Опкружувањето е битно секако. Ама не значи дека ако некој не е спремен да прифаќа нови идеи, треба да се тапка во место. Ок е да не ти се допаѓа, не мора да го правиш. Ама не разбирам и што е толку лошо/страшно па толку негативни ставови. Ја не би го направила, ама ако некој сака, нека повели. Ако ми се допаѓа идејата ќе „соработувам“, ако не, ќе „заборавам“ (читај игнорирам) и никому ништо
Е не знам што му правеле, јас искрено досега немам видено тоа со грепки и прв пат слушам, затоа се зезав. Па ги даваат букетите на поблиски, може пола ги фрлаат...што знам...
Ова кружеше на интернет по веб порталите. Не го објавив пошто не знаев во која тема. Лично сум против вакви ствари и пишување поклон во плик. Факт е трошокот за свадба е голем и дека дека гостите некогаш немаат осет што носат глупи подароци. Но никој не не тера да правиме свадба поскапа од тоа што ни е реален буџет. Кога би правела свадба многу повеќе би била заради чувството да облечам венчаница отколку да споделувам радост со лажни пријатели, роднини и сл. Сепак ќе се одлучам з аинтимна прослава здравје ако даде Господ. Како сакате кажете ама некои од тие пари во плик ги плаќаат порциите за свадбата или ги трошат да покријат кредити,доглови и слично. Ако се нема нека не се прави. Кај оние кои навистина имаат за свадба на покана не ми пишале поклон во плик, или замена на цвеќе со грепки.
Демек сега излезе тоа најголем проблем, што да му се прави на цвеќето. Па повеќето невести ја красат цела сала, се дават страшни суми. Тогаш што ќе му прават и на тоа.
Цвеќарата го зема ако е вештачко а ако е свежо не верувам дека некој би го вратил назад во цвеќара Имав многу букети од свадба дома однесов само 3-4 за повеќе и место нема.Останатите ги земаа гостите. На блиски луѓе од моја страна им кажав да не носат цвеќе некои ме послушаа други не
реков оти кај нас не китат цвеќарите по ресторан туку друга служба која не располага со природно цвеќе, затоа и си го зема назад
Што не прочитав. Грепки да, имам чуено. Креативност??? Поголема глупост нема! Ако ти е мерак да се коцкаш, ене ти ПОКЛОН ВО ПЛИК ! Се праело така у светот а ? Епа земаат плата евричи со повеќе нули. И онаа глупот напомена доле "полкон во плик" што спомнав. Како може да обврзам некого да ми дава пари. Може сака да дојде со 500ден. нема повеќе , а се срами. Која глупост е тоа да го пишеш . Испаѓа работава за поклон викнати. Место цвеќе , пари за донација. А кој тоа рекол цвеќе морало, срамота било ?!?! Ако си фраер пак ќе ќажам, донирај од сумата собрана по пликови што си ја собрал Не се споредувајте со Америка , даЛеКо е од нас.
Уау! Да знаев какви полемики, дебати и префрлања ќе предизвика моето мислење, немаше никогаш да го напишам. Уште некој да се фати за врат или некој да почне да ме колне! Навистина немаше потреба од тоооолку негативна енергија во темава.. Да, секој има право на свое мислење, така и јас побарав второ мислење. Мене лично ми се допаѓа идејата, кога јас би добила таква покана би се насмеала и би се трудела да најдам што поразлични и поинтересни грепки и ОД СРЦЕ би сакала да добијат вредна награда! Ама јас. Креативна, крајно проблематично романтична, личност со смисла за хумор. Идејата ја добив од мојата старосватица. Кога дојде на вечера кај нас и прв пат во новиот стан ни донесе подароци. Покрај нормалните подароци, ни донесе и уплатено ливче за лото (кое вечерта се извлекуваше) и најразлични грепки! Бев изненадена, воодушевена и радосна. Сите заедно гледавме лото, гребевме грепки, се смеевме и имаше таква позитивна енергија и едно ново искуство. Тоа со грепките го имав слушнато и после ова добив идеја да пишува така на нашата покана! Идеја која ја разгледувам, токму поради тоа да не навредам некој и да не мисли дека се богатам на туѓа сметка. Ако веќе сме на темата богатење и свадба, ги ослободивме сите блиски од торти и цвеќе, да не се трошат им кажав(дури и баба ми која не сака да чуе да не ми донесе торта ја убедив), најблиските ги ослободивме од се што е можно, од сите ситници како на пример спорниве покани... и сл. Дома станот ни е опремен(некој спомна дека од свадба си ги опремуваме становите), немаме речиси ништо за што сме рекле од свадба ќе купиме, и парите не сме ги планирале во ниеден момент. Толку негативна енергија од место од кое црпам позитивна енергија, совети, искуства и слични судбини не очекував. Во еден момент се почувствував како најлошата, најбезобразната и алчна личност на светот. А не сум. Се што имам е твое. Од едно правам две. За блиските душата ќе ја дадам. Од богатство сакам само љубов и здравје. Сиромаштија знам што е. Многу ми е жал ако некого навредив со моите мислења. Немам што да додадам повеќе на темава.
