Veke odamna ne nosam poklon na svadba...pari vo plik i zavrsena rabota.Ne mozes da utnes so poklonot na toj nacin!
Дечки ... Сестра ми ќе прави свадба летово ... Сакам да и дадам поклон, само од мене, ама со оглед на то шо имам 17 години и немам многу мои пари... Дали ќе биди убаво слика нивна да ја урамам во голема рамка, за на ѕид? Не е којзнае што, ама според мене е убав гест. Фотографијата е нешто што го сакам многу, па... Чекам совети
Па незнам баш дали ќе стават нивна голема слика урамена на ѕид, сепак ти најубаво и го знаеш вкусот. Ако уживаш ти во фотографија подобро направи некоја си интересна фотографија каде што ќе има повеќе слики, од нејзино раѓање, раснење, матурирање, дипломирање, па можеш и да вметнеш момент кога го запознала мажот и сега мажачка. Направи ја црно бела и не многу голема - мислам за на ѕид, поиграј си со фотошоп....одпозади можеш и некоја посвета да и пишеш.
јас моја фотографија не би ставила искрено на зид. како што предложи славица, може да направиш некој колаж од нивни заеднички фотографии со некоја убава позадина и украси. ем ќе биде тоа посебен поклон, посебно што ќе биде тоа твое дело, ем ќе може на ѕид да си го стават.
Мислам дека веќе скроз отпаднаја пакуваните подароци, сега само пликот му е мајката Не, најсериозно, сметам дека младите знаат најдобро што им треба за нивниот понатамошен заеднички живот и сами ќе си одберат најдобро. Што ако јас им однесам вазна или столна лампа или незнам што таму што воопшто нема да им се вклопува со другите работи, па ќе им збира прашина наредните 10 години или евентуално ќе го пре-подарат Може да се купи, да, ама кај најблиските што ќе ти кажаат точно што им треба Иначе нема потреба за замарање, и онака е за двете страни полесно со поклонот во плик. Не верувам дека некој сака да ака по продавници
ПАРИ Мислам дека тоа и би требало да остане во иднина како единствен подарок за свадба се друго е непотребно,ПАРИТЕ и тоа како им се потребни на младенците кога немаат средено сеуште во домот.Само пари.
Најубаво е на свадба да се дадат пари. Така младите ќе си купат што сакаат. Ако однесете поклон, истиот можеби ќе го дадат некому. Со тоа што ќе однесете пари на свадба се поштедувате од маката да трчате низ продавници.
Дефинитивно пари,и младите да си одлучат што да си купат, знаат што им треба и одговара...и пак ќе си кажат покасно на пример "ова" ми е за свадбата подарок
Идниов месец треба да одиме со сопругот на свадба кај золва ми. Не знам што да и подариме. И ако се пари колку отприлика мислите дека треба да се даде?
Точно дека е подобро да не бидат пари, туку нешто што ќе им остане за спомен. А што да биде тоа, а да не е поскапо од 150 евра? Немам никаква идеја.
Ја сум деверуша кај моја најдобра другарка и ке можете ли да ми кажете што е најдобро за поклон ?? дали тоа да бидат пари и колку за да биде доволно или пак тоа да биде некој поклон си мислам нешто како лцд телевизор не повеке од 20 000 што мислите ??
Јас пак ке кажам не мислам дека е срамота кога станува збор за блиски луѓе да си прашате што сакаат.Еве мој пример,старосватицата ме праша имала идеја да ни купи апарат Nespresso за еспресо,капучино знае дека обажаваме добро кафе и на мене баш ми се бендиса идејата. Исто јас обожавам добра уметничка слика,мислам дека е добар поклон за близок,но по можност да им ја покажете,да видат дали им одговара за во домот и зависи кој стил на сликане им се бендисува....ако најдете заедничка идеја мислам дека засекогаш ке остане како добар спомен
Umrella јас мислам дека премногу е малку.10 евра се носат како поклон за роденден.Кога јас би одела кај блиска личност на свадба би однела најмалку 50 евра.
Зависи колку ти е блиска, не може на пример да одиш на свадба кај прва братучеда со 10 евра, кажи што ти е личноста кај што ќе одиш на свадба, па да ти кажеме.
^ Во тој случај ако ептен не си во можност стави и барем 1000 ден. А ако одиш со уште повеќе другарки можете заеднички да дадете и помалце од 1000, али барем во рамките на овие цифри движете се ако ви е блиска другараката.