Подароците од вашата свадба

Discussion in 'Свадба' started by girl1985, May 19, 2011.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Едно другарче беше кум летово, и точно на ден пред свадбата му се јавиле на моб., со молење, слушај куме, ти имаш некои адети, да платиш ова-она, да дадеш пари...и човеков од небрано им даде пари на рака за се што бараа.

    А, да насменам, дека претходно беа се договорени, што и како ќе прават и ќе си купат, ама на ден пред свадбата му го направија ова. А, кумов е многу посиромашен од нив, го ставија во дупка, ама незгодно му било да се буни.
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,801
    Gender:
    Female
    Простотилук...зар и ова го има? Ццц... :D
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Го има за жал. Сите мои другарки и братучетки кои се мажија си имаат разни проблеми, меѓу кои и со поклоните. Работи кои се за неверување. ( Се чудам како една другарка не се пофали од свекрвата нешто.. :tmi: )

    А, дали сте слушнале за продавање на поклоните ?
    Наши роднини ги продаваа поклоните па роднините, и ние си купивме пегла :tmi: , зошто ни ја дадоа за поефтино, и малку од незгодно што им падна дома, ај рекоа да купиме нешто..., други купија друго...Одеа од врата на врата и ни кажуваа што нудат...
    Значи тие кои се мачеле и потеле што и како ќе купат, за џабе се труделе... :x
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,801
    Gender:
    Female
    Аии глупости. Знам за тоа дека непожелен или дупликат поклон се препакувавал и се носел ко поклон на друга свадба а за продавањево првпат слушам.
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Моја блиска личност живее во странство... И не ми беше јасно зошто и испраќаат покани за свадба, ако знаат дека тогаш сигурно нема да биде во МК. И еднаш дури и искоментирав, за среќа, на сосема друго место, не од кај што праќале покани, дека не ми е јасна логиката, праќаш покана за свадба некому што не си се ни јавил да го прашаш како е, ниту си му напишал честитка за Нова година и сл., а знаеш дека нема да биде тука за време на свадбата и убаво ми објаснија дека од луѓето во странство се очекувало ако те поканат за свадба, ти, нормално, нема да дојдеш, ама затоа во плик ќе си го испратиш „поклонот“ и дека дури и имало коментари од тие што канеле, онака, „Како не им е срам, кој знае колку пари имаат, ние ги каниме, а тие ништо во пликот не ставиле“ :D Тебе сигурно те озборуваат на некој форум, кума од странство, а не донела Мерцедес на поклон :D Ај што не донела Мерцедес, туку и НИШТО не донела :o .
     
    Marinelka22, imelda and tessie like this.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,799
    Gender:
    Female
    ^Еххеееее ние колку покани такви добиваме, порано барем една неделно од роднините на моиве, втори, трети...стоти братучеди ама ние к*рназ атанаси 8) , не им праќаме поклон во плик, им се заблагодаруваме на поканата ама за жал нема да можеме да присуствуваме на свеченоста. :lol:

    А за браќа, сестри и некои први братучеди со кои се во постојан контакт им праќаме поклон во плик, додуша најблиските не прашуваат дали сме во план да одиме за Мк и ако сме ги темпирале свадбите во времето на нашиот престој.
    Никој не го барал тоа од нив, им било така ќеиф, така си направиле, се случило досега три пати тоа, а поколонот е тој, дали присуствуваме или не.

    Инаку за ово со свекрвите кои ги запишувале, отварале итн подароците, на брат ми на свадбата, мајка и на снаа ми ги запишуваше во еден тефтер, кој што и како подарил и плус тие подароци што биле дупли било адет да се даде на свекрва, баба, золва итн, па си собра неколку накај дома. :D
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    И кај нас колку покани стигале од други градови (па и од странство, ги имаме многу), каде е јасно дека нема да појдиме, ама те прават обврзан со поканата при прва средба да им дадеш поклон. (барем ние сме давале).

