Од сопругот добив пандора со два приврзоци на тема мајчинство, букет од моите омилени кринови и бајадера. Јас него му подарив персонализиран привезок за клучеви, виски и мерси.
Ми требаа неколку секунди да се сетам ... Обетки - пола бело, пола жолто злато. Не знам зошто ми ги купи... и тогаш не бев баш по накитот. Ваљда мислел оти е нешто 'трајно'. Не носам никаков накит повеќе од 10 години. Апсолутно ништо.
Од сопругот ниту за прво ни за второ бебе не добив друг подарок освен цвеќе. Од моите родители за прво внуче добив златно ланче, за второ добив златен прстен. Искрено потајно посакував некаков подарок од маже иако имавме договор да не трошиме пари на глупости, се штедат пари за викендица
Името е прекрасно. Нашето е наследно од татко ми, почина сега скоро и заслужува да се наследи. Многу ми одговараат плус со првото синче двете се кратки имиња.
На излегување од болница ме пречекаа со балони и цвеќе. Кога дојдовме дома сопругот имаше наместено се за бебе и украсено со балони, натписи за добредојде и рамка со податоците на бебе. Ми подари 2 златни привезока од кои едниот е со името на нашиот син, цел пакет козметика која ја користам и торта. Од моите добив огромна кошница со овошје, а и јас и бебе си добивме пари. Сега кога читам криво ми е што не му купив нешто, но искрено не ми ни текна на таков гест. За второ бебе ја крадам идејата со персонализираниот привезок за клучеви, па ќе добие две во едно.
Јас едно прашање можда е надвор од темата дали знаеш дали привезоците се баш од пандора или др продавница што држи пандора? Јас сакав да си нарачам он лине привезок пандора за мајчинство ама на официјалната страна не ме бендиса ништо, па викам дал и дуќани имаат можда др роба?
Конкретно овие се од Силвер Ас од Битола, побарај, не знам дали продаваат онлајн. Ама ако си од ск, тркни до продавницата на Пандора, пред скоро време јас за дипломска купував, имаше избор мозок да ти зајде (не знам конкретно за мајчинство, ама би требало и за тоа да има).
Преубаво мами! Со гордост да си ја носиш алката и мажето привезокот. Инаку од каде го нарача привезокот?
Да му купиш? Нели му роди дете? Јас мислам имам пишано на темава, но мене овие обичаи не ми се познати. Или барем на мојата фамилија не ѝ се познати. Не добив ништо од никого. Само свекор ми два пати ме пречека со букет цвеќе. Од маж ми вториот пат добив дезинсекција и дератизација на станот додека бев во болница
Jas si dobiv pokloncinja i im se raduvam. I moite i svekrvata nakit mi kupija. Maz mi imase taksano saat od solun ama zatvoreni granici ke pocekam. Koga ne zema od bolnica.dojde so cel kup baloni i cveke.
За двајцата го родив. Ете бар од свекорот си добила, јас од мојот ништо, а од свекрвата стара метла покрај креветче на бебе.
Мене сопругот скроз ме изненади коа не зема од болница, ми подари златна огрлица, бело злато. Ме испорасплака. Ич не очекував, а и не е некој тип шо обично праи вакви изнудувања А јас него му земав гравиран привезок за клучеви. Од @IRBBB ја украдов идејата и маже ептен се израдува, ептен. Фала мами за идејата
Со здравје да си ја носиш огрлицата мама! Преубава е! ❤️ И тато со здравје да си го служи привезокот, преубав подарок ми е, ептен личен. И ти го порача од Ласерско гравирање? Ептен се услужливи, алал да им е.
Од свекрва ми по повод бременост добив филигран, омилени ми се тие накити. Маж ми ништо не ми купи, само ме оживеа.