Веќе искоментирав на темава, дека за мојата свадба не би пишала поклон во плик, ама не би ми сметало ако запне некој за тоа (па и да пишува голема работа ) Муабетет ми беше, пред 25 години на свадбата на моите, не пишувало на поканата поклон во плик, кога ги канеле гостите буквално сите ги поканиле, сосе деца и баби и стрини и се по ред, јадење пиење за извоз... И на крај искочил муабет дека ресторанот кај што славеле имал низок таван... Е јебига, секогаш можат да ти најдат нешто за да те оговараат ако сакаат. Така да идни невести, пишете си поклон во плик ако пари би ви завршиле добра работа, ич да не се секирате. И онака ќе ве зборат за нешто, барем вие да си направите како што мислите дека треба.
Планирам свадба следната година и читајќи тука баш се замсилив за ова подарок во плик - како добро би ми дошло ама сепак не би го напишала тоа, кој што сака нека донесе, па и да е ре-подарок, само нека се извесели. Не ни е културата таква, да бараме нешто да ни подарат за свадба како што прават на запад, кај нас се сфаќа тоа погрешно. А и онака најблиските ќе ги донесат најголемите подароци, ќе не прашаат што сакаме така да а пари - а подарок исто се фаќа. Комшијата кој што дошол од атер на моите ако пишам подарок во плик, нема ни да дојде или ќе остави 1000ка, и тоа со мрчење дека му испаѓа да си ја плати свадбата и како ние сме некултурни А и некој поблизок што не му е добра финансиската состојба, а не сака да се издаде, не мора да се препотува за мојата свадба како да дојде до пари. Исто и тоа канење дојдете само двајца или само еден е чиста глупост. Сум се нашла во таква ситуација - мала била свадбата, дојди сама (без дечко ми, кој и онака немаше да дојде). Па што ме кани и мене, нека заштеди. Кога ќе правам јас свадба да и кажам дојди без маж ти, смртно ќе се навреди. А се дружиме со години. Како и да е, разни луѓе - разни табиети и желби.
Инает, лицемерие, не знам што... Зошто да им го расипите денот на младите ??? Па дури и со лоша енергија и лоши мисли ??? Тоа е нивни ден. нека бидат весели и радосни. Споделете ја вашата среќа и подарете им нешто што ќе ги израдува !!!! Нека се пари, ако сакаат пари, отворете го кесето колку можете, никој не ви стави нож под грло и: давај парите !!! Поклонот се дава од срце. Јас кога давам поклон мислам на личноста, што таа сака, што и се допаѓа, сакам да и се допадне и израдува кога ќе го види. Иначе што ефект има поклонот? Само ради реда да се купело нешто ? Пример од дома: Спојлер На дотичните роднини, за свадба има даваме 100 евра, а од дома бевме само двајца. Потоа, тие ни враќаат на себап, со цела куќа од дома, и една статуа од дрвен коњ. И што да му правиме ние на коњот ? Малку сенекакви сувенири имаме дома, па уште и за коњ имаме место. И поубаво 500 ден. да донесеа, отколку коњот. И за информација, коњот го подаривме на еден другар кој обожава коњи. Онака, без причина, не за повод. )
Леле ама се исфрустриравте, ајде некоја нека пише што добила подарок на свадба, тоа е темата, нели И едно нешто не ми е јасно, ако одите на свадба и носите подарок како на пример тостер, кафемат што да е, зошто уствари го носите? Ради ред дека треба да однесете поклон или зашто сметате дека на младоженците им треба некој таков апарат? Бидејќи ако сметате дека им треба апарат за домаќинство исто така треба да сметате дека ќе им треба и пари во иднина, така што лично не гледам причина зашто да не им дадам пари, истите тие што имам намера да ги дадам пример за тостер. И уште едно нешто, некој погоре пишал дека ќе им се јави на младоженците да им каже што сака да има во порцијата за вечера, ма дај не бидете себични и љубоморни, колку и да сакате да бидете центар пажња тој ден со вакви испади, едноставно нема да бидете главни на нечија туѓа свадба, помирете се со тоа. Затоа спуштете се на земја, а на вашата свадба ако сакате можете и да ставите некој на врата да ги враќа подароците и пликоата назад на тие што ги донеле.
