Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од maca99, 7 април 2011.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Еден од најискористените поклони - рачното мини правосмукалче :up:

    [​IMG]

    Кај нас е околу 2000 денари само за суво усисавање, и 2500 денари за суво и водено.
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Мене многу искористен подарок од свадба ми е пасаторот од Philips.

    [​IMG]

    За супи, каши за малата, коктели овошни, секакви мачканици, алал да им е на тие што ни го донесоа. Околу 2000 денари е и топ работа за во кујна.
     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Следната недела сме кај школска другарка на свадба, поканети сме јас и уште една
    мислевме двете да купиме некој поголем поклон
    размислувавме за електрично тавче за палачинки
    [​IMG]
    или апарат за нес кафе
    [​IMG]
    што мислите вие што би било подобро да земиме :?:
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    ^ И двете работи ќе и се најдат,ако нема апарат за нес купете и,и можете и комплет шољи за несфрапе ;)
    Во Џамбо ќе најдете интересни :)
     
    На girl1985 и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Добра идеа ти даде ели. Јас имам електрично тавче за палачинки на Северин и закон е, го добив за младенци од кумовите, алал да им е, стварно го сакав тавчево. Апарат за нескафе фрапе е секогаш добредојден.
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Пак јас :D Испадна дека од договорот нема ништо. Едниот сака 100 евра, другиот 20 евра, а дечко ми ме прашува мене како да направиме. Му реков дека 100 реално се многу, ама па 20 :x Му реков ние да си дадеме 50 евра, а штом вака се делат да си влеземе ние двајцата посебно, другите другари посебно. Не личи на ништо да влеземе заедно и подарокот да го ставиме на едно место, еден 100, еден 20, еден 50. Додуша може и заедно сите да отидеме, ама подарокот посебно да си го дадеме сите. Правилно му реков?

    Е сега, читав за тие бонбоните што се како буќети. Ај ако некоја знае нека објасни како се прават. Нема да ми биде тешко да ги направам оти ме бива за тие работи, а кај нас не сум сретнала такви. А и ќе биде интересно, да не им купувам цвеќе или бонбони оти знам дека и другите ќе им носат.
     
  7. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Мислам дека многу високо ги ставате критериумите за тоа колку пари се доволно за поклон, на толку голема беспарица уште кредити за поклони да отплаќаш :?:
     
  8. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Еве ги букетчињата...



    Секое бомбонче е завиткано во проѕирен целофан и после целофаните се фаќаат заедно и се обикуваат со платно можеш и машничка :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ние од кумовите кои ни се многу блиски воопшто не сакавме да ги ставиме на трошок, искрено ама баш не ми беше важно дали ќе добијам подарок од 100 или 1000 евра. Секако ги сакав за кумови и многу се почитуваме. Од нив добивме преубав фрижидер на подарок кој не беше воопшто ефтин и многу се противевме. Испадна спонтано додека бевме да пазариме бела техника и заедно бевме за да се консултираме. Сметам дека подарокот што го добивме кој чинеше 550 евра скоро не е воопшто мал дури и незгодно ни беше... Тие ни го подарија од срце а ние го користиме со мерак.
     
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Viiiiip ако добро те разбрав, значи треба да исечам поголемо парче целофан (баш целофан за виткање подароци така?), да го замотам бомбончето и парчето што ќе ми остане надоле фактички ќе ми претставува еден вид гранче, да ги соберам гранчињата и да ги замотам како буќет. Така треба? А од надвор ќе си го украсам, ќе му ставам ленти, машнички, така нешто. Во секој случај ти благодарам многу :*
     
  11. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Токму така... Стави и некоја слика како ти испаднало :) Кога си ти на свадба? Јас во недела, може ќе ме инспирираш сама да го направам и јас :)
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас сум во септември, рано е уште :) а слика ќе ставам обавезно ако го направам буќетчето. Ти благодарам уште еднаш.
     
  13. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.945
    Не сакав да отварам нова тема , па ќе прашам овде : што поклон се дава за веридба ?

    Јас сум крајно незаинтересирана за свадби , веридби и такви ствари, но овој пат станува збор за веридба на сестра ми и поима немам што треба :?:

    Би ви била брагодарна ако дадете барем некој совет
     
  14. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    ^^^ зависи од кој дел на македонија си затоа што секаде има рани правила :) обично за веридба се купува поклон за идната невеста и се носи благо...ако сакаат младите си разменуваат некои поклончиња и така...затоа реков се зависи од крајот од каде потекнуваш
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Можеш да и подариш некоја алка,обетки, филигран некој нешто што ќе и остане.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Кај можам да купам балони невеста и младоженец?има такво нешто во скопјево?
     
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.805
    Пол:
    Женски
    Енца во ГТЦ на последен спрат, кај влезот од плоштад има едно продавниче, изработуваат секакви фигури од балони. Имаат каталогчиња, така да можеш и да си избереш.
    Нема шанси да го утнеш, пред него има еден бутик за венчаници.
     
    На Trendafilka и enca.69 им се допаѓа ова.
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Општи прашања

    Прават такви аранжмани од балони во Балон арт или Балон магија.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас и мажотми на последната свадба кај наши роднини ставивме во плик со 50евра и торта носевме сите знаат дека на секоја свеченост даваме плико и секогаш сме први на ранг листа тоа го правиме со цел младите да си решат што си сакаат да си земат мислам дека така е нај фер