kravce,ахам од 14 (и ја играв жмурка и ластик...ама па дечково си го имав) maca99, зошто одма сваќаш погрешно....форум е ова=место за дебата како што ти си имаш свое мислење така и јас, според мене тоа е многу според тебе не било и ок....членката што бараше мислење,ќе си прочита ставови и ќе си донесе одлука имај убав ден
Леле девојкиии, ве молам без расправии Сакавме само да прашаме, некој да сподели искуства, а и не е за мене туку за другарка Ги ценам одговорите и од Snow-Queen и од maca99 Во право сте, зависи многу од финансиската состојба, а и поклони за свадба секој знае дека ретко денес се носат. Најдобро во плик и завршена работа. Најверојатно ќе дава околу 1500, баш пред малку разговаравме. И плус нешто бонбоњерче или букет...
ќе ве молам за мала помош. дадете ми некој предлог колку пари отрилика да ставам во пликото. кума ке сум, прашав дали сакаат да им купам нешто но тие рекоа не и сега нз колку да ставам во пликото. е сега има уште речиси 3 месеци до свадбата ама нз што и како поради тоа што има и ред други трошоци. мала помош
Што мислите за 100 евра од пар како подарок за свадба на другар на дечко ми? Прво се договараа другарите меѓусебно по 50 евра, па сега по 100. Мене некако ми се чини многу 100 евра. Плус сакаат да му направат изненадување на другарот, да викнат некоја група (трубачи или слично). Што друго да земеме, цвеќе, бонбоњери? Еден од другарите предлага торта, ама нелогично ми е торта од другари. Нели торта носат кумовите? Дајте совет.
Nati.P...50 пар, да доколку се може. И дечко ми на другар(колега) даваше 50евра. Ама 100 мислам дека е мнооогу.
Можат да дадат и 100 евра, работат сите другари ама сепак мене ми изгледа многу. Во секој случај ви благодарам за мислењата, како ќе се договорат така нека тераат.
Зависи за кого се даваат, во каква ситуација сте и сл. Јас лично мислам дека се премногу 100 евра по пар за другар. За наш стандард некако 50 евра ми се најприфатлива варијанта. Јас се спремам да дадам сега 100 евра, но за прв братучед што ми е како брат (и мислам дека се малку, но за жал моментално не сум во можност повеќе).
Ај ве молам вие сте поискусни... На свадба сум кај на најдобра другарка брат и, со дечко ми сме на свадба... Поклон несакам да купувам од кај знаеш дали ќе погодиш...Ама незз колку пари стварно, се ми е или многу или малку... Се мислам за 50 евра или 50 долари и цвеќе.... Малку ли е? Навистина ми е незгодно
Не идеш кај другарка, туку кај братот на другарка. Мислам дека 50долари од тебе и дечкоти е сосема доволно и цвеќе
Јас никогаш не носам цвеќе на свадба, бидејќи секако ќе добијат премногу, и џабе е. За истите а моќе и помалку пари купувам од оние букетчиња од шери или бајадери од краш, и тие ми се баш онака креативни! Немало кој не се израдувал и не го памтел тоа, ко заштитен знак ми се, ке видат такво на свадбата гостите што ме знаат, и викаат Елена дошла, хахахаха!
Јас мислам малку е и 100е. Со луѓе што сум правела муабет за кума се даваат барем 250е. - 300е. Сега се зависи колку имаш, ама ако можеш повеќе да си дозволиш барем 200-250е
Тетка ми правеше пред скоро свадба и од кумовите добија 400 евра. Сепак видете фрижидери или шпорет или машина за миење садови нешто такво поголемо колку се движат цените и ако не им е уреден станот или им треба нешто од тоа, тоа купете ако не во таа против вредност треба да е подарокот... Е сега кој колку може да си дозволи И торти и триста чуда треба знам, ама не за џабе е она Куме изгоре ти ќесе... тоа е А јас имам и друго прашање.... Како правите вие со вашите партнери за подароциве кога одите по свадби? Незнам како да постапам. Ви пишав одиме кај брат на моја другарка и мислев јас да си носам поклон се, и кога ке одиме кај негови другари тој да си носи, баш сега правевме муабет и незнам дали правилно е вака. Вие како функционирате во тој поглед?
