Има разлика од поклон до поклон. Едно е да подариш скромен подарок или цвеќе, а друго е да се расфрлаш со пари. Ташни, обетки, алки, ваучери...... И разни други скапи поклони. Тоа е затоа што има родители кои сакаат да се истакнат. За помалиот син дадов последната година.Тогаш заврши трето одделение. Не купив поклон. Однесов кафе и бонбониера. Првите две години заборавив да купам нешто. За големиот првата и втората година собиравме пари. Кога видов што купиле госпоЖите, повеќе не давав. Јас додека учев не носеа сите соученици. Другите носеа цвеќе. И јас исто. На одделенската наставничка ништо не и купивме кога завршувавме четврто одделение. За класната собиравме по 200 денари. Пари даваа оние кои сакаа. Се договоривме меѓусебе по колку да собираме. Никого не теравме сосила да дава. Имав во одделение соученици кои беа сиромашни. Во средно ништо не купивме.Требаше да собираме пари, ама некои соученици се расправаа и на крај ништо не бидна од тоа. Ова за крај на година. Давањето поклон треба да биде избор, а не наметнато.
Денес родителите за мито за поголеми оценки си ја даваат душата. На факултетите ги полнат професорите за децата да им завршат факултет со нула познавање од истиот, а за еден обичен скромен подарок од 100, 200 денари немаат пари. Ако некој/а ми го сака и ми го почитува детето зошто да не дадам скромен подарок.
Бидејќи тоа би требало да го прават без некоја дополнителна мотивација? Твоево опишано е буквално мито. Ако сакам да ми го сака и почитува детето, тогаш ќе дадам мито. Ете, исправено.
Има родители кои немаат да им купат тетратки на децата, а не па да даваат пари за поклон. Ај да е едно дете. А што да кажат оние кои имаат 3 деца? Како тие родители ќе се чувствуваат кога ќе прочитаат во групата на Вибер дека на некои госпоЖи им текнало да се собираат по 300 денари за подарок? Они ако сакаат нека дадат и 1000 денари. Јас сум против.
Како тоа да им честитаат? Па девојчињата не се МАЈКИ. Во пуста, клета Македонија овој ден е ден на мајката. Ќути таму ми викаа, како на тебе дете ќе ти честитаме. И поклон ќе добиеш кога ќе станеш мајка. Пу јаз'к што ќерка ми ја учам што е денот на жената. Ја учам што не треба да толерира. Кои се Цеткин и Луксмебург. Како и зошто жената е подредена во ова општество. Учителка во мојов живот не сум слушнала да честита на ученичка. Ама поклончињата се мили. А маж ми, тој па колку го љубам, на двете ни купува цвет за 8 Март.
Понижено ако не дадат, ќе го јадат срамот ради некои кокошки кои сакаат гз да и' лижат на наставничката. Ако се толку јаки зашо не купат сами бе? Зашо бараат секој да учествува? Ете добро рече, нека даат и илјадарка чим толку им е кејф, шо у незгодна ситуација ги ставаат другите..
Баш достоинствено треба да се осеќат. И само такво однесување и став треба да имаат. Ко да не е воспитно-образовен туку поткуплив процес. И после системот е крив. А системот да ти било во секој еден од нас.
Имавме една ситуација, една ненормална ги малтретираше децата, ги гаѓаше со предмети, главата во маса им ја набивала. Ова дечиња од 5 години. Па до градоначалник стигнавме, со петиции со се. Небитно, дојде 8 Март, сите лабаво си собраа пари за поклон за двете учителки. Јас бев единствена што не учествуваше. Да ми трауматизира дете, а јас да се умилкувам и давам поклон? Никогаш тоа нема да се случи. Има среќа што истеравме цивилизирано, инаку на улица ќе ја согазев жими се. И да, баш сум горда што не се погазив себе, тоа за мене е достоинствено, а не да давам поклон затоа што другите решиле дека така треба.