Еве и ние планираме да пишеме на поканите поклон во плико, глупаво не глупаво ич не ми е гајле. Ќе пишеме од причина што јас и вереникот имаме купено се дома, од најмала ситница до најголема, не ми треба уште една правосмукалка, уште еден тостер, соковник или чаши или сервис со измината мода пошто повеќето тоа знаат да донесат Колку има толку нека стават, бар нека гледаат да си ја покријат порцијата , кога одам јас на свадба тоа гледам бар да ја покријам порцијата Па и ако немаат повеќе и 1000 денари да стават нека, повеќе ќе ми се најдат од пеглата која ќе ја купат исто толку а веќе ја имам дома
Ако некој намислил да ти купи тостер, ке ти купи тостер. Пишувала ти поклон во плик или не, веке ретко кој носи поклони. Тоа што ти е тебе традиција за да одиш на свадба за поклон и остало, не значи дека и на твоите гости им е нормално и дека можат тоа да го изведат. Јас ќе имам луѓе кои ги замолив да дојдат без поклон затоа што знам дека 1-во со 15-ти не го врзуваат, а не па за поклони да имаат, и дека ми е важно да ги гледам на мојата свадба и знам дека свет ќе им значи да дојдат. А она макар 1000 ден, размисли колку се 1 000 ден на некој кој што има 9 000 плата ко проавачка во маркет на пример. Може да земе на рати нешто да ти купи од ќеиф, и ти ќе и го преречеш? Не разбирам. И ние сме фул опремени, ама не размислуваме вака воопшто. Затоа што за свабата си собравме сами пари и ќе си ја направиме на раат, ама само за да се развеселиме а не да собереме поклони. Не те напаѓам, немам никакво право, само дебатирам.
Како бре така барем порцијата да гледаат да си ја покријат Кога викате дома гости очекувате на крај да ви остават пари за тоа што го јаделе, пијеле????????? Значи правењето на свадба и канењето на гости во случајов е исклучиво за да се соберат пари И јас бев фул опремена, живеевме заедно со вереникот скоро 4 години, подароци не ми требаа а ниту пари, затоа на сите поканети гости им напоменавме дека парите кои мислат да ги потрошат на подарок да ги уплатат во добротворни цели, во фондација за болни деца во која е доста ангажиран мм. Ние ги поканивме гостите затоа што сакавме да ја поделиме со нив радоста за стапувањето во брак а не ги гледавме низ призмата на пари или пак подароци, сме сакале да си правиме свадба и не гледам зошто гостите би биле должни да ни ја платат.
Неможам да не го искоментирам болдираното. Не сме сите со исти можности,за некого една 1000 и те како е многу, ако за вас 1000 денари е нешто најмалку што може да се потроши. Извинете ама со 1000 денари се поминува недела дена со храна во едно домаќинство. Човек што има плата 8000-9000 со таа 1000 што ја чекаш ти да ти ја стават во пликото ќе се храни една недела. Затоа сметам дека не е културно на тие што сакаш да ти дојдат на свадба да им правиш притисок со колку треба да се појави и во кој облик да биде поклонот, тогаш подобро не го кани. Имав пример еден пријател ме викаше за старосватица да му бидам. Првенствено јас не сметав дека треба да бидам, а второ навистина не бев при пари. И водиме со него дискусија и тој ми вели "ама не се секирај за парите, ако немаш пари не е проблем, еве ако си решила и само 200 евра да ми дадеш, супер, јас пак ќе бидам задоволен" И го гледам и си преќутев, ама за мене во тој момент 200 евра беа страшно многу, а за него беше некоја долна граница некоја смешна сума, и се разбира го одбив. Имав неколку покани на кои пишуваше поклон во плик, од принцип ги тргам на страна и не одам. Извинете некако ми е простачки некој од мене да чека да се опари и да си покрие свој трошок, штом е така не одам ич и не им правам и нив трошок да ме наранат таа вечер.
