Свадба или пари? Да бидам искрена разочарана сум од многу мислења кои велат дека им напишале на лугето дека сакаат пари во плик. Искрено јас кога ќе се мажам ќе ѓи поканам луѓето затоа што сакам да ја споделам мојата радост со нив а не да барам пари или да обрнувам внимание на тоа кој што ми донел. Па што и ако ми донесат и нешто што не ми треба на пр тенџериња, столни ламби, разни сервиси итн. Она што не ми треба ќе го дадам на некој што му е неопходно т.е на некој што ќе се израдува на тој мој поклон кој мене не ми значел ништо но некому може да биде се. Секој ден на тв има по некое семејство кое што тоне во беда и сиромаштија, мене помило би ми било тој мој поклон да го дадам на некој што нема отколку да ми дадат да речеме незнам колку пари во плико. Насмевката на лицето на некој што во моментот барем во тој момент си го направил среќен нема цена. Мене повеќе ме радува да видам дека некого сум усреќила отколку да јас бидам среќна. Искрено јас никогаш не би отишла на свадба на било која особа па нека е и најблиска, ако на пликото пишува такво нешто т.е дека инсистираат на пари. За мене свадбата е прослава а не хуманитарна акција донирајте кој колку може да им помогнеме на овие јадни младенци. Да, за мене се јадни оние кои прават рачуница дали се во ќар или зијан. Свадбата е свечен чин а не математика запамтете го ова добро и не понижувајте ѓи луѓето поканете ѓи од срце, за да ви дојдат со задоволство не гледајте го поклонот, не дозволувајте поклонот да ви биде главна преокупација туку луѓето, поклонот тука има само споредна улога. И. верувајте ме доколку сами не ги засукате ракавите и заработите и купите она што ви треба никој па ниту изнудени пари(според мене тоа е изнуда кога ѓи усовуваш луѓето) нема многу да ви помогнат, само се доведувате и вие и луѓето во непријатна ситуација.
Свадба или пари? Мене не ми пречи ако пишува поклон во плико. И ве разбирам кога ќе речете дека е малце глупо тоа, ама мислам дека не треба да се сфаќа толку лошо. Ама не можам да разберам а гледам некои пишале дека нема да им отидат на таквите луѓе само зашто пишале така. Таа забелешка ептен ви е без врска и ептен глупа причина, што ако некој близок напише така, нема ли да му отидете? Сепак тие самите најдобро знааат за што најкорисно би ги потрошиле парите, и ако веќе така сакаат подобро така отколку да добиваат подароци кои нема да ги користат.
Свадба или пари? Кога би се мажела никогаш,ама никогаш не би им кажала на гостите да носат поклон во плик. Како можете да им наредите на гостите што да ви донесат.Тоа е нивна одлука.Тие ви кажале во кој хотел сакаат да ја правите свадбата? Значи овде испаѓа како да сум ја правела свадбата за да соберам некој денар за реновирање на куќата,за одмор... Или пак за сам да си ја платиш порцијата.Ако е така ќе си излезам фино лепо,со друштво и на место кај што сакам. Пред се,гостите доаѓаат за да ти направат чест. И не секој може да си дозволи поголема сума на пари.А доколку би бирал поклон има и поефтини работи. Подобро да добијам нешто што нема да ми треба и да го користам,отколку празен плик или пак помалку гости,кои не дошле поради тоа што не можеле да си дозволат "поклон во плик". Свадбата се прави за да се обележи денот,за веселба,а не за пари. Ако толку ви требаат пари не правете свадба,па парите предвидени за свадбата потрошете ги на попаметни работи.Не е свадбата хуманитарна акција. Инаку кога би бирала помеѓу свадба и пари,секако дека би избрала свадба.Денот на свадбата засекогаш ќе ти остане во сеќавање.
