Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.166
    Допаѓања:
    107.179
    Пол:
    Женски
    Така некако Моирче ;) Само за кого како, ау тоа беше другата тема бре :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мислам дека повеќето тука ти реплицираа не затоа што се прават наивни, туку за почетниот став дека практиката "да се покрие порцијата" не била доволна. Тогаш излегува дека ако сите донесат колку да си ја покријат порцијата, младите пак ќе бидат незадоволни. Колку е доволно? Начелно вредноста на порцијата и не е репер (а најчесто и не знаеш точно колку е), туку луѓето ја имаат како некоја фер конвенција прифатено.
    По таа логика и дупло од порцијата не е доста - бидејќи не ја покрива цената на венчаницата, на бомбончињата, свадбената торта, музиката. Свадба е скапа работа.
    Баш во тој правец ги гледам и коментарите на феминките тука - не треба да се споредува трошокот со собраната сума на пари. Не е тоа наивност, чисто реалност (и совет)
     
    На midnight.flower, irena.1 и tessie им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    Да си ја покријат порцијата? А наместо свадба праење, да се седне групно у ресторан каде секој ќе си ја плати порцијата? Сакаме свадба а нејќеме трошоци, сакам да затруднам ама нејќам да ми влезе работава.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Зборот ми беше дека воглавно таква е конвенцијата, дали е правилна или не, тоа е веќе друг муабет.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    Ја за конвенцијата и коментирам (знам дека не мислиш ти дека така треба). :D Бог да чува, цепажи од конвенција! Би била благодарна доколку ми се кажуваат вакви работи, ич да не им плаќам порции на туѓи свадби и сватови. :D
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ама ја запнавте |( секој си кажува свое мислење, ете таа мисли дека така треба и тоа е. Не можете да смените нечие мислење. И јас кога носам подарок во плик гледам да си ја покријам порцијата и да има нешто плус за младите, 100 денари нека се, ама плус да се. 100 денари плус во пликот, 100 денари бонбонче да платиш, ете ти ги парите. Зарем нема што да се купи со 200 денари? Ако не друго едни најобични чаши ќе си купам бре, вода да пијам во нив. Впрочем, и секој друг денеска гледа барем да си ја покрие порцијата. Секоја „чест“ на исклучоците од типот одиме 6 души на свадба со комплет чаши за вино.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    Е де и ти имаш поинакво мислење и другите. И едните и другите имаме право да коментираме. :D
    Попрво ќе си ја платам порцијата отколку така да му ја мислам.
    Цената на порциите треба да ја мислат тие кои се решиле да прават свадба и да ме викнат.

    А да слушнам дека некој ме понижува затоа што сум му донела, на пример, еј која мизерија, сет чаши за вино, а сме дошле толку и толку души, ќе му отидам дома и ќе му ги фрлам парите од порцијата/порциите у фаца и веќе никогаш нема да сакам да го видам у живот. :puke: Кешки нека се обогати од порциите ако може. :D На мене мило ќе ми биде.
     
    На imelda и karenin им се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Од каде знаете колкава е цената на порцијата?
     
    На Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    Па ќе се распрашаш. Како тоа на свадба да одиш, а да не знаеш колку пари ти е порцијата? :D Брука.
    Да не знаеш што попрво да праиш, да бираш поклон или да се распрашаш за една порција. :D
    Обавеза голема било одењето по мак. свадби. Со чесни исклучоци.

    Кај и да е и тоа ќе почнеме да гледаме по покани, под она Подарок во плик. :wasntme:
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А тебе нема да ти биде срам да отидеш со цела фамилија и да однесеш сет чаши? Е тоа е понижување и мизерија според мене, затоа што не те понижуваат тие затоа што тоа си им однела, туку ти ги понижуваш нив.