    Иначе сме оделе по други градови, имаш плус патни трошоци, се мислиш дали да одиш дотеран или таму негде да се облечиш, за да не се згужваш, бараш цвеќари таму за тазе цвеќе, и на крај, кога брат ми правеше свадба повеќето не му дојдоа од другите градови, со изговор, скапо е, далеку сме... (И нас ни било далеку и скапо, ама чест сме направиле)
     
  8. Responsible

    Responsible Популарен член

    Joined:
    Apr 20, 2011
    Messages:
    354
    Likes Received:
    434
    Gender:
    Female
    А зошто пак да не се покануваат тие во странство?
    Значи може они кога ќе дојдат во МК да направт свадба и да соберат парите од нашиот сиромав народ, а кога ќе ги поканиш неможе да пратат поклон?
     
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    1,670
    Likes Received:
    11,529
    А ти за поклони правиш свадба? Не те напаѓам нешто, само барам објаснување затоа што не разбирам. Не сум добро ситуирана, баш напротив. Имам просечна плата, маж ми исто, свекрва ми и свекор ми не работат, чекаме бебе. Значи одвај се врзуваме. Ама кога правевме свадба, ја направивме за веселба, и само со луѓе кои ги гледаме нон стоп и кои ни значат. Ни роднини од странство за поклони, ни овие тукашните им баравме незнам што. Имавме и луѓе без поклони, кои цела свадба ја направија. Не сменив поклон, сите си ги ценам на свој начин и ги обожавам. Друга работа, мене пола фамилија ми е по светот, и контактирам со нив. Да не мислиш дека им тече мед и млеко??? Милиони имаат во душеци? Можат 5000 евра поклон да ти дадат? Не прави свадба ако правиш за финансиски придобит. Побогата ќе бидеш ако си ги чуваш парите што би ги фрлила за свадба.
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,687
    Па нив скоро целата родбина им е во Македонија, за кого би правеле свадба во странство?
    Можеби и зетот или невестата е од МК, па затоа тука се прави свадбата? Има секакви случаеви, не знам зошто толку фрустрирање дека они „ќе дојдат и ќе ги соберат парите од сиромавиот народ“, па ај сега и ние да им наплатиме преку испраќање покана и отварање обврска за поклон (во плик нормално).
    Ако е некој пресметлив и материјалист, не значи дека сите треба да станиме такви за да му „вратиме“.

    И после се чудиме зошто луѓето отишле во неповрат.....наместо по добрина, по лошотилок и пресметливост се натпреваруваме, еден мочан миксер 100 пати ќе се збори и коментира, од толку негативност по 2 пати користење ќе цркни сигурно, па ај што беше „само миксер“, после ќе стане и неквалитетен, гарант кинески, пак јебана странка добрава душичка :D
     
    ozbilnazena and imelda like this.
  11. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Во однос на запишување на поклони, да ви кажам и јас си запишував.
    Прво- сакав да знам од кој што имам
    Второ- кога ќе дојде ред да отидам и јас кај некој сепак не сакам , односно нема да се чувствувам пријатно ако однесам помалку од тоа што сум добила, па така си запишував .

    Во ова не гледам лошо ништо, нормално ако е со најдобра намера.


    п.с. мајка ми и свекрва ми ни ден денес не знаат од кој што имам или колку имам, тоа не е нивна работа, а уште пред свадбата со маж ми кажавме дека сами ќе ги отвараме поклоните. Така и бидна.
     
    Sweetheart87 likes this.
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2013
    Messages:
    834
    Likes Received:
    603
    Колку и да не му е на некому до поклон сепак секој се надева на убав поклон. Скромен, не зборувам за во плик туку за поклон.
    Јас не би можела кај блиска другарка или роднина да отидам на свадба со безвезен подарок а не ни очекувам таков да добијам. Не мора подарокот да биде од над 100 евра па да е убав и вреден, и за помалку од 1 000 ден. може да се најде убав и скромен подарок кој ке им користи на младите.
    Ако немам и сум поканета кај блиска другарка или роднина ќе си кажам и ќе ме разбере и нема да ме оговара, а истото и од мене ќе го очекува да ја разберам ако нема. Очекувам како што и јас прашувам така утре и да ме прашаат што сакаш како сакаш, на нас финансиите толку ни дозволуваат.

