1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Дона ти не рече дека сакаш да се збогатиш, ниту за тоа ти пререков јас. Ти сама си кажа дека битни ти се подароците, куќа ќе градите. Во ред сето тоа, убаво за вас.
    Сега еден совет до тебе земете работете нешто зашто куќа не е мала работа пари треба - не се гради туку така.
    Не чекајте за тоа со парите од свадбата...
    Луѓе сме сите. Кој колку има и колку сака толку ќе даде. Односно кој колку заслужил толку и добива.
    Сепак сите тие поклони ипари се вратка. Ќе ти дадат 1000 денари, утре други ден и ти толку ќе им дадеш.
     
  2. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Хаха. Работиме, работиме не секирај се доволно финансии ни влегуваат дома не се крстев јас во поклонот од комшијата за куќата дали 5 или 10 сантими повисока да биди. А за поклоните не запишав да ти кажам искрено кој колку даде така да не се водам според тоа колку сум добила-толку ќе однесам.
    Ако некој друг е циган, немора заради него и јас да бидам. Оти ете можеби тој другиот ќе ме запиши/запамти мене па ќе каже „Е оваа дојде со едни чаши од 500 денари на свадба кај мене„.
    Како што пишав вчера... ако имам да дадам ќе одам и ќе дадам, ако не не одам. Впрочем тој што сака да даде и да не е канет на свадба ќе појде на гости после свадба и ќе однесе толку колку што мисли дека треба
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Неканет може да даде поклон после свадба, а канет на свадба е циган ако ништо не однесе. Озбилно човек страв да му е покана да му стигне :D
    ОК да ве човек некои од невестите разбере на некој начин, како свадбата е вашиот ден, најголем во живот и се тоа, ама претерувате колку му давате за значење и затоа се разочарувате, оти, реалити чек, извинете ама така е како што е, на сите други им е уште една свадба. На поблиските роднини, тесното семејство де е поважен ден, ама за останатите сто и кусур души е забава и повод да се дотераат и изиграат.... најадат и напијат, па после да критикуваат колку е тегаво месото :lol:
     
    На Li0ness, tessie и donna.17 им се допаѓа ова.
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Знам ќе ми биде избришан коментарот, ама морам
    ДА СЕ ВОЗДРЖИМЕ ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, НА ФОРУМОВ НЕ ИМА ОД СИТЕ НАЦИОНАЛНОСТИ
    ДА ОСТАНЕМЕ ВО ГРАНИЦИТЕ НА ПРИСТОЈНАТА КОМУНИКАЦИЈА ВЕ МОЛАМ.
     
    На eloves, LaraSolare, miss.ella и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Прашајте ги бабите, сигурно знаат...
    Порано на секој поклон лепенка му ставале чив е (и тоа без срам), или запишувале на список, за да знаат утре што да вратат.
    И попоштено било, чиста сметка, со оглед на тоа какви се луѓево.

    Имаме роднини кои на секој себап одат цело семејство само да се изнајадат (на визита по 5-6 пати се полнат овалите пред нив), а самите се прескржави, ниту даваат асален поклон, ниту дома им те пречекуваат така. Е, со вакви роднини ќе се нервираш.

    Затоа сакам не свадба, туку мала прослава само со најблиските, а од нив сигурно ќе добиеш нешто за кое не се џабе фрлени парите, или ќе ти дадат пари.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    Ја не те нападнав. Читај убаво. Си кажав мислење. И не, од сиромаштија и беспарица никогаш нема да ми е срам. И од тоа да одам на свадба кај некој затоа шо неам пари за скап поклон. Кога не им е срам на младенците да прават свадба а да очекуваат доволно за да ги покријат порциите, по чему мене, поканета да ми е срам да однесам тоа што ми се можностите?

    Повторувам, од сиромаштија и беспарица никогаш нема да ми е срам. Сум била на тоа дереџе, знам како е. А од ситничeње и дискриминација на роднините според тоа колку пари потрошиле на мене, секогаш би ми било. Затоа што второво, 100% зависи од мене. Татко ми ме учел дека не треба да се срамам од она што го имам/немам, туку од однесувањето кое не е за пофалба.

