^Епа сеа според твоето испага дека да дадеш поклон во плик не е доволно ако не ја надминува сумата на платената порција односно ако не ти остане нешто плус. Логиката на -Барем да си ја платам порцијата, е еден маргинален минимум дека ако немам повеке да дадам да не биде дека ете младите ради мене се во минус со тоа што ми дале стек и пирошка,туку барем да им ја израмнам сметката. Испага дека не е доволно тоа што си одвоил од буџетот и си ја исполнил желбата на младите да биде кешарица туку треба и да се мислам дали разликата од порцијата и остатокот е доволно голем за да не биде навредлива сум од 300-500 сеедно колку денари. Уште еден доказ дека човечката лакомост е неизмерна. И да поклон е и да се 1200 ден колку што коштаат порциите и да не остане разлика во сумата. Бидејки што е до мене може не ми се свига храната што ја одбрале за вечера и нема да ја чепнам а ја плакам со тие 1200 ден.
За тоа си во право да, но како што знаеме денес да правиш свадба е навистина луксуз, барем за повеќето парови и фамилии и ретко кој дал порција поскапа од 15 евра, секоја чест на исклучоците. Секако за „исклучоците„ можеби и треба навистина да се направи исклучок нели пошо утре ти кога ќе правиш/ или ако веќе си правел и тие донесле нешто повеќе од порцијата. Кога се во прашање пари тие фамозни 20 евра или 1500 денари можеби звучат не премногу ама доволно, ама ај да видам што ќе купиш на 20 евра. Пегла за алишта-нема. Соковник исто нема, миксер нема. Чаши?! Еее тоа има да. Кај мене има едно правило. Ако имам, ако можам ќе дадам и ќе одам ако не ич не одам (ова важи за подалечни роднини и пријатели). А за сумата од 300-500 денари што ја спомна, па да навредлива е. Зошто некој со толкава сума оди на роденден, а сега станува збор за свадба. Еве ќе зборувам лично за мене. И те како ми беа битни поклоните на свадбата. Зошто?! Зошто сакавме и направивме свадба, не многу голема имаше 150 гости, не многу луксузна, значи се беше во границите на нормалното. На пролет ќе почнам со куќата, со уредување и ред други работи секако ќе ми требаат или поклони кои се потребни за во неа или пари со кој ќе купам тоа што е потребно. Не е до лакомоста на човекот, но верувај дека не е убаво кога ќе видиш дека четворица дошле, јаделе и пиеле колку за 10 души и донесле 2000 денари поклон. Или па после свадба отвораш поклони и гледаш си добила 4 електрични скари пример... 1. После втората, третата сигурно нема да се израдуваш туку ќе направиш 2. Ќе му го бараш чарето, дали за препродавање или за замена во продавниците за тоа што не си го добила, а ти треба.
Леле па што убаво си каЖуваш, куќа спремам пари ми требаат Не треба нив да му е срам што ти дошле со мал поклон туку тебе што си останала во турско...
^Епа знаеш како викаат И паре и јаре нема. Ако некому поклоните му се одлучувачки за да го уреди својот иден дом ,ондак нека не праи свадба тие пари нека ги вложи во домот. Ние сакаме ем свадба ем пари да ни останат. Такво нешто нема. Нејкеш трошок место 150 души ке викнеш 50 ако ете до толку е потребно да се одбележи тој ден.Ама некој да ми превртува со очи затоа што за 2000 ден сум јадела и пиела, искрено не заслужил да поминам поред него а не па нешто повеке. Според твоите постови ми делуваш ко да си разочарана што не си заработила пари од свадбата. Се додека праите свадби за да напраите пари секогаш ке бидете во минус.Не само ти туку сите идни невести кои со таа намера наводно ке се веселат. Есапот тој е.Ако немаш да си го средиш домот без поклоните од свадба тогаш ке немаш ни со тие поклони. Поклоните се единствено како помош некоја а не како инвестиција во идниот дом на младите.
