Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.725
    Пол:
    Женски
    Знаете што ми е чудно?
    Тоа што некои очекуваат некој да ги праша или да им погоди вредност на поклон во однос на порцијата.
    Зарем младенците се јавуваат на гостите да ги прашаат шо сакаат да има во порцијата?
    Или работава, „ќе се почастиш како што сум смислил/а ја, а ти ако не ми донесеш вреден поклон, си ја на*бал. Ќе те умрам од оговарање.“

    Може не дај Боже сум на некоја мака и мора да сум на веган исхрана. И шо? После вечерата на младенците да им речам „Глеајте дечки, мене поклонов ваш ме кошташе толку пари, ај патот не ви го наплаќам ради музика шо ми овозможивте, али сеа дајте 3-40 евра.“ Истото е. Колку и да звучи поинаку.
     
    На eloves, Neytiri, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Абе од негде треба да се тргне кога се размислува колку пари човек да однесе како поклон, ова му доаѓа ко некое олеснување во колебањето. Никој не може да ограничи да дадеш помалку (е да, може да те оговараат после :D ) или пак да те спречи да дадеш повеќе ако сакаш и имаш можност.

    Е сега, ко што ми е крајно невкусно она со подарок во плик, а се одомаќи и очигледно некои го сметаат и како препорачниво, така сметам дека и следниот чекор е пишување на минимум.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.725
    Пол:
    Женски
    Не знам. На овие простори толкава тема на потресување и мини срцеви удари доживување настанов свадба што да не беше смешно ќе беше многу трагично. Јас сосема елегантно одам, панталона свечена или елегантен фустан, нешто навистина дискретно но (барем според мене) достојно на пригодата, неисфорсирано и максимално пристојно, но толку се осеќам мисфит и гилиптерски коа ќе видам колку другиве се испотресуваат за тоа, па какви костуми, какви тоалети, мислиш дел од декорација на салата се. Да не речам почнав да се трауматизирам кога ќе ми стигне покана ради таквите искуства. :D

    Исто и со поклониве. Па тек коа ќе почнат „она колку има а волку ми даде“... Па сега свадба е ова или донација за месната заедница кај шо треба десеток од месечни примања? Може иам пари, ама ги улагам у недвижнини бе! Може иам пари ама не ми се фуцкаат по кафани и самата сто години на кафе не сум седнала. Триста можеби. Толку се пребирливи, а а-пробаш културно да ја одбиеш поканата, на суд чиниш ќе те дадат, ќе треба за најлошото чиниш да лажеш за да ти се смилуваат. Тешко и на големо се пати од комплексов „неам појма шо сакам“ а свадбата е повод за манифестација на истиот.
     
    На eloves, Neytiri, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Правев свадба, веќе напишав што добив како подарок и како пари, искрено не ми беше битно што од кого ќе добијам, но тргнувајќи од себе секогаш се водам според некое непишано правило дека по свадби како подарок носам пари 3000 денари или 50 евра. Зашто? Затоа што нема да ги ограничам младоженците со некој поклон што можеби мене ми се допаѓа, а нив можеби не или веќе го имаат и затоа што не сакам да однесам подарок само заради ред.

    Не ми е јасно што толку возбудување околу тоа дека гостинот треба да си ја плати порцијата и дека незнам колку пари ја платиле порцијата па сега ќе се правам наудрена и ќе им однесам 5 евра бидејќи не сум знаела колку е порцијата. Ма немој |(

    Од една страна гостинот го канам затоа што го почитувам и му правам чест со тоа што го канам, но од друга страна и гостинот треба да ме почитува и да ми направи чест и да дојде на свадба како што треба.

    На крајот на краиштата, што па мора да дојдат 10 души од фамилија со 2000 денари или филџани за кафе од Џамбо?? Можат да дојдат двајца со тој поклон или ако ми се блиски подобро да кажат немаме и тоа е тоа, а не да ме вреѓаш со тоа што ќе дојдеш со роднина до 6 колено и ми носиш филџани.

    Сепак, ова е мое мислење, ниту правев свадба за пари, ниту па кажувам дека сум незадоволна, баш напротив, сум супер задоволна со тоа што сите луѓе што ни дојдоа на свадба не испочитуваа како што е ред.
     
