Од другарки сум добивала по 1000ден или 20евра, 25евра, 30евра(зависи кои колку можел), од поблиски и по 150евра(би ја кажала како најголема сума). Обично ако дојдат 2ца по 1000ден или 3ца по 1000ден... Кај подалечни пријателки носам 20евра, кај братучеди(втори) и блиски по 30евра, единствено кога бев старосватица однесов 100евра, што исто сметам дека е солидна сума со оглед на тоа дека не сум била вработена. А сега со плата од 250евра , еден вработен и бебе ни малку не ми е срам, ниту пак се замарам дали е малку или доволно. Ако некој ме вика на свадба поради поклон алал да му е. (нели де сите викаат дека канат за да се провеселат ,поклони не им се битни).
Ме зачуди и мене ова Mskorpionka... да бидеме реални, барем во мојот крај, се практикува (од повеќето фамилии) да се даде поклон вреден барем колку порцијата... А да не споменувам дека на мојата свадба дојдоа 5 души со еден сервис за кафе, или со по 1500 ден...Но,сепак, од луѓе од кои најмалку очекувавме добиме најубави поклони, и сметам дека оние поклони кои ги добив никогаш нема да ми падне ан ум сама да ги купам ако ги имав парите.
Па со оглед на тоа дека за роденден добивам поклон во парична вредност од 50 евра од 2ца братучеди кои се браќа(муабетот ми е од една фамилија) а една година и 100 евра ми ставија во плико за свадба секако дека повеке и јас ке се опуштам а и тие. Нормално за поголема сума на пари зборам кога станува збор за ептен блиски луге. Моите дома имаат таква практика.Секогаш ставаат пари во плик со поинаков поклон не се замараат. Далеку од тоа дека некој е богат или некој е шкрт и сиромав. Срека не ни се чести свадбите во фамилија па не сме стигнале до тоа да јадеме дома леб и сол затоа што сме се стаиле во долг за поклон. Кај подалечни носиме толку од 50 до 100 евра. Моја практика е да НЕ одам на свадба кај некој што сум го видела 2 пати у живот или последен пат што сум го видела у пелени коа сме биле. Баш летово во темиве кажав дека пред 2 месеци бев поканета кај роднина со која како деца бевме многу блиски но со текот на времето се одалечивме па последниве 8 години никаков контакт не сум имала.Не знам зошто ме покани само мене на свадба без моите.Не отидов затоа што од една страна не ја осекам толку блиска па да и идам на свадба само колку да и попунам место а од друга да бидам искрено не ми се трошеа пари на нејзе. Секако ке требаше да стаам во плик барем 50 евра а и ке требаше и да се ставам во трошок со спремање и патот до ресторанот кој беше во некое село во сверипичино.Па ради тоа решив да не одам. Баш сеа у сабота сум на свадба со дечко ми кај братучетка негова. Вчера се смеевме на темата со поклониве бидејки девојката сака да си направи пари со свадбата. Мајка и се јавила кај нив дома со муабетот дека сите гости би требало да стават по 200 евра у плик .Ние двајцава вакви .Мајката на дечко ми на дотична госпога коа и го рекла тоа за 200те евра и рекла -Па добро ние планиравме 300 ви дадеме ама штом сте запнале за 200,200 нека бидат. Лугево се со цел план колку да им се однесе колку да соберат на крај.И после поклонот не бил битен ке кажува некој. Сепак на крај се се сведува на тоа кој колку има и колку може да одвои за поклон.Но јас лично за мене не би можела да идам со 20 евра и муабетот барем да си платам порцијата кога знам дека за еден роденден што го славам секоја година добивам дупло повеке од тоа.
Да да, обавезно давам 250 евра,ај ај ај нека бидат 250 па јас со следнта плата динар да немам....каде ојдовме со мозокот?
Еве и јас да пишам што поклони продефилираа на мојата свадба, среќа не беа многу, а не беа ни глупости - тенџериња и 2 сервиси - так нормално, без ваков поклон свадба не би била свадба - столна ламба - комплет шолји - 2 слики - соковник - скара - и нешто чудно, ко сад али не е сад, ставрно и јас незнам што е, а и немаше име така што неможам ни да го прашам тој што го донел што уставри сакал поетот да каже додека го креирал тој "сад". и другото - пари, среќа немаше празни пликоа
Замислете јас имав само еден сервис за ручање на свадба и тоа ептен по ќеиф ми е, многу е убав Сума сумарум имам малку подароци, од кои: Пица пан тавче Сервис за ручање за 6торица Џусер за цитруси Миксер Електрично решо Ѕиден саат+инокс сад за бомбони+од истата фирма сад за салати преубав, сите со позлатени рабови 24 каратно злато Огноотпорно за печење х 2 Ќерамички сад за лазањи Тањир за торта Есцајг за 6 и за 12 Комплет чаши за пиво, мада мене ми личат ко чаши за нескафе Сад за салата Садови за крем салати и апетисани +уште еден сервис за ручање за 6торица, што значи точно 2 сервиса, за малце ќе ве излажев И остатокот пари, околу 5 000 евра вкупно и од големите подароци една машина за алишта, една машина за садови и правосмукалка, од кумовите електричен шпорет, односно рерна и плотна
^Ангел супер подароци си добила во секој поглед. И добра сума на финансиски средства но и белата техника коа што е за право кошта многу а ете тебе нема да ти биде дополнителен трошок да треба да ја купуваш. Како голем љубител на пиво се израдував коа прочитав за чашите за пиво ,ке те тепам ако ги користиш за нескафе.
