Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    Уште па ако ти дадат лоша вечера од типот на сув стек,рестован компир и прилог грашок со пченка да се пукнеш у колено што и поцијата што си ја платил и си ја чекал нема да ја чепнеш цела вечер. Ова од искуство кажувам пошо на последниве неколку свадби освен пирошките за предјело и неквалитетноно смедеревка вино од картон ништо убаво немало. :D :D :D

    Паднав во саботава на муабет со најдобрата другарка ,која исто сака да напише поклон во плик од проста причина што нејзините би викале и ојле дојле на свадба па нејке да заврши дома со 10 сервиси и чаршави. Нормално и го кажав мојот став дека не и го поштувам тој потег. Интересното беше што кога ја прашав што очекува од мене за поклон пошто знае дека не работам ,дека сум уште студент,знае дома ситуација каква ми е замолче.Викам колку мислиш дека треба да ти ставам во пликот за да тие пари ти завршат некоја работа а да не биде после муабетот ми дојде со 500ден. Повторно молк . Јас културно и кажав дека немам намера да ја заглавувам мајка ми у долгови да вади пари од картици за да имам да стаам 50 или 100 евра во плик за да ја испочитувам на правилен начин.Јебига немам. Срека она ми е прилично блиска па знае како е, за да очекува клучеви од кола од мене за свадба.
    Во секој случај видов дека од една страна кога се замисли стварно и падна глупо дека се лакоми ,дека утре заради таа нејзина лакомост може да не и дојде на таква веселба некој со кој целиот живот го поминала,ама ете од друга страна стои на ставот дека заради тие гости што ке ги викаат нејзините мора да пише така.Шта речи,за мене тоа е лакомење и израмнување стари сметки.Моите иделе носеле пари сеа и кај мене мораат да дојдат и да ми донесат пари.Тоа што пола од поканетите не ги знам и ги гледам 2 пати у живот друга работа.Битно е да се има голема свадба,другото не е битно. До сеа со моите на сите свадби сме носеле прилично големи суми па пари ,но тоа сме го праеле од кејф затоа што сме знаеле дека стварно ке им се најдат тие пари на младите а не затоа што некој однапред нашето присуство го условил со поклон во плик.
     
    На Annath, midnight.flower, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Замислете една ситуација...
    Имате дете и телефонски каните блиски на роденден. И детево во позадина вика - сакам точак, сакам робот, сакааммм...
    Додека оној од другата страна на слушалката ќе се смее и вика “ајј сонце мало, ќе му купи баба/тета/вујче...), вие без размислување инстиктивно ќе го прекорите детето (убедена сум).
    Културата нема да ви дозволи да биде поинаку.

    СДК желбите се желби, ама каде е културата?
     
    На Annath, Lilit, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686

    Па не е баш само „изразување желба“ кога си им напишала Поклон во плик, нели? Зошто се` што нема да е во „плик“ нема да биде добронамерно прифатено ;)

    И ако веќе одиме кон исполнување желби (за што апсолутно не се согласувам, зошто тој ден е ден на СИТЕ таму отидени, кога заедно со младенците го слават тој чин, нејсе) тогаш зошто и младенците не ги прашуваат гостите дали јадат свинско? Можеби само пилешко? Да не има и вегетаријанци?

    Гајле им е на младенците колку луѓе ќе земат кредит заради нив? Гајле им е колку луѓе ќе одат со главата надолу, зошто имале само 1000ден да им стават во плик, а отишле 4ца?
    Сите велите „и 500ден се подобри отколку промашен поклон“, ама ајде да ви ја видам фацата кога ќе отворите плик со толкав износ, а на поканата сте напишале дека само такви поклони примате.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    ^ Ако решиш да ја проносиш твојата венчаница уште еднаш, зошто да не :D , давај услови од таков тип. :D Провесели се со мерак.

