1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Зависи кој какво мислење си има за тие работи во врска со подароците. Точно е тоа дека 90 % од луѓето се свесни што треба да подарат ( т.е. дека тоа треба да бидат пари, нели самата свадба по себе си е трошок) ама па да се изнасобираш чинии, тенџериња, чаши или па што и да било ја сметам дека и тоа не е работа. Подобро наведете Поклон во плик ("избрукајте се") отколку да се раздавате по сите роднини од сервисите со чаши ... Соберете си ги парите (кој колку што мисли нека си стави во плик) и купете си нешто што секогаш ќе ве потсеќа на вашата свадба како подарок од сите поканети гости!
    Кога еден ден јас ќе правам свадба би наведила...ептен сум против различните вкусови и различните подароци... Вистина е точно тоа, дека правиш свадба од ќејф ама па кој не е љубопитен да знае кој што му донесол..?! Не мислам дека на никој не му е гајле за подароците и за тоа кој колку чест им направил.
    Затоа паричките во пликче и мирна главата па младенците нека ги потрошат како што знаат и умеат.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до муабетот со поклон во плик, искрено ако е работата за славење и гоштевање кое треба да си го платам, поарно ќе си одам во некој ресторан јас шо ќе го изберам, со друштво самата што ќе си го изберам, јадење сама што ќе си го изберам и музика сама што ќе си ја изберам, отколку да се туткам во едно ресторанче со Јанко и со Станко само да ја видам невестата. Па крај краева, има слики, ќе видам отпосле. Ако мислиш дека гостите нема да ти донесат добар поклон, не ги ни кани, не можеш да изнудуваш пари од луѓето и арно им прават тие со празен плик непотпишан шо им одат :lol: . Од тие причини, јас и мм не правевме класична свадба, туку со семејството си отидовме во ресторан на ручек и си прославивме без таа помпа и галама.
     
    На SV1911, enca.69, veronikaveronika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    И јас до крајност бев само најблиските во ресторан, овали со повеќе разноврсни меса, музика за душа, интима...ама кога роднини поблиски имаш повеќе и кога постарите(било баба-дедо или свекор-свекрва) се водат по тоа овој дојде ние му бевме па мора да дојде ајде излези на крај. Сепак успеавме да составиме некој задоволителен список (во поголем дел),добро место и музика па сега ќе видиме како ќе се покаже сето тоа. А ме интересира што се случува со поклоните кога веќе сите гости се дојдени,мислам каде се ставаат,поклоните,парите?До сега не сум се заинтересирала, ама сега морам :lol:
     
    На eleni23 и tessie им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ќути моиве свекор и свекрва помодерни се за тие работи :lol: не патат од тие комплекси...ауу кое олеснување, цел живот се плашев дека родителите од мојот маж ќе бидат затуцани ко пред турско, ама не стана така за среќа.
     
  5. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Ние правевме мала свадба со некои 100на гости(најблиски, немаше ојле дојле, втори, трети братучетки ...)
    Најблиските(чичко,тетка, вујко,баба,дедо) не прашаа што сакаме(поклон или пари), а ние скромни -што сакате тоа :) И скоро од сите добивме пари, ама имаше и такви(немам поим кои) кој ни донесоа поклони катастрофа. Едно ако се сеќавате од пред 100години раката на тато и сет 5 ножа |( Една кинеско-индиска столна ламба ама по кич ствар не сум видела :rofl: Тенџере и тоа само едно :^) ...

    За муабетот со поклон во плик. Катастрофа :fubar: Многу ме нервира тоа. Ајде разбирам како некој што кажа ако се од странство и тука прават свадба нормално дека пари ќе однесам. Ама вака :puke:

