Баци рака постои со години (децении) наназад. И тоа го имаше и во Скопје. Не само во внатрешноста. Може постарите тука памтат... Не е нов адет, ама глупав е.
Majka na svadba ko bese sega, nema mesec so grepki baraa ahaha xD A za ova po masi pari so zemat, do skoro da ne recam i tuka bese taka na poveketo svadbi na koi sum bila. Poddrzuvam poklon vo plik, mladi se, im trebaat pari za stan, za uredvanje.
Најдобро е на младите да им се однесат пари како поклон, ама не е секој во можност да однесе пари. И поклоните што ќе се добијат на свадба, ќе се искористат еден ден. Можеби младите ќе добијат нешто што не им текнало да го купат.
Ние со мм си носиме одредена сума на пари,плус цвеќе.И ние бевме поканети на свадба пред скоро 2 месеци и на неа пишуваше,наместо цвеќе грепка е сега не знам колку добијаа најмногу бидејќи не бевме на свадбата
Drugarka mi ne odese po masi, koga ja secea tortata gostite odea na glavnata masa, so parceto torta davase i nekoi kratki poraki vo ubava kutivka a do tortata imase golemf kosnica pa koj sakase stavase pari vnatre.
Девојки ги читав вашите мислења на тема грепки наместо цвеќе на свадба и... Јас сакав така да ни пишува на поканите, мислам дека е интересно, штосно, и далеку помалку пари отколку цвеќе, а и подобро отколку 100 бонбониери( речиси толку собра кумашинката) Што мислите вие? Помош
Лично ич не ми е штосно, и не ми се допаѓа. Всушност, многу ми е невкусно било што што алудира на подарокот во текстот на самата покана, било да се грепки, било пари во плик, било што. Ако младите не сакаат цвеќе или бомбоњера нека си кажат на гостите лично кога им ги даваат поканите. Нудење на замени како шанса за дополнителна заработка ми личи ефтино.
Да..можеби си во право, но сепак подобро да ризикувам некоја тетка да се налути и помисли дека сум пуфла, отколку да добијам 100 букети кои ЌЕ МОРАМ да им ги разделам на комшиите(затоа што ниту имам толку вазни ниту простор) и 100 бонбониери со критичен рок на траење. Свадба е далга па ќе помине како и секое чудо за 3 дена
Јас неможам,а и не сакам да ги условувам гостите со ништо. Букети ќе има многу, свесна сум, ама нека има. Не е нешто на кое не може да им се најде решение. Нешто ќе дадам, нешто ќе си земам. Ќе ми стојат неколку дена и после во канта. Само на другарките уште сега им кажав да не купуваат, да не трошат пари. Исто на мм другарите се со договор и на ниедна свадба не носат цвеќе. Ама други да условувам, не би. Кој како си сака така. И бонбониери да се , што и да е. Нешто ќе се изеде, нешто ќе оди во ѓубре. Јас не гледам ништо страшно ако добијам 100 букети и чоколада со критичен рок.
Ако веќе не сакаш да добиваш букети и бонбониери, тогаш може да нагласиш кога ќе ги делите поканите дека сакаш тие пари што би ги дале луѓето за тоа да ги дадат во добротворни цели. Оставете една кутија на влезот кај што ќе ги примате гостите, и нека ги ставаат парите таму, ваше е кому ќе му ги дадете (за лекување, за санирање на штети од поплавите и сл.). Јас така би направила.
Дури и тоа само усно би го кажала, не да го пишувам. Јас на свадбата на сите блиски им кажав да не ми носат цвеќе бидејќи одевме на меден месец па ќе пропаднеше. Некој ме послуша, некој не. Важно секој си направи по своја волја.
Па така и напишав, да нагласат кога ќе ги делат поканите да кажат за тоа, не да напишат на нив. Во секој случај, мене ми е тоа најдобра варијанта.
Да, тоа ми беше првата идеја со кутија за добротворен прилог за некои дечиња, или за поплавите, но во тоа сите ме предомислија. Како сум ги ставала во непријатна ситуација, можеби некој не сака да донира, па тоа било свадба да не се чувствувале глупаво доаѓале на веселба и сл ред други работи се изнаслушав и речиси никој не се согласи, дури и младоженецот кој смета дека е комплицирано, чувствително и специфично. Затоа решив на втората варијанта која им е поприфатлива и сметаат дури дека е интересна. Подобро грепка од 40 ден отколку цвеќе од 500ден. П.С смислено е така што "вие што планирате цвеќе, заменете го со грепка да не се трошите" нешто во тој стил што се однесува на тие што мислат да носат цвеќе и бонбони.
Јас сум стварно шокирана од вакви изјави. Изборот си е твој, веќе сте решиле....како и да е, нека ти е со среќа.
Се чудам што прашуваш и бараш дозволи, и како би можел да биде мал хуман гест, макар ид од 50-100 денари со едноставно ставање на истите во една кутија поспецифичен од шетање по трафики купување на некакви грепки... Жално уствари.
Поглупаво нешто од ова со грепките немам слушнато. Пак скриени надежи за ќар од свадбата, си викаат може ќе добијам дополнителни пари,може кола. Бизнис си правите од свадбите. Никаква почит кон гостите. Срамно и жално. Кажав јас еднаш ,секој што ќе ми напише поклон во плик ќе добие поема,секој што ќе пише поклон во тутурутка ќе добие семки.
Што се не ќе направат ситниве души за дополнителна заработка?! Малку ли ви се парите кои ги изнудувате од гостите преку срамните “подарок во плик” покани, па сега и до ова дојде? Грепки? До каде ќе оди незаситноста не знам? Не само што гостите ви ја финансираат вашата веселба, опремувањето на станот, автомобил итн... сега и грепки да ви купуваат? Уште пари ви требаат?! Што е следно, се прашувам?
Грепка -срамота Поклон во коверт-уште поголема срамота. Сите знаат дека е модерно време, на свадба се носат пари да се помогнат младите да купат што им е потребно , ама нарачки се срамота. може немам пари па со картичка ке ти купам нешто на рати пак сум одвоила ,зашто мора да се пари.
Не знам дали имаш правено свадба или ти претстои, здравје, ама парите што се даваат за да направиш свадба, се далеку повеќе од тие кои би ги собрал. Зборувам за свадба која што изгледа убаво а не како да се прави „ради-реда“ (со проѕирно парче салама и кашкавал и гостите гладни и сл) Еве јас уште малку ќе правам и те уверувам дека ни пола од парите нема да ни се вратат. И не мора. Нема да има поклон во плик а ќе има обезбедено сместување за гостите кои дошле од далеку. Битно да биде убаво. Затоа што свадбата се прави за др. цел – да се прослави стапувањето во брак на младите. Ама кај нас бидејќи сме способни многу работи да уништиме па и ова. И жално е што мислиш дека секој прави свадба за да собере пари, ти не ни помислуваш дека некој сака да ја сподели радоста со блиските...