1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од maca99, 7 април 2011.

  1. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Правев свадба и не ја правев за да соберам пари како што пишав погоре.Ама случкава неможам а да не ја коментирам.Мојте родители требаше да одат на свадба кај девер ми,значи двајца се а ставија 50 евра.Е после 3 месеци правевме ние свадба и на јатрва ми нејзините родители и снаа и и брат и тоа се 4 души дојдоа со тањири од битпазар 600 денари што се.Истите тањири ги добија они на свадба како поклон знам пошто пред нас ги отвараа и како можеше да ги даде на нејзините да ни ги донесат не ми е јасно.Мислев едно време да ги спакувам и истите пак да ги вратам на јатрва ми за годишнина или нешто така ама мајка ми ме предомислуваше за да не сум правела проблеми.Како што кажав за ниеден поклон немам замерено ама за ова кад тад ке вратам...ѓавол сум ке речете знам :devil: :D
     
  2. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Епа поголем срам од дома донесен подарок нема. Па уште ако приметат, а тоа често се дешава. Ај ако не па нека кружат подароците низ сите роднини, ќе си ги менуваме.

    Ако ти е некој близок ќе заштедиш, ќе се позајмиш и ќе ја испочитуваш нивната желба да им однесеш пари. Па за блиски луѓе и мерак ми е да им дадам, ако треба нема да јадам тој месец. И онака свадбите неколку месеци се знаат унапред.

    Ако не ти близок, немаш пари, не одиш на свадба, тоа е. И немој да мислиш дека многу ќе им фалиш (зборувам за не блиски луѓе). Ако мислиш дека вреди да се посрамотиш и да те зборат низ цела фамилија после, само за свртено некое оро вечерта...не знам, јас би останала дома...
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.566
    Сега ми има смисла и она запишување на кој што донел...да знаеш со која мера да му вратиш,со кои очи да го гледаш И! да не му го однесеш неговиот подарок на неговата прослава...
    Македонштина...
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Kако што кажав погоре некој нема од што да заштеди, а баш да те видам дали ќе останеш да тоа да немаш што да јадеш ако имаш фамилија.
    Ако не им фалам, тогаш нема потреба ни да ме викаат, не знам, јас барем на мојата свадба ќе викам луѓе што би фалеле ако не дојдат, на мене, маж ми или нашите.
    Последното болдирано е тоа што сакам цело време да го кажам-со поклон во плик ги бркаш луѓето што немаат пари за да ти стават во плик.

    Ако не, најубаво да викаш луѓе на свадба за кои знаеш дека имаат пари.Ем ти ќе добиеш, ем нема нив да ги срамиш ;)
     
    На fairy88, mina, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека нема да дојде некој што навистина сака поради пишаното поклон во плик. Може од инат да не дојде,(пошто нели се дрзнале да пишат поклон во плик), ама пошто немал пари тешко. Или ќе стави нешто ситно, нема да пише од кого е, или пак ќе си донесе нешто. Ама стриктно поради тоа да не дојде, ама има желба да дојде не ми се верува.
     
    На Heidi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Ако на младенците што не им е гајле дека ќе ги зборат, а ги зборат, што си наведуваат дека треба да им однесеш поклон ( иако секој знае и ќе однесе, ама нејќам да ми бара ), и тоа ти кажуваат што, нели пари, т.е да го запакуваш поклонот во плик, ако ним не им е срам, мене па ич нема да ми биде срам. Ќе ставам сервис за кафе, во плик и волкот сит и овците на број.
    Стојам на тоа дека кој нема пари нека не прави свадба од 200 души, со 50 нека ја направи ама нека не се брука за поклон.
    п.с. се надевам ќе почнат да се продаваат џиновски пликоа, па да ги ставаме поклоните во плик, па тогаш ќе немаат избор и ќе мора да напишат, ќе ве молиме пари да ни донесете!
    За мене тоа е бедно, се извинувам на сите што пишале така на поканите, ама за мене е така, никогаш нема да го сварам тоа, ми личи на питање, исто како порано што по малите места одеа по маси со купонче да им дадеш пари, исто ми е, тогаш ти пружа рака, и треба да ставиш пари, па кој во вц, кој до надвор, да заштеди некој денар, за сите незгодно, а сега пружаш покана и кажуваш, донеси ми пари.
    Болно, неболно, ова е факт, така изгледа и така звучи кога ќе го прочиташ тоа.
     