    И ние добивме скоро таква покана и нормално им однесовме поклон :) Кога стигнавме немаше она стандарно сликање пред влез ... Туку пред вечерата младоженците одеа од маса на маса да се сликаат и даваа бончиња на вечера и ги тутнуваа во рака онака старински за да им дадеш пари :o Незнаев дал да плачам или да се смеам. Ем поклон во плик бараат ем одат од маса на маса како просјаци :| смајлиштосекрсти
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Точно така е. Неможе да се бара поклон, а најмалку да се пишува на поканата поколн во плик. Тоа највеке ме нервира, тоа ми изгледа како да ме викнале за поклон- за пари, тоа е хаос срамота и уште што не. На многу свадби ме викнале со такви покани а ја на сите тие несум ги послушала, Еднаш на една свадба требаше да идат и родителите на маж ми јас така убаво завиткан поклон кога видоа одма почнаа да коментираат дека не било убаво и незнам уште што не рекоа, но ние не ги послушавме како што појдовме така отидовме во ресторанот и кога таму луѓе незнам колку точно ама имаше многу полони, кога виде свекрвата се смири а пред тоа рече дека така поканиле и дека е срамота да се иде со полон, Јас се омажив пред 14 ипол години после мојата свадба многу парови прават така дури има во фамилија кога гостинот ги прашува сто сака дали има некоја желба за поклон тоа многу често се случува. Кога ке им кажам дека мене неме ни погледнаа ни прашаа никој за поклон они кутат незнаат што да ми одговорат. Се знае кој кого треба да праша сестра, брат , кум и старосват само и никој друг. А дека носеле филџани од пред Ное или поклони од 200-300 денари што има врска знам една моја другарка која што сите оние работи ги однесе на пластичарската си ги замени и си зема работи по нејзин вкус, тоа што и требаше, А ако се мисли дека паи е најдобар полон ке ви решам се лажете да точно младите имаат тие денови трошоци но немора да прават големи свадби. А дека ке им останат пари не е точно. Одма се трошат а јас носам полон за да им остане. Зависи каде кај кого сум поканета неможе исти полони да се носат секаде ако се поблиски без разлика може и друштво да биде иде нешто поскапо ако не се иде нешто поефтино но не нешто безвезе имаме и многу ефтини и убави ствари. А што да решам јас што сите поклони ми се украдени па ете полека си купував по мој кеиф.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    на мојата покана не стоеше поклон во плик а сепак од повеќето добив пари нека имав 10тина поклона од кои 4 од нив ми се глупави а др се ок ми влегоа во употреба
     
  8. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Мене ми беше многу глупаво да пишувам поклон во плик. Некако грдо ми е тоа да стои на преубава покана. Она интересна идеја е со посебна картичка, ама како и да е, ние тоа не го направивме. Собравме многу пари, но имаше и неколку поклони, и тоа се беше по мерак. Убави вазни кои ми одговараат на ентериерот дома, квалитетни сетови за готвење, кристални чаши, и така некои ситни работи, ама се беше со вкус и одмерено.
    Мое мислење е дека се зависи од тоа какви гости ќе поканиш. Кај нас беа најблиски 90 од кај мене и 90 од кај него. Скромно но прекрасно! ;)
     
  9. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Се согласувам во потоплност со Lepaaa. Ние пишавме поклон во плик но кога одевме да ги каниме им кажавме дека ако сакаат можат и поклон да ни донесат. Значи ние со тие пари си купивме скоро се за домот и немаше нешто што требаше да го вракам (многу ми е незгодно кога треба да молам некој да вратам нешто). Братучетми кога праеше свадба му донесоа многу електрични скари и пробаа да им ги сменат ама само неколку како не им се трошеле и бидејки не знаеа што да прават ги даваа по роднини и на свадби каде што беа. Исто така и мој колега доби 11 микробранови печки, старосватицата 8 пегли и што да прават со нив. Значи ми беше зборот секако се планираат пари да се дадат дали во продавница или во плик. мене ми е исто само што кога ке ми кажат поклон во плик ми олеснуваат со тоа што не треба да трошам време да шетам па да мислам што и како дали им треба или не, вака пари па што им треба ке си купат. Воопшто не гледам дека е навредување или некултурно ако се пише. Сепак им е полесно, барем за мене. Секогаш каде и да одам давам пари бидејки има разни вкусови. Она што мене ми се допага можеби нив нема.
     
