Дали мајките знаат дека има родители што не можат да су приуштат да дават поголема сума на пари за поклон за роденден на учителките, за 8ми март и еве сега за крај на школската година?. Некои се чудат веќе како да се покажат пред учителите со купување на поклони за сѐ и сешто. Претеризам е овоа веќе.
Da sobirate pari sega za kraj na godina? Jas ne bi dala. Toa e licen izbor, ako imam i ako sakam, kje dadam.
Не се собират пари ама се носат поклони посебно. Мене ми е глупо гледајќи дека сите носат да одам со празни раце. На одење по свидетелство гледам родители со поклони, па земав и јас, глупо ми беше да не земав
Зошто да не би дала некоја симболична сума, се зависи по колку собирате и ако собирате групно. Ако секој сам купува, уште пофлексибилно е. Сепак таа учителка ти го учи детето. Велите дека децата не ги почитуваат веќе просветните работници, а тоа доаѓа од самиот родител по кажаното. Ако сакам. Што ќе те кошта еден цвет. Ништо, но сепак мислата е битна. Не разбирам луксузни поклони да даваш, тоа од маж и и дечко и нека си добива, ама за нешто скромно, што знам мене глупаво ми е со празни раце да одам. Патем тоа е нешто што се прави со генерации наназад, зборувам цели децении. Али навистина ако одиш со таа мисла, подобро не давај. Целта на тоа цвеќе или што и да е, е искажана почит. А сега ако се работи за финансиски немоќно семејство, не знам што има да се докажувам пред други родители или пак, некоја учителка да би очекувала нешто од родителот. Повеќето наставници, додуша не знам кој би замерил ако нема поклон од некого, знаејќи дека не може да си дозволи. Јас кога бев дете, многу си ја сакав наставничката, учев затоа што сакав, немав страв од неа, туку почит. Ја разбуди цела креативност во мене. Да не и однеселе нешто моите, навистина би било срамота. Што знам.
A sto ako go uci deteto? Toa im e rabota. Ne gledam pricina tripati vo godinata da se davaat podaroci, pa i za rodenden na nastavnikot. Taka vikate i za doktori de. Me lecat, kje im davam podaroci . Smeshno.
Ние на нашата ѝ носевме цвеќе за крај, за 8ми март ѝ купувавме нешто накит, марама, такви работи. Мада сега кога ќе се навратам, не би дала ни денар. Трпев булинг цели 4 години за цело време да слушам оти сама си го барам, оти сум била мирна, такви деца бирале. Што е најлошо и од онаа што беше психолог (у покушај) го слушав истото. Не заслужиле ни почит, пари па ич. Надам се им се има вратено дупло во животот. Средно беше многу поинаква приказна
Точно, тоа им е работа. Ама не им е работа, родители да им квачат и да молат за оцени, не им е работа веќе пораснато дете со навики да ти го превоспитуваат, ако ти како родител не се замараш, не им е работа да бидат малтретирани што од ученици или родители, ама ете толерираат и го работат тоа. Тебе лесно ти е со едно, две деца? Не ти е. Епа замисли 30 деца со секаква позадина, различен капацитет и различно воспитување. Можеби конкретно тебе не ти се погодиле наставниците, но не се сите исти и некои заслужуваат барем едно цвеќе кое тебе нема да те осиромаши, а ќе остави знак благодарност. Исто и за докторите. Замисли се маткаш по 100 доктори и никој не ти ја погодува дијагнозата и терапијата, ќе се најде еден што ќе се посвети на тебе. Не заслужува некаква форма на благодарност? Еве конкретно, ние многу бевме задоволни од градинката на моето дете, сакаше да оди, среќно беше и научи многу работи. Што ме кошта нешто да однесам? Од ќеиф, сакам и навистина сум благодарна што беа посветени. Зошто да бидеме такви, егоисти. Да додадам. Мој близок не беше соодветно дијагностициран со нешто кое беше навистина сериозно и потенцијална закана по животот. Ниту еден доктор, освен еден не дијагностицира барем нешто. И благодарение на тој доктор, таа личност е жива. Не заслужува некоја форма на благодарност? Живот ти спасил. Те молам.
Снисходливост до крајни граници. Лизни-мазни од мали нозе. За среќа, барем од она што го видов од класот на ќерка ми, не носат сите, само половина. Ама па и тоа кажува многу. Дека половина луѓе би си измислувале секакви изговори за да добијат наклоност на учителка, доктор, негувателка (ова почнува уште од јасли, лол). Ако имаш толку желба за подарок, подари нешто на училиштата, и онака добар дел од нив се во лоша состојба.
Какви поклони бре луѓе. Тоа им е работа. Се офајдија сите со часовници и накити по школите. Гледајте таму писмено да ви излезе детето, да знае негација да пишува одделно и да сФаќа. Давате и по лекари после се жалите на мито кога ќе треба операција. Па ќе ги збориме политичарите. Мислам..лицемерно скроз.
Поклони не е искажување благодарност и е скроз погрешно. Кај нас ова никогаш нема да се искорени очигледно. Затоа и сме таму кај што сме. Колективно грешиме.