А ти свадба правеше за куќата да си средиш или ? Мислам стварно не коректно од твоја страна ова што го велиш, некој можеби нема дома што да јаде ама еве ти направил чест и дошол. Јас ако немам пари не правам свадба, или што треба да почнам од сега да правам сметки кој колку ќе донесе и дали може нешто да си купам. Ако веќе немам доволно пари а ми треба за куќа, може да се помине и без свадба. Денес 2 000 ден многу значат, изгледа некои не осетиле, ама еве јас ќе ти кажам тетка ми дома се на нејзината плата од 9 000 ден и што јас да очекувам поклон од 100 евра, ма не блиска фамилија ми е 200 има да донесе "ќе јадат и пијат на моја сметка" . А јас зошто би правела свадба ? Па искрено затоа што тоа ќе биде ден кој сакам да има веселба, радост, да биде посебен ден, и да ми дојдат сите што ги сакам, и секако да облечам венчаница желба ми е , а не да собирам пари од неа.
Јас не реков дека сум разочарана од поклоните и од парите што ги добив за свадбата тоа го напишав и во постот кога набројував што добив и кажав дека и не очекував толку. Но повеќето нови парови се со мисла како мојата, барем има некои што јас ги знам и јас секако се вбројувам во нив. Патем нормално секој ќе ги инвестира и планира за тоа што во моментот му е најпотребно. Блазеси им му на оние што предвреме му е решено стамбеното прашање и што после свадбата ќе си се вселат во потполно опремен дом и поклоните ќе ги искористат за патување или лукзус или па ќе ги заштедат. Да беше и мојот случај таков можеби немаше вака да размислувам.
Дона ако така гледаме тој што нема решено стамбено прашање зарем треба да очекува дека некој за поклон на свадба ке му даде клучеви од нов стан или од нова кола. Да сите очекуваме дека ке добиеме нешто повеке со тие поклони со оглед на тоа дека за свадба се дава многу повеке но никој не очекува дека животот ке си го реши со тие 5000 евра што ке ги собере ако е посрекен или дека станот/куката ке ја наполни со основна бела техника. Потполно опремен дом имаат тие што ке живеат со свекор и свекрва, останатите со свој труд и пот ке го опремуваат во текот на животот. Ако ти сакаш се од еднаш да средиш да имаш гарнитура ,модерна кујна и спална богами и ти и сопругот ке треба да се запотите малце за да го остварите тоа. Можеби помош ке ви бидат баш тие 20 евра за да купите навлака за перници ама главното пак ке е на вас а не на гостите со своите поклони да ви обезбедат удобност и благосостојба.
По мене не ти е на место размислувањето. Ова е само мое мислење, немој да се навредиш. На сите треба да ни е јасно, свадба не е заработувачка и неможеш во плус да бидеш, туку е трошок (без разлика дали си плаќаат младите или родителите) Целта на свадбата е прослава на влегувањето во брак и е чест некој да ти присуствува на неа, а не е хуманитарен настан за опремување на куќа или собирање на арач. Пишуваш повеќето нови парови размислуваат како тебе, не не е така. Јас сум меѓу нив и не размислувам така. Еве ќе ти го кажам моето мислење. Јас моментално опремувам стан, значи немам ништо ни една лажичка, ако ми веруваш немам веќе ни пари, а имаме и кредит. А исто така го размислуваме и влегувањето во брак. Опцијата беше правење на свадба и стискање на палци да се соберат повеќе поклончиња и парички, па да дојдеме во плус ко што сакаш ти. Но не, ние се одлучивме за другата опција. Еве не правам свадба, односно тоа ќе биде само ручек на двете фамилии и толку. Ниту да ги соголувам родителите, ниту да ги трошам роднините, ниту себе си да се изложиме на поголем трошок. Уште ова, луѓето стварно немаат пари, мое мислење е дека наш народ ќе си скрати и од јадење само да не се срами пред луѓе. Ама тешки се времињава. А ти ако велиш дека за 20 евра нема што да се купи, да, но 20+20+20+20 па ќе си купиш нешто корисно.
Абе сега вие сакате и јаре и паре Место да правите свадба од која мислиш дека ќе си ја опремиш свадбата а се разочаруваш кога тоа нема да се случи требало парите кои биле предвидени за свадба да си ги вложите во куќата и завршена работа. Ако имало доволно пари само за едната работа јас би одбрала уредување на домот пред свадбата, свадба е еден ден а домот засекогаш.