    Јас не треба да одам, а шо да речат тие шо праат свадби а вака тешко им доаѓа? Не им е срам да се ситничарат за поклони. Па мора ли свадба мајку му, соберете се во ресторан и секој своето нека го плати. Таа поговорката „нозете пружи ги колку што ти е долго чергичето“ не важи за многу галиба, после порциите непокриени од гостите им се криви. :D

    И штом си пишала, ако мисли некој дека има коментар, ќе цитира ќе се надоврзува, додека е во склад со темата и нема лични навреди, нема да го бркаме од темата сеа и да го клеветиме дека напаѓал и тоа остро. Нема потреба да те напаѓам, навистина. Си дискутираме, тука не се согласуваме, на други теми сме се согласувале. Не ги сфаќајте толку трагично работите. :D
     
    На Neytiri, Daydream и Glasna им се допаѓа ова.
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    И јас мислењето не го посветив на тебе :D зборував општо за сите што мислат дека не е во ред подарокот да ја покрива порцијата (што не се вклопува во нивните ставови и мислења). Јас мислам дека подарокот треба да ја покрие порцијата, ако не повеќе, и тоа е тоа. Така мислам и никој не може да ме предомисли. Како член на јавен форум, секој треба да ги прифаќа туѓите мислења, без разлика какви се ;)
    И ако само кажуваш мислење, што се фати за моето, кое нормално се разликува од твоето |( Успат, кој тоа може да си зема за право да брка форумџии (освен модератор нели)
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    E добро де, ти мислиш, ја не мислам, ти од оние со поразлично мислење најактивна беше а мене ми се дискутираше на темава, башка и самата ме прашуваше „нема ли да ти е срам ако ...“ и сл. Ако донесам утре оправдање ми се простува? :D Глупости. Да се правдам зашто реплицирам на форум, о Боже што дочекав ... :rofl: Нејсе, немаше потреба од толку непријатни емоции од твоја страна, како форумски лик сум те почитувала и сме имале фина комуникација. Абе гајле ми е крај краева.

    Шо се тиче цитирање, повеќе почитувам кога некој цитира и реплицира отворено, а не завиено да ми вика „одреѓени особи одреѓена работа направија шо мене во одреѓен степен не ми се свиѓаше.“ (не дека ТИ го направи тоа)

    Ете, ја мислам дека цената на поклонот не е мерило за тоа колку ни` е некој близок, добар, сакан и слично. Ти мислиш поинаку, си ги искажавме мислењата од различни аспекти и битти и мислам дека во ваква ситуација утре повеќе луѓе ќе и` се смејат на невестата која ми го изругала поклонот пошо сакала свадба а не и` носел г*от да плаќа порции, отколку ли на мене која сум ја испочитувала како и колку шо можам.
     
  9. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Значи ептен го напнавте девојчето! Вие наивни душички...и сега на што сме?

    Ние цел живот носиме големи поклони, не памтам на свадба да сме отидени со 20 евра и плус секогаш само двајца од семејтвото одиме (освен на ептен блиски).
    Не е убаво да се пикнеме цело семејство на овој скап живот со оглед на тоа дека 13 евра ти е скромна порција.

    И муабетот...нормално дека ќе ти е криво ако на некој си му однел 2000-3000 денари а тој ти дојде со 1200, нормално со исклучок на оние семејства што стварно немаат.
    Ама има тукмаци што имаат, знае дека си му однел голем поклон но сепак ти доаѓа со 500 денари :|

    И ми се наежува кожата кога ќе слушнам "Леле ама ич пари не собравме" Епа колку носиш толку и ќе ти носат! Неможе ти да одиш со 500 денари а да очекуваш 2000.
    И замислете ДА се купува и кола од свадба. На мајка ми братучетка собраа 10 000 евра од двете страни, ама нормално жената цел живот носи големи поклони. Па затоа не гледам зошто не би можело да се опреми еден стан? Има прекрасни гарнитури по 1000 евра, спалните исто 1500....
     
