1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Што добивте како подароци на вашата свадба? Ве консултираа ли пријателите и роднините? Добивте повеќе подароци или пари?

    Имам читано разни смешнни (траги-комични) стории за идиотски и моронски подароци и празни пликоа давани како подарок и тоа дури и од блиски пријатели или роднини. Затоа многу паметно е додека го правите пречекот да си запишете (да ви помогне деверот) на кратко да запише на се од кого е, дека често таквите подароци и не се потпишани. Практично е што сепак верувам дека ќе сакате да знаете што е од кого, а и во иднина да знаете со колкава мера треба да возвратите... сепак нели.

    Јас правам свадба за месец ипол, и веројатно најинтересна ќе ми биде вечерта после свадбата - отварање подароци и броење пари. :rofl:
     
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    еве јас да си кажам за мене,на нашата свадба речиси на 99,9% од поклоните, и пликата пишуваше од кого се, а инаку сите фото студија во бт конкретно снимаат кога влегуваат гостите,затоа што прво ги пречекуваат родителите, а потоа одат да се поздрават и сликаат со младите, така да и да не е напишано, подоцна можиш да видиш од цд кој шо ти донесол ;)
    а и заборавив да кажам блиските сите не прашаа што сакаме, но и на нашите покани пишуваше поклон во плик, така да им ја олеснивме работата :lol:
    а за тоа дека има луге кои доагаат со безвезни поклони, секако има, кај нас не конкретно ама кај нашиот девер на свадбата имаа одено цели фамилии со една кујнска вага,чинија за овошје. мислам срамота е ама не мислат сите :devil:
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Кај мене во фамилија, сите сме договорени за свадби да носаиме пари, кога се работи за нашиот круг. Кога бевме на свадба кај братучед, сите ние од неговата страна си се придржувавме на договорот, а од кај невестата поклоните беа катастрофа. Имаше значи слики купени од пастичарската улица на тема ,,Коњи на пој,, некои шољи за кафе од време на Ное и кај такви па и подзакршени, некои керамички садови (незнам како се викаат тие точно) за печење во шпорет на дрва, а најсмешно беше што имаше 4-5 плика празни, непотпишани :D
     
  4. natasaltd

    natasaltd Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    48
    да пишам поклон у плико??? :x :tmi: Aко не сакам да се трошам ич свадба не правам
     
    На AnnaMm, Mantub, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Знам, и јас имам читано како знаат да носат пликоа, и тоа непотпишани, нормални кога се празни, особено ако на поканата е наведено подарок во плик. А, иако попрактично е младите да се прашаат или да се однесат пари, непријатно ми е да напишам подарок во плик на поканата... иако мислам дека на повеќето им е јасно дека парите се најдобредојдени на новопечениот брачен пар.
     
  6. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште немам правено свадба, но ќе ви кажам за свадбата на вујко ми каков оригинален т.е. катастрофален подарок прими.Дедо ми имаше позајмено пари од едни роднини и кога дојдоа на свадба тие истите донесоа плико,се разбира потпишано, внатре во пликото имаше само едно ливче, во кое пишуваше: од парите што ни ги должите задржете си толку и толку!!!!!!!!хаос
     
    На Bezopasna2002, krEM4Eto, ennaz и 2 други им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :x :x :x

    Јас за мојата свадба собрав пари и само неколку поклони. Најблиските ме прашаа и си решив што и како од кој најдраг ми е на првата братучетка чија идеја беше Пауер џусер и си кажав дека сакам и имаше едно 2-3 пара шољи за кафе кои беа утнати ама ги однесов на викендица и таму се за употреба како и 2 пара есцајк за 12 луѓе и си имам сега за 24 :)
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Aуу на што ме потсетивте :D :^) нас само ли колку дупли поклони ни донесоа,филџани,после оние стаклени длабоки за овошје,чинии од дедо ное,важно немаше нешто ептен да ни се засвига :worried: имаше и подарок пари,имаше од најбликсите другарки прекрасни слики,од дома моите стриковци,дедовци ни подарија телевизор,перална и машина за миење чинии-тоа беше убаво од најблиските,а од останатие :tmi: знам дека некои парови пишуваат намерно на поканите сакаме паричен подарок и знам еден случај каде што навистина беше така и сите пари донесоа.
    Oвде знаете ли како е? Mи се смее кога ке се сетам :rofl: :rofl: :rofl: Mладенциве им пишуваат во поканите на гостите пример сакаме да ни подарите миксер од икеа или на други сакаме машина за кафе од икеа си бираат некои големи продавници за се,и на секој гостин им пишува што сакаат да им донесат,и вистина лугево носат,да беше пак во Mкд замислете си како ке беше,ке речат лугето е како да не,ама пак од друга страна младенциве нема да имаат дупли поклони :D :!:
     
