1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да се надополнам, колку што ми е крајно некултурно некој да бара преку покана поклони или пари, толку ми е крајно невоспитано и некултурно некој да отиде на свадба и да пушти празно плико!

    Се прашувам, зошто воопшто оди човек на свадба? Па уште и кога ќе чујам.

    Одам на свадба.
    Кај кој бе?
    Појма неам, онака ја имам видено невестата неколку пати по ходници у средно ама ме покани пошто на кучево ветеринарот е втор братучед на маж и, па ај ќе идам и јас.

    Ете од вакви работи се ежам и не ми е јасно што мајка бара ко прво некој да кани вакви луѓе на свадба, ко второ такви луѓе да доаѓаат, па уште и ако дојдат не дај Боже и да втурнат празно плико.

    Барем да се потпишеа ако ништо друго а? Да знам кој ми праќа парче хартија и воздух :D
     
    На eleni23 и Hopeful им се допаѓа ова.
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Е јас не броев пари на првата брачна ноќ.. :)
    Ама :!: свекрва ми броеше! :devil: или барем почна, и да запишува кој што, како, од кого, во 2 саат ноќта, па јас му спукав на муж ми, он на неа, таа го надува носот, си легна, а ние правец хотелче и имавме брачна ноќ како што ја личи :lol: ...романтична и бурна :$
    А за муабетот поклон во плик на поканата :x ...мизерно ...и не одам на свадба на која ми пишува поклон во плико...
    И што се однесува на поклоните од мојата свадба, не добив којзнае што, ок, пристојна сума на пари, а за домаќинство ништо посебно, сами си купуваме :) и ниту еднаш не сум спомнала дека не сум добила поклони, или било каква замерка во врска со овој дел од свадбата, од проста причина што чувствував дека со тоа самата си го омаловажувам, материјализирам да не речам комерцијализирам еден толку значаен момент во мојот живот...
     
    На Hopeful, Annath, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    ^^Епа тоа е проблемот и кај овие што сум ги видела, не се младоженчињава тие што го прават тоа, чест на исклучоци си има и такви што си забегуваат барабар со нивните, туку баш тоа свекор, свекрва, мајка татко... ццц луда работа еј и да правиш список кој што леле. Да си знае за нивна свадба што да однесе бе, паметна си е туку ај ;) ццц комедии се, тоа може само да ти го уништи денот
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    ^^ ова со свекрва ти ме изнасмеа :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Една од причините поради која не сакам свадби е токму оваа - наметнување околу подарокот и негово конкретизирање дури и вредносни лимити мора да е над 3000 или 5000 или вие сте ни блиски ни треба машина за перење и сушење :^) , ок мене ми треба џамбо џет за превоз или за правење свадба во него па ќе гледам да си го побарам ако правам некогаш свадба, ама се сомневам дека ќе се решам на ваква манифестација .
    Какви се‘ не глупости секој од нас видел или чул може комотно книга да се напише на оваа тема.
    И најодвратниот момент е што познавајќи ја отепаноста на некој роднина уште замерки ќе му најдат за подарокот скромен бил и неупотреблив. Не е веќе ни свадбата ни било кој повод за да се искажува чест некому стана параван за препукување и демонстрација на финансиска моќ и принуда на тие понемоќните.
    На сите свадби кои сум била во скоро време фрчат фрустрации од траги-комичен карактер - се налутила кумата бидејќи невестата не се согласила со некој адет да се изведе, се налутила идната свекрва бидејќи нејзините блиски зад столбот во салата биле сместени, се налутиле тетките од невестата дека на оро ги истиснале тетките од зетот,се налутиле гостите бидејќи јадењето не чинело или музиката била партиски определена абе цела симфонија на глупоста :D - како основна причина да не е веселбата, туку пукање на нечии нерви бидејќи секој сака да е главен лик на сечија свадба.
    Јас би си отишла на свадбено патување и во краен случај би се согласила на еден ручек евентуално набрзинка да не се влечат после доаѓањето со месеци да честитаат по дома.
    Некогаш свадбите на овие простори беа настани за мерак, имаше вистинска веселба и луѓето се радуваа на поводот и беа видливи емоциите во облик на чисти солзи и смеа, никој не ги мереше толку подароците нити со рендген-поглед ги пратеше постапките на другите околу себе.
    Сега свадбите за гостите и роднините се повод на тензија најблаго речено која ќе остане да виси во воздух и во спомените долго пред и после свадбата.
     
