Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    4.037
    а чекај младоженците на НИВНИОТ ден треба да удоволуваат на сите гости? да не е обратно? кога веке си поканет на свадба значи дека тие особи кои те поканиле те ценат и сакаат да дојдеш , а дали пишале/непишале поклон во плико многу битната работа, колку имаш стај во плик а не ке водиме инати, не идеме на свадба, псс они на мене поклон во плик ке пишувале, мислам дај деца ке си играме тука |(
    јас да правев свадба пак ке пишам дефинитивно, пошо баш од тие блиски се разочарав, не ви држи вода тоа блиските ке донесат убаво нешто, немав олјевци покането туку баш блиски роднини, кои сакаш нејкеш мораш да ги поканиш ( јас сакав) зашто и да не ги поканиш пак ке се дигаат ко пауни после тоа, и истите тие ми донесоа украси покич немав видено, миксери 3 имам сега и што да им правам? по дифолт да ги носам по свадби треба а? ]:)
     
    На Sweetheart87 и sonce10 им се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    butterflysk и што ако пишеш. Мислиш дека ако им напишеш и оп сите пари. Исто ти се фаќа. Кој како си испланирал така ќе си постапи, џабе ти е и на три места да му пишеш тој што си направил пресметка поклон да даде пак ќе си однесе поклон. Зар на најблиските треба да им потенцираш што и како. Тој што е близок те познава и знае и ќе те праша што ти е потребно, а ти знаеш колкави му се можностите затоа што ти е близок нели.
    Инаку погоре се имам изјаснето дека не ми е прифатливо ова *поклон во плик* никогаш не би го направила. Фала богу што не правам свадба па неморам да се занимавам со вакви работи.
    Инаку на мојата сестра и се случи ситуација како твојата, столни ламби, филџани, филџани, чинивчиња некои од втора светска војна останати во искршени кутии, замисли чинивчиња ама кутијата од феферони, замисли ниту еден покон немаше потпис :!: . Како отвараше така се разочаруваше. Значи не мора да е скап поклонот, ама треба да биде пристоен. И тоа од блиски (демек блиски, што ти прават такви завртлами значи не ти се блиски).
    butterflysk тој некој наш роднина со чинивчињата во кутијата од феферони исто ти е што ќе му пишеш на поканата.
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Не пишав поклон во плик и сепак од 170 гости не добив ниту една глупост. Повеќето ни дадоа пари, а од поклоните имаме 3 убави слики кои веднаш ги закачивме на ѕид, неколку мали кујнски апарати, убав есцајг, постелнина, модерни украси кои исто така ги употребивме веднаш. Плус подароците од кумот и старосватицата што сами ги биравме.
    Сакам да кажам, од луѓето зависи што ќе добиеш, а не од тоа дали ќе нагласиш. Денес сите знаат дека младите претпочитаат пари, без некој тоа да им го труби.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    37.621
    Пол:
    Женски
    Како можеле така да коментираат? Ц ц ц ц ц... Срамота. Дали тие се запрашале дали можете да им однесете пари? Неблагодарни. Да сум на твое место, со тие луѓе веќе не би контактирала. Пред 2 месеци добивме таква покана, ама отидовме на свадбата бидејќи се младоженец беше девер ми. Да се работеше за друг, немаше да отидеме на свадбата. Како што јас не побарав пари од моите гости, сакам и тие да го направат истото. Веќе имам пишано дека добивме 2 поклони - машина за перење и скара. Машината за перење ни ја донесоа вујковците. Пред свадбата се јавија да кажат дека не се во можност да донесат пари и дека ќе ни купат поклон. Не прашаа што ни треба и ние им кажавме дека ни треба машина за перење. Ако им кажеме дека сакаме пари, можеби немаше да дојдат на свадбата.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    На сите ваши муабети да се надоврзам.....затоа е најубаво покана и толку.
    Кој те праша што сакате, речи вас како ви одговара.
    Кој ти рече: до таа сума, одбери си.
    Кој ти рече пари или поклон, речи си тоа што мислиш дека е подобро.
    Секогаш дане бидат повредени гостите.
    Пример, некој смета т.е знае дека младите имаат се, па ќе им стави пари. Јас имам доста роднини од Србија кои одма си кажаа, поради царина не носиме поклони.
    Потоа, кумата рече, не бирам ништо од бела техника туку ти давам сума и оди ти избери си, зошто може ќе ти утнам нешто од моедел функиции марка.
    Потоа, има луѓе кои не се при кеш, а на картица им е спас за на рати да плаќаат.
    Некој се собрале повеќемина и ќе ти купат нешто.
    Се е ствар на договор.
    Но никогаш не сум за изнудување, да се бара нешто што знаеш дека гостинот ќе го доведе во непријатно.
     
