Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.740
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто? Затоа што мене ми е глупаво кога некој ме поистоветува со банкомат и секогаш кога ќе ми стаса таква покана ја игнорирам и не одам на таа свадба, бидејќи тоа доволно ми кажува за луѓето што ја прават и како тие ме гледаат мене. Мислам... на што личи тоа бе кога некој на кого што треба да му биде чест што си одвоил време и си го испочитувал со твоето присуство на свадбата, да те условува дали и каков подарок ќе однесеш?
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    ^Па убаво правиш што не одиш, подобро тоа отколку да бидеш лицемерна и од инат да ставиш сто денари.
    Жалосно до каде им оди паметот на некои луѓе. Инаку никој не ми одогвори дали кога ќе добијат покана од блиски на која пишува поклон во плик реагираат некако, ама очигледно и молкот е одговор на прашањето. И нормално е кога одиш на свадба да однесеш поклон, никој тоа не го условува, едноставно е прифатено така од општеството. Се вреѓате ли ако ви кажат што поклон сакате да ви донесат и што им треба? Или ако ви речат, ете ако се некои блиски, да им однесете пари од инат ќе им однесете некој сервис? Не го сфаќам тоа со инатот никако, па боље од инат не иди.
     
    На eleni23, LilBaby, anastasijaki и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Нормално дека кога ќе ти донесат покана нема да им го кажеш твоето мислење за поклон во плик, чиста култура е тоа. Што треба, да и се јавиш на невестата и да и го расипеш периодот за да си го искажеш ставот дека ти е глупаво да примаш покани на кои си условена што да носиш?
    Ти ќе знаеш дека оставаш простор да те зборнат што си пишала поклон во плик, оставаш простор да те наречат некултурна пример, без осет...Тие кога ќе дојдат на свадба а не можеле да стават во плик туку донеле поклон, знаат дека оставаат простор да ти ги наречеш нив некултурни или инат ти тераат што не ти донеле пари, значи секој си толкува како сака и ете непријатна ситуација. А зошто? Затоа што не сакаш некој сервис вишок да ти биде, голема работа, демек нема да му се најде намена во текот на годините. Па и така да стои, поклон е а не лоша зделка.
     
    На Annath, mimiiiii, midnight.flower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Незнам зошто се крева толкава "прашина" околу тоа - поклон во плик - |( .

    Искрено, никогаш немам замерено ниту се имам навредено доколку во поканата ми пишува поклон во плик. И без тоа, мене ми е полесно да им дадам пари за самите да си купат што им треба, отколку да мислам што би им користело и дали би им се допаѓало за да им го купам.

    Голема работа се тие три збора :^) .... па уште и навредени па и на свадба нема да одат :x
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Јас им се радувам многу, со среќа нека им е, ама очигледно тие со побараното не се радуваат на самиот чин -свадба, љубов и среќа, туку бараат начин да примат повеќе пари (а не поклони, да не случајно се погоди некој кој нема да им одговара, за џабе фрлени ќе се парите за порциите за тие гости :P ) за да си се опремат за периодот кој им следи.

    И не, на НИКОЈ никогаш нема да му речам „Ова што го напиша сметам дека не е во ред“, зошто како што кажа Скорпионка, од почит не ми се дава :) Јас ќе им го славам чинот свадба, ќе им однесам поклон во плик (зошто тоа ќе ги израдува), а тие нека слават што сакаат ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Фолирање е да напишете дека е морално оправдано и пристојно на некого да му кажуваш што да ти поклони. Јас не се срамам да одам на свадба кај некој близок кој ми доставил таква покана. Јас тој близок не престанувам да го сакам, ниту да го почитувам само од овој еден гест. Ама секак дека ќе ми биде смешен тој некој да ми дојде со таква покана, посебно ако тој е полн со пари (ама да не се лажам, секако ќе ми е смешно). Ако некој толку ниско се одлучува од својата свадба да направи профит пеким. И да немаш пари ти нема да правиш таква свадба. Да не се лажеме, лакоми сте си.

