Подароците од вашата свадба

Discussion in 'Свадба' started by girl1985, May 19, 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    Не се караат Ане,си кажаа мислење.Јас до сега не сум добила поклон во плик покана,а да добијам некогаш би одела само доколку имам финансии.Aма сметам дека денес и без да се пише поклон во плик,скоро сите со плик одат,ретко кој сервиси носи,мож некој подалечен. јас лично не би правела свадба ако очекувам гостите да ми ја покријат порцијат ,Ами ќе си речами не правам свадба.и општо прашање,не алудирам на никој овде,ама се запрашувам бе што толку мора да се прави свадба?па цело село да го напоиш и најадеш....ако немаш финансии.јас не можам да си дозволам да го заглавам татко ми,самохран родител со вакви каприци кога си знам чергата до кај ми е бе,а да пишам поклон во плик тоа па ич,и да очекувам мене да тетките да ми го покријат трошокот.ама тоа сум јас и моето мислење,кој што сака нека си пише на поканата :)
     
    ilipili, Mishela and MacenceEna like this.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    Анастисијаки бе не ти дојдовме дома да те прашаме дали ќе пишуваш поклон во плик :D сама си напиша , а ние овде дискутираме ,не дека се работи специјално за тебе и ти мрчиме зошто пишуваш , дискутираме општо за феноменот поклон во плик :D ти сама се најде погодена .
    Уживај си , не може сите исто да мислиме . Некој смета дека е во ред некој не ;)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    Ако не сметате дека е во ред подобро не ни одете на свадбата. Гледам дека сте толку увредени од тоа поклон во плик што стварно е најдобро да не ни одите.
    Да ве прашам нешто, ако некој ваш ептен близок напише на поканата поклон во плик дали ќе му го речете ова што тука го пишувате, дека е навредливо? Или само тука на форум ова јавно вака го кажувате?
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    Тој ептен близок,ако вистина те цени и сака да си му на свадба :) а знае дека крај со крај не скрпуваш,и така ќе те викне,да ја споделите среќата :) А ние. Нлично на најблиските секогаш сме носеле поклон во плик :) не морали да ни потенцираат.јас не би се осеќала увредена да примам таква покана,ама јас не би пишала така :) зошто мора да се потенцира поклонот,нели љубовта е во прв план тој ден :)
     
    ilipili likes this.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Ако до толку не ви се битни поклоните, што не напишете: Ве молиме без поклони ?

    Како тоа, сите, ама баш сите невести што ги познавам, трчаат да ги видат поклоните, одма ги отвараат, се радуваат и жалат на истите, прераскажуваат што убаво, ама и што глупаво добиле.
    Се лутат кога некому дале 100 евра, а сега добиле пегла од 2000ден. Итн.

    А, овде наголемо ми мириса лицемерие. Што чудо ќе бесе ова, никој не сака поклони. Ма немој!
    И присуството било најбитно?
    Чиво присуство ??
    На 70% роднини и далечни пријатели кои одвај ги познавате ???

    Има една изрека: ако појдеш на гости, врзи си го петелот дома.
    Како што ние сме оделе и сме правеле честови (а, некогаш и не сме биле при многу пари), така и тие нека вратат. Колку можат, толку.


    Анастасијаки, без разлика дали ти ќе напишеш поклон во плик или не, луѓето секако ќе си прераскажуваат како поминале и што виделе од свадбата.
    Таков е народот, никому не можеш да угодиш. Секогаш ги има и задоволни и незадоволни.

    Ние од дома секогаш сме носеле пари, ама ако пишувало некаде поклон в плик, секогаш тоа сме го носеле пак, не сме терале инает, ајде ќе купиме поклон.

    Такво дојде времето, нема срам. Сепак не правите лицемерие, си кажувате најискрено, и тоа го ценам.

    И не знам што толку се зачудивте со изјавата: *Да ја платат барем порцијата*...????????

    Постарите луѓе откако паметам кажувале: свадба се прави за да се соберат поклони., ама и да однесиш поклон МИНИМУМ на порцијата, зошто свадбата е трошок.

    Мене лично ми е незамисливо, да појдиме од дома 4 луѓе со 1000 ден, а колку чинат порциите?

    Зошто има луѓе кои ем немаат пари, ем по свадби (и други себапи) ги носат и децата и цело семејство да се изнајадат и изнапијат.
    Затоа најдобро е секој да си ги пушти нозете до цергата.
     