    Значи пак ќе кажам - младенците и нивните желби се најважни, не ми е јасно што толку ве боцка. Јас пак пред некоја година имав специјален абер - дека не сакаат пари во плик, туку исклучиво подарок.
    Тоа е сега на кантар - помалку навредливо претпоставувам или?
    Не, тоа си е ЖЕЛБА што треба да се испочитува. :)

    И сум била на могу свадби каде што гостите биле вегетаријанци и имало вегетаријанско мени.
    Фацата во секој случај беше полоша при отварање на оние евтини слики од пластичарската уличка и некои демоде сервиси и чаши, отколку при пликови макар и со минимални суми или луѓе кои се извиниле што во моментот не можат да донесат подарок.
     
    На eleni23 и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.725
    Пол:
    Женски
    Тоа е работата, вие тоа поклон во плик го гледате како условување, а не желба на младите. Нели и онака се носи нешто што им треба на младите, па зошто е толку увредливо ако тоа се пари?
    Подобро некој да стави и 500 денари во плик отколку да земе поклон на кредит па потоа да го отплаќа. Јас барем така мислам. И ако знам дека некој не е во добра ситуација никогаш не би префрлила такво нешто.
    Сакав и да кажам за муабетот за гледањето кој колку ти донел. Јас немам запишано, не ни памтам додуша, а сега имав и имам неколку свадби. И не знам колку ми донеле и се се мислам да не однесам помалку, па да речат ете ја оваа, ние колку однесовме, а она колку донела. пошто нели веќе го утврдивме оговарањето како дел од секоја свадба. па може и попаметно ќе ми беше да знаев.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    И јас сега брзо сум на свадба (не толку блиска) и на поканата-пожелно е поклонот да биде во плик.
    А баш мислев една стаклена нешто како здела да им однесам, не за друго туку имам две од свабата, и тие јадните може неколку свадби поминале а никаде не останале, ама ај сега како таа стаклена здела да ја ставам во плик? :rofl:
    Туку, муабетот ми беше дека ниту за нашата свадба не баравме поклон во ПЛИК со поканата, тие што прашале моите им рекле дека сега за сега не ни требаат крупни работи, апарати, дека станбено не сме обезбедени и живееме со свекор свекрва. Но скоро сите ни донесоа поклон во плик бе, замисли :lol: . Имавме и неколку поклони-правосмукалка, два сервиси, тие двете здели стаклени :lol: , блендер, тенџериња, аспиратор, и да бидам искрена скоро сите работи ги употребив, освен двете стаклени здели, што чекам потенцијални свадби за да ги употребам (како поклон се разбира).
    Не дека сум скржава, или себична, ама мислам дека ќе поклонувам колку што ми поклониле, и мислам дека повеќето на свадби гледаат да поклонат колку може помалку, не гледаат колку си му однел.
    Имав неколку случаи од многу блиски роднини на кои моите им однесоа скапи поклони а ни вратија со третина од тоа што сме им го поклониле.
    Ама тоа е непочитување и скржавштина, а не тоа што мене ќе ми биде криво што некој бил скржав и не ми донел ништо вредно.
    Не очекував од свадбата дека ќе соберам пари за стан, но со тоа што собравме си купивме автомобил (половен ама многу добро сочуван :lol: ), зашто ако не ги вложевме во нешто, до сега ќе беа потрошени
    не за било што туку за живеачка, со оглед на немањето работа.

    И за крај ќе кажам дека ми се смешно тоа што пишуваат поклон во ПЛИК а не во КОВЕРТ :rofl:
    А за оговарање, ќе си оговараат секако, ако однесеш 1000 денари ќе оговараат зашто не биле 1500, ако однесеш 50 евра, ќе речат зашто не биле 100, исто е и со поклоните, види ја ми донела тенџере а требала тавче итн. Кој сака да си оговара и таков му е табиетот, нема врска поклонот во каква форма ќе го однесеш.
     
    На Annath, sanjaeva, midnight.flower и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^^^
    И тоа ли треба да е битно, каква ќе е фацата на младоженците кога ќе го отворат подарокот?
    Значи тогаш имам право да правам фаци ако не ми се допаѓа вечерата или бендот што свири како што они прават фаци на мојот подарок. И тоа ли е убав ден, свадбен ден? Да отвориме сите очишта кој што донел колку донел, што има на маса и сл. Така излегува. И од каде тоа правило дека желбите на младенците во врска со подарок треба да се испочитуваат? Јас досега не сум имала невеста која ми се јавила и ми кажала што сака да и донесам. Некултурно е нели? Така гледам и на подарок во плик.
     