    На Nati.P, Silver.E и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.725
    Пол:
    Женски
    Јас да бидам искрена не го сфаќам ова правење на свадба за собирање пари. Ако ја правиш свадбата за тоа само, подобро веднаш дај си ги тие пари за тоа што ги планираш парите од поклоните. За да не се разочаруваш после од тоа кој колку ти донел. Мислам, зошто да правиш свадба ако ти е само за парите?
    Ама озбилно. Ние сакавме свадба да правиме чисто поради чинот, поради тоа што сакавме да си прославиме со блиските, да бидат сите на куп, да се изнавеселиме, изнаиграме... Со парите од поклоните испаднавме на нула. Не ни остана ништо за нас, си ги покривме трошоците само. Ама ни останаа спомените, денот што цел живот ќе го памтам и ми е еден од најубавите. И затоа не можам да го разберам ова. Да си собереме пари. Па ич бре не се мачи тогаш со свадба. Повеќе ги почитувам таквите. И имало такви случаи. Не сакам свадба, со тие пари ќе си реновирам дома и чао пријатно, без лицемерие.
     
    На Christina.A, Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Od sega natamu zeni,tefter u tashna i na svadba :D ,zabeleshka u tefter od celokupniot aranzman na svadbata(od porcija,pijalok,torta)ali vi se bendisue,chinish kako komisija,pa dali na uvce vi legna muzikata,pa dali lesno izvrtevte edno kolce(oti neli plochki :D )i taka , feminkata pogore chinam napomena na krajot od celiot repertoar pa ide POKLONOT dragi moi,da da ;) Ako ste ponele pari vo pliko,a na krajot od svadbata ne vi go ispolnil vashiot kriterium ,ondak od plikoto vadite upola od sumata shto ste ja ponele.A zamislite ne stigate od porcijata da se posluzite oti ste igrale(taka ko najveseli na svadbata :P ) :D ,kelnerot BAP vi go sobira tanjirot :devil: ,e togash dragi moi,NISHTO od POKLONOT |(
     
    На Neytiri и tessie им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Ако се оди според таа логика дека треба барем да ја покриеш порцијата тогаш бидејќи иако сме поканети не одиме на свадби на роднините во Мк поради далечината, тогаш ние не треба ни подарок да даваме, нели не сме направиле трошок, не треба ни подарок. :?:

    Си праќаме подарок и даваме и солидна сума на пари, подарокот е за да имаат нешто од нас за свадбата а парите да им се најдат. :lol:, и на тие свадби што сме биле, ако се поклопиле со престојот во Мк даваме исто, значи и со и без трошок, толку даваме. :D

    Секој дава според можностите, не можам да очекувам дека ќе добијам толку колку што сум дала кога моите можности се многу поголеми од на роднините мои иако и нивните за македонски услови не се за потценување.
    Сум пишала некаде мислам по темите на мојата свадба им рековме на сите место подароци да уплатат во добротворни цели сумата која би ја потрошиле на подарок, само парите кои ми ги пратија моиве од Мк не сум ги дала зошто не можам на нив да им објаснам дека нивните пари сум ги дала во добротворни цели, не би ме разбрале, сигурна сум дека и би се увредиле.
    Сите заедно ми пратија некаде околу 9000 евра кои и после 2 години сеуште ми стојат на сметка зошто ништо не ми треба, не знам што нешто поголемо да купам да се знае дека е од тие пари.

    Тука нема порција поевтина од $40 долари а во свадбениот регистар подароците почнуваат од $20 па нагоре, значи самите младенци знаат дека некој пар ќе им дојде со $20 подарок и тоа им е нормално.
    Треба да ги пратиме во Мк на обука изгледа тука не знаат зошто се прави свадба, не се прави за да си го обележиш денот со најблиските туку да се соберат што повеќе пари зошто свадбата е трошок кој треба гостите да го покријат.
     