Морам да ве прашам, ова со запишувањето на подароците првпат сега слушам, од секогаш ли вака се правело по свадби? Јас кај што сум била на свадби не сум приметила дека некој стоел да запишува. Јас сум носела пари во плико, и ставам честитка внатре со нешто интересно напишано, и се потпишувам. Не ја сфаќам логиката на запишувањето, некако нормално ми е да се потпишеш дека е од тебе... Здравје за моја свадба најверојатно не би напишала поклон во плик, ама доколку идниот маж би ми инсистирал, не би имала голем проблем со тоа. Не го сфаќам како навреда, но сепак не би сакала да се доведам во ситуација некој да ми искоментира како некој гостин дошол со 500 денари затоа што немал повеќе, а назначено било да биде поклон во плико. Би се радувала на секаков подарок, тие луѓе ќе дојдат за да прослават еден убав ден со мене и моето семејтво, па и без подарок да се, битно дошле. Реално, мислам дека веќе е дојдено време каде ако се доволно блиски ќе дојдат да те прашаат што сакаш/што ти треба, или ако не ќе ти дадат пари за да сам си купиш. Освен ако не си ги поканиш сите баби од фамилијата (наместо помладите), е тогаш и да речеш во плико пак ќе ти дојдат со тањирите со фантастичен дезен (без заебанција, баба ми има сервис со македонски револуционери што моментално го користи ).
За среќа до сега и немам добиено покана со назначено поклон во плик, а апсолутно во ниеден момент не стана збор и кај нас такво нешто да се направи. Ефтино звучи, а тој став го дели и барем пола сала од поканетите, па не гледам зошто да ме коментираат. Ако се нема пари за свадба, не се прави свадба, и решен проблем. Ние имавме свадба од 170 луѓе, стварно најблиски (од нив пријатели и блиски колеги беа повеќе од половината, другите беа по 20тина семејни пријатели и само роднините со кои имаме редовен контакт). Согласно со тоа и не добивме непотребни подароци - 90% беа пари, и 10тина подароци кои сите ги употребивме - уметнички слики, пар ситни куќни апарати што ги немавме, преубави украси за дома и еден убав есцајг. Искрено и да не беше така, немаше да ми е криво - и немаше ни да помислам дека требало да барам поклон во плик.
За недела, две сум на свадба кај не толку блиски роднини. На младожењата не се ни сеќавам, па затоа не сакав да одам. Ама кога не канеле нагласиле фамилијарно да се оди. Зошто? Зошто луѓето се такви, сакаат да се покажат, види ме, син женам, 400-500 луѓе ќе имам. Во најскапиот и најкич ресторан во градов. Фенси покана, со цветичи и чипки, во луксузно плико. Го отварам пликото утредента и читам поклон во плик. Каде со тој памет? Дома периодов едвај преживуваме. Јас работам па има малку прилив на пари. Кога би оделе фамилијарно со моите би требало 3000 да ставиме минимум. А тие пари во кеш ги немаме. Со тие пари ќе платиме сметки, тие пари би биле пола рата за кредит. Моите не го изрегистрираа напишаното, знаат дека ќе купиме нешто за тие пари, на рати. Срамота е да условуваш човек на тој начин. Знаеме дека денес кеш немаат сите. А по срамота е да си просиш на сопствена свадба. Опремен си целосно и не ти требаат поклони, фино за тебе, прави ја свадбата за да го прославиш чинот, а не да присобереш некој денар.
Денес свадба се прави за да се заработи некој денар , или да се добие некој поклон Извинете ама тоа е вистината Ако правам свадба ке биде со најблиските кој ке ми биде мило да бидат со мене во тој битен момент, и заедно да ја споделиме радоста ! Јас не правев свадба , си бевме во матиЧно , и после тоа во ресторан со најблиските си бевме на веЧера ! И толку Мајками ги собрала дома блискиве роднини ги поЧастила исто со руЧек Поклон добивме од моите и од родителите на мм Да би правела свадба , знаејки колку е скапотија времево дојдено би ми било незгодно да оЧекувам од некој да ми носи поклон во плик Имаше слуЧка на свадба на кој присуствував да имаше нагласено Поклон во плик И секако си добија од поканети гости мои роднини кои немаат многу финансии , добија 1000 денари што испага дека ни порцијата не си ја платиле , и после им се лутеа као можеле , нели им било срам Ни срам ни глупо , лугето толку имале толку дале Крај
Мене и не ми е јасно како тоа добивате стари сервиси или празни плика , ако ти е близок ќе се потруди да те израдува . Ако нема пари штом ти е некој близок ќе разбереш и нема да биде гајле битно да присуствува. Ама така е кога каните луѓе кои не сте ги виделе со години или пријател на пријателот на твоите Нити ги гајле за вас дошле само сеир да направат и да си апнат и пивнат . Не разбирам зошто каните ојлевци и дојлевци ,повикајте си ги блиските луѓе сигурно нема да ви носат празни пликоа или лепени сервиси , ама не морало 500 души да има на свадата ,па и немам пари да ја платам па ајде ќе си барам од гостите
Баш ме занима дали некој сретнал покана со содржина- Поклон не треба,доволно е вашето присуство ! И после не се праеле свадбви ради финансиска добивска. Yeah right. Нормално освен чест на исклучоци кои си направиле мала интимна прослава со најблиските ,за разлика од оние кои свадбареле со 500 души од кои 450 прв пат во живот ги гледаат. Па сигурно нема да му однесам 200 евра на поклон на некој што 2 пати во живот го гледам и тоа последен пат сум го видела 5 години коа сме имале.
