Ариелке мор, ако почнам да кажувам за што ги потрошивме ќе се стемни Се потрошија златна, во празен стан .... се ти треба
97% од подароците беа во пари... освен 1 столна ламба,стаклена тава,3 сервиси ,тостер, даска за пеглање и пегла,тенџере и тоа е тоа
скоро се беше пари, а поклоните што ги добивме беа доста добри, добивме микро, правосмукалка, пегла на пареа, блендер, и сет за на плажа ( чаши, лажици, тањети ) од луѓе кои не ни беа на свадбата... се ми се најде
Гледам дека дискутирате за свадби во странство. Јас сум од мешан брак, а и од страната на мајка ми скоро сите живеат во странство така да често сме имале покани за во странство. Моите секогаш оделе а ако се ептен блиски, и јас и брат ми. А кај нас и немало баш свадби за да каниме луѓе од странство. Свадбата на моите била исто во странство, немало две свадби. Според ситуацијата сега, ниту јас ниту брат ми не сакаме свадба па и да има, нема да случи во Македонија. И не знам, не сфатливо ми е целото ова потресување околу подароци, пари, свекрви, бакрачи. Премногу е, дефинитивно.
Ако не се потресуваш за свадба и за бебе за што друго во животов наш суров би се потресувале?? Мислам позитивно според мене потресување а за вас????
А што врска имаат свекор ти и свекрва ти со твојата свадба? Секој треба сам да си е способен да си ја направи свадбата, а ако не може тогаш да не окривува никого, никој не ти е должен. И кој ти ги направи долговите? Свекор ти и свекрва ти си отидоа на одмор и те натераа да им го платиш, или земаа од продавница на запишување па ти треба да го покриеш долгот???
Мене едно не ми е јасно, ако не ви се битни подароците и ако не правите свадба поради подароци зошто не напишете во поканата „Ве молиме без подарок“
Леле зошто така зборувате, кој си ја прави сам свадбата во денешно (па и дамнешно) време жити се? Нормално дека родителите ја плаќаат, оттука доаѓа и тоа дека се почитуваат и нивни желби нормално, во граници на нормалата, кој плаќа - тој се почитува, пак ќе кажам со мерка до одреден степен. Секој треба сам да си е способен да си ја направи свадбата, тоа ни во филмчиња не се случува чисто информативно, и таму родителите плаќаат за веселбата на своето дете. Впрочем, од каде и ја знаеш ситуацијата на девојката, знам многу случаи кога момчето и невестата плаќаат долгови и заостанати грешки од минатото на свекорот и свекрвата... може за такви зборува.
Јагода мислам дека коментарот од Батерфлај е статус од Фејсбук. Така да не се возбудувај. Патем секој родител живее за тоа да ги воспита, изучи своите деца и им направи свадба. Нема што да напишам, веќе е напишано се што сум сакала да кажам со коментарот на Трендафилка.
Јас и маж ми сами си ја плаќавме свабата бидејќи работиме и двајцата со маж ми од порано, а ако не беше така немаше да им земам за зло на нашите родители ако немаат пари за свадба, туку едноставно во таква ситуација немаше да правам свадба и тоа е тоа. Свадбата не е нешто задолжително, а далеку од умот е да ги заглавиш родителите да плаќаат со години за да ти направат свадба или да ги „оговараш„ ако не напправат.
Епа драга јагода изгледа ти и мажот ти сте едни од ретките кои што сами си ја направавиле свадбата.. Колку што знам досега а и од сега родителите им ги правеле свадбите на своите деца,тргајќи настрана парички во текот на својот живот за да можат да им го овозможат тоа ...
Е немам се уште искуство за поклони и такви работи... али знам за 2 вистинити случки што им се случиле на мои блиски луге 1. на свадба пред некој 30 год сепак тогаш се имало повеке нели од сега .. едни гости посебно се издвоиле од сите.. донеле мн убаво завиткан, тежок и голем поклон а во него имало се помали и помали кутии за на крај да испадне поклон ЦИГЛА 2. а вториов случај е поклон во плик ( пред некоја година) како и на секоја свадба пола пликоа се кај свекрвата пола кај бабата и така фино лепо некој од гостите си ги собрал сите плика и си се збогатил.. па сега види ти кој го каниш на свадба.....
Да, да. За мене тоа е срамота. Ако немаш пари, поарно не оди на свадба. А не да се глупираш со празно плико. Таквите гости доаѓаат на свадба за да фаќаат сеир.
За мене е срамота да изнудуваш пари од сопствените гости. Празново плико мене ми е = враќање на дрскост со дрскост.