    На EMoonlight и Nati.P им се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    10.921
    ^^ I jas ova go znaev,deka poklonot bil kola.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Ако нема слика и од Груевски, ништо... :D (Знам дека сум офф, ама морав...)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.856
    Допаѓања:
    36.475
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано и порано дека сум против свадби и новиов тренд со поклон во плик. Ама... сега кога го прочитав и ова дека и поклонот во плик не е доволен сам по себе т.е дека и тука има тарифа колку смееш минимум да донесеш (за максимумот нели нема ограничување) ми се згади да ви кажам право.
    Се обидувам да влезам во кожа на таквите кои ги прават овие пресметки и да им го сфатам начинот на размислување, ама не можам бре. Мизерија жива! Ете толку ќе кажам. Ич не правете свадби тогаш, бидејќи очигледно оние кои размислуваат вака се истите тие кои никогаш од ништо нема да бидат задоволни. Секогаш нешто ќе ви фали и нема да ви е погодено. А најтрагично од се е тоа што дотичните младенци (барем 90% од истите) воопшто и не учествуваат финансиски во свадбата, туку нивните родители, ама тоа е друга тема.
    И за крај, многу ме интересира како знаете бе кој колку пари има? М? Бидејќи гледам пишувате тука, тој има многу пари а ми дојде со поклон 20 евра, срам да му е! Од каде ви се тие информации?
    Ауууу, што се не шета по светов. Се изнервирав најискрено :envy:
     
    На eloves, Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.725
    Пол:
    Женски
    baby-star па и ти ништо не разбираш. Јас сум сигурна дека кумот пливал во пари и го искористил некој муабет на пијано на зетов у кој што вика „аман, само таква кола да не добијам за поклон“ и овој од инат баш таква зел. :D Уствари кумов сам на себе сакал да си купи кола, сфаќаш? Ама завидл`к несвидл`к работава. :'(

    За греота зетов, од роден кум такво разочарување да дочека. ;(
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Devojki ,ne stanuva zbor za isti kum,oti ovoj za koj pishuvav im e kuken prijatel na moite(taka da za stan se raboteshe)..a deshavkava e pred nekoi si 13-14 god...
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Е па вака моите поклони од свадба со 330 гости беа: 4500 евра, шпорет вградлив електричен, аспиратор, машина за алишта, машина за садови, апарат за еспресо филипс, соковник ронсон, правосмукалка, машина за сечење сувомеснато, сет чаши кристални за бело вино, за сок и за ракија, предобар украс, свеќник на постолје од стакло, украс жена со гитара 1.50 м висина, само еден комплет садови аркопал, само еден комплет тенџериња, и другите работи беа филџани, миксери, експрес лонци и СЕДУУУУМ пица пан тави.
    Јас од сето ова сум презадоволна, поклоните мене ми се екстра.
    Е сега,никој не може да каже кој колку и што може да однесе на свадба. Ќе однесам онолку колку што сум во можност во моментот, или ќе однесам онолку колку што тие мене ми донеле, нели?
    Ние македончињава сме таков народ што сега овде сите се контраме, но во реалноста е многу поинаку...Зашто? Затоа што 90% од сите нас овде, на свадба купуваме или ставаме во плик онолку колку што ни се можностите, или ако тој некој правел пред нас свадба а не се покажал тогаш ние му возвраќаме со иста мера...
    Пак ќе речам се зависи од нашата финансиска состојба, од градот во кој живееме( кај мене пр. ако некој подалечен ти даде 50е тогаш ти си на коњ :D :D ) и од др.фактори.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.460
    Допаѓања:
    37.680
    Пол:
    Женски
    Ние не добивме поклон од кумата. Ама тоа не ни пречи. Таа купи торта и прасе. И тоа чини пари, нели? Колку пари имала, толку потрошила. Арно ама, тоа што не донесе поклон, и пречеше на свекрвата. Неколку дена псоле свадбата ме прашува - што ви донесе кумата? Јас и велам - ништо. А она ми вели - како така ништо? Јас и велам - не донела поклон затоа што нема пари. На нас тоа не ни пречи. И свекрвата ми вика - ама како така дошла без поклон. Срамота е. Тогаш си преќутев. Не знам како не и беше срам така да коментира.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.725
    Пол:
    Женски
    А што има свекрвата да ми се меша у МОИ поклони? Шо донела-донела, нејзе нека не и` е грижа.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.460
    Допаѓања:
    37.680
    Пол:
    Женски
    Таква е таа. Секаде се меша. Девер ми за неговата свадба, од родителите на старосватот доби 1 000 денари. Наредниот ден после свадбата, свекрвата ни вели на мене и на маж ми - срамота што дошле двајцата со 1 000 денари. За нејзе тоа е срамота, а не е срамота кога таа и свекор ми на свадби одат со 1 000 денари.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    ^ Jас да сум
    ќе и кажам а прасе се најаде, со тортичка се заблажи?
    Па и тоа кошта пари, не паднаа од небо тие работи.
    Најмалку 3000 денари кошта, ако не и повеќе, бог да чува |( .
    Ич не и се замарај,секаде има алчни луѓе :)
     