    Сите сме свесни дека порција од 9-10 евра подолу нема, а порции од 30-40 евра плаќаат оние од високите класи (мада и овде не важи тоа, скоро бевме со дечко ми кај истакнат политичар, правеше свадба на синот, а порциите беа истите како кај другарот на дечко ми - 9,5 евра) :) затоа се водам според правилото 1000 денари од човек. Ете толку носам кога одам сама. Кога одам со дечко ми носиме 2000. На страна ептен блиски другари и роднини (лани кај најдобар другар на дечко ми однесовме 50 евра, двајца бевме).
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Па чудно ми е....не дека и јас немам слушнато за тоа „барем да се покрие порцијата“, ама јас искрено не го прифаќам како непишано правило.
    Прво, затоа што ПОЈМА НЕМАМ која порција ја одбрале, второ - затоа што е тоа многу небитно. Што ако газдата на ресторанот му е роднина и му дал 50% попуст? Или му должи пари па затвораат компензација? Или од сите понудени порции, тие ја одбрале најефтината, или не дај Боже, најскапата? :D Ете ние, на пример, немавме наведено Поклон во плик, па пак собравме 2.5 пати повеќе пари отколку што не` чинеше свадбата, со 180 најблиски гости.

    Поклонот, според мене, нема врска со порцијата, тој има врска со близината на давателот и примателот, како и со моменталните можности на првиот.
     
    На Neytiri, Annath, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Добро кажано :) епа ај сега отиди кај некој близок со сет чаши. Мене ова ми е понижувачко. А ако некој ме поканил колку да си пополни место, не ни одам.
    Значи се согласуваме со тоа дека денес скоро секој се води по тоа непишано правило, освен некои во кои влегуваш и ти :) (не го земај ова како навреда).
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    Њет!
    А што ако од таа цела фамилија само еден зема плата? Само тој ќе оди, другите не земаат плата, „шо ги е**м, ќе ги сечам“, немаат право да се израдуваат. Од ова помизерно ми нема и единствените кои треба да се засрамат се младенците. Затоа свадба треба да прават само широки луѓе кои не се толку ограничени и свесни се дека секој е со различни можности, не оние кои сакаат да ги „насанкаат“ побогатите роднини за некоја порција плус. :D :)
     
    На Neytiri и Glasna им се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Исправка Нати не е точно дека нема порција под 9-10 евра. Мојата колешка правеше свадба со порција од 7 и пол евра. Јас и однесов 40 евра, само од мене. Ако се водиме по тоа треба да си ја покриеш порцијата , јас за уште 5 други луѓе. Ама јас со нејзе многу си живеам, а тоа што она се одлучила за скромна варијанта на порција мене не ме интересира.
    Од друга страна бев на свадба кај пријател, и му однесов столна ламба од двајца, фина убава поевтинка варијанта. Колку него го кошташе порција незнам и не ме интересира ама ич. Еве конкретно свадбата беше во имес мислам се вика ресторанот. Поклонот јас го одредувам според колку живеам со луѓето и колку ми се можностите во моментот.
    Што вика тесси уште малку ќе почнат и на поканите да пишуваат колку била порцијата.
    А ако не ја бивало, ако местото било суво, а компирите ладни што правиме тогаш. Штом е порцијата важна треба да ја почекам вечерата, да видам каква е, па тогаш да го дадам поклонот :D
     
    На Neytiri, Glasna, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Види, јас може и ќе одам кај некој близок со сет чаши ако во моментот немам за повеќе. Блискиот сигурно повеќе ќе ме разбере дека сум во шкрипац отколку некој подалечен, кој ќе преврти очи на мојот поклон секако (ако му текни која сум и од каде ме знае :D ).

    Нас старосватите не ни дадоа поклон, никаков, зошто немаа можност да земат таков каков што сакаа тогаш, па еве сме сите здрави и живи години после тоа :) Ај помалце замарање, доволен е поклон даден со чиста и позитивна мисла ...
     