Скоро се ни беше поклон во плик Имавме само една постелнина, еден сервис и два сета со прибор за јадење кои дефинитивно ни беа потребни а и преубави се
Оние кои очекуваат да направат свадба за да си ги вратат парите од „ПОКЛОНИТЕ ВО ПЛИК“, подобро нека не прават свадба. Секако, јас секаде носам пари наместо подарок, но мнооогу ми е селски да бараш да ти дадат пари. Никогаш не би напишала така на поканите, а на една свадба на втор братучед каде го пишуваше тоа, не ни отидов. Тоа е како они да ти кажат- „морски плодови во тањир“! Срамота е!
Јас на мојата свадба имав многу малку поклони. Претежно беа тањири, две фритези и микро. За мене е глупаво да пишеш на поканата поклон во плик, јас кога ќе добијам таква покана носам поклон , ама не во плик. Никој нема право д аме уценува што да носам. Свадбата треба да се прави од мерак, од радост , а не за да оствариш личен приход. Инаку ретки се тие сто можат свадбата да ја направат сами. Според мене тоа е должност на родителите, и на нив некој им напраил свадба. Сепак постојат случаеви каде родителите немаат доволно финансии , заради други околности пример избркани од разбота, се заглавиле заради школување на децата, болест недај боже, во овој случај воопшто не е за лутење. Но јас познавам примери каде родителите секој ден носат различни обувки, различна облека, скапи парфеми, шетање, јадење пиење се на висока нога и после оп немам пари за свадба, сами платитеси ја, бруки. Според некои Феминки тука, родителите немаат обврска да ти прават свадба, немаат обврска да те школуваат, немаат обрска да ви обезбедат покрив над глава ЕПА ЗОШТО ТОГАШ ВЕ ПРАВЕЛЕ И РАЃАЛЕ? Роди ги децата и пуштиги сами нека се снаоѓаат, а родителите нека работаат нека ствараат само за нивниот гз. Реално да збориме, во денешно време ако родителите неможат да ти направат свадба што најмалку 20 години работеле во таа брачна заедница, што останува за децата? Ги жалам тие родители што заради сплет на околности неможеле да обезбедат финансии , ама заради бес , не воопшто. Точно свадбата не е морална , но ондак зошто живееме ? Свадбата е најубавото нешто за двајца млади, единствен ден во животот кога се осеќаат како принц и принцеза. Ние свадбата не ја правевме сами, не финансираа родителите од двете страни, мм давасе по некој денар за ситници и јас, али тоа е незначително. Парите од поклоните си ги ставивме на штедна книшка , затоа што 3 години живеевме заедно и се имавме од покуќнина.
^Гостење во кафана и ставање леб на маса или плаќање на факултет се 2 сосема различни работи кои ни во сон не можат да се споредуваат. Образованието со надеж дека ке се исплати за подобро утре и подобра иднина е каде-каде поголема морална обврска спрема родителот отколку свадбата која трае 1 ден заради пустата желба дотичната керка или син да се осекаат како принцези и принцови. Како принцеза се осекам секој ден од денот на моето рагање а тоа ми го овозможиле моите родители со нивното внимание и љубов како и љубениот кој ме гледа како последна капка на дланка.Свадба и весељето немаат никаква допирна точка со чувството на опсипаност со љубов од најблиските. Крај краева е многу неблагодарно да се мери луксузот кој решиле да си го приуштат родителите со тоа што си купиле некој поскап партал или парфем.Низ годините колку тргале од својата уста за да нас ни приуштат облека,школување,одмори,нокни излегувања па ред е еднаш во живот и они за себе нешто да направат без да бида осудени за тоа. Како деца нашата себичност нема граница,сакаме постојано се да биде за нас ,целото нивно внимание нивната љубов па и нивните финансии.Да се љутам зошто мајка ми татко ми решиле да си приуштат некое задоволство за нив а знам дека со години јас сум им била на прво место,и да се љутам поради тоа ме прави крајно себична и безкруполозна личност. Свадбата ја прави оној што смета дека треба да ја направи.Родителите по никој основ не се обврзани да прават свадба на своите деца,тоа е нивна желба и можност за истото. И они во нивно време сами си ги правеле свадбите(барем моите сами си ја направиле без помош од нивните родители) и денес има млади луге кои сами си ги прават па чинот не им паднал со тоа. Да ги терам по секоја цена да ми платат свадба од соништата а знам дека со години на еден одмор до Охрид немаат отидено или еден пар чевли си немаат купено е стварно краен безобразлук.