Пред неколку месеци бевме кумови со дечко ми и можам да кажам дека стварно кумот има мн давачки. Поклон им купивме климатизер - 19 000 и плус торта, алка на невестата, на зетот часовник, бидермаерот исто кумот го купува, па за во црква ти требаат за фрлање ( прибидеќи не пуштале да се растура во црквата пченицата, оризот, бомбончето и парите ги пакувавме во тул).Бовчи не му дававме.Јас ги прашав дали сакаат бовчи или нешто злато да им земам и тие не сакаа бовчи се решија за злато- али искрено со бовчите поевтино ќе ме фатеше али ок нема везе.Тие нас исто не прашаа дали пари ( по 5000 за двајцата, значи 10 000 да ни дадат) или да ни спремаат бовчи.Одбравме пари, ни ги дадоа пред свадбата и со нив си купив фустанче и сандали за свадбата а дечкоми си доплати за одело.Исто и во црква мислам плаќа кумот али колку точно не се сеќавам.Се на се не фати околу 60 000 ова кумство, не исцеди Па плус трошок беше тоа што идеа кумот да го земаат од дома па и по дома спремање маси,па знаете музика ова она и парите си летнаа, но ако само за убаво нека е
Ајде сега ме извадивте од памет, проблем ми е што јас се ќе треба да организирам зошто маж ми не е Македонец и незнае за што се нафати, он си мислеше само ќе си се потпише и плус поклонче пари. А овој дечково (не се ни толку блиски) го прашал на само и мажево мое мислел мерак ќе ми направи во Македонија на свадба ќе одиме уште таков оцерен полн со себе ми кажува, мене ми се стемни. Ние и тука бевме кумови кај негов другар ама освен поклонот немавме други трошоци. И сега кога почнав да му бројам за што се треба пари почна да не фаќа паника плус на се ми требаат 800 евра само за карти за авион!!!! Овде си има листа на интернет од производи кои ги сакаат младите и може или да се купи поклон или да се донираат пари за дел од поклон како патување на пример. Поклоните се со различна цена од 15 евра па нагоре може секој според џебот да си избере подарок. Така имаш евиденција кој колку ти дал а на крај завршуваш само со работи кои ги сакаш, малку почалку личи на питачење.
Уфф стварно штом он не е од тука не знае како одат работите и се ќе биде на тебе- искрено те жалам. Ако мислиш дека нема да можеш да излезиш на крај со сето ова тогаш откажи им додека има време за да имаат време да си бараат други
Јас бев кума на свадба во Македонија, младожењата беше Македонец од странство. Ние сме новонајдени другари во странство, тој си сакаше нови кумови, и ајде. Ама муабет си направивме и нити тој нити невестата очекуваа некои големи трошоци. Младожењата знаеше убаво колку чини авионска карта оти и он требаше да си оди со нас за Македонија. Јас и маж ми уште хотел плативме оти никој не познававме во тој град да им отидеме на гости. Јас како кума платив во црквата што требаше што не беше кој знае колку оти и некој друг плати дел, купив торта и прасе, нешто ситно за музика а не лепи лепи цела вечер, па да им отстапам ред и на другите гости , и за рака целивање(мада невестата не сака да целива рака ) И толку. Ни бовчи, ни поклони. Се договоривме да не правиме трошоци од двете страни. Изрипавме се на свадбата и сабајле кој на каде видел. Ние за англија, невестата после месец ни се придружи додека среди виза. Ако решат за бебче тогаш ќе одврзам ќесето, а свадбата биде и помина по наш договор. Мој совет е да си направите муабет, да знаете што се очекува и ако не ви одговара кажете си со време.
Мојата свадба беше мала, интимна со 120тина гости. На самата покана имавме напишано место подароци да направат донација во фондацијата во која е доста ангажиран мм Ние двајцата немаме потреба од ништо а децава имаат потреба од се, сите гости ни ја испоштуваа желбата. Свадбата ја направивме за нас, а гостите место да купуваат подароци кои ќе собираат во некој ќош прашина, со донациите на некое болно дете му го направиле престојот во болница поподнослив. И волкот сит и овците на број.
според мене најубаво е пари да се однесе-тоа и го практикувам Имам видено таква покана, но всушност целата беше во шала напишана, во стилот на крај пишуваше Абе дојдете ни на свадба.....а пари?? немаме донесе те ни Ќе се потрудам да ја најдам поканата и да и го напишам текстот, можеби на некого ќе му послужи. Инаку не би замерила на никого за такво нешто,бидејќи што тие имале храброст да напишат,зошто мене да ми е неугодно? Инаку јас лично никогаш не би пишала такво нешто, но доколку некој сам ме праша од роднините,би му кажала.
На маж ми сестрата ќе прави веридба за 10 тина дена. На веридба се носи само цвеќе или благо,ама јас сакам да и купам нешто убаво од нас. Бев во Сваровски сакав некои малецки менѓуши да купам,ама беа над 3500 а сега после свадба некако тоа многу ми е.Дали е глупо да и купам некои менѓуши од бело злато.? Она мене за веридбата ми купи пижами,влечки и марама.Јас вакви одделни поклони не сакам,ко бовчи ми се. Да и купам некое убаво плетено фустанче?-за број ќе и погодам зошто исти сме во тело. Украси за по дома не сакам пошто мене и такви глупости ми носеа. Знам дека темава е подарок за свадба,ама СДП гледам ја нема па ајде не смета тука да си прашам
И бело и жолто злато сега не се баш евтини ако не се лажам 35 евра грам е цената. Бело злато мене ми е ок, ако си носи менѓуши (ги менува) ептен ќе и се најдат, сега има голем избор, а можеш и некоја убава бижутерија (ако носи такви работи).... Јас на такви луѓе кога незнам што да и земам, земам постелнина за спална комплет , и тоа ги меркам оние што не се пеглаат, ем за женско ем за машко подарок. Од тоа никогаш доста нема да биде, а пижами, бањарки, крпи ќе добие од тетки, баби, стрини
Славица супер предлог да знаеш дека баш тоа ќе им земам Таман и за двајцата да не купувам 2 поклона.Баш во Рамстор гледав убави на Тач беа околу 3и нешто.
Поканета сум на свадба на моја најдобра другарка и треба да и бидам старосватица. Не знам каков поклон да однесам. Некакви сугестии?
Феминки помагајте! Треба да одам на веридба кај братот на дечко ми и сега што се носи? Неговите ќе си носат поклони ( злато,торти,бовчи,...) а јас? Дечко ми вика не треба ништо со нас одиш ти ама мене сепак ми е глупаво така да отидам.Некој предлог ?
Теди не се замарај штом е веридба, добра е идејата за букет, или пак земи некоја бонбоњера или пак вино, изборот нека биде твој (колку да не бидеш со празни раце).
Девојки ве молам за мала помош. Кума ке сум ама нз што поклон. Ве молам некоја идеа што би можела да купам. пошто стварно нз
Кумовите по некое правило секогаш купуваат поскап поклон и поради тоа најубаво е да си ги прашаш младите што им треба. Ем и за нив ке биде подобро, ем и ти нема да ги фрлиш ѓабе парите.
Ајде Ве молам за помош, малку не ми се познати работиве околу поклоните. Значи при свадба како невеста на кого се треба да му дадам поклон? Ми кажаа дека се купува за кумот, старосватот, деверот, свекорот и свекрвата. Дали е така, за кого друг освен нив треба да купам и што отприлика се поклоните?