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    5,235
    Likes Received:
    48,518
    Gender:
    Female
    mimiiiii какво дискутирање? Па види последниве страни само ме напаѓаат мене, како јас да сум го измислила ова и јас да сум единствена , не , како да сум ги навредила уште подобро :o
    Почнаа дури и да се секираат како тоа моите ќе отплаќаат кредит,па како ова она, они мене ме направија размазена девојка полна со каприци од едно мое мислење на темата кое воопшто не ни требаше да ги тангира нив, зашто пишав на темата не им пишав на нив :!: читав и се чудев што читам :|
    Мое си е зашто како и од кои причини ќе правам свадба, они слободно можат да кажат мислење на темава , ама не и да ми реплицираат мене со навреди кога немаат право а не ме ни познаваат.
     
    eleni23 likes this.
  7. Responsible

    Responsible Популарен член

    Joined:
    Apr 20, 2011
    Messages:
    354
    Likes Received:
    434
    Gender:
    Female
    Јас лично не би напишала поклон во плик, но не ни ги осудувам оние што пишуваат.

    Друго, страшно ми е криво кога некој ќе ги преврти очите и ќе рече дека не добиле доволно пари или убави поклони а одат на свадба со 10 евра. Па нормално колку носиш толку ќе ти носат.

    Лично свадба би правела за мој кејф и во никој случај не би ми било криво ако некој што нема пари ни месецот да го преживее дојде со 5 евра, но би ми било криво ако некој којшто е полн со пари дојде со 5-10 евра. |( Жив пример е мојот комшија што има голема фирма и се прави милионер а на свадби оди со кошничка за кифли!!! Додека пак на мајка ми братучетка од свадбата од двете страни собра 10 000 евра! Нормално жената цел живот носела скапи поклони па сега и враќаат.

    Ние никогаш немаме отидено со 1000 денари. На први братучеди моите секогаш даваат по 100 евра, а на другите зависи 50евра, 35 евра, но никогаш помалку.
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    А каде пишува дека мора да се канат луѓе кои едвај ги познавате ? Убаво рече колку ви е долга чергата толку ќе си ги пуштите нозете . Поарно ќе си ги поканам тие 30 посто кои ми се блиски одколку да дигам кредити па после да чекам од гостите пари да си го надоместам трошокот .
    Ќе ми замерат ли ? А што ми е гајле кога едвај ги познавам :D ми нема логика ... што ќе речат луѓето е работава .
     
  9. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Joined:
    Sep 2, 2011
    Messages:
    419
    Likes Received:
    231
    Незнам зошто од тој аспект само се гледа на поклон во плик?
    Едноставно јас имам пари, имам се, имам стан опремен, постелнини, сервиси, чуда, не ми требаат вишок работи кои нема никогаш можеби да ги искористам.
    Пред малку истово го дискутирав со пријатели кои скоро се земаа. Некои си им донеле подарок фигура, украс огромен коњ! Не знаеле како да го постават како треба да стои фигурата. Сигурно лупнале 1000 ден за подарокот, па поарно да ми ја даделе таа 1000ка да си купам јас што мислам, отколку коњот во соба до тв да ми стои, па ако не стои да прашаат каде е кога ќе дојдат на гости, а мене не ми се допаѓа подарокот воопшто и немам намера да го ставам некаде.
    Ете во тоа е поентата.
    Не е за заработка и сл, туку моментот е не носи нешто што не знаеш дали им треба, дали ќе им се допадне и сл. За подарок за роденден се премислуваме 10 пати а не па за подарок за на свадба.
    И до 500 ден ако мислиш да купиш подарок, абе дај ми ги во плик, шољи за кафе не ми требаат едноставно.
    Јас да добијам покана и да пишува подарок во плик, би им однела онолку колку што чини сервис чинии пример (во зависност од тоа што сум планирала да им купам)! Не би се навредила во никој случај, можеби затоа што и јас истото би го направила.
    Ќебиња, јоргани немора да се мачи никој, сама ќе купам.
     
    eleni23, anastasijaki and Ilusionist like this.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2011
    Messages:
    2,177
    Likes Received:
    5,898
    И јас имав опремен стан и не ми фалеше ништо посебно, но поентата е баш што кога викаш блиски луѓе на свадба, тие тоа и го знаат. Од 170 гости добивме само 10тина подароци, од кои ама баш сите ги употребуваме (уметнички слики, некои мали кујнски апарати и убави украси).
    Ако викаш луѓе што не ти се блиски, и правиш голема свадба, тогаш со назначување на поклон во плик само се отвора простор половина од салата да те коментира, а мене лично би ми било непријатно. Но како што јас за мојата свадба не сакав никој да ми се меша, не ми е ни цел некого да напаѓам или разубедувам, едиснствемо го давам моето мислење - бидејќи ова е форум на крај на краиштата.
     