  9. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Ние решивме во поканите да вметнеме нешто како визит картичка ке дојде со натпис Ве молиме подарокот во плико, и така да 99% од поклоните ни беа во пари и кога ке го средуваме станот ке ги искористиме. Си ги ставивме во банка и готово. Мене ми беше срам па маж ми ги носеше :)
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.981
    Пол:
    Женски
    :D :D :D Кога само ќе се потсетам,освем подароците од најблиските се друго беше гола вода,керамички филџани,тенџериња од пазар,тањири за не знам колку личности со пердуви се гледаше дека беа извадени од некој кокошарник ,нормално без име, :rofl: :rofl: лустери некои :?: ама комплетно без врска,да ми е сега овој памет нема да правам свадба или ке напишам на поканата подарок во плик,нека бидат и 200 денари ама ќе си купам јас што сакам и што ми се допаѓа :talk:
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас за поклон во плик не сум да се напише во поканата.....Нормално дека е подобро да соберам пари отколку глуп подарок, но некој сакал да ти направи чест да дојде. Треба да обезбеди превоз, па ќе сака слика, па да се облече, а крпи крај со крај...И има можност да земе некој подарок на рати, на картица...Јас да добијам покана со натпис поклон во плик или нема да отидам на свадба или ќе дадам празен плик со ливче еве ви подорок и ќе се потпишам. Јас имам другарка..искрено си и кажав дека немам многу пари, и за одредена сума што сака како подарок....Мислам ќе ме убиеше..Добив одговор дека тој ден сака да бидам со неа и ништо повеќе.
     
    На ReinaDeCielo, Bezopasna2002, Amelia и 4 други им се допаѓа ова.
  12. barbi4e

    barbi4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    8
    C C C C C STVARNO SRAMOTA...zatoa jas sum sepak za da se ostane na ona pravilo da se povikaat SAMO NAJBLISKITE pa makar i svadbata da mi e so 100dusi ama ke ja napravam da ima i od pile mleko...odkolku da gi vikam tetki strini vujni na tatko mi majkami sto me nemaat videno pa da me brukaat so prazni plikoa...a za toa POKLON VO PLIKO...mislam deka PO MIZERNA RABOTA OD TOA NEMA...kako prvo NIKOJ VOOPSTO NE E NI DOLZEN DAKUPI POKLON TI PRAVIS ZABAVA...gi kanis da proslavite a ne za da ti donesat poklon a kamoli da mu potenciras sto...sramota bolje ne pravi svadba
     
    На ReinaDeCielo, Milobebence, Angela12345 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Според мене тоа што напишавме поклон во плико е сосема ок. Никој на никого не забранил ако сака да донесе подарок тоа да не го стори.
     
    На Bezopasna2002 и black_lover им се допаѓа ова.
  14. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Сеуште го немам поминато ова ама еден ден кога би правела свадба ако некој ме праша ќе си кажам пари ако не директно во покана срам ми е да напишам поклон во плик. Е сега пред некои 5-6 години имам видено прекрасна покана во која индиректно е посочено дека сакаат пари ама никако не ми текнува на текстот :tmi: :tmi:. Отприлика беше нешто како од две семејства кои имаат се се соединуваат младенците и дека всушност од се сега ќе имаат дупло нешто така ама текстот стварно беше прекрасен. :)
    Ако некој видел ваков текст нека ми го пише
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Богами алал да им е :clap:
    Од една страна должат од друга страна ќе се ку*чиме. Ако немаат пари ќе си викнат кум, старосват, родители на еден ручек и чао.
    Дедо ти се изненади дека вујко ти еден ден ќе се жени? Не ги разбирам луѓево што гледаат денес за денес.

    Мене тоа со барањето пари во плик ми е просјачење.