Тука може да пишувате што сакате ама во стварноста е сосема друго. Кога ќе потрошите огромна сума на пари за свадбата а за возврат ќе добиете сервиси што нема да ви користат нема да ви е сеедно, може би ми било ако бев милионерка ама бидејќи не сум, не ми е За 1000 денари секој има да одвои, па ќе се зајми бе, ете нас тоа ни се случило бевме на свадба кај кумашини и позајмивме зашто не сакавме да одиме кај луѓе кои ми значат многу со празни раце што се вели После тоа со порцијата, еве пример каде што мои блиски беа на свадба, и тогаш не беа баш при пари и однесоа 50 евра што не се баш малку, ама ете некој ги смета за малку, и се слушаа после коментари како јас им платив порции 60 евра а они со 50 евра дошле дека се гледа се гледа, тоа е факт,дека до сега слушам околу мене само муабети да си ја покријат бар порцијата, не е ова нешто ново и од мене измислено И ако една особа нема пари мислите ќе има да земе нешто на кредит? Па после да го одплаќа бог знае колку време, со камати и триста чуда, многу полесно е да стави пари колку има отколку да се задолжува. Со парите нема да ја отплатам свадбата за тоа мајка ми ќе земе кредит , која патем ќе биде мала свадба не споменав никаде 500 души, ресторан бараме моментално со пристапна цена, ако некој ме читал знае дека цело време барам ресторан каде што украсувањето е бесплатно, каде што машните не се наплаќат по 1 евро и се друго, никакво фалење нема да има :geek: се ќе е скромно и нормално, парите од свадбата ни се планирани за нешто друго, нешто што навистина ни е потребно, и кое сите го имаат а ние го немаме затоа не одма нафрлувајте се на некој без да знаете што како е, тука човек не смее да каже ништо одма се нафрлуваат како да си навредил некој боже боже За мене тоа не е просење, кога се оди на свадба се носи поклон, јас само кажувам дека сакам поклон во пари , не им пишувам ставете минимум 100 евра кој колку има толку нека стави
^ Неможам да се сожам дека секој има 1000 да одвои,бидејки има и луге што не работат или што се на една плата дома.Па кога ке ти земе тебе на рати нешто многу полесно би дошло 2-3 месеци да му тргаат 1000 од сметка,отколку да ти ги бапне тебе на рака.Можеби имале тој месец ти кога ке правиш свадбата непланирани трошоци,па немаат доволно кеш во себе.Или треба однапред фонд за твоја свадба да направат и да штедат ,за недај боже да не случајно снемаат пари да ти дадат. Ако ти е голем трошок свадба ондак не ја прави,собери си ги најблиските од кои со сигурност знаеш дека ти ги исполнат твоите желби и каприци а парите искористи си ги за тоа што ти треба да си купиш. Ако ти си зајмела пари за да отидеш негде,не мора да значи дека и некој треба да питачи од родители и пријатели за да ти донесе тоа што ти сакаш. Никогаш,ама баш НИКОГАШ не би отишла да зајмам од блиски пари за таков повод.Попрво нема да отидам на таа толку дотична свадба. Али ти знаеш најдобро. Него јас за роденден сакам нова кола.Да им пишам ли на поканите на гостиве што ке ги канам да дадат донација ,пошо не ми се свигаат поклоните што ми ги носат?!?