Mene ovoj odvoen pasus mi e nerazbirliv .Dali sakashe da kazhesh deka gostite avtomatski treba porcijata da si ja platat .??? Ili se lazam!! Pa zoshto na pokanite ne napishavte porcija €20,poklon nad €20 i ete reshen problem ... Ubavo feminkive ti napishale,mesto vo svadba da investirash,si trebala da si gi iskoristish za ponatamu. Dvajca budali,i trista dushi gladni...shto e SVADBA
Какви подароци ќе добиете треба да имате претстава однапред, ако си ги познавате роднините и пријателите. Спојлер Мене само одвај неколку пријатели секогаш ме прашувале што сакам, што ми треба (за родендени, дипломирање). Од сите роднини, ние како семејство отсекогаш сме добивале крш подароци (такви ни се роднините), сите гледаат да поминат поефтино или ради реда. (Пр. за матура и дипломирање, 90% од подароците беа скроз нефункционални и некорисни за мене, а само 2-3 бомбоњери беа од Краш и Атлантис, сите други беа некои турски со поминат рок). Спојлер Па, според ова и за свадба знам дека не треба да очекувам нешто посебно. Иако не сакам свадба, па мислам дека нема да ме има по темиве.
Donna.17 да знаеш дека со подароците/парите од свадба не можеш да се збогатиш. Колку ќе вложат родителите толку и ќе добиете,а можеби и некој денар повеќе. Пример вие сте добиле 3000 евра. Се кладам дека твоите родители и родителите на сопругот имаат потрошено по 1500 евра. Можеби и помалце како што велиш порција ви била по 10 евра, а 150 души. И четворица да дојдат со 2000 денари не е малце сепак. Сепак имате среќа што родителите ви ја прават свадбата, а за вас парите. Еве ние пред 3 месеци бевме на свадба во друг град, поканети бевме цело семејство, родниниве ни се не баш ептен далечни, зетот мене ми паѓа втор братучед кој го гледав втор пат во животов. Далечината си го прави своето. Но сакав да појдам од причина што сепак роднина ми е, млад е ако не беше таа свадба кога би ги видела некои втори братучеди. Сакав да се запознаам. Им однесовме 50 евра. Четворица одевме со 50 евра. Знаеш колку им беше порција? 20 евра по лице и тоа го разбрав на свадбата. Луксузна, прелуксузна свадба. И сега ако одиме според твојата логика да си ја платиш порцијата и плус нешто за младите да остане, ние ќе требаше да им дадеме 100 евра. За толку не бевме моќни. Не си свесна како не пречекаа не само нас подалечни роднини, туку сите на свадбата и сигурна сум дека не им беше битно кој колку пари им носи. А имам и едно прашање до вие што се жалите и сте лакоми...зошто секогаш се жалите од тие што ви донесле глупави поклони или малце пари, а не се пофалите на пример од тие што ви донесле 150, 200 евра поклон? Тие и тоа како ја натплатиле вашата порција.
Хмм, можеби сум идеалист и нестворена и неприлагодлива за ова време, но јас подарокот за свадба не го сфаќам како ништо друго освен материјализирана експресија на моите чувства од ситуацијата и на мојата среќа за тоа што на некој мој близок му се случува ваков убав настан. Значи не го сметам за давање милостина, ова им треба па ај да им купиме, пари им треба па ај да им дадеме. Штом веќе прават свадба, не се за милостина давање. Кому не му се допаѓа мојот подарок, па згора и се*е за тоа наоколу, не го заслужил моето присуство и мојата мисла на него/неа. Подарокот за која било свеченост го гледам како персонализирана работа која никако не треба да е изнудена. Дел од тебе, од твојата среќа за блискиот. Затоа, многу ми е тешко кога ме напнуваат да одам на свадба кај луѓе кои сто години здраво не ми рекле на улица и не може да ми се драги.