    На eloves, Neytiri, midnight.flower и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    85% беа пари.
    Од поклони беа следниве, од кои само 2 ми беа дупли:
    - 2 електрични скари
    - 2 соковника
    - правосмукалка, голема на вода која нее за секој ден туку е баш за генералка, нешто како парочистачица
    - правосмукалка
    - многу убав сервис за толачи и ташири 6 во натре
    - пица пан
    - миксер
    - фритеза
    - блендер
    - тоа за зовривање вода незнам како се вика
    - росвајно тавче
    - микро
    - росвајно тавче
    - росваев цедач/држач за садови
    - ватростална за печење
    - стаклен сад на послужавник за сервирање и филџани
    -Убава столна ламба
    -Пар на убави вази
    -Статуа за во соба
    -Статуета голема сијамска мачка (мноогу убава)
    -кристачно чиниче за бонбони
    -електричен нож за сечење
    ....мислам дека се толку дека немам утнато.

    + од поблиските, машина за садови, машина за алишта, телевизор, шпорет.
     
    На girl1985, Irrepleceable и Agrona им се допаѓа ова.
  7. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    ^
    Сноу убави поклончиња сте собрале. Јас пак мислев на денешницава со тек на време луѓево се научија пари да даваат, но еве гледам и други работи се' уште даваат. Ако, и тоа е убаво ќе ти се најдат сите овие работи. Со здравје да си служиш се и се најубаво во брачниот живот. ;)
    И ние свадба ќе правиме во октомври па ќе видиме што и како. Блиските веќе ни дадоа поклони/пари. Од брат ми си добив фрижидер, од сестра ми машина за алишта, од моите цела спална плахар, лежај, ноќни орманчиња, од баба добив пари па си купивме плочки за во веце (а во вецето се сами со мм си купивме од плата). Вујкото на мм ни купи плотна и фурна, золва ми ни даде пари да си земеме масичка за во дневна и комода, кумовите ни купија гарнитура. Скоро се ни е спремно во куќата освен што ни треба е трпезариска маса и столчиња. Па на сите други поблиски им реков пари да ни дадат, но убаво ќе ми дојде доколку и некој ми даде некоја вазничка, слика уметничка, некои тавчиња... такви некои работи. Па не може се наеднаш да се среди. Секогаш нешто ќе ни фали. :)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^ и да знаеш дека се ќе се најде...навистина се е убаво.
    Инаку немаше од типот празни пликоа. Но дефинитивно неколку му фалат, ама незнам точно колку треба да пребројам.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    37.621
    Пол:
    Женски
    Snow-Queen, ви се погодиле поклоните. Тоа за зовривање вода се вика електричен бокал. Во секое време ќе имаш топла вода. Убаво ве опремиле. Да не се мачите да купувате. :D
     
    На Irrepleceable и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.855
    Допаѓања:
    24.142
    Пол:
    Женски
    Жени, во сабота сум на свадба па планираме да носиме пари.
    Во што да ги ставиме? Уште се популарни тие тутурутките? :D

    И каде да ги најдам?
     