Како што кажав ако нема некој пари ќе нема ни за тостер ни за на кредит да земе ни за нешто друго ! И не навредувај , ако е каприц свадба со едвај 100 души, во ефтин ресторан тогаш, свадбата како поим е каприц ај никој да не прави сега зашто нели ќе се трошат луѓето И со причина се дава поканата унапред да си видат луѓето дали можат да си дозволат да дојдат или не, или според тебе за да соберат пари и да ми ги бапнат мене на рака некој нема пари а има пари да земе на кредит, е како тоа? Ако картичките им се без пари, отидени во минус кој знае колку кој ќе ти даде на кредит И мене не ми беше срам да позајмам за да отидам на свадба кај луѓе кај што моите родители се кумови, што требаше да не им отидеме на свадба зашто немавме пари или да отидеме со празни раце ? И крај краева што ве интересира толку дали јас или некој друг ќе пише поклон во плико, дали ја правиме свадбата за пари поклони или што ти знам, не знам што толку се потресувате за нешто што не се однесува на вас Не ми е јасно зашто толку ви пречи тоа "поклон во плико" не пишува поклон од 200 евра пишува само поклон во плико и по десетти пат ако некој не е при пари, колку има толку нека стави. Вчера баш муабетевме со братучед на вереникот кој ни вели обавезно да си пишете поклон во плико, така ние тогаш се мислевме дали да пишеме или не, и на крај не пишавме и добивме 5 скари, кои моментално ни седат во подрум, а да пишеле и да им ги дале тие 500 денари колку и да чинат скарите ќе си купеа со нив па макар и најмала ситница ама многу попотребна. Се носат многу непотребни работи а сигурно на некој ќе му биде помило да му го користиш поклонот отколку да го зафрлиш некаде, а како да го користам ако не ми е потребен.. Моја работа е како и зашто ќе ја правам свадбата јас само пишав тука мое мислење, не побарав ваше мислење дали е тоа исправно или не. А, споредбава роденден со свадба која се прави еднаш во животот ти е.. Јас па си мислев дека само малите дечиња пишуваат покани за родендени Јас моите другарки само ги собирам и ги почестувам нешто, без притоа да очекувам поклон од нив, се случувало и да не ми донесат и никогаш не сум и нема ни да замерам,ама ете некој и од родендени собира поклони Ако некој има поинакво мислење од вас тоа е нормално знаете, не одма потрчавте, ќе ме потепате
Полека anastasijaki не сме тука да се навредуваме, туку да дискутираме. Нормално е да имаме различни мислења и секој има права да се искаже. Еве јас сум една од тие што не прави свадба за да не ги троши луѓето околу себе. И тоа најпрво несакав да ги трошиме родителите кои и онака до сега мнооогу ни помогнаа финансиски па сега и со ваков трошок да ги оптеретиме, а несакав ни родниниве да ги трошам зошто знам многу добро дека немаат (добро де не сум ни љубител на свадби ај да не подлажнувам). Само знаш што, штом ти правиш мала свадба со едвај 100 гости па ти немаш никаков проблем дали поклон или пари ќе ти дадат. Затоа што тоа ти се блиските кои и онака ќе те прашаат што сакаш. Проблем со поклоните е кога свадбата е голема па се поканети гости со кои едвај пет реченици си разменил во овој живот, а камо ли што поклон сакаш. Ама знаш што, тие таквите да ги наречам аутсајдери што не им е гајле за младите туку дојдени се ради редот да го истераат пак ќе си постапат како намислиле и ќе донесат тоа што они намислиле, без разлика што пишува на поканата. Сакам да кажам има примери каде е пишано поклон во плик, и луѓево пак си носат поклони, многу не го фермаат пишаното.
Јас никој не навредив, некој друг ме навредуваше мене, без да ме познава и да знае што како е, па дури и ми ја направи свадбата со 500 души, па за фалење па ова па она, па каприци сум имала, желби што ти знам , нели со свадбата ќе си ги исполнам моите каприци, кутрата јас чекав свадба да направам за да купам што сакам Инаку вереникот е тој кој сака да пишеме, јас ќе имам многуу малце гости, да мене ќе ме прашаат, ама него не, он има толку тетки и чичковци со кои воопшто не е близок, ама мораме да ги каниме зашто сепак се браќа и сестри на неговите , и баш затоа што знае како правеле на други свадби ќе пишеме поклон во плико, или сервиси и чаршафи не ни бегаат верувале или не , да тоа носеле ај не вреди да се дискутира повеќе, кој како сака така нека си прави, не мора одма нафрлување, не е ова прв пат да пише човек нешто и одма да му се нафрлат ако не мислат и они исто така
^ А не правиш свадба за да го прославиш венчањето со твојата љубов? Нели ги викаш тие луѓе затоа што сакаш заедно да се провеселите? Или пак толку ти значат поклоните? Ако немаш пари, не прави свадба. Викни ги само твоите и неговите во ресторан и со 100 евра ќе поминеш. Не е логично да сакаш од поклоните да си ги вратиш вложените пари во свадбата. Јас кога би правела, би ги викнала само луѓето што ми значат, без тетки и стрини што не знам како изгледаат. Ќе си ги пружам нозете колку ми е чергата и нема зошто после да очекувам гостите да ми ја исплаќаат свадбата. Штета е што повеќето гледаат се низ призмата на парите. Па дури и свадбите. Греота е да кажеш дека 1000ка не е ништо. Не е ако секогаш си ја имала таа 1000ка. Дојди да те видам да преживуваш два дена со 100 денари.