    На Neytiri, Hipster, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    А подоцна или кај и да е сватиш дека имаш поголеми проблеми во животот-брак отколку ,,подароците од твојата свадба,,. Себичноста ако не го јаде друг ќе те изеде самиот себе.
    Еве после толку год. не се ни сеќавам веќе што и како кој ми донел, колку пари сум собрала и колку сум потрошила, битно бев невеста и извадив милион насмевки на лицата на роднините и пријателите.
     
    На Annath, ozbilnazena, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.159
    Допаѓања:
    107.168
    Пол:
    Женски
    А Битер, следниот пат за свадба да си израчунаш провизија за парите што ги пракаш, авионски карти кога идеш, па може и да треба да ти враќаат младенците тебе. Абе дај не се зафркавајте, ако гледаме се да израмниме на рамно, никогаш нема да бидеме задоволни од тоа што ни го дале. Пуштете невести душа и ќе видите колку повеќе ќе ви “донесат“, затоа што кога не очекуваш многу и тоа што ќе ти го донесат ти е цело богатство. Покривање на порција признавам само ако младите си ја плаќаат свадбата, друго ништо :!: Нека се јават таквите и нека продолжи полемиката, а кога мама и свекрвата плаќаат а ние парите си ги трошоме за наши потреби безобразно е да се коментира на таа тема. Убава дискусија се разви ама треба малце да погледнеме со непристрасност, затоа што на нас секогаш помалку ни донеле од на поголемата братучедка ;) И што вика Славица, за година дена нема да се сеќавам кој колку ми донел, нема да има вредност тоа, дај боже јас да можам тие пари да си ги заработам па секоја плочка во кујната да ми биде драга, затоа што со мои пари сум ја купила.
     
    На eloves, Annath, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Јас мислам дека секој треба да однесе подарок според своето сфаќање, зашто, такви сме какви што сме, и никако не ни се погодува. Еве, јас знам пример кога луѓе отишле на свадба кај свои ептен блиски роднини (женеле син тие) и им носат голем подарок (мислам дека било фрижидер од оние со комора, тогаш биле новост тие, или нешто такво, значи скапо) и уште кога ги виделе што носат овие кои ја правеле свадбата (мајката на младоженецот) ги пречекала со зборовите „Да си го земете назад поклонот, јас не можам вакви поклони да враќам кога вие ќе правите свадби“ и не сакала да го прими подарокот :) . И ајде, се убедиле некако да го земат поклонов, нели „не носиме за да ни носите, од мерак носиме...“ И после години, прават свадба за свое дете овие што го однеле поклонов и од истите роднини добиваат две тенџериња (од 5-6 души фамилија) и демек, навредени, тие што однеле, а овие како им вратиле. Е па сега, нели сте рекле дека не носите за да ви носат, туку од мерак? :)
    СДК, дали подарокот ќе е погоден зависи и од тие што носат и од тие што го примаат. Затоа, кај оние што ми се многу блиски, си прашувам што би сакале, пари или подарок, и им велам да ми помогнат во избор на подарокот така што ќе ми кажат што би сакале.
    Сепак, нереално е да очекувате дека вие да правите свадба, ама гостите да ви ја платат.
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Баш ова го кажував. Имаме роднини, им носиме секогаш пари (поголема сума, ете сме имале сме дале), а сме добиле мизерни поклони (од тие кои имаат пари, а од тие кои немаат пари сме добиле дури и поубаво) Значи не било се до парите, туку до почитта. :)

    Имаме едни бабичка и дедо во фамилија, одвај живеат со пензиите, ама за секој себап дава убав поклон, пари или ќе рече одбери си нешто во бутик. :!:
    И роднини кои имаат бизнис, секој месец по државите се шетаат, а доаѓаат со мизерен поклон и турска бомбоњера со поминат рок. :^)