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    јас имам и претходно во друга тема за ова пишувано, ние лани кога правевме свадба имавме на нашите покани најдолу напишано по можност поклон во плик, добив и некои поклони, кои небеа пари, значи пак секој носи тоа што сака ,ама највеке беа пари. и искрено мене не ме нервира ако го видам тоа на поканата, затоа што мене мие битна личноста која прави свадба, и јас ако решена да одам кај неа, ништо нема да ми промени тоа на поканата :) како некои што велат од инает дека така напишале неодам, абе аман глупости ]:)
    оваа сега кај нас стана реалност, а во странство го има одамна, се секавам пред 10-на години мој роднина од германија кога правеше свадба имаше така напишано на поканите, е тоа беше тогаш шок :?: а денес е веке нормално, дури и самите во студијата кога ги избираш поканите те прашуваат ;)
     
  11. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Јас добив веќе користено тавче , ц ц ц :D :D :D
     
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Аман бе нодлучна, зарем некој до таму дошол? Јас добив кафемат од 1980, сервис огромен од порцеланка од преистоиското, а згора на тоа залепени со истиот дотраан кафеав лепак со кој биле прелепувани од пред 20 години..подобро 500 ден во плик па купи си што сакаш. Доволна брука. Затоа на таквите поклони нема ливче чии си :lol:
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Свадба досега не сум правела, ама си имам некој, да речам, став околу подароците:
    мизерно, глупаво и просјачко ми е на поканата да напишам поклон во плик! Се извинувам на тие кои тоа го сториле и така напишале, ама ова е мое мислење. Ако ти требаат пари не прави свадба.
    Венчај се пред матичар со најтесниот криг на семејството (мајка, татко, брат, сестра), оди после на еден ручек или вечера и ајт со здравје. Ем венчан, ем парите на број. :D
    Точно е дека некој носи безвезни поклони, но зарем на поканата не се пишува „ќе ни биде чест ако со вашето присуство ја збогатите нашата семејна веселба“? Значи, со одењето им правиш чест! Според текстот те викаат зашто им значиш лично ти, а не поклонот твој!
    А денес скоро секој носи поклон во плик. Искрено во последно време секој поканет прашува што сакаат младите. На сите свадби на кои сум била во последно време сме носеле исклучиво пари и тоа минимум 50 евра.
    Знам дека во странство се прават листи на подароци, па им се кажува на гостите и ти купуваат нешто од тоа на листата. И тоа е донекаде добро, добиваш што сакаш, а секој ти го купува тоа што му дозволуваат финансиите. Но, овде не е тоа се уште прифатено. А и нема некои такви центри...
    Еднаш, пак, од едни албанци со кои моите се дружат добивме покана за свадба на која со огромни букви пишуваше БЕЗ ПОКЛОН! Да, и јас се чудев, ама тие поклон не сакаа. И ние и сите други отидовме без поклон! Рекоа дека прават веселба и дека сакаат сите да им појдат, а не некој да се устручава заради поклонот. И можеби беа во право...
    Јас на мојата покана не би напишала поклон во плик, не би напишала ни бе поклон, нека донесе кој што сака. Што сакам ќе задржам, што не сакам ќе фрлам. Нема да враќам, нема да препорадувам, ќе фрлам и готово. Што ми треба за домот ќе си купам, а свадба ќе направам толку голема колку што финансиите ќе ми дозволат.
     
    На sesilija, enca.69 и LaChiquita им се допаѓа ова.
  14. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Денес слушнав од колешки на работа дека добиле едната 8.500 еур а другата скоро 10.000еур пари во плик од свадбата, двете имаа по околу 280 гости :o искрено не ми се верува баш!?! :^)
     
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Сестра ми кога правеше свадба, отидовме кај неа каде што ги отпакувавме поклоните и секако запишувавме кој како и што. Меѓу поклоните се најде чудни финџали од 1990 година а најстрашно беше што во тандем со финџалите, имаа дадено бонбоњера од 1990. Од љубопитност сакавме да ја отвориме. Внатре сите чоколади беа бели, мирисаа на нафталин - ми се грозеше.
    За мојата свадба, нема да потренцирам да ми носат пари од причина што и поклоните кои што ќе ми дадат можат да ми послужат за секојдневието. Ако некој поклон се повтори, скоро сите маркети за бела техника ги прифаќаат апаратурите. Нема потреба од паничење. Ако не, ќе му ги поклонам на некој друг на кој што ќе им послужи повеќе од мене. Славам свадба со мои луѓе за да ја одбележам љубовта со мојата половина а не да се збогатам од туѓи пари. И да не добијам ништо,среќна и почестена би била со присуството на моите омилени.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Еднакво глупаво е запишувањето кој колку и што ти донел ко пишувањето на покани,ве молиме поклон во плик.
    Демек да знаеш ти што да му однесеш?! Глупости,тоа говори повеќе за тебе,него ли мизерниот подарок кој си го добил од дотичен човек.
     