Feodora јас во ниту едно мое мислење не напишав дека имав план да се збогатам од свадбата туку муабетот започна со тоа колкав поклон да се однеси според бројот на тоа колку луѓе учествуваат во тој поклон. Мене ми е јасно тоа дека е криза, дека се нема пари, (тоа и јас го осеќам не се правам дека немам проблем со криза и финансии) но јас во ниту еден момент не реков дека сум разочарана од подароците што ги добив тоа е што е. Ниту на поканата моја пишуваше подарок во плик, ниту на некој му беше кажано што да донесе. И на мојата свадба сите беа пречекани како што треба и од моја страна и од страната на мм. Патем јас подароците не ги отворав уште на врата кога гостите доаѓаа и ги даваа истите
Да бидеме искрени и да сумираме, од свадбата “ќар“ видуваме само ние младенците, а трошокот речиси секогаш паќа на грб на родителите. Секоја чест на исклучоците кои сами си ја плаќаат свадбата, но доколку немаш свадба нема ни да правиш, барем јас бев одлучна во тоа, јас реков дека за свадба пари немам а мајка ми ми рече дека е нејзина одговорност да ми ја направи, во тој случај не и се мешав во изборот на гости. Скоро 90 % од останатите трошоци сама си ги покрив, за многу малку ми помогна мајка ми, нејзино беше само да ги покрие гостите и превозот со оглед на тоа што доаѓаа од подалечку моите гости. А зар тоа малку беше? Ќар ни јас ни они да бидеме искрени, наместо тие скоро 5 000 евра кои се “фрлија“ на свадбата можеше да размислуваме за реновирање или нешто слично, ама од денешна гледна точка знам дека многу ќе ми фалеше таа веселба, сепак поради тоа што немав средства за да ја покријам целосно сама сум и благодарна на мајка ми за тоа што го направи и повеќе од задоволна сум. Нема богатство кое ќе ги покрие изразите на лицата на нас двајца тој ден, на нашите тие пари не им значат ништо во споредба со тоа што не направија толку многу среќни. За крај да бидеме реални, ако правиме свадба за да реновираме спрат, да си купиме кола, многу сме погрешиле, треба да тргнеш со многу мали очекувања за да бидеш задоволен, јас барем така направив и навистина бев задоволна, а како и да не бидам, наеднаш добив куп подароци кои во секој миг ќе ме потсетуваат на оние кои ми ги донеле, а со парите планирам да купувам подароци и да си ги распоредам според тоа како ми давале пари, пример од другарите ми е масичката со оглед на тоа што ја плативме колку што ни дадоа оние. Така и останатите работи ќе ме потсетуваат на оние кои ми дошле на свадба и ме испочитувале. Гледајте го секој подарок како почит, а не како сум, како бројка, како количина, па макар биле и чаши или тањири.
Среќа што не си ги отварала па затоа убаво си ги пречекала, оти да ги отвараше кога ќе видеше мали суми и трета по ред пегла, не знам колку ќе биле убаво пречекани, со оглед на пресметките што ги направи отпосле ...тоа ли сакаше да го кажеш
леле боже... всушност се зависи од карактерот на човекот. мене не ми е јасно што тоа толку потресување дека ако се се омажиле мора сеа се да ви биде средено односно свадбата да ви биде отскочна даска за тоа средување. јас немам ниту куќа ниту стан, живеам под ќирија и пак не ми беа битни поклоните ама воопшто всушност освен среќата и мирот што си го имам дома ништо не ми е битно ( ете таква сум). си штедам и кога ќе заштедам доволно тогаш ќе си купам стан а до тогаш планирам да уживам. му бев благодарна на секој што дојде и се водам со тоа дека ако сама не си купам или направам нема да имам ништо. искрено јас бев изненадена од поклоните и од парите. се ми беше многу бидејќи и ништо посебно не очекував така да секој со својот став. како беше онаа колико људи толико чуди (или слично)
Не, не сакав тоа да го кажам. Во секој случај сум погрешно сватена од сите скромни и наивни девојки. Трет пат пишувам на темава дека јас лично и сум повеќе од задоволна од подароците и парите шти ги добив за мојата свадба, а кога започна дискусијава се зборуваше за тоа колку се носи, колку души учествуваат и секако за каде се носи. Секој што ќе каже дека не му се толку битни подароците не му верувам јас, впрочем ако не се битни што трчаме сите што побрзо да ги отвориме/преброиме. И секако нормално секој ќе си каже за себе, ќе си инвестира во тоа што во моментот му е најпотребно. Дискусијава замина во погрешна насока, јас не реков дека свадбата ја правам за да си го уредам домот туку реков дека парите ќе бидат наменети за тоа. Можеби звучев нескромно и лакомо, но тоа е моето гледиште во врска со оваа тема.