    Интересно беше кога едни роднини (поимашливи) дојдоа на матура со огромен завиткан поклон. Срам ги фати на другите роднини, си велеа којзнае што донесоа овие. А, тоа внатре перница, од 300 ден. :lol:

    И да прашам нешто, јас сум вегетаријанка (кој ме читал можеби знае), и само на две свадби имаше вегетаријански оброк за мене (од кои едната свадба беше далечна). Знаете која чест беше за мене што се потрудиле да им кажат на келнерите, на таа и таа маса да има вегетаријанска порција !!!
    (Внатре имаше 2-3 поховани кашкавали наместо месо, па другите сакаа да ми земат од нив :P , а не јадам ни јајца, ама ги изедов овие, ај еднаш е денот :$ )

    Иначе на секоја свадба јас сум останала буквално гладна, а сите ме знаат отсекогаш како вегетаријанка, ама не се потрудиле за мене. Затоа почнав да си носам храна по мене, да имам сила за оро вртење. :D
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  17. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    :D Ме насмеавте бре жени! Подарок според порцијата и според целокупното доживување на свадбата. :D


    Навистина свадба не се прави за да се соберат повеќе подароци и пари. Свадбата се прави за да се почестат луѓето заради свечениот чин, т.е. за себапот.

    Според мене, подарок не се носи според тоа колку е цената на порцијата (тој податок не можеш да го знаеш, и многу е глупаво да се распрашуваш), туку според тоа колку ти е некој близок и колку можеш да си дозволиш. Инаку, свадбите се закажуваат неколку месеци однапред, па барем за тие што ти се блиски, си знаеш и имаш време да си заштедиш онолку колку што сметаш дека треба. Точно е дека е беспарица, но точно е и тоа дека секојдневно фрламе пари на глупости (ете тие пари може секој да ги заштеди).

    Да ви кажам искрено, колку и да не е битен подарокот, пак може да биде навредлив. На пример на свадбата на сестра ми (пред 13-14 години) кога повеќе се носеа подароци, сестра ми и зет ми добија подарок сет филџани за кафе, ама такви ни во антикварница не можеше да се најдат (една портокалова боја, што се прелива како со бензин да се полиени). Баба ми, бог да ја прости, која била млада невеста во далечната 1920, имала ист таков сервис за кафе (чај во тоа време де). Знам дека едно тацниче што имаше останато од на баба ми сервисот го користев за да му дадам на мачето да јаде, ете потполно ист сервис за кафе/чај добија сестра ми и зет ми во 2000та. Јасно беше дека сетот не беше купен за таа прилика, туку бил останат од времето кога некоја баба била млада невеста. А на пазар и тогаш, имаше чаши за вода за 200 денари, кои барем ќе се употребеа. Е тогаш, за на сестра ми свадбата никој не запишал кој што донел, освен ретките подароци кои беа потпишани, па да се знае кој што донел. А ниту моите, ниту родителите на зет ми никаде не однеле толку беден подарок. Значи не е акцентот на тоа дали е скап или ефтин подарок, туку дека некако намерно е за никаде по сите мерила (без разлика што за вкусови и за бои не се дискутира). И моите и сватовите беа разочарани (а не младите), бидејќи сите гости на свадбата беа нивни гости, кај кои и едните и другите носеле убави (современи) подароци.

    Ете тоа сакав да го кажам, не е битно колку, битно е да е од срце и душа и :!: со добра мисла подарено, а не со намера да го навредиш домаќинот, а при тоа да немаш храброст да се потпишеш.
    И ако веќе толку се нема ни 200 денари, подобро оди без ништо, отколку да однесеш такво нешто.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Не е убаво да се збори, тоа мене пример лично ми смета. Кој не е задоволен од поклонот и му значи кој што му донел бидејќи и самиот носи добри подароци макар да си одвои и од најосновното, разбирам. Ама наредниот пат кога ќе те поканат за некое славје однеси колку што ти донеле и крај. Зошто да збориш, зошто сите да разберат дека некој ти дошол со евтин поклон? Затоа што ти си дала повеќе и сметаш дека не е фер? Врати со иста мера кога веќе толку ти значи оти вистина не е убаво, делуваме лакомо, безобразно. Знам случај каде еден брачен пар цел град ги разбра оти дошле на свадба само со цвеќе и благо. Народот само од тоа му се стои, доволно е на двајца да кажеш и сите ќе разберат. Нема потреба, срамота е.
     