    На CameliaMiller, Espadrila, veronikaveronika и 8 други им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека во најчест случај родителите ја прават свадбата, т.е. тие ги сносат материјалните трошоци и немаат никаков бенефит од свадбата освен честа на поканетите, според мене мизерно е да се нагласи поклон во плик.
    Ни на крај памет не ми беше на нашата покана да пишува поклон во плик, а и кога поблиските не` прашуваа што сакате да ви донесеме јас скромно си одговарав- не е битен поклонот, битно е вашето присуство, мене ми е битно да дојдете. Дури и го одбегнував прашањето, се правев дека не слушам а на другарките им викав-ај не се замарај...ти само дојди.. :)

    На крајот на краиштата ако ви требаат пари, подобро не правете свадба туку родителите нека им ги дадат на младите парите што ги планирале за свадбата и готово...барем нека не се брукаат пред гостите.
    Не ми се допаѓа и вртење муабет од околу- па они се си имаат, си го опремија станот/куќата..се си купија...Со други зборови ти нагласува дека би било пожелно пари да однесеш. |(

    Нас еднаш ни стигна ваква поканичка и јас за инает не им ставив пари во пликце туку им однесов поклон, дури и се потпишавме и баш ми беше гајле дали ќе речат- види ги овие поклон донеле :fubar:

    Значи свадбата е семејна веселаба, родителите и младенците ги покануваат оние кои тие сакаат да бидат на тој нивен ден.
    На скоро сите покани си пишува-да го прославиме крунисувањето на љубовта на нашите деца...па бла бла бла...и завршуваат со - ќе ни биде чест ако и Вие присуствувате...итн.итн.
    Додавањето на тоа-поклон во плик не ми се допаѓа и не соодејсвува со самиот чин...
    Ја славиме љубовта, ќе се веселиме ама успат ај турете и пари да им се најдат на децата. :^) Непријатно и глупаво.
    Не сакам никого да навредам ама мене тоа ми личи на просење, ниска и бедна постапка..исто како што порано невестата и зетот одеа од маса до маса, даваа бончиња за вечера, а гостите и` даваа пари на невестата...многу глупав обичај...Уствари не ни знам дали е обичај или само уште еден дополнителен прилив на пари за младите.
     
    На Bibko, Hopeful, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Абе стварно така е, еве и оваа се обиде да ми го направи мизерен чинот, денот и радоста што ја чувствував, затоа што стварно не ми беше битно кој што ми донел, и верувајте дека вистина незнам и не ме интересира, а јас нема да носам поклон, за да вратам, па да правам список и да го чувам, ќе однесам тоа што јас мислам дека би одговарало за тие луѓе, без разлика што они ми донеле, ама не и успеа...
    И затоа мислам дека сепак е до младите, туку и они се лакоми, нема што она мене да ми кажува, правела свадба, имала избор, живеела, правела избори како што и одговара, сега на мене е ред...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Зар и ова што го болдирав го има!!! Живо ме интересира како звучи таа музика :D :D :D извинете за оф топиков ама не можам да прстанам да се смеам :lol: :x

    А знаете за некој обичај демек поклонот треба да е барем колку порцијата на свадбата за да им се исплатела свадбата на малденците. :fubar: :fubar: Ова му иде ако јас имам пари да нправам вадба во која порција кје биде цирка 100 евра значи поклон под 100 евра не треба да има!!! Божееееееееееееееееее. :D
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Нена, верувај го има навистина било нагласено да има само македонска народна музика поради партиската определба од страна на зетот, огромен дел од гостите незадоволни бидејќи немало српска музика и не чинела свадбата не се развеселиле како што доликувало |( .

    Лолита и на тој обичајот мизрен кај ме потсети со доаѓањето по маси, уште го има на некои современи чиниш свадби, кај во плик пари па уште и демонстративно од новчаник да им даваш, бетер од просјачење, па уште и слики и снимки како просјачењето се одвива по масите непосредно пред јадењето да се постави, :x .
     
