свадбата кошта онолку колку младите сметаат дека треба да кошта или можат да си дозволат. Поклоните треба да бидат такви како што сметаат гостите.ја подржувам An-na дека е срамно и дека се младенците безобразни и ненаситни за оние кои го напишале ова не и за тебе. Замисли ти стигне ваква покана како ќе се почуствуваш. Јас како да треба да одам на свадба кај алчни и неблагодарни луѓе.
Свадбата кошта толку колку да можеш да направиш на гостите да се чувствуваат удобно. А тоа не е евтино. Да ти дојдат дома 4-ца на ручек нема да поминеш евтино а не пак 250 (пример). Сепак они се гости а ти домаќин. А другите работи, фустан и сл. се плус. Така да парите никогаш не се ни враќаат, не па да спечалиш. Погрешно е што пишува поклон во плик, не се согласувам со тоа. Ама ни со тоа да се носат цвеќиња. Доколку девојката сака да напише нешто во стилот за грепки, нека напише. Нејзина свадба и покана и гости. Лично и мене ми е неубаво да стои тоа во поканата ни пак за некои донации. Ако сака некој да собере донации може да организира хуманитарна забава. Таму ќе дојдат оние кои сакаат а не кои „мораат“ (ова не дека мораат ама идат на свадба дека се блиски). Ако јас добијам ваква покана, ок ќе ми биде, нема да се тревожам многу. Ако они сметале дека треба да напишаат, нивно право. И онака е подобро да однесам пари отколку да бирам поклон за кој само ќе изгубам време и ќе си го заморувам „мозокот“ а нема да се допадне. Различни луѓе, различни вкусови. Некогаш и најблискиот не може да ти погоди не па некој друг. Ако се работи за најблиски и знам што им фали ќе им купам.
Не ми е јасно зошто мора да се назначува во поканата за поклоните? Не може да му се мешаш на некој во буџетот или плановите, затоа не е ни чудно што на неколку пати имам слушнато дека некои добиле празни пликови или пликови со смешни суми од 10 или 100 денари. Јас пред некој месец правев свадба и добивме пред се пари и неколку поклони што ни се допаднаа. Тетка ми само инсистираше да ни купи нешто за буџетот што располага и сами одбравме, останатите беа на тепка. На оние најблиските само им рековме да не купуваат цвеќиња и да не се трошат непотребно, без торти и глупости пошо веќе се си организиравме и плативме, а за сите остали кој што сака и колку може.
Мила јас правев свадба од скапа поскапа и знам кое колку кошта. Грепка е непочитување. Покана е место каде се пишува кој кани, повод и каде го кани ,а не е место за нараачки. Нормално дека не ми е ок, ем половина сума ќе ставам од планираната,а за гребка ќе сонува.
Ова сериозно?Грепки на свадба? Не можам да се изначудам.Што е следно?Да им уплатат по едно ливче Лото на младите?
Ако правите свадба за да соберете пари, сте ја утнале печалбата. Подобро нека ви ги дадат парите планирани за свадбата и готово.
Сите револуционерни идеи на почеток наидувале на потсмев и негирање З'ш да не? Од љубомора нели дека може ќе им се падне голема сума, па нема мир да имате дали од вашата грепка се збогатиле. Ваши пари требаше да се, ваша среќа е, вие ја одбравте грепката, ВАША Е!!!!
Не ја разбирам огорченоста „Нормално дека не ми е ок, ем половина сума ќе ставам од планираната,а за гребка ќе сонува.“. Ама ок, твое мислење и право како ќе постапиш. Ја пак мислам ако некој ме вика на свадба ме почитува. Пошто ја не би викнала некој ако не го почитувам. А ако ме изиритира поканата, не ни одам на свадба таква иритирана и со негативна енергија. Ништо лично, си го изнесувам само моето мислење.
Според мене цвеќето симболизира,убавина,нежност,среќа,каква што е и впрочем љубовта. Благото,ете да им биде сладок животот на младите. А на грепкава што е симболот?Дека е бракот лотарија или томбола?Игра на среќа?Не знаеш што ќе ти се падне? Ако имаат добивка,супер Ако не, така ти се паднало.Повеќе среќа следниот пат.
Покрај здравје, љубов, среќа, се посакува и пари. Тоа ќе е симболот на грепката, ама не тешко заработени туку од среќа. А ако од толку грепки не добијат ништо поголемо, значењето ќе е дека тоа ќе им е судбината што се однесува пари, сиромаштија Ете, разјаснивме, значи може да се почне со новиот тренд
За благото се согласувам, ај ќе го изедат, на цвеќето што да му прават? А кога ќе овене што треба да симболизира? Дека ништо не е вечно? Дека све што е убаво кратко трае? Подобро грепка, отколку цвеќе.
Јас сметам дека никој не треба да ме ограничува со ништо. Не сакам да ми се наметнува. Можеби сакам да купам нешто друго многу повредно. Ни грепка, ни цвеќе. На поблиски невести мајка ми знае да им купи некој ситни сребрени обетки, наместо да даде 500ден за цвеќе. Те канам на веселба, да играме, пееме, да се забавуваме. Ако сакам да донесам грепка, ќе донесам и без да ми кажеш. Како што гостинот доаѓа во твоја почит , така ти треба да го испочитуваш истиот.
Чекајте уствари да прогуглам дали низ светов постои вакво нешто, ако има, да видам која држава е, колку е прогресивна во разни сфери, па според тоа да оформам мислење дали е или не е прифатливо
Нит сакам некој да ме условува ни да условувам. Замисли ти ги условуваш за грепка, тие тебе за нешто плус во менито. Или не седнувам на маса столот ако не ми е послан со платно одозгора. Нема смисла. Може не планирале цвеке да носат. Кај нас цвеќе носат само ептен блиски гости. Ако немаш место за цвеќето, контејнери низ град има колку што сакаш.
На мојата свадба никој не донесе цвеќе. Цвеќето кое го имав порачано за да ги украсува масите го раздадов на гости по дома да си носат, успомен да си имаат и да им личи и нив . Е бомбоњера фативме, една, и си ја изедовме со мм. мајка ми и свекор/свекрва.
eпа ај таму ,,во светот,, ќе правиме свадба за да изгледаме креативно... битна улога за се има и опкружувањето во кое се наоѓаш
Јас ливчиња лото би им порачала бројки по нивни избор...ваљда едно ќе се падне...што ќе ми се цвеќиња? сега последно ко бев на свадба, цвеќиња, цвеќиња, цвеќиња не знаеа што да им прават. На крајот од свадбата даваа на поблиски, даваа на персолнаот, пола зедоа...други по баби, вујни, тетки...џабе и луѓето се трошат, а глупо е да се фрлаат. Непотреби трошкови. Пликот на рака, лотарија без мака