1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок од сопругот за породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од iloveyou29, 27 октомври 2017.

  1. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.024
    Пол:
    Женски
    И јас знам дека има адет каде леунката се дарува, односно и се купува злато што донела бебе на свет. Околу мене знам на некои им беше поклонето..
    Цвеќе и мече за мене ,,не е поклон,, туку внимание, со нешто тато да пречека, цвеќето за мама, мечето за беба :)

    Цвеќе и мечка ќе има сигурно, сестра му е цвеќарка па без букет не би се минало, мече оддамна го бендисал и тоа едно од 2м :wasntme: (јас се надевам ќе донесе некое помало ама познавајќи го најголемото ќе е наше :$)
    Околу злато и некој симболичен поклон не сме дискутирале, ниту спомнал, ниту пак мене ми текнало да наговестам што ,,треба,, 8-| нема ни да спомнам, ако има желба нека му е, ако не има и подоцна ќе си кажам како е редот :nod:

    ^^ море само со бебе да си дојдам дома во раце ништо не сакам и не ми треба, ниту пак ми е битно, се ми е апсолутно споредно...
     
    На saramila09, orhideea, AURUA и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Јас нескромно наговестив кој чоколади сакам да ги добијам кога ке се породам. За друго поважно ми е да купиме нешто повеќе за бебето него ли за мене. Се што ми е потребно секако добивам.
     
    На Troi, AURUA, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.150
    Допаѓања:
    168.760
    Пол:
    Женски
    Со бепче посекако ќе си идеш дома, ама јас се си мислам дека и некој ЃердаН, троа поголем ќе ти закачат(fingers):D:*
     
    На mal.ecka, Dust, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Моја блиска не сум сигурна дали доби подарок од сопругот кога се породи, ама знам дека на секој роденден на детенцето добива огромен букет цвеќе од него, како благодарност за тоа што е добра мајка и сопруга и што благодарение на неа тој ден слават роденден на своето малечко. Мене ми е баш слатко и симпатично :)
     
    На Sunrise!!!, orhideea, oblace1 и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.825
    Пол:
    Женски
    Мене пак цвеќето ми е фрлена пара. Накит ми е во ред.Цвеќе не. Уште утредента ќе почне да венее. За два дена исто ко ништо да не си добил. Океј, знам, битно е вниманието ама не би сакала. Поарно мече за детето него букет цвеќе за мене.
     
    На AURUA, Lady*Bug, Abeja и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Немој мајка ми да те слушне дека цвеќе е џабе фрлена пара :D . Она сама на себе си подарува по еднаш-два пати неделно, па макар и од женичките на пазар што продаваат.
    Добро, во случајов веројатно сопругот знае што да подари и дали тој подарок е значаен за неа. Муабетот ми беше дека симпатичен ми е гестот :)
     
    На Troi, AURUA, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Жени..
    Ама признајте дека годи ако е изненадување..па макар и да е ситно нешто:$
    Тоа што ние се правиме скромни,друго е:D
     
    На orhideea, AURUA, Victorian и 20 други им се допаѓа ова.
  8. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Јас не родив ама добив златен прстен од мајка и татко, од мм не се ни сеќавам, само сигурно знам дека на денот на земање на ѕверката и купивме златна алка. И снаа ми од моите доби прстен ист како мојот ( купени биле за таа намена). Е сега сакам да побарам ланче за спомен ама искрено околу сите фрки ми е срам да си кажам, ако им текне пеќи ако не здравје, ќе си купам сама :)
     
    На oblace1, LadyC, Abeja и 8 други им се допаѓа ова.
  9. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    Е само што влегов да го пишам истово! :)
     
    На LadyC и referentka им се допаѓа ова.
  10. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    Јас добив поклон кога се вратив од болница . Мм ми купи часовник и ланче од бело злато со името на синчето. Не очекував ,ама убаво ме изненади и да ми годеше тоа внимание.
     