Свадба или пари? ова со поклон во плик и мене не ми се допага ако немаш пари а ке одиш да зимаш поклон на пишанка како,нема сега секој пари барем тоа е мое мислење,пред 2-3 год едни мој роднини кажуваат ке оделе на свадба арно ама на поканата пишувало поклон во плик,и стрина ми пристара женичка купила сервис тенџериња и му вика на чичо ми е како бре сега овие тенџериња да ги ставам во пликот ,се изнасмеавме
Свадба или пари? На мене тоа Поклон во плик не ми се допаѓа. Во денешно време владее финансиска криза и не може секој да однесе пари на свадба. Повеќето купуваат поклони на рати. Ако некој таков види покана на која што што пишува Поклон во плик, нема ни да отиде на свадбата. Така направи една моја пријателка. Доби покана од нејзин прв братучед, на која што најдоле во заграда пишуваше Поклон во плик. Во тој момент со маж и беа во финансиска криза, па планираа да однесат поклон кој што ќе го купеа на рати. Таа се изнервира и не отиде на свадбата. Поарно младите да добијат сервиси и тенџериња, отколку некои маси да бидат прази или пак да добијат празни пликоа. Тоа би било поголема срамота за младите и сигурно нема да изостанат озборувањата.
Денес требаше да отидам на свадба кај моја роднина.Како деца бевме многу блиски но покасно се оддалечивме.Сепак ме покани на свадба мене со дечкото,моите не беа поканети. На поканата пишува поклон во плик.Не отидов на свадбата,од причина што генерално си имам став дека на свадба со таква покана нема да одам па макар и прва братучетка да ме покани а не па некој подалечен.Принцип мој и тоа е тоа. Јас сум студент не работам аналогно на тоа немам никакви лични примања. Ако решев да одам на свадбата ке требаше да барам пари од моите за поклон,кој покрај за мене ке требаше да го имам и предвид и дечко ми во тој поклон бидејки нејкев од него да зимам пари затоа што нит ја знае нит ја познава девојката. Пошто не ми е блиска искрено немав намера со некој луксуз да се расфрлам иако првичната намера ми беше да бидат 50евра во плик уште пред да ми ја даде поканата.Но бидејки свадбата е во некој ресторан во свирипичино кога размислив и дека пари за бензин ке ми требаат а и за цвеке,си помислив да ја прашам што и треба за дома и преку на мајка ми картицата да и земам нешто на рати. Јебига дома броени се парите до плата и го немаме тој луксуз да ги расфрламе по поклони за некои луге кои ги немам видено у задњиве 5 години. Покрај тоа што напоменав дека на такви свадби со такви покани нема да присуствувам клучно за мојата одлука да не одам денес беше тоа што јас навистина немам можност да ја исполнам нивната желба за поклон во плик. Да се зајмам од луге немам намера коа можам на картица да земам нешто.Но ете за да не биде утре муабетот дека сум им однела поклон у кутија наместо у плик уште подрско празен плик си останав дома. Не ми е мака,нив нека им е на чест што паднале толку ниско да питачат од гостите на сопствена свадба.
поклон во плик.... ете финансиска криза-кај секое второ семејство што ако немам средства тогаш да и дадам поклон како да одтидам без поклон,а и од кого да барам пари.. оох... поубаво ако е поблиска личност 1 братучед на пример да прашам што ти треба за дома ако можам да си го дозволам тоа на рати ќе го купам а во ресторантот ќе влезам со букет цвеќе....(сигурно нема тостер,фрижидер или што и да е да го носам во ресторантот) а и да не напишеш нешто такво во поканата се знае веќе се носи поклон во плик не мора но најчесто тоа е во мода сега....поголемиот дел мислам дека ќе дадат поклон во плик
Упорно се обидуваме да копираме од другите модерни земји. Kај нас вакви работи се невозможни колку и ние да сакаме да бидеме во Холивуд стил. Ама никако да го сфатиме тоа. Треба нешто друго прво да ископираме па се останато ќе си дојде само од себе.
90 посто беа пликови ама не сме напишале во поканите само пликови него самите си носеа,6 7 поклони од кои соковник power jucer електрично ѓезве,апарат за пуканки електрична тава и луманирис тањири комплет голем и сет за ручавање вилушки лажици во глобала убави поклони ако малку сите супер беа,инаку ми беше ептен селски да пишам на поканите поклон во плик не ја правам свадбата за пари ако ја правам за тоа не ни правам срамота е тоа .....
