Случајно влегов во темава, и мене ми се допадна идејата за привезок. Ќе го изгравираат името и датумот за второво, ама пак првово дете никаде нема да е спомнато тука што да правам? инаку и јас многу се изненадив за второво со подароци, за првото пари памтам ми дадоа. а сега, маже ми купи Dolce & Gabanna наочари за сонце, и во болница ме пречека со огромен Мини и балони. Мајка ми и сестра ми преубава постелнина за спална и златно ланче. Свекрвица свилени пижами и златни обетки. За бебе пари, алишта и златен привезок Баш ме даруваа овој пат, да си надокнадат и за првиот
Три породувања ,никој ништо не ми поклони...може не сум заслужила Шала на страна, сега кога се присетувам убаво ќе беше нешто симболично да сум добила. Ај здравје може за четврто се чуваат да ме изненадат
Сопругот ми подари ланче со имињата на двајцата синови, привезок за пандората буквата на второто синче и букет со балонче, мајка ми и татко ми привезок за пандората со бебешки играчки, и сестра ми ланче од zia. Најомилени поклони ми се.
Браво бе жени па вие сте имале фамилија која ве цени Ај и јас да се пофалам мене свекрва ми ми го поклони нејзиното отсуство, бившиот маж ми поклони нервоза а мајка ми дојде како кип и во црно завиткана како за на погреб.
За раѓањето на ќеркичката од сопругот добив пандора приврзок, а за синчето обетки пандора кои ми се омилени и си го носам секој ден
Бившиот ми купил златна нараквица ама никогаш немаше прилика да ми ја даде. Исто и за бебето. Не знам зошто воопшто купувал.
Подарокот го купивме заедно со мм точно ден пред да се породам. Со контракциите си шетавме по продавници мислејќи дека се од тие лажните. Преубав, нежен сет огрлица и обетки од бело злато. Моите ми дадоа златно ланче и алка, а за првиот внук златник. Неговите златна изгравирана алка со името на бебето. И од брат ми нежно ланче од мајка што држи бебе во раце, што си го носам постојано. Ама највредниот накит секој ден ми расте пред очи и ме украсува со насмевка.
Ааа скоро гледав еден рил на инста, вика типката why do i need a push gift? Man im not doing this shit for nothing за првата ќерка златен прстен сама си го бирав, сега за втората златен привезок за ланче си избрав