  11. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Или во некое убаво украсно плико или во тие тутурутките :D
    Во цвеќара ги има.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    37.621
    Пол:
    Женски
    Тутурутките се 100 денари. Така ми рекоа во цвеќарите каде што прашував.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јас моја свадба не сум правела...сестра ми си доби убави поклони/фрижодер,машина за перење садови.перачка,правосмукалка се од најбликски и пари дека мала свадба беше...е сеа мене што ми се деси...добивам покана за свадба од втор братучед демек многу сака да му бидам дел од прославата...тој е финансиски ок за нормален живот но зеде жена од Штип со големи долгови,судски кредитни бла бла нејната мајка главна за правење долгови...цело време братучед ми викаше дека бара ама неможе да најде убава мажинка за мелење месо.пиперки ко за ајвар...и јас му велам немаж гајле го имаш тоа од мене за свадба...си доагам дома и оп гледам покана фино лепо и на кошето едвај се чита-покана во плик! Знаев чија мајсторија е тоа-а јас од словенија макнам убава мош не толку скапа 38 евра машинка ( ама поклон од мене бе само маж ми неможеше да си дојде) значи јас сама идам со 38 евра поклон плус пари за пат од словенија до македонија,плус пари за пат струмица радовиш и назад...однесов поклон добив ваков поглед :^) од жена која не ја ни познавам ( подоцна дознав дека е мајка на невестата) |( мојите дадоа пари...додека сум била надор на пуш пауза невестата со некоја нејна братучетка да оди од човек на човек дели бомбони и опет се проси се собира пари :?: врв на се јас влегувам она веке на големо го поминала мојот дел и на крај мајка и и вели ете тука се вратија не си поминала :fubar: :fubar: :fubar: алоооооооооо попиздев и дадов онака ко да ги фрлив тие 100 денари ( за инает повеке и не дадов) цела свадба мајка и на рамо имаше 2 ташни (нејната и на невестата со парите) ко демек крадци има ке и се украдат...резултат си дојдов во 12 од свадба ни вечера ни ништо не пробав...и муабетпт дека нема ништо поглупо од поклон во плик е само превод и културен израз за----дај ми пари долгови имам.... :puke:
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    37.621
    Пол:
    Женски
    Освен машината за перење и скарата, добивме и 2 ќебиња, 2 огноотпорни садови за печење и декоративен сервис за кафе. Овие поклони ми се од едниот вујко, вујната, братучетка ми, зет ми и внука ми. Им било срам да дојдат со празни раце, па ги донеле овие поклони. После свадбата ја добивме и машината за перење, која што е поклон од нив и од другиот вујко со семејството. Тие поклони ни се погодија. Од парите што ги добивме, купивме микробранова печка и сушара за алишта. Останатите пари ги потрошивме. Тие што носат поклони сакаат да поминат поефтино. Не за џабе рекле - на подарен коњ забите не му се гледаат. Сестра ми за свадбата од четиричлено семејство доби столна ламба од 300 денари. Кога ми кажа за тоа, ме фати смеа. На мене ми би ми било срам да отидам на свадба со толку ефтин поклон. Ако немам пари, нема да отидам на свадба.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.117
    Допаѓања:
    106.992
    Пол:
    Женски
    Самер не си во право за поефтино, сега ќе ти кажам пример, бевме летово на свадба и бевме единствени со поклон, мило ми беше, иако не беше нагласено дека сакаат поклон во плик сите донесоа плик, само ние со поклон. Да сумирам, однесов 6 чаши за вино од Луминарх кои чинеа 970ден и бокал за вино исто од Луминарх од оние извиените цели што се кој чинеше 850ден, плус наместо бомбониера купив една чаша за црно вино и ја наполнив со чоколадни бомбони Фонтана и истата ме фати 350ден и цвеќе од 500 денари, вкупно 2670, на тоа додај го бензинот и патарините со оглед на тоа што бевме во Лешок на свадба, мене ме фати повеќе од 50 евра свадбата, ама ми беше мерак. Поканети бевме само двајца, значи поклонот е од двајца ;)
     
    На gothchick, ilipili и Hipica им се допаѓа ова.
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Го прочитав мислењето на Ангел, и морав да реплицирам. :D

    И со подарок, и со пари за подарок, секако на свадба се носи цвеќе и благо. Така што, цвеќето 500 денари и благото 350 денари, ќе ги одземеш од подарокот, и остануваат 1800-1900 денари, ете нека се и 2000 денари, што според мене е сосема доволно за подарок од двајца за свадба, освен ако младенците не се некои особено блиски или ако не се чувствуваш особено должна кон нив. Останатото: бензин, патарини итн. и тоа се плаќа без разлика дали ќе одиш со подарок или во коверт ќе ги носиш парите. И да бидеме реални, и да била свадбата поблиску, пак истиот подарок ќе си го одберела (зборам по мене), бидејќи сметаш дека тоа е убав подарок (и мене ми се допадна- практична работа ;) ).