^^^ вииип кога бевме дечко и девојка така функциониравме..значи кај негови роднини или другари тој носеше поклон а кај мои јас си носев...
Viiiiip, и јас и дечко ми така функционираме, кога се мажеше другарка ми јас давав, кога се женеше негов колега он...и тоа е така си го распределивме. Е сега вие си знаете најубаво.
Ви багодарам на мислењата. И мене така ми беше логично... Може јас на другарка ми сметам дека треба да и дадам 200 евра поклон и што е он должен пола од тоа да плаќа и обратно. Кој колку смета дека треба за од неговата страна да се даде толку. Јас сепак се одлучив за 50 долари со букетче(или цвеќе или со бомбони). Се надевам не е малку....
Јас мислам дека е малку 100 евра Ние од нашите добивме 400.Сепак зависи и од можностите . Пример,сестра ми пред мојата свадба беше старосватица.Нејзината најдобра другарка,ја повика со зборовите-Знам дека спремате свадба за сестра ти и дека сте во голем трошок,ама не ми е битен поклонот те сакам за старосватица.За жал,сестра ми успеа само 50 евра да одвои а исто толку доби од неа.Во меѓувреме,после мојата свадба,и купи убав блендер околу 5000.Го земавме на рати,зошто навистина сметавме дека само 50 евра се малку Бидејќи е трудна,ќе и се најде и за бебчето. Ама,ова е случај каде се ептен блиски ,и ете така испадна и ствар на договор. Ти можеш да им понудиш пример-ако не си при пари,машина з асадови,фрижидер ако им треба такво нешто,и да си го отплаќаш на рати. Објасни им дека не си при пари,и да си изберат некој поклон Или минимум 200 евра.Бар јас така мислам
Леле јас обожавам да бирам поклони, можам со денови да се шетам низ продавнициве, па да составам цела приказна од поклони Но во денешно време сите даваат пари и тоа велат им е полесно, ама па дури и пари кога би давала би се обидела да направам приказна некаква, од тоа во пликото или во кутивчето што ќе бидат сместени, па се до цвеќето и бомбоните. Пред некоја година бев на свадба кај една комшивка, сакав подарок и готово, со мајка ми отидовме и најдовме преубави садови за салата и апетисани од порцелан сколпени како мозаик на дрвена подлога, сосем случајно се договорив и со другиве комшии и и ги купивме сите елементи од таа серија, од чинии за салати, свеќници, подметачи за чаши, чинии за сладолед, послужавници и слично. Арно ама ја не би била ја кога не би направела уште некаква прикаска, па така купив цвеќиња од дрво, се склопуваа и се правеа преубави лалиња, мислам земав 3 и плус декрации триста и излезе прекрасно цвеќе, а за бомбоните, купив една стаклена кугла како чаша за вино изгледаше и ја наполнив со шери бомбончиња, пооригинално здравје, од хартијата за виткање, до украсите и машните, се си имаше приказна, се беше поврзано, девојката до ден денес си го чува цвеќето и чашата за бомбони и служи, а подарокот, веднаш знаеше дека иницијативата потекнала од мене и беше пресреќна, иако претходно имаше напоменато дека повеќе и требаат пари. Сакам да кажам и обично плико со пари треба да биде со дух и желба дадено, да не биде само обично плико на кое ќе пишува Среќен брак, ако се потрудиш малку и ги украсиш сите елементи од подарокот во ист фазон можеш да му покажеш на човекот дека навистина си се потрудил. Деновиве ќе бидам уште на една свадба, кај на дечко ми колешка, тој ќе даде пари а јас ќе купам цвеќе и благо, тоа повеќе од почит кон девојчето, навистина ја познавам и е драга личност, свеќето веројатно ќе биде свежо, но со благото сигурно ќе направам нешто интересно.