    На eloves, MacenceEna и tessie им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.460
    Допаѓања:
    37.680
    Пол:
    Женски
    Јас не се замарам, само се чудам како може да биде толку лакома. Инаку, од тортата не проба. Не ја пресековме во ресторанот. Ме изнервира после свадбата на сестра ми. Иако беше поканета, не дојде. Свекор ми дојде сам. Неколку дена по свадбата му се јавува на маж ми и му вели - сестра и на _______ колку пари собра за свадбата? Јас останав ваква :^)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ееее....тоа е нова тема, не почнувај. :lol:

    Колку невести се жалат како свекрвата им ги отворала, распоредувала, давала на ќерка си, за себе од поклоните, ехеее...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Самите млади или пак нивните родители си ја прават бељата.
    Ако на свадба викаат гости кои се најблиски роднини нема да има проблеми околу глупави поклони и празни пликоа. А верувам дека никој нема да замери на роден брат или тетка ако не донесе подарок бидејки има лоша финансиска состојба.
    Секој од најблиските ќе праша што сакате, и барем јас ќе имам слобода да си прашам прво колку им е буџетот а потоа и да изразам желба за подарок.
    И на тој начин ќе нема проблем.
    Сите блиски ќе дојдат цело семејство и на сите ќе им биде мило, никој нема да превртува очи.

    Но доколку на свадба дојде некој 3, 4 братучед канет бидејќи на свадбата на баба ми била баба му секако дека нема да му е битно што поклон сакаш ќе дојдат и 4 од куќа со 500 ден. и како што го немаш видено со години исто така после свадбата паак нема да го гледаш.
    Што поклон да се очекува од комшии канети ради реда? Исто така како и од некој далечен роднина.

    Подарокот не е битен ако е од блиска личност бидејќи колку и да е малку од срце ќе биде.
    Затоа се внимава кој се се кани, за да нема после муабети ми дошла со 500 ден. овој муабет нема да се каже за биска личност но за некој олје дојле секој ќе каже. Но за тоа не секогаш се виновни младите, имаат свој удел старите бидејќи сакаат да се перчат пред народ.
     
    На sonce10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.789
    Допаѓања:
    202.736
    Пол:
    Женски
    Поради вакви размислувања, да не речам заостанати коментари, многумина се откажуваат од кумство. Немаат пари, а од кумот се очекува да го одврзе ќесето, нели |( а никој не размислува за честа што ти му ја правиш на кумот што го каниш, а и честа што тој ти ја прави кога прифатил да те венча. Сите гледаат низ призмата на парите. Ако сакам некој да ми е кум/а, тоа не е поради богатството, туку поради тоа што таа личност ми е драга.
     
    На eloves, Neytiri, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.460
    Допаѓања:
    37.680
    Пол:
    Женски
    И јас размислував како тебе и заради тоа и реков на кумата (моја другарка) да не купува поклон. Битно ми беше што прифати да ми биде кума. Тогаш таа беше во финансиска криза и не можев од неа да барам да ми донесе поклон. Не ни знаев дека ќе донесе прасе. После свадбата и реков дека немало потреба да купува прасе. А на неа и било незгодно да дојде само со торта. А за коментарот на свекрвата многу се изнервирав. Не знаев дека е толку лакома.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Кој знае дали и мене ме зборат каква сум срамота :D
    Јас си доаѓав за МК да бидам кума на свадба, и не давав поклон. Поголема срамотата да е, кумата странска :x Така се договоривме со младите. Ниту јас сакав бовча ниту они сакаа поклон, одбија и хотелската соба за таа вечер да им ја платам. Секој своите трошкови да си гледа и да не ме трошеле повеќе кога и така сум дојдела посебно за свадбата. Прасе и торта како што е ред биде од кумава, а даровите, па вака испадна работа, замисли кумо ние на тебе сме ти дале мноооогу скапа бовча, и ти на нас мноооогу скап поклон :D

    Колку е жално кога поштување се сведе на пари, а од друга страна ќе се удараат исти во гради и ќе кажат во темата за моќта на парите дека здравјето и среќата на своите блиски и пријателството им се најважни, парите се книшки. Да да. Ај музикантите ако може една пожелба, среќата со пари не се купува :dance:
     
    На Neytiri, Moira, Li0ness и 4 други им се допаѓа ова.