    А уште еден принцип не сфаќам, вие давате за поклон онолку колку вас ви е дадено! Вака убаво звучи ама се прашувам дали секој може да си дозволи да поклони исто што и него му било поклонето. Еве мајка ми на сите братучеди за дипломска им даде пари, а мене само две тетки. И сега што да си мислам јас за нив?!
    Сфатете дека некој нема пари да си купи тоалетна за дома, а не па да ви дава поклон во плик или пак да се заложува по луѓе за вашата желба да ви ја плати порцијата јадење во хотел. Најефтина порција е 5 евра, 300 и нешто денари е тоа нели? Да ставиме двајца да ви се дојдени имате 600 денари. Колку богати ќе ве направат тие, а колку човечност ќе збришат во вас истите?!
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ А ако младенците имаат пари и решат во Александар Палас, Роџер или Мулино да прават свадба, дали според погорните пресметки тоа ќе значи дека и повеќе пари за поклон ќе треба да се однесе? :?:
    Мислам, кога веќе се пишува поклон во плик, нека се наведе и која порција ја одбрале, чисто да им е уште полесно на гостите, да знаат која е минималната сума со која треба да се појават :D

    Ај шала на страна, за мене не е воопшто во ред, и ниту ние напишавме такво нешто, ниту до сега сум добила таква покана.
     
    На ana-banana, Annath, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Значи тоа е, фршти лицемерие кај нашиов народ, факт е дека што и да направиш ќе те оговараат. Затоа девојки ако ви одговара да си пишете поклон во плик пишете си, барем да имате и фајде од оговарањето.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Штом велиш дека тоа што им го преќутуваме нашиот став за поклон во плик на оние кои не поканиле на таков начин е лицемерие, тогаш ти кажи ми дали ќе им кажеш што мислиш на оние кои ќе ти стават 300 ден или ќе ти донесат празен плик или ефтини филџани за кафе за инат?
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Па фала Богу на мојата свадба немаше такви работи, имам кажано дека не испочитуваа луѓето. Имав случај блиски пријатели да беа во шкрипец тогаш, па дојдоа само со една бонбониера, а потоа ни дадоа пари, иако им рековме дека воопшто нема потреба, дека ни е само мило што дошле, луѓето не сакаа ни да слушнат за тоа. А не од инат да стават сто денари или да дојдат со еден сервис за тие пари.
    На твоето прашање можам само хипотетички да одговорам, не знам, не ми се случило, ама ако биле некои што знам дека имале пари и од инат го направиле тоа, да, со сарказам ќе им дадам до знаење дека не ми се допаднала нивната постапка, тоа е прво непокажување на почит, а и после тешко дека би продолжил контактот со таквите луѓе, со некој што не те испочитувал на таков ден што е еднаш во животот.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    И мене искрено не ми е јасно.
    Сте се запнале со тоа пари во плик... а Американците што се регистрираат за одредени производи во продавници и стоковни куќи, одиш таму, ти го даваат списокот и бираш подарок (што они претходно го одбрале)... и што - не е истото?

    Факт е дека тој ден е за младоженците и треба да се испочитуваат нивните желби.
    Никој нема да ви стави нож под грло ако им однесете и подарок, ама многу ми е чудно што се запнале со вашето инсистирање... добар подарок чини исто колку и парите што ќе ги тутнете во пликот. Исто му доаѓа.

    Лицемерно било што си напишале подарок во плик бре... |( вие сте себични што инсистирате да однесете подарок кој ви се допаднал вам (под претпоставка дека е можно да им се допадне и ним), отколку да испочитувате нечија желба.

    Јас лично не би напишала дека преферирам ПОДАРОК ВО ПЛИК, иако преферирам искрено, кој може да ти погоди 100 подароци жити сè, ама вакви размислувања ме спречуваат во тоа.
    Нејсе, и 500 ден. во плик се подобри од некое `рѓосано тенџере или глупав сервис и тоа е моето мислење.
     