Од докторите никој не очекува да прави лабораториски анализи ама од тие во лабораторија се очекува да знаат повеќе од доктори. И надвор од работа, увек сакам да помогнам стручно на некого, ама јеботе, не сум доктор. Не е мое да те советувам за терапија, да ти кажам што следно да испиташ. Или едноставно немам доволно искуство за да одговорам и кажувам не знам. И кога ќе ми се нафрлат роднини и познаници со прашања, ми иде просто у три лепе да ги отерам. Уште па ќе се дрзнат да речат - па ти си учела, треба да знаеш. Ај мрш. Оди си кај доктор, треба он да ти прочита резултат пошто он те пратил за таа анализа. Ако не може да те услужи или ти не разбираш, не ме замарај мене.
Некои родители немаат пари да му купат молив и пенкало на детето, па камо ли за поклон... Давањето поклони не е задолжително, па сите да даваат. Личен избор е. Тоа треба да се искорени. Инаку џабе дробиме за политичарите кога ние сме исти.
@ArabellaStarfall платени за што се? Професија им е или тоа го прават заради добра волја, услуга нешо ти праат на тој начин? Дај бе признајте дека сме народ кој се лиже, и ги учи уште од мали своите деца да го прифатат истово ко најнормално. И зошто уште цело време сите ко папагали повторувате системот па системот не чинел, државата не чинела, си ќутите и немате гз да признаете дека колективна одговорност сите ние имаме? Државата кој ја прави? Е најлесно е само да се критикуваат туѓите постапки, а никој ни со прст нејќе да мрдне, и чекаме промени.. Едно нешо само е јасно ко ден, дека ние ко народ нит ќе се смениме, нит памет ќе ни дошло, пошо го неаме, како и што да дојде.. Вкоренето ко да е во генот. Исто, ама ја не и' дадов денар на крајот на 8 - мо, лабаво си се повлеков, и онака бев отфрлена и на страна, па немаше ни поента. Другата пак, одделенската, во претходното училиште кај што учев, секој 8 Март не можеше буквално да се однесе до кола од толку поклони.. При крај на 4 - то, дури си зема за право да руга родители со љубоморни испади, како колешка и' добила преубав поклон, па сеа видете вие.
Поклон? За учителка? Ма освен за 8ми март, друг поклон нема да добие ма ако сака и на глава нека се обрне. И тоа цвеќе ќе добие, а не да очекува учениците да и ја средуваат куќата и да и го полнат шкафот. Она зима пари за да ги учи децата, не го прави тоа од добра вољја. Леле па шо читам, поклон од сите посебно ..... Ама тоа е, таков народ сме и такви ни се институциите. Мора да дадеш за да те гледат како човек, инаку ќе ти го извадат тоа низ нос. За жал, и јас сум била сведок како деца на богати родители биле третирани како royalty. Така сме научени, семката ни е таква, тешко дека ќе се искорени тоа.
За крај година во мое време ова не сме носеле и роденден исто. За крај само во 4то нели се делевме од таа наставничка, во 8мо за класната и во 4та година за матура. 8ми март и толку. Е сега за моево дете и во градинка имаше барање да се организираат подароци за родендените на воспитувачките. Колку сака нека се лути некој, мене ми е нон сенс. Дете од 1,5 година, што не знае само дека постои ќе знаело дека воспитувачката има роденден, па и подарок да носиме. И да благодарни сме за чувањето и сето тоа ама сепак тоа го избрале да го работат исто како јас што сум избрала нешто друго, како било кој од нас. Инаку да оптоварување е и за буџетот на родителите. Ако јас имам, може друг нема. Ако сакам да дадам, прашувам што има потреба за целата група, и моето дете и сите што ќе користат и место за воспитувачката добиваат сите. Оф топик малку ова.
Abe ajde. Ti ako visish za ocenki, mnogu toa ne go pravat. Blagodarnost oti mi se shkoluva deteto. Ne preteruvajte. Lizete g. uste od pocetok, a decata se polupismeni. Poradi takvite kako vas. I ne izvrtuvaj, nastavnickata na moeto dete e sosem ok, no toa ne znaci deka treba da se zablagodaruvam preku pokloni.
Децата се полуписмени ради мене? Или децата се полуписмени затоа што сте дале цвеќе на крај на година на наставничката? Децата се полуписмени што поради несоодветна настава, што поради не добивање внимание по дома. Ако во еден клас, повеќето деца имаат знаење по тој предмет, а другите не, значи дека наставната единица е соодветно предадена, но недоставува работа со детето по дома. Наставникот тоа не може да го даде. Инаку, пази, зборувам за цвеќе. Нешто што и во моја генерација сме го правеле, па не сме излегле полуписмени. Значи нешто друго е проблемот, а не цвеќето што го даваш на крај на година. Патем дарувањето не е својствено само за наше поднебје. Секаде постои. На мене ми носеле, непобарано, на маж ми. Од наши, од странци. Не знам што се паѓа во транс во денешно време за се и сешто. Е сега, никогаш не сме давале нешто на наставничката за роденден, ама за 8ми март и крај на година, секогаш постоело. Па и тие се луѓе, како пишувате на темава, како за неблагодарни монструми.
А тие наставнички дали на девојчињата во класот исто им честитале Осми март? Не мора ете ништо да им дадат, ама да честитаат. Не верувам. И нема ништо лошо во давање поклони, кога е од срце, ама кај наставнициве е често просеравање и форсирање, не оти стварно заслужиле