    Ноо когаа некој ојле и дојле ќе дојде на свадба викан поради поголем број на гости и пари да се соберат е секако дека ќе има скршени чаши и празни пликоа.

    Секој подарок на свој начин е вреден, но ако се бира со срце а не ради реда.
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,361
    Јас да си прашам, во ред ли е јас да одбивам покани со само фала не можам да дојдам на свадба, со среќа и арлија собранија и да не пратам поклон од странство оти немам јас правено свадба во МК? Посебно кога ме канат мене две недели пред свадба во мк нула е веројатноста дека јас би отишла на толку временски куса покана. Не е тоа стани крени утре, додека евра се праќаат за минути по вестерн :D :wasntme: Мислам, за секоја покана во странство се очекува поклон или е само со дај ми на ти, или пак само со дај ми? :^) :D Да си знам за друг пат и да се оправам со време ако грешам оти како сум тргнала не образите да ми горат, жива ќе изгорам :o
     
    tessie likes this.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Мене денес ми стигна покана од школска другарка за свадба во недела. (Никој од заедничките пријатели не знаеше дека баш во недела ќе прават свадба, зошто таа другарката отсекогаш се со молченката си прави)...
    И сега сум затекната, тоа е за два дена...(Немам на ум ни за облека, ни за пари, а имав други планови за тогаш). Нели порано се дава покана ???
    Ова вака некако глупаво и чудно ми е !!!
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,101
    Не знаев дека така ги сфаќате поканите сите што сте во странство, дека за поклон пуштаме покана. Ние пративме на сите блиски во странство иако знаевме дека нема да дојдат, ама чисто од почит ги поканивме. Сега незгодно ми е :geek:
     
    Bibko likes this.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,361
    Епа така де, и јас сум мислила кога ме поканиле на кусо време очекувале дека не можам, било кането од почит и повеќе како најава дека свадба ќе има, и јас сум си викала не можам фала и со среќа, за поклон како што битерсвит кажа, се знае со кој сте блиски, ама постот на Респонсибл вика друго и те ме гризе совест, најозбилно тоа. Сега работа е јас да не знам мене ме оговараат ли братучеди со кои немам контакт со години а ме каниле, и ти да не знаеш, и други кои поканиле од почит и адет дали викаат вашите за поклон не канат овие од мк. Свадба, ептен комплицирана работа :^)
     
    bittersweet and MSkorpionka like this.
  17. Agrona

    Agrona Популарен член

    Joined:
    Dec 21, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    1,713
    Gender:
    Female
    Ние ги добивме следниве поклони:
    - 5 уметнички слики
    - икона многу убава од св. Ѓорѓија
    - два соковника
    - еден блендер
    - еден печник (така го викаат тоа)
    - едно огоноотпорно тавче
    - два убави сервиси (24 тањири) црно-бели од Луминарк (така мислам дека беа) плитки, длабоки и големи за салата
    - убави филџани црно-бели
    - чинии за торта
    - две ковчезиња многу убави кафеави со голем ќуп кафеав
    - две пица пан електрични едни убави многу
    - 12 тефлоски тенџериња
    - едно како за слатки на спратчиња три или како за бомбони што знам како се вика тоа :lol:
    - сет со виљушки, лажици и ножиња за 12 особи
    - убав голем тањир за овошје со циркони
    - украсни тањири за слатки
    - правосмукалка
    - чаши за ракија, за виски, за сок и не знам за што уште не од Бохемија
    - садови за крем салати и апетисани
    И + од кумовите добивме многу убава гарнитура, од брат ми фрижидер, золва ми ни даде пари за комода и мала маса за во дневна, баба ми даде пари за плочки да си купиме за во веце, моите ни дадоа пари за цела спална да ја опремиме, свекор ми и свекрва ми ни дадоа пари за кујна, вујкото на мм ни купи плотна, фурна и микро, старосватицата ми даде пари да купам машиња за тањири, а другите поблиски ни дадоа исто така пари, но ние си ги собравме заедно со другите и да си купиме други работи што ни требаат. Одлична сума на пари добивме исто така, и баш вчера си купивме камин алфа плам и машина за перење алишта samsung. Планираме да земеме и теписи оваа недела и трпезариска маса и столици. Па здравје понатаму уште ни треба и една машина за тањири. Другите парички му реков на мм да си ги чуваме за недај Боже нешто.
     