    На tessie, Trendafilka и enca.69 им се допаѓа ова.
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    А што има тука лошо? Не е демек да знаеш што да му однесиш, туку да му однесиш повеќе од тоа.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    А така,за поголем чоек да испаднеш,да му покажеш дека имаш,дека си го понижил,матирал.Нема потреба да навлегуваме во дискусија.Мене не ми се допаѓа и ми е малограѓански,кој како сака. Се има критериум кај мене дома кај кој што се носи и без исклучок,истото,праведно за сите,се разбира се разликува само тоа,блиски или подалечни роднини,пријатели,исто блиски или далечни.
    Порцеланка или не,на крајот чест ти направиле,можеле и воопшто да не дојдат.Мислам мене глупо ми паѓа кога ќе слушам муабети за подароци од свадба,дури и сожалување на неблагодарните свадбари,а жал за понижените сватови.
     
    На tessie и bal0n43 им се допаѓа ова.
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Кога јас ќе правам свадба, ќе правам за мене, маж ми и нашите блиски да се радуваме, за другите искрено многу нема да се секирам, уште помалку колку ми донел Петко, а колку Станко.

    Кој колку може и колку сака нека ми донесе и онака нема да се надевам дека нешто што многу ми треба ќе ми го донесе некој си таму, туку ќе се потрудам да си го обезбедам сама.
    Можеби на поканата би напишала и без поклон да се доаѓа.И не, не се правам паметна што ова го зборам туку навистина го мислам.Ако јас решам да правам свадба, тоа ќе биде кога ќе имам доволно средства за неа, ама и за сите потреби потоа и нема да чекам да ми даваат пари или машина за перење.Ако немам за машина за перење, свадба па ич нема да правам.

    Мојата свадба ќе биде исклучиво за убав помин на мене и моите најблиски, а кој, што, како нема да мислам, уште помалку да запишувам и памтам.
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мојата дебела македонска свадба. Со секоја чест на исклучоците, ама оваа свадба се соочува со два моменти.

    Првиот е - пу пу, земаш ливче и броиш колку ќе те кошта свадбата и врз основа на тоа толку гости викаш евентуално прецизираш дали сакаш „поклон во плик“ или нешто друго за да нали ти се исплати свадбата. Значи свадбата ти е нешо као организирање на концерт на Стинг.
    Имаш толку и толку буџет а картите ќе ги пуштиш за толку и толку за да ти се исплати, нели :)

    Вториот е - исмејување на поклоните. Не ми се лутете ама како можете да се смеете и да кажувате бруки за ако некој ви донел некое старо парче? Винтиџ фустаните ви чинат ама старата машина не веќе? Мене жал ми падна сега за луѓето :(
    Некој нема пари за да ви поклони одмор на Сејшели, некој сака да ви укаже чест и ќе ви подари можеби финансиски поевтино парче но од се срце. Мене ми е шубе да му гледам на коњот во уста. Крајно некултурно и невоспитано е. Озбилно.

    А башка што има и трет момент на свадбите, то ви доџе нешто као бонус - гости кои немаат ни поим шо се вика кој се мажи/жени и доаѓаат на свадбата и носат миленце од прабаба Ратка колку да не биде без ич. Битно да се види кој што како и зошто. Сеирот е битен сегмент од нашите животи. Додуше уште посмешно е зошто биле повикани на свадба али ај.

    Смешки.
    Јас не сум имала свадба ама знам какви подароци давам. Од се срце и не бирам глупости колку да се каже. А и не идам на свадби на далечни роднини или пријатели.
    Минатата година јас и другарка ми и купивме заеднички поклон на другарка ми за свадба. Би ми дошло ептен шубе кога би дознала сега дека се смее - еј оваа знаеш што ми зема? А ха ха ха ха - ха! Не е убаво :|
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.