    На lolyta777 и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Знаеш ние броевме :lol: ...ама повеќе беше како забава зошто не ни се спиеше. А не можевме да се мазикаме затоа што бев бремена-патолошка плус и не доаѓаше во предвид никаква бурна ноќ т.е. утро.
    Имавме соба во ресторанот...сите поклони горе ги однесоа и што од радозналост што од досада прочепкавме нешто...
    Е сега не ги запишував на ливче поклоните во смисла кој што донел ниту пак броев пари и коментирав еј овој оној толку донел..туку само парите ги собрав на едно купче за да се ослободам од пликцињата..а оние поинтересни честитки и до ден денес ми се во албумот од свадба.
    Ама затоа пак утредента кога отидовме дома, свеки си зема еден список и се` си запиша :D
    Искрено не ме изнервира, ниту се налутив баш ми беше гајле...нејзина работа...Како што вика Жапче- да си знае жената каде што да носи :D
    Лично јас кога одам на свабда преферирам да носам пари...најчесто затоа што немам време да барам поклони, а и не сакам да утнам па да не им се допадне. Сумата ја одредуваме според блискоста што ја имаме со младенците, а не според принципот -ти мене толку е па и јас тебе толку.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Koлку ме нервира кога некој ке прокоментира вака ни се тупнаа пет души и ни дадоа само 500 денари толку можеле,толку имале :x и со ова пишување на покани сакам кафе-машина од икеа не се надоврзав вчера,ама што ако некој не може да си дозволи?колку е глупаво |( A и за нашата свадба подароците што ни ги донесоа општо сите гости,пак на крај не ги земавме овде во Aвстралија :D искрено не беше не беа ни потребни подароци,важно супер си поминавме,и на крај сите подароци се раздодоја и дадов на мама,баба,вујна,тие дупли што беа.и сега иста приказна за крштевкава што ке ја правиме што сакате да и купиме на малата? и јас ништо,не не барем злато да и купиме,а кога ке се вракаме на аеродром ке плакаме царина за тоа злато,и уште сега велам не мора ништо,ние не ке ги земеме Aвстралија сите подароци,затоа не треба ништо :)
     
    На delvi и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Не сум мажена, ама кога би правела свадба секако дека не би напишала 'подарок во плик'. Со тоа сметам дека ги навредувам гостите кои ги канам. Ептен некултурно, глупаво и просто (според мене). Ако правам свадба, тоа е да ја споделам среќата со сите драги луѓе, а не да имам некоја ќар од нив. Па ако не сакаш да трошиш пари тогаш и воопшто не прави свадба. А не после ете толку мене ме чинеше по човек, а тие двајца ми дојдоа со сервис филџани. Па толку можеле луѓето, битно се појавиле и ја направиле честа.
    Инаку не сум добила таква покана, ама и кога би добила ќе си однесам тоа што мислам дека треба, па баш ме брига кој и што ќе рече.
    Еве сега во сабота сум на свадба и се договоривме со другарите ќе собираме пари, ама не секогаш е така. Кога се мажеше другарка си го спремаа станот и случајно во една продавница гледавме лустери. И открив кои и се допаѓаат. Пред свадбата го прашав брат и и ми кажа дека сеуште немаат купено, па и ги купивме и ептен беше среќна и изненандена, па ете сега дома и го красат таванот.
    И да, сум била на свадба во Куманово, каде пред или после вечерата невестата одеше по маси, даваше бонбони и собираше пари. Јас појма немав што се случува и кога ми кажаа ми идеше пред сите да се крстам со лева рака. :x Ама пак ќе речам секој со своите идеи, желби и замисли.
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Баба ми ми има кажано како некои роднини, на моите на свадба им го однеле истиот поклон, што баба ми и дедо ми им го однеле на нивните деца, :D И моите не ни приметиле, ама баба ми смртно им беше лута.

    А инаку за поклониве. Во Америка има многу интересен принцип на купување поклони. Младенците одат во неколку продавници и си бираат производи кои им се потребни од најефтин до најскап. Ги ставаат тие продавници на блог (сите пишуваат блог кога прават свадби) и сите гости можат да си одат во продавницата, да кажат колку пари имаат да потрошат, и за тие пари бираат поклон кој го избрале младенците. :D
     
    На eleni23 и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Кукличка, ова што го објаснуваш се вика Wedding registry.

