Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.456
    Допаѓања:
    37.660
    Пол:
    Женски
    Има многу такви случаи. Луѓе коишто имаат пари носат ефтини поклони, а за своите свадби очекуваат поскапи поклони. И што е најинтересно, оние кои што носат поклони, кога ќе дојде ред за нивни свадби, на поканите пишуваат Поклон во плик.
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^ Токму тоа сакав да го кажам.
    И да, лаже секој оној кој вели дека подароците не се важни, ако е така, зошто го пребаруваме цел град за да најдеме убав подарок, зошто секогаш бараме некоја интересна и несекојдневна идеја за пријатно да ги изненадиме младенците? Или зошто ставаме пари во коверт и тогаш кога не е нагласено, па да си купат младенците што им треба? И грев ли е да го очекувам истото за возврат? Не мора да е скапоцено, ама нека е со труд и љубов одбрано, а не колку да се помине од редот.

    Во врска со цвеќето, вистина е дека во овие кризни времиња тоа е само трошок плус, но цвеќето го личи на свечени моменти, си носи тоа своја симболика. А ако ве прочитаат цвеќарите... :lol:
     
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Еве сега сме на свадба и имаат листа младоженците, демек кој колку има толку нека купи пошто има поклони од секоја цена ама ние испративме чек на нивната адреса па нека си купат што сакаат. И така ние парите ќе ги дадеме па барем нека бидат корисни.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Во однос на цвеќето, јас уживам во буќети, премногу ги сакам. За свадби купувам, па макар и еден свет убаво украсен и никогаш не давам повеќе од 300ден за цвеќе, зошто и онака ќе овене, а за тие пари ми прават одлични буќети(со гербери да е само ќе стават 7, а ружи 5....) .Последно што бев на свадба невестата знам дека повеќе обожава вештачки, па фино си ја прашав да и купам природно, вештачко, или тие 5 евра комплет со другите во плик. Со оглед на тоа дека живее во заедница, нема многу простор за украсување, па парите и ги дадов, барем ќе ги искористи нема да ги фрли за 4дена.

    Ние сигурно ќе добиеме цвеќе иако многу непрактично ќе ми биде зошто веселбата ни е во друг град, па сигурно нема да ги мкнам до СК. За од таа страна мислам дека луѓето не се доволно практични, посебно постарите.
     
  5. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Ние имавме и подароци и пари. Бидејќи баш околу свадбата испадна да се селиме и да реновираме ( од веридбата до свадбата живеевме во заедница ) си направивме список на работи кои ни требаат за дома. Сите што не прашаа што сакаме да ни купат, им кажувавме сами да си одберат од списокот. Па така најголемите работи ги добивме. Најубав подарок од сите ни беше 8 дневен одмор во Грција :) Имавме и слики, и сервиси, и украси...
     
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    260.689
    Пол:
    Женски
    Едно малку глупо прашање ама не е лошо да чујам ваш совет. Дали на свадба на човекот што ви е венчален кум треба да се возврати (+-) со големината на подарокот што кумот го купил за нашата свадба?

    Ако ме сфативте :tmi: :rofl:
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Со други зборови - дали како кумашини имате „обврска“ за ист поклон во вредност како кога тие ви беа кумови? :D

    Мислам Не, ама што знам....
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    21.111
    ^^^
    Јас мислам дека не.Затоашто кога си кум е- шири ќесе куме...и кумот навистина е во трошок, а кога би се женил кумот секако би однела добар поклон или добар износ на пари но не во иста висина, како нивниот. Е сега зависи и кумот како се покажал...
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Јас мислам дека нема потреба од замарње Од толку, од онолку пари подарок ми донесе. Ќе си ги пуштиш нозете колку што ти е долга чергата. Крај краева, ако кумот ти е навистина добар пријател, нема да замери и да мери од колку пари подарок си му однел.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    260.689
    Пол:
    Женски
    Данке, данке!
    Кумот одличен, плус прв другар и комшија ;)
    Дебатиравме со мм па не знаев кој е у право. (Он бил :lol: )
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Еве и јас да ги пишам нашите поклони.
    Комплет тенџериња
    правосмукалка
    микробранова
    миксер
    перална
    останатото е се пари, собравме солидна сума, неможам да се пожалам, посебно со оглед на тоа дека имавме околу 50тина луѓе.
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
  13. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Скоро на секоја свадба на која сме биле скоро имало по неколку празни пликови. Мизерија!
     