Ако ти се допаѓа идејата и ти е дојдена на таков начин - направи го. Може да стои дека не е задолжително. Ако некој не најде замерка во поканата, ќе најде за нешто друго. Такви сме и тоа е. А тебе ти е свадба и тебе треба да ти биде убаво. Ако некој го осиромашиш за 100 денари (претпоставувам толку е грепката), тоа да му биде најлошто што му го имаш направено. Ако земеш да погодуваш вкусови на луѓето, конкретно еве за свадбата, нема никогаш да можеш, ни на 2, не на сите, па колку и да се. На крај би била самата незадоволна а и другите секако. кај нас не смее тоа да се прави оти не се платите големи Не е ни до средината, до размислувањето е
Многу негативни мислење за девојката што си напиша само што планира. На кројот на краиштата тоа е нејзина свадба и што сака ќе си прави. Ова со грепките не е нешто ново, уште пред 2-3 години го имаше по свадби и јас реално не гледам нешто лошо во тоа. На некој ете му текнало и некои гледаат како на креативна идеја а, не на начин на заработка. Е сега дали да пишува на поканите не знам дали е правилниот начин, може да се соопшти усно и сепак да биде по избор на гостите, ако сакаат место цвеќе и благо да донесат грепки, некои сигурно сепак цвеќе ќе донесат. На пример, нели е глуп обичај на некои места каде што се невестата шета со бонбони и и` даваат по 100 денари и други такви глупи обичаи кои го условуваат гостинот да даде повеќе пари. Некој и да не знае и дека така ќе прави невестата и да не сака да даде пари, по примерот на другите гости и тој го прави тоа од срам. На некоја тетка ако и речиш за ова дали е во ред ќе ти каже таков е редот и обичојот, а ако и спомнеш за грепки очите ќе ти ги извади.
Мила каде ја гледаш огорченоста. Одам на свадба трошам пари за мене фустан кондури 200 евра ,за сопругот исто,фризура без 1000 мкд нема,шминка исто,па ти фали накит, па ти се скинале хулахопки ,уште еден резерва , стави поклон 100 евра во плик ,без 500 евра не си тоа треба да го почитуваат младенците. Не е само нивниот поклон има ред други работи. Ти ги почитуваш а они извољеваат со глупост. И на крај донеси ми грепка. Па ако прифаќаат некои глупави трендови од надвор или слушнале како да заработат во случајов,нека земат нека ни даваат поклони они на нас кога си одиме или тоа не доаѓа во предвид.
Искрено немам зборови и вакви изјави не ми се ни коментираат Не е само огорченост туку и злоба и завид. Друго објаснување за ставот дека 100 денари (ако не и помалку) на погореспоменатата сума се проблем, за жал немам! Крај краева, пиша некаде девојката дека ќе има казни или последици кој нема да донесе? Не, а и не ни верувам дека ќе пиша, нормално. Не мора сeкој да носи, па ни ти. Така да џабе таа негативна енергија. Ќе ти донесе нешто? Еве ја ќе ти кажам, нема. Наместо да бидеш среќна што ќе одиш на свадба, ти тоа го сваќаш како трошок и ништо повеќе. Имаме различна претстава што точно претставува свадбата па така да нема повеќе да ти коментирам.
Да имаме различна претстава што претставува свадба. За мене е свадба сите да се веселиме и секоја страна да пружи што сака и колку сака без ограничувања. Злоба и завид ??????? Злобни се тие родители и деца така што се воспитуваат. Ај на децата може зелени све да им текне претпоставувам некои млади околу 20 год. Ама родителите?Како тоа го дозволиле. Мое дете да ме брука на покана да пише такво нешто. Прашај ги твоите како ќе се чуствуваат таква покана да однесат на блиски. Не различуваш злоба и завид од недолично однесување. На крај крааева на што да завидувам на паметот на младенците .....те молам...