Прво ќе пишам за периодот пред да се омажам. За први братучеди сме давале по 100 евра, а за втори братучеди по 50 евра. Откако се земавме со маж ми, заедно сме биле на 3 свадби. Тука не ги вклучувам свадбата на сестра ми и свадбата на брат му. На првата свадба бевме старосватови и однесовме правосмукалка од 3 000 денари. Втората свадба беше кај брат на моја поранешна другарка. Таму однесовме 2 000 денари. Третата свадба беше на мој прв братучед. Таму однесовме 100 евра, кои што ни ги даде татко ми. Напролет сме на свадба кај старосватовите и ќе им купиме поклон од 3 000 денари. Толку пари потрошија тие за нас. Не само заради тоа, туку старосватицата ми е многу блиска. Си стојам на ставот - кој колку ми донел, толку и ќе добие. Ова го мислам за оние кои што на свадби носат ефтини поклони, а за своите свадби очекуваат скапи поклони.
Едно прашање за оние кои биле старосватици и оние кои правеле свадба, колку во сума (или пак ако било подарок што) сте добиле на подарок од старосватицата т.е колку сте подариле? Нскоро ме чека таа должност, па не знам колку е доволно, малку или многу
Јас пред неколку месеци бев старосватица на мојата најдобра другарка и заедно со дечко ми им дадовме 200 евра. Не знам дали е малку или многу,но во консултација со други луѓе и секако со моите родители, сметав дека е доволно, бидејќи да бидеш сведок на внчавка ( што за мене претставува голема чест и задоволство) не е само подарокот, покрај подарокот, треба да се однесе торта (таков е обичајот во мојот град, не знам дали секаде е така), потоа треба да се купи материјал и украсени свеќи за во црква, во мојот град вториот сведок плака 1000 денари во црква, потоа ако невестата дели бонбончиња исто така се дава пари (јас дадов 500 ден.) Се надевам дека помогнав
Јас старосватица бев пред неколку години, тогаш дадов по 10000 денари - сама бев,можев толку да си дозволам и ќеф ми беше. Од мојата старосватица лани добив пекач за леб, и генерално мислам дека 100-200 евра е во ред. Секако, старосватицата не се кани заради подарокот, сепак тоа е чест и за двете страни, па доколку финансиите не дозволуваат, и подарокот се прилагодува соодветно.
Мене старосватицата ми донесе 50 евра заедно со нејзината фамилија, но мене таа ми е блиска братучедка и беа сите поканети, и воопшто не бев нешто тангирана од подарокот, толку можела и готово, што сега јас да се преоптоварувам со такви работи, не ми донесе торта а и подобро што беше така, ќе беше смешно веќе, имав 4 торти на свадба за сечење, пукнав од сечење торта, една невестинска, една од кумата, една од свекрва ми и една од мајка ми тие беа роденденски, е ми донесе преубав материјал кој супер се поклапа со тој на кумата, ќе си сошијам супер фустан од тие два
Јас со торти немав проблем - во не дозволуваа да се однесе од надвор, па ја имавме само невестинската и тортата од кумот (од која остана голем дел па ни ја спакуваа за дома). Со оглед на тоа што патувавме ден по свадбата, на поблиските им имав речено дека не сакам да се трошат за цвеќе да ми носат - и жал ми беше кога ги раздавав повеќето од букетите што ги донесоа...
Најискрено, на свекрва ми, затоа што ја направи жената дома со најголемо внимание и со многу љубов, се потруди да ја направи да не ја видам ама пусто ја затекнав додека ја украсуваше и пропадна изненадувањето, ама солзи ми навреа на очи додека ги носеа сите тие торти, помеѓу нив оваа од свекрва ми со куп огномети на неа и свеќички. На мајка ми беше купечка, од слаткара, немале ни избор, ни време, иако и напоменав дека сакам роденденска торта на свадбата бидејќи секоја година нешто се случува и не успевам да дувнам свеќички, многу беше интересно што купиле свеќички од оние што се палат цело време, не можев да ги дувнам
Од старосватовите добивме прекривачи за мебел во вредност од 3 000 денари. Кога бевме старосватови, на младите им однесовме правосмукалка во вредност од 3 000 денари.
Помина нашата свадба од подароци имаме сервис чинии многу убав (6 мали + 1 голема ), сервис чинии (6 мали + 1 голема ), зиден саат, тостер. Тоа од подароците другото беше пари и собравме солидна сума.
Јас најпрвин да кажам со оглед на тоа дека пред 10 дена правев свадба, од старосватите добивме 100 евра плус дарови за мене и мм. Е сега друго нешто сакам да кажам/прашам. Во неколку постови за поклоните во плико прочитав дека има некој што си ја плаќаат само порцијата. Нели се вика поклон?! Значи според некоја моја логика т.е. непишано правило е, така се практикува во последниве години откако стана модерно ова „поклон во плико„ Да си ја платиш порцијата и нормално нели да дадеш нешто плус како поклон. Пример ако двајца на свадба отидат со 1500 денари значи дека тие како поклон однесле само 300 ден (ако една порција коштала 10 евра на пример). Ова е мое гледиште на овој муабет. Ако е таква работата поарно купи филџани и однеси поклон.
Ако одиме по таа логика , порцијата е частење не е на ти го дај ми го Јас можам да изберам да ги частам гостите со порција и од 30 евра по човек а друго е тие дали имаат да ми ја платат . Еве 5 члено семејство ти ги частиш со порција од 30 евра ,оти ете таму сакаш свадбата да ја правиш а тие немаат 150 ева да ти подарат туку само 100 , да одиш да ги вратиш кај не ти ја платиле порцијата па и плус пари не ти дале , ма срам да им е И поклонот и частењето не се нешто што треба да се мери .