Кај мене владее едно непишано правило кога ке добијам покана за свадба ако им анапишано поклонот во плик е тогаш намерно си купувам поклон а инаку ако не пишува тогаш јасно и гласно си знам и самата без да ме потсети некој дека се млади и им требаат пари па така си ставам пари во плик а вака по порачка не контра ефект
Многумина ме советуваа да напишам поклон во плик на поканата, имало најразлилчни начини сега. интересни, смешни, никој немало да се навреди, ахам, шипки варени. За мене тоа е селско, не сакам да пишувам од проста причина што и мене ме вреѓа кога ќе прочитам поклон во плик. Причина? Ни јас не сакам поклони во плик, жими се, парите ќе се потрошат, дефинитивно, или ќе се соберат на куп ќе купам една поголема работа и што после, ќе кажам кујнава ми е од тетка Петкана, тетка Трајанка и тетка Крстана, е како да не, не иде тоа. Сестра ми собраа доста пари, сите ги вложија во уредување на домата, мебелче, покуќнина што им фалеше, она што го добија беше пред се украс. Јас си кажувам од сега кога ме прашуваат, што сакаш, мене ми треба се, немам ништо, од мајка не планирам да барам да ми купува спални, ниту пак од свекрва ми, доволно ми е што имам каде да живеам па ќе си го опремам сама просторот, ако добијам пари, а ќе добијам пошто свадбата е подалеку малце па нема да носат поклони повеќето од сега ми имаат кажано, во тој случај ќе си купам што ми треба, ама ќе гледам даги наменам парите исклучиво на тоа, не на глупости За мене одмор од парите од свадба не е одмор, нашите ем ќе се одадат од давање пари за свадба, ем ништо ќе немаме останато за да средиме по дома, јас така некако си ги планирам тие средства. Е сега да раскажам за една случка од свадба, братучетка прва на мајка ми не вика на свадба, на поканата поклон во плик, поканети само некои од братучедите, не сите, нормално само оние кои можат да си дозволат поклон во плик. Мене ме фати инат, купив поклон и тоа не толку мал и ефтин, помалку ќе ме фатеше да ставам пари во плик искрено, ама за инат ме фати. И пак си го добив муабетот, ете сме однеле поклон а не пари, поклонот може и да бил од свадбата на сестра ми, може и да не сме го купиле. Неблагодарност Затоа нема правила за таквите работи, но јас дефинитивно имам едно правило, не идам повеќе на свадби кога во поканата пишува поклон во плик. И уште на една свадба на која бевме неодамна, само ние однесовме поклон, сите носеа пликови, дечките беа презадоволни, ептен се израдуваа, токму заради тоа, на мм му беше глупо ама мене мерак ми беше, за мене бирањето поклон за свадба претставува време посветено на личноста на која и одиш на веселба, а не само да се натокмиш, да ја кренеш пунџата на глава и да се сместиш во столче
Angel се согласувам со овој дел “за мене бирањето поклон за свадба претставува време посветено на личноста на која и одиш на веселба, а не само да се натокмиш, да ја кренеш пунџата на глава и да се сместиш во столче“ Но, што е со оние кои имаат се стокмено, ама буквално се??? Еве сега тргнувам од себе, јас ќе правам мала прослава што се вели со најблиските, она што немав правосмукалка и микробранова добив, односно ми дадоа пари за сама да си одберам каков модел сакам, така и бидна., што според мене е многу подобро. Друго буквално се имам, освен да кажеме ситници, како на пример сакам нови завеси, ама пак не сакам некој друг да ми ги бира, немаме сите ист вкус.... мислев дека тостер немам,но излезе дека сме имале , ама пошто не го користиме свекрва ми го спакувала и така си седи, значи од се до се имам дома. Живеам со свекрва и затоа користиме се, а и она сама има кажано, ако решиме сами да живееме(што не би се случило наредните 5-6год) слободно да земеме се што ни треба, зошто немала ни она што да им прави на стварите, па нема да си ги носи во гроб што се вика. Затоа мислам дека во некои случаи парите се добредојдени, зошто младите ќе си купат ситници за кои другите не знаат, а ќе бидат по нивен вкус.Внимание може да се посвети и со самото пакување /украсување на пликот, убаво цвеќе или најдобро според мене една уникатна/убаво напишана честитка. п.с. кога бев старосватица однесов пари како поклон, но направив честитка, која беше во форма на мала книга, внатре испишани моменти и слики од нашето пријателство. Посветив доста време за да ја спремам и со ќејф го направив тоа.