    На maca99, Annath, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ги разбирам донекаде тие што пишале Поклон во плик, иако сметам дека и нема потреба, сите сме свесни дека тоа е најдобриот подарок и не би однеле нешто друго ако сме во можност да дадеме пари...А и кога го читам на поканата ми делува некако мизерно, како наредба...Добро де добро знам дека требаат пари, не мора толку директни да сте...Моите најблиски ме прашаа што сакам дали пари или нешто за дома, па да се знае дека е од нив де, да велам еве машината ми е од тетка ми па да ја спомнувам цел живот :D...па си кажав-пари. Но на другите да им потенцирам пари, ич не ми е по вкус...
     
  8. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Па не мора да значи дека ако дадес поклон, а не е во плик ке е ефтин и никаков или па од дома донесен.Ќе ви казам пример колеската за матура на внукот немаше да му даде толку пари колку што мислеше дека треба да е поклонот, тоа беше 3000 денари.Отиде до продавницата до нас и му купи ташна за лап топ бидејќи знаеше дека му е потребна, а која беше околу 3000 денари, а договори да ја плати на 3 рати.Значи тоа е скап поклон, а и убав е сега друго е на рати да купеш нешто а друго е да дадеш во готово пари.Претходните месеци не е мозела да заштеде оти имала други трошоци,а е со фамилија и сега се снајдела.Истото вази и за свадбите.Купеш убав поклон плаќаш го на рати и не се одразува многу на домашниот буџет ;)
     
  9. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Ама буквално сфати ти, без јадење ќе ги оставам децата и ќе ги направам како од етиопија....Не зборуваме тука за социјално загрозени случаи, со 2000 денари месечно...Ако некој живее со 9000 во месецот, пример давам, ќе издржи со 8000 два месеци по ред и ете ти пристојна сума за на свадба.

    И да нагласам дека и јас сум против за пишување поклон во плик. Подобро кога ја делиш поканата на поблиските да им кажеш дека добро би ти дошле пари.

    Муабетот ми беше дека ако веке пишува така на поканата, да не даваш за инает некој сервис, испочитувај го тоа, стави колку можеш. Подобро помалце одколку да се инаетиш. И не мора да се потпишеш.
     
  10. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Морав да пишам. Сите се против тоа поклон во плик. Меѓутоа денес ретко кој носи поклони, претежно поклоните сите се во пари, го знаеме тоа.
    Сега еве еден пример, младенците сакаат да прават свадба, не се толку финансиски поддржани да канат многу гости па си ги викаат само блискиот круг од фамилијата. Е тука се појавуваат оние непоканетите гости кои се огорчени зошто не се повикани на свадба, имаат далеку повеќе пари, а кога би дошле на свадбата ќе донесат некој сервис од 300 ден и слично. Или пак далечна фамилија не ги ни познаваат, први се фаќаат на оро. Тука е проблемот што секаде се туткаат први и без срам, да бидат видени, да не им промаши нешто. Според мене свадба е за млади, по двајца од семејство (пример младите) и ако имаат ситно дете, и поклон барем по 1000 ден од особа, во зависност колку се блиски со младите. Ако се поблиски барем до 5000 ден, сепак свадба еднаш се прави.
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Се надевам дека не си сериозна :x
     
    На marama и danichap им се допаѓа ова.
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ако некој прави свадба за да се обогати, стварно е жално.

    А и не гледам нешто лошо во тоа да се поканат подалечни роднини. Па ако не се тие свадби, некои роднини нема никогаш да си ги видиме.
    Доаѓале да јадат и да пијат... пфф.. нека јадат, нека пијат, и тоа се прави на свадба. На младите им направиле чест што дошле на нивната свадба, никој нема да им замери ако јадат и пијат.

    Кој колкав поклон донел - зависи од неговите можности. Па луѓе, зарем свадбата сосема изгубила од значењето, и зарем сега е тоа ден за да се соберат пари?