    На Mama25, Annath, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Факт е дека најдобар подарок за свадба на млади кои што допрва треба да се куќат се пари. Но, не секој има да стави повеќе од 50 евра во плик, а не па повеќе, фамилија од 5-6 луѓе, сите по 1500 да стават ..оп 9000 е сега, за поклон ќе се снајдат, ќе земат нешто на рати. Па после ако тебе не ти се свиѓа можеш истото да го замениш. А за тие поклони од пластичарската, филџани, садови, имало и ќе има, луѓето може немаат вкус, може немаат пари.
    Искрено јас мразам слики, кинески вазни, знам каква ќе ми биде дневната, кујната па на сите ќе им кажувам за боја и слично. Не сакам џабе пари да се фрлаат. А и сите ќе го видат станот предходно така да ќе си знаат.
    Замисли сеа ја да носам поклон за свадба, пример соковник(лупнав така) и да однесам помаранџест?????????
    И никогаш нема да пишам поклон во плик, зошто никогаш не одам да такви свадби. Срам ми е да ставам само 3000 ден, а за тие пари микро ќе им купам. Глуп пример ама ете, реално можеш солиден подакор да земеш за мали пари а тој да вреди многу.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Ама тоа ТИ така сметаш дека е подобро, од каде знаеш НИВ како им е подобро?
    Може мажот ќе има можност преку работа од некоја продавница да земи нешто, па да му држат на плата 3-4-5 месеци, пари што распоредени така нема да се осетат како недостаток во фамилијата? И наеднаш доаѓаш ти (генерално зборам) и ОП, ги условуваш со поканата, се наоѓаат во тесно, нит можат да ти признаат, нит сакаат да си нарушат достоинство, па ќе се позајмуваат или ќе земаат кредит за да „исчистат образ“ зошто младенците таква желба изразиле.
    Посебично од ова - АМИН.

    И ти не можеш на сите да знаеш како им е дома. На тие што ќе знаеш - ќе одбиеш било каков поклон во плик, ама на тие што не знаеш?
    Затоа велиме подобро остави секој со својот ум да реши што ќе ти донесе, а младенците нека размислат кого ќе поканат, да не се туфкаат после со сервиси и чаршафи ;)
     
    На Annath, sanjaeva и Abeja им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    А каде умре она “на поклонет коњ заби не се гледаат“ :D

    Многу е смешно со тоа желби, па желби на младенците. Па повикајте си волшебници да ви бидат гости на свадба , а не баби и тетки и стрини :)
    Шала на страна, како може да ви биде ќеиф да пишете нешто такво и притоа да не помислите како некоја ваша драга особа, со радост ќе ја прими поканата и ќе и се стегне душата кога ќе ги прочита вашите желби ... а притоа нема да може на тоа да одговори. (или ќе и речете за тебе тоа не важи ...па да ја дотепате)
    На крај на краиштата родителите ја прават свадбата, па може ќе треба гостите и нив да им исполнат некоја желба.

    Абеја, дај пробај си ги тие стаклените здели, да не ти биде утре криво :)
     
    На Annath, duffi, SexiLy и 8 други им се допаѓа ова.
  11. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Аууу, богата дискусија се развила тука... :D

    Што ве гледам сте запнале за тие сервиси, па сервиси. За ручање ли? :lol: А бре ајде, колку и да се лош дизајн и квалитет, не е така страшно - ќе се најдат. Ние си имаме 2 сервиса од свадбата, не се којзнае што убави - ама ќе се најдат. Па чинии се тоа бре - се кршат. А на крајот од краиштата ако толку ви се испод нивото тие чинии, дајте ги некому, онака без повод, некому што нема „на подарениот коњ заби да му брои“.
    Тој што ќе ви донесе ефтин и невкусен подарок, исто толку и пари во коверт ќе ви донесе ( :!: и нема ни да се потпише).
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.725
    Пол:
    Женски
    Е тоа е тоа. Кога веќе е кажано поклон во плик ќе ги стави тие пари во плик, па и нека не се потпишува крај краева. Ама зошто тој сервис место само да ми фаќа? Јас се селев веќе еднаш, пак ќе се селам и со мене ќе мкнам поклони што не ми се ни потребни и немам ни место кај да ги ставам?
    И нема поента муабетов веќе, сите на истото си стојат и ќе си стојат, не дека нешто ќе се смени. Не дека ќе престане оговарањето, дали за поканата, за поклоните, за вечерата, фустанот на невестата, за шминката дали ја правела десет години постара... Тоа е тоа, делот од свадбата.
     