    На Annath, irena.1 и tessie им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    А ја шо иам видено сет чаши за шампањ (значи две украсени) шо коштаат нешо помалку од 50 евра? :D
    Ќе им замерите на луѓето без потреба. :D
     
    На Neytiri и Daydream им се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ако на некој не му е срам, нека оди и со оние тањирчињата 3 за 100 што се. Негова одлука, негово право. Ама да се напаѓаат остро сите што не го делат мислењето со вас не е во ред (а тоа и се случува во постовите од последниве две-три страни). На луѓето можеш со сила само да им земеш, не можеш да им дадеш. Пишувајте и цитирајте колку ви душа сака, не можете да смените веќе формирано мислење. Тоа е факт. Не зборувам само за мене, туку за сите што не делат исто мислење. Јас така мислам и така правам, ама сигурно дека нема да понижам некој на таков начин, па колку близок или далечен бил. Близок, во каква ситуација да си ќе те разбере, па можеш и подоцна да однесеш, да земеш на неколку рати нешто што им е потребно. Далечен - не одам, ако немам да однесам доволно. Скоро бев кај колешка, не толку блиска, ама ете ме покани. Неколку колешки бевме, однесовме по 15 евра. Сметам дека се доволно. А ако не можев да си ги дозволам тие 15 евра, сигурно дека немаше да отидам со чаши од 300 денари.

    Пак ќе речам, секој има свое мислење, а дали некој се согласува или не се согласува со тоа, џабе е. Не може да смени :)
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ова само кај нас во Македонија го има. :x

    Се нема пари, никој нема, ни тие што прават свадба немаат којзнае колку, а очекуваат гостите што исто така ги знаат кои се и што се и колку им се можностите да им донесат поклон од 200е. Епа нема, се знае овде кој, колку може. Односно си ги знаете сите роднините кои, колку имаат и колку треба да очекувате. Всушност не треба ништо да очекувате.

    Не можам и никогаш нема да сфатам зошто побогу воопшто правите свадба кога немате доволно средства и истата ја гледате само како настан од кои ќе ви се вратат финансиите?

    Ич не ни правам свадба бре. Си имам изјаснето уште сега дека јас понатака ако немам лично МОИ финансии свадба нема да правам. Зошто да правам? За да еден ден после свадба сите по ред пребројуваат кој, колку донел и дали сме ги покриле трошоците? Поубаво кога знам дека не можам, едноставно немам пари за свадба, нема ни да правам. Тоа не е ни срамно, ни жално, ни тажно... Има многу парови што не правеле свадба па еве ги и ден денес се здрави, прави и супер брак си имаат.

    Уште еден доказ дека во денешно време луѓево само материјалните работи им се вртат во глава. И дека свадбите не се ни најмалку тоа што беа или биле порано. Тие што прават свадба гледаат трошоците да си ги покријат, а тие па што отишле гледаат порцијата колку била скапа, евтина. Не знам како воопшто ви текнува да размислувате за тоа.
     
    На LaraSolare, Glasna, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    А бе најдобро е кај ромите во вркса со ова (искрено).Таму јасно и гласно пред сите се чита и се запишува кој колку пари донел (нема тенџериња ,ова она глупости ) стрикно пари ! .Така да правилот е колку што знам со запишувањето да си знаеш кој колу донел и нареден пат МОРА да се врати со малце повеќе од таа сума .Порано ми беше смешнпо но сега сфаќам дека свадбите се како пазар на берза со подароците .Кој што и колку донел |( ..Моето лично мислење е дека повеќе се замараат другите со подароците отколку самите малади :geek: ..Од балкнаштината нема бегање :tmi:
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Најинтересно е што темата за порциите се почна од коментарот дека носење пари колку порцијата не е доволно.
    На мојата свадба порцијата сосе пијалок беше 22 евра. Кој сака нека верува, кој нејќе не мора, ама немам поим дали и колку од гостите (160 вкупно) ја покрија цената. Важно беа собрани само луѓе кои навистина ни се блиски, од мојата страна немаше никој кого не го знаев и тоа добро - исто и од страната на мм. Сите беа весели, атмосферата супер и рекоа дека убаво си поминале - со оглед на тоа што и јас убаво и релаксирано си поминав, тоа ми беше и најбитно.