^ Девер,кум(кума0,старосват(старосватица) - ДА а за свекор и свекрва-работа на договор Обично на девер,кум(кума0,старосват(старосватица)/зависи од примањата(можностите), на свадби од блиски што знам, пример моја другарка кога беше старосватица си избра сребро комплет 3500ден., една пријателка на кумот и кумата им рече до 100 евра поединечно да си изберат злато,а на деверот саат. Ова е само пример, ти си знаеш колку ти е длабок џебот па определи си. Честито свадба,уживај во подготовките
:up: Супер така и си мислев, мене кога почнаа да ми набројуваат за овој за оној искочи дека за сите гости поклони треба да купам
^ Тоа да-ама од времето на нашите мајки кога правеле свадби Тка да уживкај и спремај си ја свадбата по твој мерак.Зошто зборот СВАДБА не е само дента судпоносно ДА,бурми,ора,торта,музика,гости.....свадбата е целиот процес од самиот моменткога ќе се одлучи да се прави,подготовките,до самиот чин. Затоа уживај во неа
Заборавив..а дали родителите на невестата треба да му купат поклон на младоженецот, дали знаете за ваков обичај?
Па да, братучетка ми сега кога се мажеше тетка ми му купија ланец на зетот, а на другарка ми нејзините му купија белезица.
Девојки да ве прашам, моја најдобра другарка на 22-ри е на свадба кај од дечко и сестрата, поточно кај идната золва. Е сега се мисли колку да стави во плик, што мислите вие?
^се зависи до финансиите....ако не работи,не ни треба многу да дава 1200/1500 е сосема доволно Јас кога бев на свадба кај братот на дечко ми им купив слика на платно,толку имав-толку можев и нема љутиш тоа сите го знаеа.Ама бар ми е мило ете им стои во дневната.
И јас и реков толку од прилика, до 1500 сепак оди сама, а и незгодно е така со помалку... плус и бонбоњера ќе носи. А и не е вработена Друг некој да даде предлог..? Поклон рече оти не планира да купува, вака самите ќе си изберат најдобро.
Јас за мојата свадба од золва ми добив 200 евра и исто толку и и дадовме,а тогаш не бевме земени.Сепак бидејќи ситуацијата е малку подруга,нека стави барем 2000 а а ко ептен не може финансиски,нека и купи поклон
^ Jaс не работев,како и да е треба да си процениш сама колку,зависи и од близината,колку време сте заедно итн....Јас да дадев 2000 ќе беше малку,зошто долго време идевме,се знаевме,итн...а ти би можела толку.Или крајно земи поклон и готово
Кога се мажеше сестрата на дечко ми јас ја прашав дали сака пари или убава преса за коса (планираше да купува). Ми рече преса. 2000 ме чинеше, + на рати, па еве и после 2 години уште си ја користи. Сакав да купам еден балон од тие хелиумските среќен брак да пишува, ама продавницата беше затворена ради годишен одмор, па купив цвеќе. Јас не планирав повеќе од 2000, не работам, си имам муабет со неа, ама таа сума е сосема доволна мислам.
Според мене најдобар подарок е пари во плик,освен ако не ти е ептен близок,па отворено да си прашаш што му фали. Секој според можностите.
maca99, абе се си зависи колку можеш, брат му кога се женеше ние 2,5 години бевме веќе заедно...ама он со неговите си тераше,неможев јас да им се ставам. Второ нормално дека бевме блиски,па брат му е. Второ јас бев 2 средно, не работев....пари од каде? Уште 200е? пффф нема шанси. Да сум работела,да сме иделе со заеднички поклон ДА
Леле сноу, од 14год сериозна врска си фатила ја на 14 уште жмурка играв Зависи од врската помеѓу дечкото и девојката, од врската на девојката со семејството на дечкото, од возраста, финансиите...Ако девојката е исто така пред земање со дечкото, во ред би било да го делат поклонот и да дадат повеќе пари, зашто и тие утре ќе прават свадба, а сестрата ќе се најде во незгодно да даде толку пари за свадбата на братот. Си има фактори од кои зависи. Нормално Сноу дека ти на 16год не си можела 100 евра да дадеш, башка што може утре и врската да заврши па отишле парите некако на погрешно место. За општо подароци за свадби, јас сум повеќе за пари давање, подобро и за гостите и за домаќините. Ем нема да се мачам да им бирам поклон (времето е скапоцено денес), ем може нема да им се погоди, па вака сами ќе си знаат што со парите. Колку пари зависи од тоа кај кого сум на свадба. И да е најдалечен, правам пресметки барем да го покријам својот трошок што ме поканиле и плус уште нешто да им остане