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Ај што сте вие,може мислеле на мал подарок што го собира во плик :D Привезок,острилка,можда рачно изработена честитка. :D :D :D Озбилно,ако добијам покана каде што пишува поклон во плик,ќе им запакувам нешто во пликот. :rofl: Мразам свадби и не одам баш од овие работи,ретко кој се весели на свадба. Повеќето се насекирани од трошоците,мрчаторски настроени и лицемерно ми е да присуствувам на такви прослави.
     
    На Srekicka, SexiLy, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Едната е ептен јака технологија, дури има под неа свеќички :rofl: Е сега не знам што функција имаат, дали имаат романтичен ефект или ако ставиш гравче од фрижидер, заостанато од вчера, па да си го подгрееш на свеќите, поима немам :lol: или па не сум упатена во тие работи.

    А најинтересно е кога ќе ти донесат некој чкљ поклон обавезно не го потпишуваат од кого е, а од прилика си знам и ми е криво што се скржави а дошле цела 4 члена фамилија (не не немој некој да помисли дека сум лоша па може немале пари луѓето бла бла, јас ако немам пари за нечија свадба, ќе однесам мал поклон, ама идните ми деца ќе ги оставам кај баба им и дедо им, да не мора луѓето да им плаќаат порции, а и мислам дека не се работело за немаштија, зашто им го знам стандардот на луѓето а и блиските роднински врски, ама јбг) А и пликовите со некои минимални суми не беа потпишани :lol: среќа малку беа. И си запишав јас си заааапишав кој колку ми донел, ама ливчето не знам кај ми е. Не дека сум толку злопамтило, ама на моите им беше најмногу криво, зашто видоа колку они се потресувале на туѓите свадби, ама тоа е, времето не може да се врати и совет до сите-не претерувајте со скапи подароци, утре од кај знаете дали ќе ви вратат приближно :devil: :rofl:
    И не е мала работа, свадбата се прави за задоволство на младоженците, за означување на денот, за прославување на бракот, но свадбата се прави најмногу за да им се даде и поддршка на младите да започнат заеднички живот и да им се помогне кој колку може, но несебична помош без злоба и љубомора, а не се биде скржав и кога се има (особено за блиските роднини)

    Најубаво си прават циганите, сред свадба во кафана на микрофон пред сите се кажува кој што донел, па да ги видам тогаш дали ќе ми дојдат со стаклена здела. :rofl: :rofl:
     
    На eleni23, midnight.flower и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    :rofl: :rofl:
    Во нив се послужува на маса, и свеќите одоздола се за да го одржуваат јадењето топло, да не треба да го држиш или притоплуваш пак во рерна :D
    Вака - така, и тоа ќе си најде примена, ако ништо друго - на друга свадба, па може ќе се погоди некоја домаќинка (од целиот круг што ќе го сврти поклонов) што ќе го искористи до максимум. Па бар да не ти е криво што си го дала :D
     
    На Bozica1980, Abeja и midnight.flower им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Богами и јас запишувам ... се.
    Поклоните од свадба ги запишав од ќеиф, демек да памтам, кој , што и со убаво да враќам.