мене искрено ми е мизарно да им напишам на поканата дека подарокот треба да биде во плик. во последните 15 години јас и моите родители на сите свадби/крстевки/матурски и слични прослави носиме подарок во плик. подобро 1000денари нека се честат еден ручек како што сакаат отколку нешто што ќе се расипе за два дена. демек тие нема да знаат колку вреди ако им купам нешто ? само еднаш моите добија таква покана, ги знаеме луѓето која духовна мизерија беа па сакаа ем да направат свадба ем да соберат отприлика исто пари колку што потрошиле па моите сепак отидоа и кај нив со плик. што се однесува до мене ако воопшто правам класична македонска свадба ќе си ги поканам луѓето што навистина ми значат и ако сакаат можат и без подарок да дојдат, само честитка нека стават ради реда, ради другите и нема око да ми трепне ако јас сум среќна, ако имам убав живот. никогаш не би ги повредила саканите за една порција од 15-20 евра. јас знам како сум се чувствувала кога една ппријателка рече а бе 1000 денари ќе ти стават во плик и ќе речат си ја платив вечерата а не знаат колку други трошоци имам јас за свадбата. што сакаше да ми каже со тоа, да и дадам аванс и за фустанот ?!
Девојки отидовте предалеку, насловов на темава е ПОДАРОЦИТЕ ОД ВАШАТА СВАДБА, а не ШТО МИСЛИТЕ АКО СЕ НАПИШЕ НА ПОКАНАТА ПОКЛОН ВО ПЛИК. Се наполни темава со офтопици. Знам дека е и моево офтопик, но ве молам вратете се на темата. Претеравте.
Наскоро ќе дојде ден кога и во МК поклоните ќе се купуваат од листа на интернет или во некоја продавница во која има список за подароци. И најинтересно е дека кога имаш листа и сите си купуваат поклон што им одговара со цена ама младенците не се обавезни да го земат туку на крај со сите пари кои се донирани си купуваат нешто поскапо, најчесто брачно патување некаде далеку далеку Јас кога бев невеста поклони немав, а најважни не бевме ние младенците туку гостите кои сме ги поканиле. Зошто кога некој се потерал од пи..е си материне да ти дојде на свадба да игра цела ноќ за да ја прослави твојата свадба не си ти важна туку се тие. А за поклон не одам на секоја свадба туку само на блиски и таму си давам пари фино лепо. Офф за децата поклоните се согласувам со предходните мисења, за мене не ме боли ама за детето се налутив и јас на едни пријатели на кои (исто на листа) купивме подарик од 64 евра а они на нас ни дојдоа со пешкир за бебе. Е арно ама пешкиров ептен ни се погоди и еве 5 месеци скоро секој ден го користиме така да сега ми е смешно.
^ Нека дојде прво стандардот кај нас, високите плати, па после не е проблем нека доаѓа и модата со списоци од каде и што точно сакаат младите да им биде купено. А се додека ние одвојуваме третина од платата а некогаш и повеќе, ако е во друг град нели трошок за бензин, такси или ептен близок роднина, да не се занесуваме со приказни за тоа како се прават овие работи во светот. Не знам точно сесилија ти во која држава си, ама искрено дали некој тамошен ќе одвои третина или половина плата за да однеси поклон за свадба? Никој. Нив подароците им се најмал проблем, и мене би ми биле доколку еден подарок ми е колку дневница или помалку. Ми се имаат погодено 5 свадби за месец ипол. To eat or not to eat беше работава буквално И да ми се мршти некој на поклонот и да ми прави пресметки дека требало пари да однесам и сл. глупости? Нека.
Па во секој случај е боље и да е со таков список во одредена продавница каде секој гостин според својот буџет ке си определи што да им земе па ако може и на рати ке го одплака ,отколку од еднаш во кеш да ги даде тие пари. Ама па од друга страна ако е нешто многу луксузно пак не е во ред некого на некој начин да го обврзеш да отплака една фотеља од 10 000 ден. само затоа што тебе ти е потребна . Но за поситни работи во домакинство од типот на сервис за јадење што тебе ти се допага,или тостер или микробранова зошто да не. Како и да е нека каже кој што сака ама полесно е коа од плата секој месец ти кинат по 300 ден па не ги ни осекаш отколку коа треба од картица да повлечеш 50 или 100 евра а на нејзе имаш 15 000 со кои треба да го прегураш месецот,да платиш сметки и други домашни трошкови.
Верувај дека тука никој нема да ти даде третина од својата плата за поклон туку подароците се многууу скромни за овдешен стандард. На свадба се оди со поклон од стотина евра за двајца но на плати од околу 3000. А муабетот со листата е дека на неа има се и сешто и полесно е за двете страни.