    Многу ми е важен поклонот и не се лигавам во стилот мене не ми е важно кој што донел, битно ми е, ми значи, ме радува... и тоа не секогаш од гледна точка на тоа колку вреди туку колку некој мислел на мене, колку сакал да ми погоди.
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сите блиски кога не' прашуваа што сакаме за свадба, одговорот беше-пари. Им кажував подобро донесете ми 200 денари отколку некои си сервиси за јадење што никогаш нема да ги искористам.
    И 95% беа послушни :D , донесоа пари.
    А инаку добивме (малку но сепак прекрасни) подароци. Блендери 2 (мал и голем), фритеза, уметничка слика, фрижидер, професионална пегла, ѕиден украс.... Па мислам дека тоа е тоа. А празни пликови немавме, но имавме неколку непотпишани пликови (но потоа си се кажаа тие непотпишаните).
    Пребројувањето на парите беше најинтересен дел од завршетокот на свадбената вечер :D
    Сума сумарум задоволна си легнав по свадбата :)
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не го разбирам концептот на правење свадба од над 100 гости и при тоа да пишеш на поканите,подарок во плик...Нели тоа е веселба,не е важно материјалното,важно е да ви дојдат што повеќе да прославите квалитетно,нели едно време се одеше по свадби за правење честови?!Ако ти е трошок свадбата ич не прави или прави со поскромен број на гости.

    Мизерно ми е со извинение до тие што така направиле.Се случи на две свадби така да не поканат фамилијарно,мајка ми го дигна носот,а татко ми пак се фати за честта.Која чест човече,овие ти изнудуваат пари на твојата е*ана чесност.Јас и мајка ми напнавме да не одиме,зошто е страшно непристојно и не отидовме,ете им заштеда од 60 евра,поклон.Не е за парите или поклонот,туку за начинот.Јас ако сакам пари да ти дадам,ќе ти ги дадам и без да ми приспомнеш.Моите имаат навика на блиски роднини да даваме пари или покрупен апарат за домаќинство строго со прашање,на подалечни некој апарат за домаќинство,ама квалитетен и навистина функционален,сме давале и уметнички слики,ама сепак,тоа веќе ако им ги знаеш домот,па да го погодиш да одговара.

    У догледно време од мене свадба нема да биде,ама и да биде,ако биде,100 души гости,не ради трошокот туку зошто ќе биде ради мој личен кејф и баш заради ваквите погрешни сфаќања со поклоните и недоумиците во кои преовладува на крајот лицемерието и намќор фаците.Едно е јасно,родителите на младите прават за да се отсрамат пред народ,младите за да соберат пари и принцезичките да облечат бело и да се подзанесуваат,а гостите доаѓаат за да не увредат и да покажат почит и при тоа гледаат најевтино да поминат и што сега јас тука да ги принудувам?!
    Моите у тоа комунизмот добиле еден куп сервиси дома можам ресторан да отворам до тој степен па дури и материјал за да си сошиеш нешто.Глупости у боја,само најблиските им купиле покрупно по договор и според можностите.

    И патем махерски потег на човекот шо пишал она со ливчето у плик со текст - парите шо ни ги дужите,тоа ви се поклон.Прво се заебал сам поштено,ама барем и го поразил тој шо му ги дужи.Поштено...не можеш да замериш.
     
    На tessie, Skyfall, Buttterfly и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    А јас тутурутка, and as romantic and irrealistic as I sometimes am, си викам, парот едвај чека да легне, да се налегне, да се одлегне и слично, они сите поклони и пари бројат :D

    Јас не сум имала свадба, и не сум сигурна дали еден ден ќе имам, но ако имам ќе им пишам листа на поклони на гостите:
    - БМВ за мене
    - Масерати за мужот
    - новото Фиќо за детето, здравје
    - одмор на Сао Томе и Принсипе
    - колиба на Хаваи за мајка ми

    Не знам, мене ми е глупаво да се пишува на поканата и воопшто да се спомнува нешто за поклонот. Тоа ко прво. Човече правиш свадба. Ако ти е финтата до поклони пиши си - ве канам на хуманитарна акција за собирање поклони за нашето домаќинство. Крунисуваш љубов, не сопствен финансиски фонд.
    Јасно ми е дека се очекуваат поклони, нешто како на роденден, очекуваш но ако не добиеш нема да се налутиш. Ама да ги изнудува некој е тоа ми е смешно некако и да не речам крајно, некултурно. Замислувам пар со доларчиња на очите ко Баја Патак.
    (се надевам никој нема да се навреди, кажувам јас како гледам на работите)

    Но сум се сретнала со се и сешто. На пример во Германија и општо во западните земји не е невообичаено да си добиеш со поканата списоче кој што треба да им купи на младоженците. И така фино лепо ако ти се падне машина за перење, си идеш во Горење и им ја купуваш :)

