Женски без рчки ајде. Погоре кажав-не ни знаев дека постои такво нешто, отпосле дознав дека ете, имало. НО секое внимание со или без повод, од страна на сопругот е прекрасно.
Јас знам како мали ни купувале златно алкиче или париче и толку. Значи подарок за бебето. А дека мајки и татковци се дарувале,очекувале брендирани прстени.
Се согласувам, ама треба и на сопругот да му се посвети истото кога ќе дојде дете, не само на родилката
Епа жената немаше ни да има во што да вложи труд, да не беше мажот. Нели? Подарок е најголем, ама за двајцата. Јас не родив бебе за него за подарок, го родив за нас, а и јас и он за нас го направивме. Јас лично не ја гледам поентата он мене нешто да ми подарува, и јас сум сакала сум ја родила, не сум ја родила за на него да му ја подарам, па он нешто за трудот и маката што сум се мачела да му родам дете да ми подари. Ама за мене кажувам, а секој како сака нека си прави ( и си прави) нели.
За некое скромно обележје на денот на породувањето се направи влашка песна. Тој ја направи, оној ја роди, те злата, те автомобили... А муабетот беше да се одбележи моментот и знак на внимание од сопругот за тој незаборавен ден.
Ахaм, злaтен сaaт ќе му купaм зa свршувaњетo, мислaaaaм... Акo се вo мoжнoст убaв гест е нo без дa се ствaрa притисoк декa мoрa. И цвеќе ќе зaврши рaбoтa. Дa не гo пoтценувaте рaѓaњетo кao -леле гoлемa рaбoтa, рoдилa пa сеa прстен... Или кoлку мене тoлку и негo Рaѓaњетo беше нaјтешкaтa рaбoтa вo мoјoт живoт, пoд ризик гoлем сме жените oд мoментoт нa зaчнувaње пa дo крaј. Мнoгу рaбoти мoжaт дa се искoмплицирaaт и дa си нaвлечеш сoстoјби и бoлести зa цел живoт, зa пoстрaшни ситуaции дa не збoриме. Пa нa истo сме биле сo сoпрузите oти зaедничкo дете е. Финaнсискaтa ситуaцијa не дoзвoлувa мнoгу кaј мнoгуминa, инaку пoсле пoрoдувaње зaслужувa женaтa пaт oд рoзи дo дoмa, нaкит, кaртa дo спa сaлoн...штo сaкa тoa
Ехе ако гледаш ти така на тоа, секој ден ќе треба мажот ти да ти купува злато и сребро оти ќе го доиш, оти ќе го воспитуваш. За многу работи може да се каже дека треба подарок. Порано по пет раѓале, па ни подарок добивале ни ништо. Не реков дека е лесно да родиш дете. Подарокот нека е за бебето, а не поводот дека сум се породила. Ако сака да ми подари нешто, тоа ќе е за роденден или годишнина. Јас најмногу се радувам на букет, а воопшто не сакам расфрлање со пари или купување подароци колку да се каже дека купил нешто.
Гoдишнинa и рoденден се oк зa пoдaрoк a рaѓaње нa дете не е? Пoдaрoци нa кoмшивки и рoднини зa 8 Мaрт истo aмa сеa си рoдилa и шo ќе дрaмиме тoлку... Не мoрa дa е зaдoлжителнo aмa убaв пoвoд е a зa убaви пoвoди се прoслaвувa пa и пoдaрoци се дaвaaт. Зoштo дa не, штo е спoрнo?
Да се разбереме. Сепак е до карактерот на мажот. Има мажи кои само чекаат некој било каков повод за да поклонат нешто на сопругата, да им посветат поголемо внимание, да ја покажат својата љубов. Има и мажи кои можда никогаш и со ништо не ја изненадиле сопругата , подарувајќи и нешто. Но тоа не значи дека првите повеќе си ја сакаат жената од вторите. Или едните повеќе се радуваат на рожбата од другите. Јас познавјќи го мојот сопруг , кога ќе дојде денот да станам мајка, а тој татко, мислам дека ќе бидам опсипана со страшно многу подароци.И јас ќе сакам да му подарам нешто, но креативноста ми е на нула. И, да, навистина не верувам дека има жена на која нема да и годи вниманието од сопругот , подарувајќи и нешто за чинот- донесување на свет нов живот. Но, од друга страна бебето е најголем подарок и за двајцата. Така да , дај боже сите бар еднаш во живот да добијат таков подарок- бебушка. Се друго е само пропратно, минливо, небитно, заборавливо....
Не сум бремена јас. Не сум родила има време за се, а штом викате дека тоа е најубаво во животот може е не знам, треба да дојде до такво нешто па може ќе сакам камион. Фала ви на сите што ме реплициравте и онака сите теми за беблаци и мајки се, бар се позанимавав малку. Ајде чао сега
Како што пишаа погоре раѓањето не може да се спореди. Колку и да сакате да изедначите неможете. Мајка е мајка , она трпи болки , она ризикува со живот на породувањето , она се тресе на секое плачење на бебето , она станува ноќе да го надои , да го пресоблече. И повеќето што имаат пишано во темата "жената во болница ,мажот во кафана" (мислам така се викаше), викаат дека немаат ништо против таткото да слави со другарите кога ќе се роди детето . Кога може да ги фрли 10000 за другарите за меракот , може и мене да ми купи нешто. Сепак секој со финансиите , ама една бомбоњера мерси од 200 денара може да значи многу за мајката а да бидеме искрени 200 денара не менуваат многу , а мајката ќе биде пресреќна.
Првпат слушам за овој обичај, јас не добив ништо. Не сум љубител на накит и онака. Во секој случај мислам дека е глупаво. Ај роди, еве ти прстен. Но, секој за себе. Мене ми беше доволно што не одеше цел месец на работа.
Маж ми е цело време присутен во животот на децата,од кога се родени,бањал,повивал,хранел,носел,разнесувал итн... Ама има еден чуден феномен. Кога сме сите четворица заедно,а често сме,посебно кога сме на одмор,од сабајле до вечер заедно,му се случило да ме праша: Добро бе,овие деца имаат ли татко? На секое викаат, Мамо кај е ова,мамо кај е она,мамо може ли да хххххх,мамо ми се јаде,мамо ми се спие,мамо ова ме боли,мамо ова сакам итн.... Така да како сакаш врти и кажувај,сите кога не боли нешто,или за било што викаме ,,Од мори мајко’’.
Не добив јас подарок туку тој му родив ќерка поводи има секогаш од китење со злато не обожавам ова од невеста не го носам не па друго.
Се чудам како не сте знаеле стварно. Јас сите што ги познавам добиле нешто барем симболично од сопругот. Само јас од свекрвата Ми даде злато што и го дала нејзината свекрва. Мм ако се рачуна, пумпа за молзење ми купи Во еден плик имавме пари за пораѓај и кога дојдов дома го видов нечепнат, свеки го искарала кога идеа да ме земат, па тој си плати пораѓај, а мене ми останаа 50 тина илјади