Во потполност се согласувам со тебе Ангел. Еве јас лично не би отишла на таква свадба. Како лихвари сеа ќе изнудуваме пари ... нели „на подарениот коњ не му се гледа во забите“ така велат старите (може сум старомодна не знам). Ако е за тоа, по свадбата нека организираат хуманитарна акција „Донирајте за подзакрпување на буџетот на новопечениот брачен пар“ и кој сака нека си донира. Јас да сум во можност, така би дала пари. Затоа што се знае колку требаат на млад брачен пар. Хммм инаку од „поклон во плик“ може да излезат големи изненадувања, затоа што кој рече дека само парите или она што може да се купи со нив ги собира во плик? Поарно натрупајте се со фритези и сетови за кафе/чај (особено корисно да ги имаш во големи резерви затоа што нели кој работи тој и греши и често знаат да се скршат и да станат распар) отколку да ризикуваш некој да направи ваква зафрканција, а сум слушала дека ги има многу. Башка суеверна сум си, па пари ако не ми се дадени со алал туку од некоја обврска (освен платата де ) би се плашела да не ми отидат на лошо.
Меу, и твоето држи вода, не дека не, ама ете пример ќе ти го кажам примерот на свекрва ми, сакаше на братучетка му на мм да и купи нешто на картица, ќе отплаќаше пола година па и поголем поклон, ама она немарна не отиде да одбере ништо и свекрва ми мораше тие пари да ги извади од картица и да го купи поклонот, јас лично сметам дека требаше сама да си купи полон нечекајќи ја братучедкава, зошто жената да плаќа провизии и да двои и издвојува пари кои не и биле во план за да не биде срамота за родниниве. Јас ако ми каже некоја роднина, те молам дојди да завршиме ова со поклонов, да ми излезе на рати некако, јас ќе отидам, ќе и завршам работа, знам како е во денешно време да се двои од домашниот буџет, а нашава братучедка не се замаше со стрина и, на крај памет не ја стави. Нели не е фер На крајот на каиштата не правам свадба за поклони и пари, тоа јасно ми е, никој нема да ми одбере по мојот вкус затоа што во брзо време не ни можам да си го средам живеалиштето по мој вкус, додека живеам со свекрва ми нормално, кога ќе купувам завеси и вазни ќе си купам какви што сакам, па макар и пола година да штедам за една столна ламба, мој ќе биде изборот. Во право си за делот со парите, ама ете сестра ми купија еден куп полици и една маса со парите кои ги собраа, купија и кревет и плакар, некоја ситница и повеќето пари ги потрошија на глупости, да не речам на секојдневниот живот, а многумина ќе живеат со парите од свадба цела година или ќе идат на одмор, па пак се губи дражта на чинот на поклонување внимание заради вашиот свечен чин. Инаку Меу, јас сум бетер од тебе, јас со денови мислам и смислувам подароци, како за роденден така и за свадба, правам сама честитки, виткам сама, смислувам декорации и обавезно оставам свој белег на подарокот. Е Теси, истото го мислам и јас, потполно, како јас да сум си реплицирала самата на себе, наједноставно речено од мојана политика погоре
Незнам дали сум пишала за поклоните ние кои ги добивме, па затоа пак ќе пишам, вака како ептен тазе после свадбата. Немавме поклон во плик на поканите, ама 95 % од поклоните беа пликови. Целата свадба беше составена од најблиските, и сите не прашаа што сакаме, и на сите им кажавме дека нас стриктно ништо не ни треба, ама дека не преферираме дека тоа мора да се пари, дека цениме поклон по нивни избор. Вие немате поим колку прекрасни поклони добивме!!! Есцајг за 24 луѓе во метален куфер 4 реден, нема што нема внатре, значи за полжави чистење има онакви како и да се викаат клештине, една вилушка 100 грама тежи. Јас немаше никогаш да го купам, затоа што најмалку 200 евра кошта тоа чудо. Ќе рече некој поарно 200 евра во џеб отколку за лажици, ама јас не се слагам. Совршени се! Пекач електричен, ама не округол и плиток, туку голем четвртаст 32 цм, со капак и се на него, може и леб да се пече и супа да се прави. Комплет