    На tessie и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.721
    Пол:
    Женски
    ^ Aбе нека ги зборат ако им е мерак. Сами ќе се засрамат, сами ќе си се избрукаат, Бог да чува. :puke:
    A на тие со цвеќето и бонбониерата ќе им се потсмеваат само лакомите и ограничени луѓе. Толку можеле, толку донеле. Имало периоди за нив самите не можеле да си дозволат за нив некое јадење, не па за друг.

    Илјадарка за некого е ништо, за друг е дневница, за трет хонорарче. А да им речеш „не можеме не сме спремни, на башка ќе дојдеме“, ќе ти речат „аууу па за спремност ли ве викаме, аманте, немојте, многу ќе ви замериме, па рода сме и сл.“ Така ти викаат додека да те намамат да им дојдеш колку од инает да пукнеш од мака колку се потрошиле и после ќе те лаат, ова ми донесоа, она ми донесоа. Значи знам што зборам.

    Барем нека бидат искрени и на поканата нека си пишат „Драги роднини, доколку сте финансиски на мака, ич да не ни` доаѓате, само најавете ни` се да знаеме да не се трошиме за порции мислам стварно сме греотичка. поз и кис4е“
     
    На Neytiri, anngelique и Glasna им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    Како што самиот чин на свадба е трошок за младите така е трошок и за гостите.Кога мислам на трошок не мислам само на поклонот што треба да го дадат. За на свадба сите сакаме да се дотераме ,по патика и фармерка не се иде ,трошок е и ако свадбата е некаде подалеку или па во друг град да треба да стави човек бензин во кола најмалце 500 ден да дојде до таму.

    Тие трошоци ниту еден пар не ги зима во предвид ,ама ете како што кажав ја летово кога требаше да одам на свадба во ресторан во некоја подалечна Скопска населба ,покрај тоа што ке требаше да ставам пари во плик бидејки ми беше нагласено во поканата ке требаше уште 1000 да имам во џеб за таксито до таму со оглед на тоа дека немам кола.

    Епа со оглед на тоа дека сум невработена а на мајка ми и татко ми не им растат на дрво парите мене некој да ми префрла дека само порцијата сум ја платила е крајно безобразно и дрско.Како што кажав и да ја платам само порцијата без да остане нешто плус од тие пари ако не друго у трошок ради мене ги немам ставено младите.

    Тежок бизнис и показател за финансиска мок на одредено семејство станаа овие настани. Сите викаат се радуваме,да се видиме во бело сакаме ,да прославиме сакаме ама после свадба длабоко во себе ги кунеме оние што дошле 4ца со 2000. Нејкеш 4ца за тие пари , не ги викај -викни само 2ца од тоа семејство. Ама не ,ние сакаме ем голема свадба ем пари да не потрошиме ,ем пари да заработиме. Тоа нигде го нема.

    Ако може Ангел да се радува на чашите за пиво што ги добила за поклон,зошто јас да не се порадувам на чашите за вино што сум ги добила. Зарем нема да ги искористам и ке ми стојат така неупотребени?!? Баш напротив баш истите тие чаши нареден пат на гости кога ке ми дојдат тие што ми ги донеле на маса ке ги извадам и во нив ке точам вино за да им направам чест.

    Такво е македончето.Преку леб погача ке бара,од прст рака ке зима. И клуч од стан да ни дадат ке најдеме замерка зашто е двособен а не трособен,и клуч од кола да ни дадат ке најдеме замерка зашто е бела а не црна.
     
    На eloves, ripkata, Annath и 7 други им се допаѓа ова.