    На една свадба кај што бев, кај близок другар, се консултиравме цело друштво и решивме, дека бидејќи другарот со девојката, живеат заедно некое време во среден стан и ништо веќе не им треба, да им собереме пари за меден месец - и бидна, и си го исполнија сонот -отидоа на Нов Зеланд и Австралија. Значи сите гости колективно им собравме пари :)

    Не сум била на многу свадби но таму кај што сум била, претпочитам да давам поклони, бидејќи се работи за навистина блиски личности и точно знам што ќе ги израдува а што не. Се случува и да се консултирам ако се работи за блиска другарка. Една дури и ме молеше ништо да не и купувам. Знаеше дека треба да поминам многу километри и ми рече дека тоа што ќе дојдам е веќе поклон за неа. И токму тоа го ценам. А да, да ми се насолзија очите, не викам не :)

    А ко што се знам себеси ни списочево нема да имам карактер да го пишам. Шмрк за БМВ-то. А може ќе пишам - подарете ми магаренце.
    Жими се, многу сакам магаренциња :wasntme:
     
    На ReinaDeCielo, Bezopasna2002, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Еј македонска работа.
    Апсолутна мизерија, да правам свадба само да испособерам поклони од роднините.
    Но лично го имам видено и чуено на свадбите на луѓево околку мене, кај што тоа собирањето подароци им е така стратешки испланирано, чиниш цела свадба е со акцент на парите, фрижидерот, шпоретот или лежајот за добар брачен живот на младите.
    Разбирам дека се млад брачен пар што си има потреба од работи за да си отпочне живот, но како овие што јас ги имам чуено да се џафкаат за подароци со коментари во стилот, ни парите од порцијата што им ја дадовме не си ја вративме ми се ко на битпазар женишта се фатиле за коса. Па ако е така ич не прави голема свадба, нити ќе се потрошам, кога веќе знам дека си имам роднини од кои не можам да очекувам ВРЕДЕН подарок, нити пак нив ќе ги ставам во незгодна ситуација, да се чуствуваат обврзани од една страна да ми дојдат да ми направат чест, а од друга да мораат да ми донесат не знам си каков подарок.
    Знам има многу случаи и кога гостите си се прави к**нази па си идат со празни кутии, полни не знам си што, или празни пликови :wasntme: ама велам заборавиле да стават, склерозата ги удрила од радост да ја видат убавата нееста :?: ама велам |( .
    Јас затоа и воопшто не сакам свадба, барем не традиционална свадба и така радо би си ги избегнала сите роднини на исто место ем они спасени од подарок да ми носат ем ја спасена од коментарите колку незадоволни биле од музиката, храната или не знам си што пошто и тоа го слушам и јас топ да си поминам на својата свадба, пошто сепак би било моја свадба не на мајка ми, татко ми или стрините мои, нејќам да ме потплукнат со евра, автомобил, брачен кревет, можам и ко моите да почнам да живеам под кирија без ниту една лажица и да створам свое, ама знам дека кога ќе остарам и кога ќе се сеќавам мојата свадба ќе биде сеќавање не за поклоните како ми ги делеле, не за поклоните како сум ги отварала на прва брачна ноќ него за лудиот и незаборавен провод дента и уште полудиот и незаборавен провод вечерта кој продолжил и наредниот ден без бабици-мабици да ми идат да уште еднаш ме потплукнат и видат дал сум уба ил’ не, не ми требаат да им покажам бело чаршаФче со крвче, туку да се затворам на неколку дена да се изнауживам и така да ми почне животот со тој што сакам..
    Па на стари години кога ќе го гледам на тој ден секогаш да имам блажена насмевка, чиниш со слатко сум си ја намачкала устата мхм, мхм..
     
    На guguence, Hopeful, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.309
    Допаѓања:
    101.440
    Пол:
    Женски
    Јас не одам на оние свадби каде пишува поклон во плик. Еве од кои причини. Во плик под 50 евра не се ставаат. А за помалце од 50 евра може да се купи поклон. Кој сака поклон во плик, според мене нека е доблесен да отвори хуманитарна жиро сметка па таму да ги уплаќаме парите или за некој фондација. А инаку јас да му ја плаќам свадбата не грациас. Извинете ако некој навредив ама тоа е мој став. Поубаво ми е да си отварам поклони отколку да бројам пари. Што вика Пирамитка, како пајо паторот со доларчината. Мене лично ќе ми значи да ми дојде тој што сум го поканила па макар и само орбит мастики пакетце да ми донесе. Да видам се се радува за мене и мојата среќа.
     
    На ReinaDeCielo, Mantub, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.