  11. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Joined:
    Sep 2, 2011
    Messages:
    419
    Likes Received:
    231
    Секој има право на свое мислење, тоа никој неможе да го оспори, туку моментот е дека не треба да се напаѓаме едни со други зошто така би им пишала на поканите, како не ти е срам, ја не идам да добијам таква покана итн. Од една страна и тоа се ставови, само немора да сме толку сурови, а од друга страна па и немора да сме толку осетливи кој како ни вратил, едноставно секој си го кажува својот став и завршена е приказната. Кога веќе пишувате на форум треба да сте подготвени и на позитивни и на негативни критики, само да не дојде до осуда!!!

    Офф топик... За подарок во плик, секој си има своја причина за истото. Мене ми е глупост да правам свадба огромна и за истата да земам кредит или пак моите да ги заглавувам со кредити, нема шанси! Свадба на денешно време е луксуз, во оваа немаштија, да гоштеваш 200 луѓе, ама тоа е мое мислење.
    Подарок, секако парите се секогаш најдобар подарок, според мене! Неможе на секој да му се погоди, па и на невестата да и се допаѓа, на младоженецот може нема да му се допадне и пак не е „успешен“ подарокот.
    Комшииве мои во Австралија живеат 40 год, за ќерката и тука свадба правеа (иако таму живее со момчето), епа со кој памет за свадба добија од баби и стрини (блиски роднини) ќебиња и јоргани дупли? Ај тоа кажете ми? Ќе речеш ете сите знаат дека нема да седат тука, како да не!
    Добиле комплет прибор за ручање не за 6 туку за 24 лица! И што, тука нешто оставија, за некогаш ако се вратат (што нема да се случи), другото по блиски роднини разделија за да не стојат работите за џабе. После спомнаа требаше да пишеме подарок во плик на поканите, ама после свадба тупани џабе се.

    Некој погоре спомна да ме зборат пола гости затоа што ќе пишам подарок во плик на покана. Нема потреба да доаѓаат ако се навредиле, а ако ме сакаат и почитуваат, како мене така и момчето мое, ќе сфатат за што станува збор и ќе се согласат со моето мислење... па на крај краева нема потреба ни да дојдат, ако имаат намера да ме оговараат.
     
    eleni23 likes this.
  12. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    997
    Likes Received:
    325
    Gender:
    Female
    Имаш подршка и од мене за се што си напишала а верувам и од многумина. Секој збор ти е на место.БРАВО!!!
     
    anastasijaki and Sweetheart87 like this.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,733
    Likes Received:
    38,466
    Gender:
    Female
    Не знам зошто сите и се нафрливте на Anastasijaki. Нејзино право е дали ќе напише на поканите Поклон во плик или не. На мене не ми се допаѓа тоа Поклон во плик, ама тоа не мора да значи дека треба да ја напаѓам. Повеќето од младите што пишуваат на поканите Поклон во плик го прават тоа затоа што дома имаат се што им треба и не сакаат да добијат дупли поклони. Ама ако некој сака на младите да им донесе поклон, џабе ќе им биде на младите што на поканите ќе напишат Поклон во плик. Ако не сакате да собирате секакви поклони, не канете ојлевци-дојлевци на свадба. Поканете ги поблиските. Некој можеби ќе рече - А што ако некој немал многу пари, па ти донел сервис за кафе? Поарно да ми ги дал парите што ги дал за сервисот за кафе, макар да биле и 500 денари, отколку сервисот да ми стои во кутија. Јас кога одам на свадби гледам да ја платам порцијата. Ако немам пари да ја платам, нема да отидам на таа свадба.
     