    малку офф ама пак во контекст на муабетов...
    Пред да имам дете, од што сум дечар и најголем мерак ми е на дете да му угодам, кога ќе одевме на роденден, ако мојот поклон за детето не беше најубав и ако детето не му се израдуваше најмногу, бев како попарена кокшка, која секој момент може да заплаче. Арно ама, кога дојде ред кај моето дете да дојдат на роденден, се изнагледав чудесии од поклони. Е тогаш, фино-лепо списоче ...и ти на моето молив, јас исто. Кога е за дете многу боли. Ми беше како вреѓање, помалку сакање на моето од туѓото, така некако.
    на 8-от роденден ќерка ми добива поклон пантолончиња бр.6 (а машала за бр.10 беше) и гостинката вика-знам дека и се мали ама мнооооогу ми се свиѓаа :?: ... е арно драга моја и мене од помала серија повеќе ми се свиѓаат, не за друго упола се поефтини (лелеако чита на форумов ќе се познае :lol: )

    едит... Абеја ако те чита идната невеста и ти ќе бидеш разоткриена :) ... или давај ја другата помалку опишана здела.
     
    На eleni23, Mama25, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    260.693
    Пол:
    Женски
    Шала на страна ама ова е супер практично, особено ако имате по дома некоја слава, па уште ако е посна па топол грав за мерак ;)

    Гледам јас некогаш сум коментирала на темава ама не ми текнува што сум пишала па ај пак :lol:
    Не сум добила до сеа покана со нагласено поклон во плик ниту сум напишала така на мојата покана но не ми делува ни едното ни другото страшно. Имам еден пријател кој стално се зеза за свадбите вика и Виенската филхармонија да ја донесеш да свири на свадбата и најдобрите француски готвачи да готват некој секогаш ќе најде маана така да помалку потресување за кој што кажал.
    Да не бидам офф ние правевме мала свадба со 100тина луѓе од кои сите ги познавав, сите лично со мм ги поканивме. На тие што не прашаа им рековме дека сакаме пари бидејќи после свадбата градевме спрат, а оние кои не не прашаа ни донесоа супер подароци. Имаше и смешен сервис за ручање ама еве 4 год си јадеме во него и ко за беља ни едно тањирче не сум скршила, и дупли миксери и една слика што би рекла Трендафилка од пластичарската улица ама ако. Кој како мислел и колку имал.

    А понезгодно од да му кажеш некому поклон во плик мене ми е да им нагласиш колку од семејството треба да дојдат. Бев сведок сега за Велигден да се канат први братучеди на свадба и им кажаа дека иако се 4члено семејство нив ги планирале за 2ца, а они да си одлучат кои од нив ќе дојдат на славениците им било сеедно. Ова е поголемо непочитување според мене.
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^^ За тоа си во право sanjaeva.
    И јас на сите родендени и на повојница, гледам да однесам нешто многу убаво, а на блиските, богами и прилично скапо, и секогаш им кажувам од каде е земено, во случај да не му чини (или не му се допаѓа) да му го сменат. Ама се‘ некако ми се чини дека многу од „блиските“ ќе ме разочараат кога ќе дојде ред за мое дете, здравје боже, ама тоа е. И мајка ми секогаш ми велеше: „И јас како тебе кога бев помлада, на сите роднини и пријатели носев убави и скапи подароци, кога дојде на ред твојот роденден, сите си го покажаа лицето и многу ми беше мака“ (јас дека најмала од сите братучеди и братучедки, последно дошол мојот ред, а во тоа време барем немало вакви кризи како сега).

    Затоа, списоче и секому според заслугата! Не сум до толку скржава, ама не сум ни наивна!
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Не дека се правам мутава или глумам лудило ама вистина евиденција на подароци не водам. Ако ми остане нешто во сеќавање арно, инаку јок. Ми се има створено една таква одбивност на такви муабети кој, што, колку носи и кој колку вратил уште од мала кога ги слушав тетки, стрини, баби по дома, знаев дека немаат сол во очи да фрлат а главна тема им беше оваа. Па ако некој ти донесе помал поклон ајде оговарање, потсмевање, осуда како немаат срам, почит, па ти си била будала што си им носела...Не ми се допаѓа воопшто и не е во ред тоа за мене и крај.Списоци ниту сум правела ниту ќе правам.
     
    На Markusa2, Mama25, DeMelo и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Не може да ја даде, во комплет се двете, заедно со свеќите :rofl:
    Ете како фино завршила кај Божица :lol: Шала на страна, и јас го имам, и баш е ОК за на маса, делува романтично, што би рекла Абеја :D