нешто друго.

    И тоа е тоа, ако напишале подарок во плик, не се бунтувам, туку ја почитувам нивната желба.
    Нивна свадба - нивни правила.

    Тоа е ден за нив, а не за мене, моите желби и моите принципи.

    Ако немам пари, воопшто нема да одам на свадбата.
    Simple as that.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,250
    Likes Received:
    67,794
    Gender:
    Female
    А ќе имаш пари да се облечеш нешто? ќе имаш пари да отидеш до таму, за слика, за ова, за она?
    Зборот ми е, за нешто ситно секој има да стави во плик, кога веќе решил да оди на свадба. Моите кога немаа пари не ни одеа на свадба, секој си знае колку му е чергата. А ако е близок роднина, се штеди на време, нормално на близок роднина нема да му отидеш со неискористен подарок.
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    За облека, не морам да купам ново, за превоз секогаш можеш да се снајдеш, за слика не морам да ја земам ако не сакам.
    А денес со 300-400 денари никој нема да отиде на свадба, може на младоженците нема да им смета, ама никој нема така да се избрука.Барем не јас.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,250
    Likes Received:
    67,794
    Gender:
    Female
    А ќе се избрукаш со некое подароче што ти останало по дома? Или некој евтин сервис?
    Исто му доаѓа, ако младоженците се такви да зборат и да гледаат кој што донел секако ќе зборат.
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    Погоре напишав убав и неискористен подарок.
    Од моите сум секако научена дека најубав подарок за младоженци се парите, ама факт е дека кога некому потенцираш дека треба да бидат пари можно е многу да не дојдат зашто едноставно немаат.А кога веќе сум ги поканила, би сакала да бидат таму.
    И образот е многу поразличен кога ќе дојдеш со 300 денари и со подарок од 300 денари.Не може ни да се спореди.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,250
    Likes Received:
    67,794
    Gender:
    Female
    Тие што сакаат да дојдат на свадба секако ќе дојдат. Јас на моја блиска другарка сигурно ако немам пари нема да не отидам. Знам кога е свадбата, ќе си штедам. Како што кажав, ако е подалечна свадба воопшто не ни одам ако немам пари, без разлика што пишува на поканата.
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    Да, но има луѓе кои не ни имаат од што да заштедат.
     
  20. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    1,639
    Likes Received:
    8,360
    За свадба облеката не ми е важна ќе се најде нешто во плакарот.Ама срамота е да отидете 4 со 1000 поклон во плик кога знаеме дека порцијата за еден човек е само 600 денари, или што е уште полошо да се даде празен плик.подобро не се нафакај да одеш на свадба.Погоре прочитав мислење на Реинбоу дека некои луге за инат носат поклон наместо да дадат пари за свадба оти не е секогаш така.Баш еднаш зборував со мојата колешка на работа мажена жена и ми вели подобро е да купам поскап поклон за свадба на рати и да го однсам отколку да ставам пари во плик а да знам дека се малку и тоа го оправдувам.Е сега и јас како девојче, а не мажена мислам дека е подобро да се даде поклон во плик ама луге колкави ни се нашите плати.Повекето луге неможат да сврзат крај со крај а не па да дадат наеднаш 2000-2500 денари за свадба и затоа се рашаваат да купат поклон кој ке го отплакаат на рати.
    А јас кога одам на свадба бидејки начесто одам во пар ставеме 1500 до 2000 денари сега зависи и од тоа дали ни се поблиски или подалечни пријатели.
     
    femina90 likes this.