    eleni23 and anastasijaki like this.
  14. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Joined:
    Feb 21, 2013
    Messages:
    58
    Likes Received:
    19
    НЕ ЗНАМ КАДЕ СЕ ГЛЕДАШ НАВРЕДЕНА....
    а констатацијата за водење дискусии од каде ти е дека се со прекор?
    за 5 мин проценка тоа ти е некако како дарба...
    Убаво си кажа ова е форум и овде секој си пишува свое мислење... ти бараше совет ние го даваме...толку... јас кога правев свадба од тебе не барав совет.....
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    5,235
    Likes Received:
    48,518
    Gender:
    Female
    Ти си во заблуда жено, јас совет од НИКОЈ не барав, па најмалце од тебе, само пишав мислење на темава, каде виде да пишам или да прашам дали е во ред тоа или не, дали треба вака или така? :o :emo: |( Она совети мене ми давала :rofl:
    Многу ти фала за непотребниот и НЕПОБАРАН совет :makeup:
     
  16. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2011
    Messages:
    500
    Likes Received:
    2,109
    Gender:
    Female
    Најлицемерно од цела тема и општо е коа ќе чујам: „Абе вишокот поклони се чуваат у подрум, на таван или у шпајз“. Абе ајде демек не ги користите за поклони на родендени, слави па и свадби. :?:

    Најсвеж пример за муабетот „поклон во плико„ е моја колешка на факс, од добро потковано семејство со финансии. Биле на свадба и сите четворица поминале со 100 денари. Онака од инат ради поклон у плико. :lol:

    Што мислите дека тие што имаат пари, баш за Вас што ве виделе 2 пати у животот ќе се задолжуваат со кредити - рати и што ти ја знам?! Абе ајде. У принцип и онака се силиме на оние што немаат. Сиромав чоек со четиричлено семејство да дојде на свадба со 50 евра пак ќе е малце. Дека се факинг четворица, а не двајца. А да дојдат обратно од богати семејства со дупло помал поклон у плико, пак ќе си молчат младоженците и старите, пошо нели у прилог е да се имаат познати од „високото друштво“.
     
    Hipica likes this.
  17. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2013
    Messages:
    177
    Likes Received:
    116
    Побезобразно од ова досега немам прочитано. Ако некој ми тргнал инат да ми прави на моја лична свадба кај што сум му направила чест и сум го поканила, а ми враќа со инат тогаш подобро никогаш повеќе да не го видам, а не па уште лажно да ми се весели на свадба. Мислам која мизерија, подобро не носи ништо или не иди на свадба на крај краева ако се чуствуваш навреден заради фамозново поклон во плик, ама вака покварено и ниско однесување - не!
     
    eleni23 and anastasijaki like this.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,733
    Likes Received:
    38,466
    Gender:
    Female
    Има и такви што на свадби даваат празни пликоа. Е тоа е ептен за срамота.
     
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    1,670
    Likes Received:
    11,529
    Читам и се чудам... Во неделата правевме свадба, денес ги отворивме поклоните и пликоата. Прво, не е точно дека сите невести трчаат ко муви без глави да ги отворат поклоните, ниту пак дека во раце ги гледавме што носат. Некој дотичен се осуди да побара од нас да гледа колку пари сме добиле и од кого, не им беше дозолено, и ние не знаеме Не сме незнам колку имотни ние, издржаваме едно чудо луѓе дома. Немавме напишано покана во плик, имавме свадба од 125 луѓе, добивме 99% пари, и прекрасни поклони. Уметничка слика, пекач, уникатен украс направен за нас, прекрасен сервис, и слично. Ништо не би сменила за тие поклони, парите ќе ги здробиме одма и за 5-6 години нема ништо да знам, а поклоните ќе ги гледам и памтам цел живот. Имавме 7 луѓе вкупно кои дојдоа без подарок затоа што ние така ги замоливме, сакавме да дојдат а немаат пари леб да јадат. Дојдоа, и свадбата ни ја направија. Пробаа да одбијат порција, не им дозволивме, значи "зијан" сме отишле според некои особи тука. Не сум јас света Елена, ни пак маж ми. Ама си ја добивме свадбата од соништата која сами си ја плативме, без кредити со штедење и жртвување. Пак ќе повторам, ниту напаѓам, ниту се докажувам. Само споделувам најтазе искуство!
     
    Annath, andromedae, kate21 and 13 others like this.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,826
    Е многу голема чест ќе ми направи некој ако ме покани на свадба само за да му однесам поклон во плико |( Дефиницијата за ЧЕСТ не ви е точна, отворете друг речник.
     
    elena.mak, Annath, SexiLy and 3 others like this.