    На makedonkamak, oblace1, Paka и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    И јас не добив ништо подарок кога се породив...и не знаев за ова :wasntme:
    Повеќе би била радосна дечињата да добијат по некое макси мече него ли јас со злато :?:
     
    На makedonkamak, orhideea, AURUA и 5 други им се допаѓа ова.
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Поклон не добив мм не беше тука кога се пораѓав, мене ми беше најбитно синко да е жив и здрав и се да помине во најдобар ред. И онака секојдневно ни купува поклони.
     
    На Mari*, AURUA, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.311
    Пол:
    Женски
    Јас добив голем букет со црвени рози и милка голема
     
    На makedonkamak, oblace1, Mari* и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.409
    Пол:
    Женски
    Јас уште му ја вадам душата на маж ми дека ништо не ми купи. Знам за обичајот злато за мајката, јас повеќе сребро сакав ама секогаш се вади сама да сум одберела ама не е тоа тоа.
     
    На Troi, orhideea, Mari* и 6 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.663
    Пол:
    Женски
    Божо здравје за второ ке купи :)
     
    На AURUA, LadyC, EuHenIa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Јас пред да се породам добив привезок за пандора бебешка количка и мм ми вика ова е за пораѓај поклон пред време даден :rofl: За таму побарав само шише кока кола :rofl: Го добив уште додека бев на боксот... Потоа кога си дојдовме дома наредниот ден добив нов мобилен поклон од мм да сум и правела поубави слики на малата :)
     
    На Troi, oblace1, Mari* и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Моментот здраво бебче и мајка после процесот на породување мислам дека не треба ни да се спомнува, сето тоа е многу логично. Првичната и најголема желба на родителите е таа, нормално.

    За оваа традиција знам, а и не е само во Македонија, ја има и во други земји.
    Не гледам ништо чудно или смешно во истата, баш напротив, убаво е. Знак на внимание за денот кога од заедничката љубов се родил најубавиот плод.
    Не злато, ланци или тракатанци... нешто симболично што секогаш кога мајката ќе го погледне, ќе ја потсеќа на тој момент.
     
    На mal.ecka, oblace1, Yowannty и 12 други им се допаѓа ова.
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    16.952
    Пол:
    Женски
    Реално сите луѓе или ајде конкретно жени сакаат поклони.Јас кога излегував од болница имаше уште минимум 20 жени што излегуваа во Чаир е така сите во ист момент т.е една по една ама сите ги гледаш на куп.Јес да во тој момент ми беше најбитно да одам дома и ни најмалку не се налутив ни насекирав што ништо не ми купиле ама се сеќавам дека свртев поглед накај една жена и видов дека имаше преку три букети во рака.Само си помислив што е таа повеќе од мене и јас родив и таа.Едино ме повреди муабетот на свекрва ми кога му се сврте и му рече на мм еллеле не ти е срам ништо не и купи срамота.Он наведна глава пропадна.Инаку заедно дојдоа до болница и заедно живеевме незнам од кај тоа чудење.После маж ми ми кажа дека ја украсувале собата со сестра ми и целиот збркан заборавил да купи.Небитно не се осеќам повредено ма да немаше да му се налутам ако паркираше еден џип пред болница со машничка.
     
    На mal.ecka, Mari*, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  19. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски

    Хаха
    И мојот. Претходниот ден само ме прашуваше што ми се јаде, за да направи.

    Баш пред некој ден му спомнав дека ништо не ми купил, а три деца сум родила.
    Шала на страна, не сум очекувала подарок, со оглед на тоа каква ни била финансиската ситуација кога се породив со средното и со најмалото.
    Со првото бев млада и зелена, не ми текнало да побарам нешто
     
    На AURUA, iloveyou29, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушнав дека се подарува злато на леунка кога се породи една пријателка и доби златен прстен од маж и. Јас злато не сакам ни под разно и кога се венчававме кога сакаа да ми купат свекор и свекрва им реков да си ги чуваат парите, мене злато не ми треба.

    Како внимание кога си дојдовме дома мм ја беше украсил спалната соба со балони, купил големо мече, божиќно цвеќе, кутија чоколадни бомбони и секси долен веш кој беше спакуван во кутиичка во форма на срце. Поубаво се немам почувствувано во животот.
    20161223_171437.jpg
     
    На bertold, mal.ecka, makedonkamak и 31 други им се допаѓа ова.