    Феминки, ај мала помош плиз. Кумот се жени за неполн месец и се мислам околу подарокот. Живеат во странство и се МНОГУ добро ситуирани. Пари не му значат многу а и без тоа би сакала да е нешто што ке им остане за спомен. Треба да е нешто релативно мало а вредно, брендирано по можност. Кога се верија им купивме фигура од Сваровски. А сега врска немам... т.е. имам некои идеички ама ај да слушнам и ваши предлози. Благодарам :)
     
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Може некоја уметничка слика.Тоа е секогаш добар избор. Само да се распрашаш каков вкус имаат
     
  17. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Јас мислам дека барем кога ќе дојде човек на свадба треба барем порцијата да си ја плати. Сега ќе речете: Аии тоа е глупаво, навредливо, бла бла. Јас мислам дека не. Како што младиве сега се во економска криза и можеби едвај ја направиле свадбата, со кредити и 300 чуда им следуваат барем да се платат само порциите. И не! Не треба да се пишува по покани "Поклон во плик". Самите луѓе би требало да се знаат дека треба пари да донесат.

    Кај нас, тато секогаш носел пари во плик, зошто и од тогаш знаел дека тоа е најдобро за младоженците. Јас кога веќе би пишувала тоа во поканата би пишала "Ве молиме, доколку сте во можност да донесете подарок во плик, а ако не ќе бидеме задоволни од вашето присуство" :)
     
    На eleni23 и babyblond им се допаѓа ова.
  18. zara

    zara Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Неможам да им ја сфатам математиката на тие што прават свадби и бараат пари во плик! За свадбата ке потрошат неколку илјади еура а исто толку ќе добијат во пликовите, но потенцијално! Тогаш, која е целта на свадбата? Зачувајте си ги тие истите и ете. Сите среќни! Да се покажеш пред комшиите и роднините дека имаш пари за свадба? За забава- не ќе да е! Ако е за забава во никој случај нема да пишува пари во плик. Многу е безобразно. А одозгора ако не им носиш пари во плик или не им одговара сумата која си им ја дал - те колнат и те бесат и свекрвите и овие другиве! Што се шета по мајката Земја, нема да можам да си објаснам никад!

    А најмизерното да зимаш кредит свадби, матури и слични видови на непотребни прослави - Бог Да Чува од таква белја!
    Ако немам пари-не правам!
    Ако имам, ќе правам - без ограничување на видот на поклонот!
    А воопшто ја знаете ли целта на свадбата како манифестација/особено вие со поклонот во вид на пари ??
     
    На Neytiri, enca.69, macysh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    За мене од тоа на поканата да пишува поклон во плик е нај ама најглупа работа! Па чекај малку ти правш свадба оти ти е ќејф или за да ставиш на некој обврска?? Па мислам народот е свесен ( нормално со исклучоци ) што треба да донесе! Еве на пример сестра ми правеше свадба пред две недели и нормално на поканата не пишуваше поклон во плин, но гостите беа доволно свесни и 90% и поклонија пари, а останатите поклони беа блендери, соковноци, кафемат, неколку сервизи чинии и такви работи. Според мене свадба се прави за задоволство, од ќејф, а не да збериш поклони! Ако ти е толку до материјалните работи свадба ич и неправи тие пари родителите нака ви ги дадат оти вака со свадба секако сте во загуба!
     
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Зависи кој како гледа на работите. Бидејќи со мм живееме во странство(земени сме ама тек годинава свадба), за свадба гостите од тука прашуваат ако си поблизок што сакаш и останатите самите си знаат поклон во плик бидејќи ем не ќе можеме ваму да ги носиме а и не се сигурни дал ќе ти погодат. На поблиските можеш да има кажеш нешто ако ти се допаѓа да се соберат повеќе роднини и да ти го купат, или пари. Сепак не може буквално да им се нареди на пр на некои комшии што немаат пари во плик да ти стават а доше со нешто колку да одбележат и да ти направат чест.Значи пари поклон може само со роднини. Еве и нас не прашуваа ама и они ни рекоа боље пари да си купите сами тамо дека овде нема кај да го носите. Сепак секој си ја познава фамилијата и они што ги кани најдобро и за секого е индивидуално.