Не знам зошто уште се тераат такви застарени традиции и се очекува кумот да се испотроши максимално. Ај црква, свеќа, платно и останати додатоци ок. Ама па одозгора и 500 евра у плик да чекаат младите е ту мач. Би ми било срам, жал и незгодно некој да се ипотроши ако го викнам за кум. Таа сума е нечија месечна плата. Цел месец некој ќе рмба за да однесе поклон. Оти македонските усти се злобни, ќе се изназборат после ако не однесеш.
Отсекогаш од коа памтам беше кумот купува поклон порано еден апарат Дали тв дали фриждер дали перална И тоа сакаш неќиш 350 400 е фака 500 е многу да Ама 350 400е е реален поклон Затоа и ретко кој се нафаќа на кумство Врти сучи испод1000 1500е неможеш кум да бидеш
Зависи од кој град сте. Во Прилеп пример, освен што плаќа во црква старосватот, не знам која е сега сумата, друга обврска нема. Ни свеќи, ни платно, ништо не носи. За подарок и дарување на младите како ќе си одлучите и колку можете.