    А тоа поклон во плико мислам дека нема потреба да се пишува, веќе се знае дека тоа е најчестиот поклон за свадба. Бев на блиска свадба скоро и немаа напишано во поканата,но сите им донесоа плико.
    Така што ги советувам идните невести да не се брукаат.

    Мене па интересно би ми било да добијам други подароци, повеќе мерак би ми правело да отворам пакетчиња со сервиси, отколку пликови :)
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  13. respect

    respect Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Како прво воопшто не ми се допаѓа тоа што некои пишуваат "поклон во плик".Второ:секогаш носам(носиме) пари.Трето:ич ама ич не ми се допаѓа тоа што некој од вас од инат (зашто напишале поклон во плик),вие сте однеле подарок..Тоа е многу "ниско" од ваша страна!!!Немора и вие да се посрамотите кога веќе некој се посрамотил..(извинете,тоа е мое мислење)
    И темата е ПОДАРОК ЗА СВАДБА(забегавте малце)...Мој заклучок:ако не пишува ништо на поканата-носите подарок или пари,а ако напишале "поклон во плик" тогаш ке однесете пари НОРМАЛНО КОЛКУ ШТО ВИ Е "ДЛАБОК ЏЕБОТ" а вие си знаете најдобро;)
     
    На Heidi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Дадов прост пример дека секој може да заштеди. Не се фаќај за сумите и секој мој збор.

    Ако јас немам доволно пари, не одам на свадба и толку.

    Ако ти немаш, даваш поклон од дома и одиш.

    Очигледно различно размислуваме. Јас си го изразив мојот став а ти почна да ја цитираш секоја моја реченица. Постапувај како сакаш и убав помин на свадбите.
     
  15. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Значи не можам да ве сфатам.
    Ќе наведам неколку примери.
    1. Мои блиски пријатели беа поканети кај блиски роднини на свадба. Луѓето немаат пари дома едвај го преживуваат месецот, немаат помош од никаде, работа тешко наоѓаат, сезонска и пари не им стигаат никако, сметки не платени, фрижидерот со една тегла ајвар и сирење и тоа е. И сега што да прават тие ако на поканата пишува „Подарок во плик“ ? Да не одат на свадба кај блиски роднини ? Реално немаат пари ни за најефтин поклон, а камо ли па за подарок во плик. Повеќе члено семејство, сите до еден поканети. Срамота да не одиш, ќе ти замерат, а како да одиш ? И ајде сега вие објаснете ми ја вие добрата страна на „подарокот во плик“ ?? Срамота.
    2. Бев поканета на свадба кај не мн блиски пријатели, но сакав да присуствувам на свадбата. Однесовме подарок во плик, но искрено јас бев против тоа. Зошто ? За помалку пари од тоа што дадовме можев само јас сама да купам убав подарок, а да не зборувам па ако се соберевме сите и со помалку пари можевме да купиме задоволителен подарок кој тие многу добро ќе го искористеа. Студенти сме, само јас си знам како мојата мајка ги оддели тие пари, а и секој денар за мое задоволство. Зошто кога може да се однеси добар подарок за помалку пари да ги тераш луѓето да ти носат подарок во плик ?
    Јас искрено кога ќе правам свадба, нема никакви шанси да дозволам поканата да ми ја валкаат такви бедни реченици. Моите пријатели и најблиски сакам на тој ден да бидат пристуни без разлика дали ќе носат подарок или не.
    Оние кои ги спомнав во првиот случај ми се толку блиски и ги сакам премногу и не би можела да замислам да не бидат присутни на мој роденден, свадба итн. Помина мојата матура, поминаа толку многу родендени, имендени и сл. Досега ниеднаш не сум добила материјален подарок од нив, наместо тоа добивам неизмерна љубов, тие се оние кои ми ги полнат батериите и ми покажуваат дека сум сакана на тие денови и не ни помислувам на подарокот. Секогаш ми купуваат чоколадо затоа што се срамат да дојдат со празни раце, а сакаат да бидат покрај мене. Јас знам што нив им значи тоа чоколадо, тие 50 денари за нив се два свежи леба кои кога ги немаш секој ден се скапоценост. Е тие луѓе од својата уста си кратат за мене да ми дадат чоколадо. Е тоа е најголемиот подарок што сум го добила. Подарок кој ми тера солзи во очите истовремено радосници затоа што има некој што ме сака толку многу и тажни затоа што се наоѓаат во таква ситуација. И на крај тоа чоколадо го отворам уште одма и им давам на тие нивни дечиња што ретко имаат можност да јадат чоколадо и нивниот поглед мене ме храни повеќе од се.
    Има многу вакви луѓе, посебно во нашата држава. Ставете се на нивно место и размислете како тие се чувствуваат кога на поканата читаат „Подарок во плик“.
    Досега не сум добила таква покана. Но, најискрено јас лично таква покана би имала нагон да има ја напикам во уста или па на некое друго место. Само за таму и е всушност.
     