    На eleni23, elanor, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^^Значи пак се работи за пресметки дали некој има, нема, дали ми донел од инат или моментално е во шкрипец и колку со поклонот не испочитувал. Штом ти дошол на свадба ти си веќе испочитувана и тука треба да е крајот на твоите размисли а не после прегледување на поклоните. Освен ако не добиеш мртва глава од животно тогаш мислам дека очигледно се работи за непочитување :D
    Не треба да е наша работа. Не можеш да знаеш со сигурност па претпоставки се во прашање и на крај однос ќе прекинеш со некој заради поклон на свадба.
     
    На Annath, Bozica1980 и Moira им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Значи, не се разбираме...

    За мене ќе зборам - јас лично пре би однела пари него поклон ОСВЕН ако поинаку не ми нагласат младоженците (ако сме блиски и ми кажат дека нешто конкретно им треба), ама МЕ ИРИТИРА моментот со „Поклон во плик“ на поканата.

    Јас не велам дека ПО СЕКОЈА ЦЕНА ќе однесам поклон (себична да сум :D ) туку не се осеќам добредојдено кога некој ме вика да му славам свечен и убав момент СО ПАРИ ВО ПЛИК.
    Се разбираме сега?

    И себичноста има 2 страни, ама кој како си гледа на работите :)
     
    На Annath и irena.1 им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Ајде сега, да не се правиме дека сме мутави. :) Нормално дека е почитување, едноставно така стојат работите. Да дојде само од инат или само да ме оговара тоа на почит ти личи? Ама ете, битно дошол. Многу слободни имало тука во размислувањата, не знам зошто сте примале подароци на вашите свадби, требало да пишете дека не е задолжителен поклон. Па и тогаш ќе се најде некој што ќе рече, аууу види ја оваа, не сака да има поклон од нас, ете ти пак оговарање. Што ме враќа на претходниот пост, најубаво секој да си прави како што сака.
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Со другарка ми баш вечара го правевме муабетов за "поклон во плик" и она раскажува нејзина случка. Пред некој месец биле поканети кај пријатели на свадба она и дечко и на поканата пишувало поклон во плик, и добро си однеле они пари како што си барале овие на поканата. После само неколку недели они правеа свадба и тој истиот пријател што си барал пари да му даваат гостиве им се истопори на свадба со слика :D тоа па тоа, ако бараш пари место поклони и ти треба исто да постапуваш, а не мојот ред си помина сега ми е гајле, и она вика навредена сум, несакам да го видам.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^^
    А од каде знаеш дека тој што ти ја испочитувал твојата желба за подарок во плик нема да те оговара и не е таму за сеир? Очигледно мерилото е подарокот.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Него сликата му била вишок од неговата свадба, некој го заебал :rofl:

    Реинбоу, нормално дека се носи поклон на свадба, било каков, зошто таков е моментот. Ама да ограничуваш со избор без да знаеш 200 - 300 луѓе во каква ситуација се?

    Нас старосватите не ни дадоа поклон, во моментот не беа во можност, па никому ништо.
    Кумовите ништо не платија, не сакавме ние никој да има било каков издаток за НАШАТА свадба.
    Појма немам кој колку пари ни донесе, освен, како што кажа друга феминка пред мене - поклоните, секој од нив ни е драг спомен од тој ден и не би ги менувала за ниедни пари, зошто тие одма ги потрошивме и тоа појма немам каде :tmi:
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Ма сто посто сликата некој него му ја тутнал, и тоа реплика на слика :rofl:
    Кога ќе видиш на крај секој само својот интерес и ќар си го гледа, таков е мојот впечаток на тема свадби.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    А зошто ги ограничувам? Само сум изразила желба. И онака ќе донесат поклон зошто е таков моментот нели? Кога веќе дошле на свадба и носат поклон зошто да не им биде угодено на младите?
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Нареден пат кога ќе добијам таква покана ќе се јавам да си кажам што сакам вечерата да биде и на која маса да седам, и онака вечера даваат нели, јас само изразувам желба :D Како гостин сакам и мене да ми биде угодено, сепак домаќинот треба да се погрижи за гостинот а не обратно?
     
    На Annath, andromedae, Tomcia и 3 други им се допаѓа ова.