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Ајде еве и јас да ги кажам подароците
    2 комплети тенџериња
    правосмукалка
    4 електрични тави
    2 тенџериња
    3 столни ламби
    електрична скара
    миксер, соковник, апаратче за нескафе
    еден куп ваганчиња за торта, овали итн

    И солидна сума на пари. Искрена да бидам не очекував толку. За среќа празен плик не добивме :D
     
  15. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Многу ме интересира, по колку пари вие ставате во пликот? Знам дека секогаш различно и зависи кај кој но сакам да знам одприлика..бидеќи толку ги разликувате скап/евтин подарок плик или поклон...
    Јас за мене ке си кажам искрено, ако даваме пари кај подалечни 1.500-2.000 денари а кај блиски роднини,брачеди и слично по 5.000. И не дека можностите ни се слаби или што и да е сметам дека е доволно...па што треба да им купиме, куќа, стан? И не се сомневам дека истото ке биде и кај мојата свадба..
     
  16. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    јас мислам дека зависи од бројот на луѓе кои ќе одат на свадбата, неможе пример 6 души да отидат со 5 илјади мене ми е срамота тоа :| е сега ако се да кажеме до кај 3 сосема во ред е. Сепак зависи ако одам на свадба кај прв братучед и 3ца да сме само ќе му ставам многу повеќе , незнам секој различно, али факт е дека зависи многу од бројот на лицата кои што одат :)
     
  17. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Обично 50еур за некои не толку блиски (ова мислам некој што не си го видел 100 години па те вика на свадба), за некои поблиски 100еур а за пријатели/роднини по договор (сега скоро бевме на свадба кај братучед па машина за перење алишта им купивме - ова зборам прв братучед)

    Ама секако зависи тоа од можностите и од блискоста со луѓето.
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    Исто кај подалечни кои си ги видел 3 пати у живот и тоа на матура дипломска и свадба оставаме по 50евра,додека кај блиски роднини односно први братучеди по 200 евра. 3ца сме така да според мене тоа е сосема доволно.За другари другарки сеуште не сум била на свадба ама би оставила од 100 до 150 евра,зборам за најблиските другарки.

    Што е за право кај подалечни роднини и ради реда познанства воопшто и не ни идам на свадба.Сметам дека нема потреба ниту јас да се ставам у трошок со спремања и поклони а ниту нив да ги ставам у трошок со тоа што ке ми ја плакаат порцијата.
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Сериозни сте со сумиве? Ок, разбирам кој колку има, ама пак ми е многу, 200 евра поклон за братучед, 100-150 за другар. Јас ко што имам еден куп братучеди и другари требаше цела куќа да ми ја опремат само тие. Ниту толку добив на мојата свадба од најблиските ниту пак толку давам. Па ме замисливте дали ние сме шкрта фамилија или само сиромашни :D
     
    На MaxyMax, naturally, ilipili и 8 други им се допаѓа ова.
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    За кај први батучеди до сега се фамилијарно сум одела, значи мама, тато, јас 150 евра. Малку/многу таа им е тарифата. Толку им е прекутен договор меѓу за кај бартучеди први, секој на секој :D
    Е сега за друштво зависи од неколку фактори
    дали сум одела сама или со партнерот;
    колку живеам со луѓето и колку биле луѓе со мене;
    и се разбира колкави ми се можностите во тој момент, душа да давам неможам :)
    Практикувавме ако одиме заедно 50 евра. Е сега една појава ја приметив, незнам дали и вие. На тој што му поминал редот после кога е канет се прави на тошо. Имавме неколку примери во друштво. Од како ќе помине нивната свадба кога они се канети често ескивираат или разнесуваат заостанати поклони од нивната свадба. Се најдов во незгодна ситуација и се извреѓав,имав и јас важен момент (не свадба, но исто толку важно) и најголемиот дел не дојдоа без објаснување. Од тогаш сум им скратила ако тие ме канат по 2500 добиваат од нас.
    Но пак велам се зависи колку биле луѓе со мене. Пример бев на свадба кај моја колешка, и бев сама (без партнер)и и дадов 40 евра. Понатаму бевме кај еден пријател со кој многу добро стоиме, и човекот не ни правеше свадба, онака да почасти за тој повод и му дадовме 100 евра. Бевме и кај еден другар кој викаше луѓе за да збере повеќе и му дадов столна ламба :) . Убава столна ламба, нова, вреди околу 1500 ама ми се најде дома, некој нас ни ја донесе и ми заврши работа. Си викам што па јас да се трошам кога ти последниве 2 години еден тел. разговор не си потрошил на мене.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.