Повторно се алудира на нешто за кое не се знае, имам осетено и знам како е на крај на месец да немаш пари ни за автобус, ама кога некој кој ми значи ме поканил на свадба сум се зајмила и сум отишла, па после сме враќале. Моите сакаат да ми направат скромна свадба, сакаат и неговите,сестра му не правеше свадба па сакаат на синот да направат, родители се, ако не се радуваат на свадба на свое дете на што треба, ќе каниме само роднини, тие му се нему тетки и чичковци кои ги има многу па затоа не ни може да е близок со сите, и он настојува да пишеме така толку поради тоа, бидејќи се постари па си се водат по тоа дека уште се носи сервиси,ќебиња и јамболии,фритези, експрес лонци на свадба како пред многу години. Ете ние дома имаме 2 експрес лонци кои мајка ми во живот не ги употребила И не знам како со 1000 денари ќе ја платам јас свадбата нема да ја платам ама ете ќе си купам да кажеме завеса која ми е потребна, а сервисот кој ќе ми го дадат на пример нема да го користам и ќе го зафрлам некаде И секој си знае за себе и за своите гости, дали имаат можност да донесат нешто или не, јас пак не сфаќам што ми се нафрливте толку, вие ми ги познавате гостите или јас? Знам дека имаат да одвојат 1000 денари , и сакам таа илјадарка да ми ја дадат, место да ми купат нешто што не ми е потребно. Како тоа сите вие знаете како му е на некој дома , дали има пари или не, ете јас секој ден имам по една илјадарка во новчаник камо да беше така
Јас правев мала свадба околу 30 души севкупно.... и најмалку што очекував дека треба пари да добијам .... а ми фалат многууууу работи што повеќето ги имааат... Да добијам покана каде ми пишува поклон во плик... нема очи да ми видат а какмо ли плик.... Од кај знаеш ти јас со колку пари живеам и како го ранам семејството... можда за мене 1000 денари многу е.....што треба да се срамам ако ти донесам нешто што можам на потврда од работа да го земам како бела техника....на пример... и да го плаќам 24 месеци по 350 денари а? Девојче не летај тие што сакаат пари да дадат ќе ти дадат, тие што сакаат поклон и да пишеш и не тоа и ќе донесат... Малку симни се на земја.... што ке им кажеш кога треба на крштевка и повојница да ти дојдат... се имам за бебето пари давајте.... Подалеку од луѓе ко тебе што човекот јко банкнота го гледаат.....
Колку што ја разбрав јас девојкава (а и 99% од останатите кои нагласуваат поклон во плик) сака да си спечали од свадбата. Родителите ќе ја платат, ќе зајмат, ќе отплаќаат кредити со години, а госпоѓицата ќе си собере парички. Шо' убо така, а јас глупава нејќам свадба.
Абе нема грешка, вие сите тука принципиелни, луѓе без грешка и мани, на кои парите не им се битни форумов совршен да ти бил, види ти оладете малце ајде, кој како сака така ќе прави, што вас ве занима тоа пак не сфаќам ако се навредувате од такви покани не идете на такви свадби и готово. Мене ни ми смета ни ништо а сум добила неколку такви покани и сум отишла на тие свадби, и уште поубаво сум им дала пари место да мислам што да им купам и дали ќе им се свиѓа тоа А, како тоа вие за мене знаете дали јас имам секој ден илјадарка или не м? Ете така и јас знам дали моите роднини имаат да си приуштат или не, па роднини се не се комшии MishellBN не навредувај јас па од такви особи бегам што не знаат да водат дискусија без навреди, а патем водат дискусија со непозната особа, за која по некое чудо они се знаат го проценуваат човека за помалце од 5 минути и тоа виртуелно An-a кажи некој што не земал кредит за свадба? Освен оние секако што имаат пари, моите сакаат и моите земаат , не ги присилувам јас со сила да ми прават свадба, како сакам јас ќе си правам, ти уживкај си ајде, не ти личи на годините да префрлаш вакви нешта. Ај така, карајте си се вие, јас отидов да си поуживам во денов со мажето