Многу сте негативни. Само да се најде некоја замерка. Ако некому не му се допаѓа такво нешто да му пишува на покана, тој самиот нема тоа да го прави и решен случај. Ако се најде навреден оти добил таква покана, тогаш негов суетен проблем. Новите работи секогаш прво наидуваат на осуда тука. Јас лично преферирам нешто поинакво отколку па тие некои традиционални работи. Патем, зошто толку дигате стандардот за на свадбите, со фустани и фризури и шминки, тоа морало да се направи, па не идете на модна ревија па 500 евра трошок ви испаѓа? Мене тоа ми е чудно малку. Како издржувате финансиски ако 2 свадби месечно ви се погодат? Оти сигурно нема во ист фустан да ве гледат нели, срамота е. Штом ја добиеш поканата значи си битен, близок на тие што те канат. Оди со добра мисла и намера, или воопшто не оди. Во последно време, свадбите станаа ко натпревари, гостите се појавуваат не да уживаат туку да собират негативни работи кои потоа ќе служат за прераскажување...жално. Последната беше случката со младите што тамцуваа на свадбата. Па вакви биле, срамота е, а мене ми беа наш симпатични. И беше супер расположението. Уште пред некоја година бев сведок на свадба каде невестата на сите им порачала како подарок да и земат. Отишла во конкретна продавница, избрала што и се допаѓа и порачките ги соопштила. Пример две вински чаши овакво, сет за шолји онакви итн, во просек за некоја симболична сума. Ми беше чудно, ама кога подобро размислиш па практично е за сите.
Свадбата ја прават родителите на младите или тие самите, како прослава на почетокот на на нивниот заеднички живот. Блиските луѓе се канат за да им помогнат да овој настан им биде повесел и поубав и воедно да се почестат во чест на младите. Значи вие ги каните гостите за да ги почестите. Подарокот е само гест од страна на гостите со кој тие сакаат да ви помогнат во заедничкиот живот. Пишување на подарок во плик на поканата за мене е проблематично со самото тоа што се спомнува подарокот, неговата форма не е битна. Подарокот не е задолжителен, тој треба да биде донесен само по желба на гостинот. Само така е подарок. Ако го барате тогаш станува „влезница“ а вашата свадба станува „представа“ која се плаќа и целата поента на настанот е изгубена. А целава работа пак со грепките ми е уште поневкусна, не само што барате подарок туку барате и дополнителен подарок, зошто првиот не е доволен нели? Мислам дека најголем проблем со нашава младина, па така и со младенците, е што не размислуваат многу за своите постапки. За значењето кои тие го имаат. За тоа како ќе се чувствуваат луѓето засегнати со нивните постапки. Времето сега е такво да луѓето се зафатени, не им е згодно да купуваат подароци и секако ќе добиете 90% парични подароци. Останатите ќе бидат или од ептен блиски луѓе на кои им било мерак нешто да ви купат бидејќи имаат информација што точно ви треба, или од луѓе кои повеќе од тој подарок не можеле да си дозволат. Според мене и двете ситуации се ОК. И да добиете лоши подароци, сменете ги. Пари тешко да ќе ви вратат ама нешто во замена ќе земете. Нешто сигурно има што ви треба. Ако сметате на подароците за да ја покриете цената на прославата, тогаш немојте ни да ја правите.
Замисли некој дечко што ти се допаѓа, на прв/втор состанок ти носи букет ружи и ти му велиш, абе што си ми купувал ружи, си можел грепка, руживе ќе се исушат ќе треба да ги фрлам, а на грепка може да добијам автомобил. Или на погреб одиш, наместо цвеќе грепка оставаш врз гробот, оти цвеќето ќе се исуши, а на грепка може ќе се падне нешто, па фамилијата погребот ќе го исплати. Колку глупости прочитав невероватно. Цвеќе се подарува од почит кон некого. Од секогаш, од памтивек, симболизира нешто убаво. Ова со грепкиве, незнам, пред некое време гледав на интернет, некои дебили на својата свадба што изведуваа дрти денсинг, па младожењата врзан за столица шамари му маваат... Ова со грепкиве ме потсеќа дека некој таков дебилен пар го има измислено, и мисли дека со тоа е интересен.
Cudni vreminja dojdoa, lugeto go izgubija dostoinstvoto za edna grebka Bez Dobivka. Ima li poloso od gubenje na dostoinstvo, obrazot dzon go pravis, stanuvas ponevreden od krpa za pod. Luge treba so tie luge koj gi kanite na svadba cel zivot da se gledate. So grpki ne se zivee so luge se zivee.