1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок од сопругот за породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од iloveyou29, 27 октомври 2017.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.220
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    Генерално околу подароците ние функционираме по принцип на договор, што значи ме прашува што сакам и одам го купуваме (најчесто) заедно. За родендени, годишнини и слично.
    Конкретно околу породувањето, исто ме праша, јас му кажав дека немам некоја желба и дека подоцна ќе си купам.
    Така да поминав со договорен апартман (за кој не знаев), украсена соба, торти, а за мекиците што всушност ги направиле како свадба тоа во друга тема :)
    Мое мислење - во природата на човекот е подарокот да буди убави чувства, но побитна е грижата, љубовта и сеприсутноста во секој момент на партнерот од пред/пост породилната еуфорија.
     
    На Mari*, AURUA, Anacid и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Јас знам за овој обичај.

    За првото дете ми купи златен комплет и цвеќе,ми ги даде кога не пуштија од болница.Не знам кој му кажал,ама памтам дека ме прашуваше и имаше во план да ми купи нешто.
    За второто само цвеќе,ова дека триста маани му најдов на поклонот за првото породување:lol:...Хормони,не бев јас крива:D
    Се шалам,тогаш се договоривме сама да си одберам и на тоа остана.
    Тогаш немаше вакви украсувања со балони и сл.,а може и имало,ама не сме знаеле.

    Битно,живи и здрави нека се бебињата и мајките,за покажување на внимание со подароци,цел живот е пред нас.


    Симболикава не можам ни јас да ја сфатам,иако,рака на срце,како што некој погоре спомна,поклон и внимание на никому не му штети,но да не треба случајно орден,медаља да ни дадат додека да ги изгледаш и пораснеш?
     
    На Mari*, referentka, iloveyou29 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Зошто орден и медал додека се изгледаат и пораснат? Во тој процес е вклучен и таткото, не само мајката како што е случај со породувањето. Е сега тоа што некои татковци се отсутни целосно од животот на децата тоа е друга работа...
     
    На eli25, AURUA и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Во моја фамилија традиција е дарување златник на бебето. Имавме и јас и сестра ми. Кога се породив со првото кога ѓе земаа од болница беа сите топтан,па со камера снимање, сестра ми ме пречека со торта дома и облечиња за бебушот. Вториот пат мм не ни дојде на земањето, а тетиот пат со кавга околу темпирањето во колку да ме земе излегов.
    Три деца родив и за ниедно никаков симболичен поклон не добив.
     
    На makedonkamak, eli25, orhideea и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    За син ми не добив скап поклон.
    Дали дека предвреме роден, бевме окупирани со други работи некако за поклон не ми беше ни дојдено.
    По еден месец во болница, мм не пречека со голем хамер пред врата и на него слики од нас тројца, некои натписи, балони...

    Повеќе среќа за второ! :)
     
    На eli25, Mari*, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Забележав дека многу од членките спомнуваат ручек, букети, балони и мечиња, па морам да коментирам дека внимание и подарок не е исто.

    Едно е изненадување, креативно наместена соба, нешто слатко и симболично, а сосема друго е скап подарок како што е накит, да речеме.

    Она што го постирала @Lolipop23 е изненадување, покажување внимание и љубов.

    Стратешко бирање на прстен или ланче е награда.
     
    На eli25, AURUA и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.062
    Допаѓања:
    66.789
    Пол:
    Женски
    На мажот му дава ли подарок жената што и го направил бебето?

    Јас ова само од филмовите го имам видено како push present, не ни знаев дека има и кај нас вакви некои традиции, нит пак маж ми знае. Не сакам лично подарок, и да сакаше за овој настан не ми е потребен, Нит па после пораѓај би мислела на вакво нешто.
     
    На makedonkamak, SuperGirl24, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    Откако и се породија двете снаи на мојата кума (во ист период)таа отиде и на двете му купи по еден прстен едниот беше со рубин другиот со сафир секој од нив чинеше 750€...и ја прашав шо толку се испотроши таа рече едно од кеиф друго демек така требало...и така а за мажите нивни не знам дали и што им купиле:D
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.902
    Пол:
    Женски
    Ми купи мм иако не ни очекував, зашто јас требаше да му купам, ама се породив на неговиот роденден. :)
     
    На Emy867 и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.663
    Пол:
    Женски
    уште да беше трудот ист на мажот и жената во теков на тие 9 месеци :lol:
     
    На mssuniquee, eli25, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    па и дома не се препорачува кадешто ќе е бебето да има цвеќе.
    маж ми поголем труд од мене вложи... да го издржи моето неартикулисано однесување. со сите бев скарана цела бременост (facepalm)
     
    На makedonkamak, Arthur, Minnie-e и 4 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.663
    Пол:
    Женски
    тоа биле хормоните,не ти :D
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    да ама стварно не се поднесував. искрена да бидам не знам дали сакам второ поради тоа.
    извинете за офф Топик. маж ми медаља заслужува хаахх
     
    На Arthur и joy1 им се допаѓа ова.
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Zenata na mazot mu dava podarok - bebe
     
    На baby-star и Emy867 им се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Малку смешно е ова, зошто не е подарок тоа нели, заедничко е детето :)
    Значи дека се породи жената треба да и се купи злато или нешто скапо ?
     
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Аман, што е смешно толку де? Па подарок е бебето, како не е. Најубавиот подарок од Бога, не за џабе вели познатата фраза...

    И никој не рече дека треба да и се купи злато или нешто скапо. Плус, за некого ако една работа е скапа, за друг не е. Секој со својот џеб.
     
    На makedonkamak, kallias, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Аха, ок тогаш. Јас на мажот ми автомобил ќе му купам, оти ќе ми го направи :D . Изреката не ми се допаѓа воопшто, ама не е темата за тоа.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас имам бендисано еден прстен во Алтинбаш одамна. Мм сакаше да ми го купи, ама остана на тоа да го купи кога ќе имаме повод бебе :) Така спонтано јас сега прстен ќе си чекам :)
     
    На makedonkamak, Troi, mssuniquee и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Мајка ми од татко ми има добиено прстен и кога сум се родила јас и кога се родил брат ми.
    Многу години подоцна тие два прстени ги замени во златни обетки кои денес ги носам јас.
    Од старите останало и убаво било да се купи нешто ама и не мора да значи, кој како си сака и секако колкави се можностите.
     
    На iloveyou29 и Sesil им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Ако таа изрека не ти се допаѓа, тогаш немам што да додадам...