О-ч-а-ј-н-и!!! Искрено мојата свадба за подароци беше за никаде.Се изнасобрав керамички шољи,сервиси бугарски за ручање со пердуви од кокошки (сигурно ги чувале во кокошарник),стаклени тањири за кикирики,неколку пегли од ш класа...и други глупости.Имав и неколку добри ама повеќето беа за никаде.Плус од фамилијата на маж ми дојдоа 5 члена со изговор дека немаат во моментот пари за подарок,и на тоа си остана.Си беа на свадба без ништо. Сега во последниве години не се сеќавам некаде да сум однела подарок.Секаде пари.И тоа само заради тоа што било нагласено во поканата.Единствена добра страна е што не се малтретирам и мозгам да барам подароци што би им се допаднале и на нив и на мене.Младиве сега се водат од девизата сите така прават и ние така ќе правиме.Е сега ,и тука има зезнување во сметката,како што на пример на свадба кај прв братучед собра 11 празни кутивчиња за пари. Ако сега јас би правел повторно свадба а да ги викам истите роднини без двоумење би напишала подарок во плик.Зашто и чистењето од пердуви и кокошкин измет е срамно и понижувачко.
Еј, може ќе звучи смешно, ама мислам дека тие што ти донеле поклон зачинет со пердуви, измет или нозе,нокти, крилца од кокошка ти направиле некоја магија. Има и такви работи, кај моја тетка така и донеле, ама не ми се пишува на таа тема. Јас не сакам да верувам во магии и обично не верувам, ама понекогаш ме фаќа страв, ме јаде некоја сугестија кога нешто нема да ми тргне од рака, си велам да не е до магија . Секакви луѓе има, не си свесен кој колку злобни мисли и дела ти прави се додека не дознаеш сам. Затоа немој да се чудите ако во некој поклон ви стават пресечана глава од свиња, коза или друга животиња, обесен глушец врзан со испреплетен црвен и црн конец, крило од лилјак, нога од шкорпија, можеби таква е магијата Затоа е подобро поклон, зашто ќе му биде срам празна кутија да донесе, ептен ќе биде приметливо, а вака ковертот или кутивчето не се приметува, се додека не го отвориш А моите стаклени здели како два посебни поклони беа, не беа заедно, само што едната имаше свеќички а другата беше попроста(без свеќи). Ќе им се израдуваат две идни домаќинки.
^ Сега кога веќе откри каде лежел зајакот, земај сервисот, кажи ја Оче наш трипати и фрли ги тањирите во три различни води (реки). Проверено. Делува
Добив само десетина подароци на мојата свадба (тенџериња, филџани, некоја вазна, миксер...) и другото беше поклон во плик! Не пишувавме на поканите ,,поклон во плик,, лично мене тоа ,,наредување,, на гостите што да ти донесат ми е многу некултурно! Колку имаат и што сакат нека донесат! Поважно ми е да присуствуваат на свадбениот чин отколу да не ме испочитуваат и безвезе да се плаќаат порциите вечера! Повеќе ме иритираат празни столчиња и безвезе платени порции,отколу скормни подароци! И не е исто некој да купи подарок од 300 денари (пример филџани) или пак истите пари да ги стави во плик! Со три стотки во плик никој нема да се кандиса да оди на свадба, а со подарок вреден 300 денари ми се чини повеќе би имал храброст некој да ги испочитува младите и да им се весели на свадба! Но кај нас во градот кај што живеам на сите свадби се носи пари, ретко некој со поклон да дојде на свадба! Мене лично не ми сметаше тоа што имав неколку подароци на свадбата, поважно ми беше тоа што сите поканети гости ми дојдоа и се веселеа со мене на мојот убав ден!
и кај нас 90% од поклоните беа поклон во плик ИАКО во поканите не стоеше такво нешто.... правевме свадба од 200 луѓе од коишто најголем дел беа млади (другари/ки , пријатели , колеги од факултет и работа) добивме само неколку поклони кои и те како ми се најдоа во новото домаќинство ( машина за садови, уметничка слика, правосмукалка Спојлер немав нова , кристал вазна и сад за овошје, сецко со пасатор , соковник )
Јас дојдов да видам Сноу до каде е. А едино нешто ако веќе би правела свадба, па да напишам нешто на поканата е... што да облечат. Наааааајсериозно! Срам несрам...ама сакам сите да се убави. Едно огромно - бела облека е пожелно да не се носи,а изборот да го сведете на потемни бои,ХВАЛА.