    Во однос на подарок или пари, се имам изјаснето ми се чини. И двете опции се добри, само да се од срце дадени. И ако некој не може повеќе, нека донесе помалку, само весел да ми биде на свадба. Но :!: , од друга страна, навистина ми е криво, и ме нервира што на нашата свадба, дојдоа блиски луѓе, за кои знам дека не се воопшто „во тесно“ за пари, со многу мал подарок. Ова особено поради тоа што јас до ден денес на нивните деца за роденден им купувам подароци во вредност еднаква на онаа на нивниот подарок за нашата свадба. Ама тоа е.
    Да не бидам погрешно разбрана, не е важно колкав и каков е подарокот, ако и само ако: толку им се можностите на поканетите, во спротивно, лош (ефтин, мал) подарок (особено од блиски гости) се смета за навреда.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    И после свадбата се правела за да се развеселиме, за себе не за гостите, а уште помалку за поклоните :^)
    Еве за оние кои го тврдеа ова, доказ дека има луѓе на кои поклоните им се важни.

    Ние за 19дена ќе правиме веселба, крштевка на малата и свадба. Сите кои ме прашаа што да ми донесат, им кажав дека акцент ставаме на крштевката , а за нас да не се секираат и замараат. Не сакам некој да се осеќа обврзан со поклони за нас.
    Реално ништо не ни треба, можеби ситници, но тоа искрено не би сакала некој да ми го купува, туку сама да си го одберам, а да им кажам донесете ми пари сама да си купам нема теоретски шанси.
    А досега си добив перална, правосмукалка , микробранова(пари ми дадоа, па си ја одбрав каква сакам ), се практично што немав, зошто со оглед на тоа дека со свекрва живеам имам буквално се дома.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.117
    Допаѓања:
    106.992
    Пол:
    Женски
    Миднајт да не требаше да одиме на свадба на страна сигурно ќе купевме поголем поклон, но моравме така да испланираме затоа што сепак тоа е подарок за комшии, не е некоја прва пратучедка или слично ;) А цвеке и благо, јас им кажав на моите тие пари да си ги искористат за превоз, да не се трошат дополнително ;)
    Меу, свадба не се прави за поклони, ама после свадба сите ги коментираме и тешко ни паѓа, епа ќе ни паѓа кога не сме доволно искрени, јас лично не се замарам со поклони пошто сум благодарна и за најмала ситница што ќе добијам ;) Едноставно таква сум, се радувам на ситници :D Но не викам дека нема да ми биде сеедно ако некој ми донесе некоја глупост од свадбата на баба му и дедо му :lol:
     
    На Neytiri, midnight.flower, ana-banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Мајка ми на свадба не носи цвеќе, зашто и самата го мрази, а и не ја гледа поентата на тоа меретно цвеќе, што ќе и се на кутрата невеста 100 букети значи, греота.
    На тие што ни се поблиски им купува пар сребрени обетки на невестите и за сите има иста тарифа - до 800 ден. :D
    Никоја не се пожалила и сите си ги носат, тоа е фино поклонче, лично и останува, за разлика од букетот кој ќе овене за 2 дена. Не му гледам ни јас поента на букетот, искрено.
     
    На eloves, Neytiri, senza.parole и 6 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.117
    Допаѓања:
    106.992
    Пол:
    Женски
    Така е Тренди, и јас имам иста навика кога идам на свадби на поблиски, купувам нешто плус на поклонот, не љубам да купам цвеќе, па ни благо, што само невестата да се дебели, не бе ќе купам поголем поклон, ама ова беа комшии со кои не бев баш блиска и затоа. И што од 100 букета и 100 торти, па нема фрижидер што ќе ги собере, а од цвеќињата само собирај ѓубре :D