    На Bloom19, Hipster, LaraSolare и 14 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    Добро, свадбите се прават за да се соберат пари или да се прослави стапувњето во брак? :^)
    Мене не ми е јасно кога некој гледа кој колку пари му однел, или пак како тоа 4 члено семејство отишло со 1000 денари. Епа можеби толку имал. И што ако некој не си ја покрил порцијата. Па јас нема да канам гости за да ми ја платат свадбата или порцијата. Срамота било да отидеш со 1000 денари. Е како да не. Не е, ако немаш. Не ебитен поклонот, битно е присуството, битно си го испочитувал тој што те поканил и си му отишол на свадба.

    Јас и дечко кога одиме кај негови другари тие си се договорени да даваат по 1500 денари. Можеби е малку, ама ете некои се студенти и неможат повеќе па така се договорија, да им одговара на сите.Јас не давам. Исто и тој кога оди на свадби со мене кај мои другарки. Кај негови роднини јас не давам, купувам цвеќе. Исто и тој кај мои.
    Поклонот во зависност од блискоста и финансиската состојба.
    Еве на пример имам роднини кои ми даваат помалку пари за поклон за матура, роденден, диплома, ама пак за друго, освен пари се подарежливи, додека другите даваат поголеми поколни ама никаде ги нема. И сеа што, да ги сакам повеќе оние кои ми дале повеќе пари, а вака лицето не ми го гледаат, а камоли да ми се најдат некогаш.
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Да ти кажам кога прочитав за џиновските пликоа се скинав од смеење ми текна на еден виц.Ќе бидам малку офф тотик ама ке го кажам.
    Една баба ја викале на свадба и и пишале на поканата поклон во плик.Бабата мислила се што да ставе во пликот и на крај отишла на свадбата со корито и празен плик.И ја прашувале зашто носе празен плик, а она одговорила коритото е поклон од мене, а пликот е заради напишаното на поканата, јас не успеа да го спакувам коритото во плик вие ако можете спакувајте го :rofl: :rofl: :rofl:
    Тоа ми е најглупаво нешто што може да се напише на поканата затоа лугето и вицови почнаа да си измислуват.
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ај сега нека се јават кумовите да ми кажат, од кумот колку се очекува да биде поклонот? Ние ќе бидеме кумови во на свадба во Скопје на пролет и сакам да прашам колку се дава обично. Сега они нас ќе ни правеле бовчи од по 50 евра значи 100 за двајцата ние ако дадеме 200 ќе им останат само 100 за поклон а тоа некако малку ми се чини, само проблем е што како кумови има многу други трошоци од облекување, црква, музика па се плашам малце хахах. :worried:
    Сите искуства се добредојдени
     
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Кумот има најголем трошок на свадбата. Јас колку што знам од роднини пријатели каде биле кумови, ги фаќало и до 1000 евра, значи поклони, црква, бидермаер, бонбони, потоа да се облечат кумовите, музиката, лепење пари.... огромен трошок. Исто така знам пример каде се договараат младоженците и кумот до која сума ќе се разменат. Има разни примери, ама се знае кум како кум, ќе треба да си го отвори ќесето :)
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Да не се мешам во џебот, ама 200 евра мислам дека се малку за кум.
    Има многу други трошоци, знам, ама кум си е кум :)