Jaс па напротив мислам дека е ова некоја нова 'мода', затоа што тие околу мене што се породиле не добиле подарок, освен буќет кој и јас го добив.
Никој не рече дека мора да биде злато , рековме дека е доволно вниманието и една бомбоњера или украсена соба или едно чоколадо милка големо , букет цврќе итн. А бебето секако дека добива од сите по нешто ,ама се знае на мајката кој треба да и подари.
Мојот најголем подарок е тоа што станав мајка и секако бебушот. Материјалните нешта не ми се толку битни.
Да те испрвам за црвените машни на глава и тоа има кај нас. Сум видела Ама увезено од странство т.е од многу гледање турски серии
Јас за ова првпат слушнав овде, т.е. прочитав де. Не сум занела дека е традиција, инаку убав би бил гестото да добиеш нешто во знак на внимание и благодарност дека цела фамилија си ја направила среќна со новиот член. Јас не добив поклон од ММ, од бабите и дедовците, не ни очекував. Празна ни беше собата, ни едно мече, ни еден балон, нити букет! А требало да има, ама никој не се сетил! Всушност и ретко добивам поклони во последно време, ама и кога ги добивав никогаш не бев во тренд да се испофалам на фб дека ми купиле нешто. Глупо ми е смешно, слики од подароци на ФБ од мене не добиваат лајк! Добивам впечаток дека луѓето си подаруваат подароци за да се пофалат на фб и да соберат лајкови а не да си покажат љубов и внимание.
Каде? Во Германија, Франција, Шведска, Швајцарија.... Данска,...? Чисто ме интересира. Да ги проширам видиците. Ете ти сега. Ставете и по едно венче црвено во куферот кој ќе го носите на породување.
Јас знам за Ирска 100%. За други земји кој има инфо од прва рака нека каже. Еве @Ruzica00 , има зет странец... И дајте престанете да бидете иронични во една ваква тема. Која добила, добила, која не, не е помалку мајка од онаа првата. Само дискутираме дека е УБАВ ГЕСТ, аман. И никој не рече дека МОРА злато. Има обичен накит кој е далеку поефтин (ова како пример).
другарка ми се породи во Америка,ништо не доби до мажот е,до фамилијата не до државата ниту пак е традиција
Ја не знам дали е обичај или не, ама знам дека сакам да добијам подарок од него Партнерската поддршка си е едно - независно дали има тука бебе или не, таа секогаш е пожелна вниманието и грижата што ќе ги посветува на бебето и околу бебето се друго, тоа му е родителска одговорност, и не го прави тоа за мене, туку за неговото дете. Е сега, зашто сакам подарок за породувањето........затоа што тој никогаш нема да ја има таа чест да роди дете. Таа привилегија е само на жената. И сакам со подарокот да ми го уважи тој чин, што преку мене тој станува татко. Е сега, и јас станувам мајка поради него, можам и јас него да му подарам нешто. Ама.......мислам дека женската улога во ова е поважна, бидејќи бебето 9 месеци се крчка во мојот стомак и јас сум одговорна за нас двајца. Мажот е претежно немоќен во тие 9 месеци, и тоа треба да го уважи на некој начин. Абе сакам подарок, што да кажам сега Нејќам злата и телефони, не сум многу по тоа, ниту коли да ми купува, нешто креативно и специфично сакам
Не ги исчитав сите мислења наназад, ќе кажам за мене. Јас кога се породив со првото дете мм ми поклони едно златно ланче. Јас не носам накит воопшто, особено не злато, ама ланчето си го носам уште. Мало е, дискретно и не ми пречи. Напротив, ми значи. Не оти му текнало на мм, тоа е масло на сестра му, ама пак ми значи. За второто не добив ништо оти сестра му не беше тука. Моето мислење е дека не требало да фрлаат пари за непотребни работи, туку да се искористат попрактично, за бебето, на пример.
Јас од мм добив прекрасна златна алка. Не му побарав јас, сам сакал да ми подари нешто. Кога ми ја даде ми рече да ја носиш, кога ќе ја гледам стално ќе ме потсетува на најубавиот ден во мојот живот. Си ја нозам и многу ми значеше што и покрај сета збрка со породувањето му текнало да ме изненади. Реално не постои жена што не сака да добие подарок, не мора да е злато, било што како знак на внимание
Со оглед на фактот дека мм не се прибира дома од проби и настапи - не верувам дека ќе има време да ми купи подарок. А и не би ни сакала, најдобар подарок ми е кога е до мене во најтешките и најсреќните моменти.
Мајками ми купи златно ланче, свекрва ми златен прстен, не очекував особено од свекрва ми баш ме зачуди Мм ми купи голем букет цвеќиња и ми го донесе В болница и то ми се јави ме праша каква боја да ми купел му реков каква сакаш ти, ми стоеше В соба до мене, овде дозволуваат цвеќиња В соба. Дома беше украсено со балони кога си дојдовме. А мм ми вети дека кога ќе си одиме за МК ќе ми купел нешто златно бидејќи знае дека овде не ми се допаѓа златото нема убави работи и е пет пати поскапо од кај нас. В зима има дебело да го потрошам Инаку и јас знам дека ова не е ништо ново го имало уште многу одамна да и се купи нешто на жената кога ќе се породи. Јас си сакам поклони ама дури бевме во врска знаеше многу повеќе да ме изненади и да ми купи нешто без јас да знам. А сега некогаш кога ќе му речам ми немаш одамна купено нешто ми вели парите знаиш кај се земи купи си се што сакаш или ми ја дава неговата картичка, ама не е тоа работата јас и онака си купувам и без тој да ми речи проблемот е што сакам и тој некогаш со нешто да ме изненади. Едит: инаку многу ми значеше што беше цело време со мене во болница за време на породувањето точно 24 часа беше премногу уморен и гладен. Цело време ме држеше за рака, и мислам дека од тогаш повеќе го засакав Не очекував дека ќе издржи се да гледа бидејќи од крв му се лоши ама издржа дури и папочната врвца тој ја пресече.
Нема жена што не би сакала да добие подароче, а особено после целиот тој мачен процес на породување. Не зборам за злато или други скапи подароци, туку за мал знак на внимание. Јас при излегување од болница добив букет цвеќе во кутија, голем балон, и огромна мечка. Сликата како маж ми чека во ходник со таа огромна мечка, цвеќето и балонот, никогаш нема да ја заборавам.
Кај мене има таков адет, обичај како сакате наречете го, подарок за породување, push baby. Јас за дијаманти раѓав, кога видов што ми подари мм после породувањето со првиот син одам уште две ги родив, да се обогатам де. На сите ни е најголем подарок здраво, живо бебе ама не е на одмет и со мало внимание да бидеме уважени за тој чин. Точно е колку што сум јас родител толку и мм ама он не ги носел 9 месеци во стомакот, не се мачел со мачнини, вртоглавица, мочање на секој 5 минути, болки во кичма, нозе и на крај не истуркал од него во мојот случај 4150, 4585 и 3870 бебиња низ родилниот канал е богами заслужив да ми биде нешто подарено. Мм беше заедно со мене на трите породувања, неизмерно многу ми значеше неговото присуство, ги користеше и породилното што им следува на татковците, со првото 2 недели, со второто 4 недели а со третото му следуваа 8 недели, сето тоа и плус подароци.
Се распрашав кај постари во фамилијата, сите имаат добиено по нешто за децата. Дури и баба ми на времето за мајка ми и вујко ми добила. Значи не е нова мода, не е измишљотина од вчера или нешто видено од филмовите.