    meU likes this.
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    541
    Likes Received:
    1,052
    Ни јас не знаев. Имам две братучетки кои живеат во странство. Искрено моите не им пратија покана. Со едната се слушаме (допишуваме) - ја известивме. Далеку живее, си доаѓа еднаш на 7-8 години, не се погоди баш таа година да дојде. Со другата не комуницираме директно, преку нејзините дознавме дека нема да може да дојде (откако замина, не се ни вратила, државјанство, ова-она). Значи официјални покани не пративме. А и што дека ќе пратиме покана? Да ги видат поканите? Па гостите се канат усно, а поканата е чисто формална работа, колку да се види кога и каде. И што ќе му објаснуваш каде на некој од Австралија кога не може ни да дојде?
    Искрено, ќе ми беше многу мило да беа присутни, но јасно ми е дека не можеа. Подарок ниту очекував, ниту добив. Тоа не е ни битно.
    Исто така, од страната на мажот ми, блиски роднини, живеат во странство (не толку многу далеку), но не можеа да дојдат. Некоја година подоцна, тие правеа свадба, ние отидовме. Однесовме подарок во ќеш. За нивниот стандард, тоа се можеби и малку, но за наш стандард, тоа се доволно пари, освен тоа направивме прилично голем патен трошок. Но ако не можевме да одиме, немаше ни подарок да праќаме, ќе им честитавме по телефон.

    Се надевам, сите тие во блиска иднина ќе дојдат во МК и дека ќе се видиме. Можеби ќе имам и чест и да ги угостам.
    Не ни знаев дека ако не можеш да одиш на свадба требало подарок да пратиш? Не мора да си во странство, може еве и од друг град да си, па поради сплет на околности да не можеш да одиш - значи требало подарок да се прати? Хм :?: !
     
  19. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Joined:
    Feb 6, 2010
    Messages:
    1,154
    Likes Received:
    13,169
    Gender:
    Female
    И моите и неговите поканети гости знаеа дека по свадбата ја напуштаме Македонија.
    Па така без да се бара од истите речиси сите парично ме даруваа.
    Кој колку можел....
    Нивното присуство и што ни ја развеселија свадбата ни беше доволно.
    Роднини и пријатели од три држави, и тие си имаа патни трошоци...
    Свадбата за светот, невестата за зетот :)
    А невестата и зетот си заминавме на свадбено патување кое ни беше поклон од швабите.
    Парите се потрошија, спомените останаа :)
     
    toogood likes this.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,461
    Likes Received:
    143,920
    Мене еден од највпечатливите подароци ми беше телеграма од една братучетка која живее во друг град. Стигна на свадбата и многу ме израдува. Убав гест што не чини многу.

    Инаку нас ако некој не прашаше што сакаме - кажувавме дека сакаме пари. Тогаш градевме, па било што друго во моментот и не ни требаше. Ама строго ако бевме прашани. И пак некои од прашаните одлучија да ни купат нешто, нели кој како сака. Со собраните пари ги купивме прозорците за куќата :) И не е точно дека парите ќе се потрошат, ништо нема да остане. Нашиве беа точно до денар за прозoрци и секој ден кога ќе погледнам во нив знам од каде дошле :D

    Во однос на подароците од нашата свадба, имаше некои кои и ние ги подарувавме понатаму, ама не по свадби. Всушност, се работеше за едно стаклено тавче за печење, со украсен послужавник и капак, од кој добивме идентични 9 примероци, плус 3 со иста намена само малку поинаков дизајн. Значи вкупно 12, од кои 9 сосема исти. Од тие им дадов на мајка ми, свекрва ми, бабите, и плус некои подаривме, ама не за свадби - за стан или младенци. Генерално сум против носење подарок што си го добил на друго место, но 12 вакви тавчиња не можам за 4 животи да потрошам. За мене задржав само едно и еве уште го користам.
     
    toogood and Sweetheart87 like this.