чинии за 12 луѓе, јас да одев да ги купам истите ќе ги бирав. Лудило убави. Постелнина за спална, со истите бои како што планираме да ја правиме спалната. Уникатен држач за вински чаши и шише нешто како бифе, специјално за нас изработен од ковано железо, преубав украс во трпезарија. Уметничка слика пак специјално за нас нацртана, така како што нас не гледа дотичниот кој ни ја поклони. Часовник ѕиден од модерните овие со циркони што се, ама со бои какви што ни е планирана дневната. Гарнитура за седење по мерка од ептен блиски роднини, како и спалната. И на сето тоа, еден куп пари. Имавме без малку 130 луѓе на свадба. Години нанапред, ќе немам благе везе што од кого купивме со парите, ама секогаш ќе знам од кого ми е гарнитурата, и спалната, и вилушките и се што беше поклон. Со парите купивме телевизор сега за сега (стариот ни рикна ден после свадбата, ти се молам), и го купивме точно со парите од кумовите и старосватовите, намерно. Кога дојдоа, им кажавме еве што е од вас, благодариме. Пресреќни беа. Планираме истото да го направиме и со другите пари, на сите да им кажеме што е и од кого е. Ама нема да памтиме долгорочно гарант, тоа е сега за сега. Поклоните се супер работа!
нашите подароци беа претежно баш подароци многу малце пари имавме може и малце се каам сега што не пишавме затоа што добивме навистина глупи работи работи кои ниту ни одговараат на домот ниту се по мој вкус, а ниту ми се потребни. Убаво е да подарок некако посебно е чуството кога ке го отвориш и се прашуваш што има ,ама кога ке видиш некоја глупост тоа пага во вода имаше и убави не викам не ама подобро ке беа пари дефинитивно на феминкава погоре може и се погодило така или ја прашале што и треба и во која боја, ама не е секаде така, еве мене никој не ме праша купувале колку да се купи баш им е гајле дали ми е кафена или зелена дневната така му доага така да мој совет е пишете си поклон во плик и мирна глава кој не сака да дојде зашто се осека навреден нека не доага, толку ве цени па уште се дига ко паун
Јас па Батерфлај се ставам во негова кожа, многу пати сме немале кеш па идеме купуваме на картица на рати со мајка ми, а ако немаш кеш, како ќе дадеш поклон во плик? А тоа што луѓево се помалку безобразни па глупостите од дома си ги носат на свадба тоа е друго, на братучедкава од мм што ја спомнав погоре и донесоа нефункционален миксер, производство 78 година, е овде фали смајлито што се крсти
А младоженците толку ги ценат гостите па сметаат дека се во состојба глупости да носат за поклон уште пред да бидне свадбата? Почитта треба од двете страни да биде. За среќа немам добиено покана на која пишува поклон во плик, а познавајќи ги преостанатите слободни пријатели, роднини и блиски колеги можам слободно да кажам дека нема и да добијам. Тој што ќе стави стар миксер во кутија, ќе даде и празен плик, едноставно тие работи не се контролираат така лесно.
Се имам изјаснето во темава дека сум против трендот „подарок во плик„ и не одам на такви свадби. Е сега, гледам се разви дискусија околу подароците од типот миксер од 70-те и празни пликоа. Верувам дека ова најчесто се случува бидејќи на свадбиве наши се канат и ојлевци-дојлевци само колку свадбата да биде побогата и побројна. Не верувам дека кога би ги канеле само најблиските т.е оние кои добро ве познаваат и со кои контактирате, би се случувале вакви сценарија. Во најголем број случаи блиските ќе ве прашаат што и како ви треба и нема да имате неупотребливи подароци.
Сето ова што го кажувате држи вода.И се си зависи од фамилијата.И подобро на некој да ставам 500 денари ако немам повеќе ( а се сомневам дека некој во денешно време оди со 5оо денари подарок),отколку да извлечам некој од моите музејски примероци за шољи за кафе,и да го спакувам тоа. Јас би си напишала на поканата подарок во плик,а ако некој не сака или нема,слободно може да дојде како сака,и со што сака.Негов избор.